Петановска или Бабушку во Ремедика, има и Центар за дојка некаде во Тафталиџе чинам беше, кај Авицена.
@Annath @LiliBoz @LejlaD фала што ми пишавте. За ова Центар за дојка најблиску ми е,само дали се ок докторите? Систина не бега,ако морам уште утре за д а не бркам упат.. А да ве прашам за мислење..Дојам,и незнам што ми се деси ноќеска,но само на болнава града бебе цицаше(нејќеше од другата).Немам грутчиња за да е форма на мастит.Имам само ко црвен жежок печат,малку устето подфаќа при цицање таму...
Вака, мое искуство од месец ноември. Секаде се јавив, дрПетановска за 10на дена можев да ја добијам. Најдобрата докторка за гради е во Систина Чапова ама таа беше од ноември до Нова Година недостапна , месец Јануар од тогаш и беше зафатен. Најдов најбрзо во Еуроиталиа во Петровец, работат и ви сабота, незнам како точно беше докторот ептен беше приступачен и нови апарати имаат и многу е се добри. На контрола сум вк месец март. @TarantulaA не се грижи...се ќе биде во ред..
Веројатно е воспалување, не мора да има грутки, и црвенилото е доволен показател. Доброто е што бебето цица баш од таа (но не ја заборавај и другата за да не се случи истиот проблем) така што за ден-два ќе се среди и нема да ти треба преглед.
Чапова започна со работа, јас некна правев магнетна резонанца на гради. Имаше и други кои дојдоа за ехо, мамографија кај неа, ама веројатно се закажани претходно чим цел јануари е зафатен. Јас правев ехо во октомври, а закажав почеток на август, веројатно за кај неа треба многу однапред закажување. Инаку, докторката е навистина добра.
Девојки, на систематски од работа на левата града ми утврдија дека имам циста од 6 мм. Дали е закрижувачки? Закажав за ехо и на др место. Инаку до сега имам направено 2 ивф, па си мислам да не е од тоа. Ви благодарам
Имам и јас цисти. Не се знае точната причина за нивна појава, ама се смета дека е од хормонска нерамнотежа, односно вишок естроген. На тоа реагира ткивото на дојката и се создаваат цистите. Јас немам раѓано/доено, може да си побараш второ мислење. Кај мене беше сомнителна циста-БИРАДС 4 во извештај од ехо и правев магнетна резонанца, за среќа се потврди бенигно и сега во извештајот стои БИРАДС 2.
Ti blagodaram milicka,I jas nemam ragano/doeno. Bev za mamografija da mi napravat mi rekoa mnogu sum mlada imalo mnogu zracenje. Sega ke pojdam na vtoro mislenje, da vidam sto ke kazat.
Zdravo zenski ima 2 nedeli kako pri tushirajne na levava gradi mi izlegva kako topce bolno na dopir posle malku vreme se povlekuva imam 35 God I nikogas nemam praveno pregled na gradi od sto bi mozelo da bide ova iskreno se plasam mnogu
Веднаш да си закажеш за ехо. И без симптоми или болка треба редовно да си правиш контроли. Како така на 35г. ниеднаш не си била? Знам и јас некои личности, а и блиски другарки што не одат. На гинеколог да, на ова некако не му даваат значење. А исто опасно може да биде, не дај Боже, знам оти мајка ми со редовни контроли ја промашија па дојде до карцином. Веднаш на лекар, ако можеш Систина, ако не, Ремедика, Центар за дојка или преку матичен во болница на радиологија.
Vi blagodaram na odgovorite denes bev na ehografija dr rece nesto kako crna damka pod pazuvite deka imam isto mu kazav deka levata grada mi teci zolta tecnost mi zedoa primerok od tecnosta I mi dade antibiotic da pijam 10 dena posle krvna slika za tumormarkeri I za hormoni da proveram spored rezultatite ce znael
Zdravo! Dali nekoj bil na privaten pregled vo 8mi Septemvri, na eho i momografija? Kako odi so zakazuvanje i koja cena e? Nikako da nacekam termin na drzavno
Ако немаш раѓано не се препорачува магнетна резонанса, не ми е јасно зошто вам ви правеле магнетна резонанса
Нема ништо страшно во магнетна без разлика дали имаш или немаш раѓано, напротив многу подобро да се види што и како е, БИРАДС 4 е со сериозна сомнителност за малигнитет и како инаку би утврдиле за што станува збор. Одлично е штом со магнет се утврдило дека не станува збор за малигни клетки според мене е најверодостојно од сите дијагностички методи, посебно за помлади пациенти каде што со мамографија може ништо да не се види. Ако го слушав првиот доктор кој не ми дозволи да правам дополнителни испитувања освен ехо бидејќи сум била млада, немаше да бидам овде денес, ниту да дочекам за 10 години да правам испитувања како што рече тој. Наједноставна тенкоиглена биопсија ако има некој потреба прават во Хистолаб со резултати истиот ден. Да напоменам дека мојот случај е реткост но секогаш е подобро да се провери до крај и да се знае на време што е со сигурност отколку да се остави на годините дека сме млади и нема шанси да биде ништо страшно.
Извини јас сум грешка ги измешав магнетна резонанса со мамографија тоа се два различни поими...мамографијата се препорачува над 40 години Сакам да те прашам каде правеше магнетна резонанса и дали после тоа правеше биопсија, сакам и јас да одам на испитувања кај мене се во прашање повеќе фиброаденоми, ама сакам да направам детални анализи да бидам раат