1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преглед на градите. Каде?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од snezan4e, 16 јули 2011.

  1. srcula

    srcula Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    48
    Тоа е точно да, затоа и велам мамографијата за млади не е ниту 100% веродостојна бидејќи ткивото е полно со жлезди и лесно може нешто да се скрие.Јас правев се што можеше да се направи, магнет правев во Систина кај Маја Чапова, една биопсија во Хистолаб кај Љубе Ивковски каде што се утврди дека е малигно, а дополнително коре биопсија кај Наде Петановска во Ремедика со што требаше да се види каков е туморот и на што реагира.Доколку станува збор за фиброаденоми колку што знам најдобро е да се следнат на 6 месеци а доколку има некоја промена макар и минимална да се продолжи со испитувања, иако за твој мир можеш да си направиш магнет. (Во систина пред околу 1 година кога правев јас беше 28.000 ден.)Кај мене промената беше драстична за 1 месец грутката што ја осетив скоро се дуплираше на големина.
     
    На Mara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.395
    Пол:
    Женски
    Јас имам фиброаденом на едната страна. Некаде во рани 20-ти години го открив, прво со самопреглед, а потоа правев ехо и биопсија на државна клиника каде што ми ја дадоа дијагнозата (сето ова значи пред скоро 20 години зошто сега имам 42).

    Контрола правам еднаш годишно со ехо, чисто за да се следи големината која во мојот случај, фала му на Бога, остана иста низ годините. Вонредни контроли имам низ годиниве правено само на почетокот на двете бремености и еднаш кога имав болка (ама испадна циста дека болела). Мамографија направив дури пред 2 години во 8ми септември, чисто за контрола и зошто сум веќе во возрасна група за која е препорачливо. По овој преглед ми рекоа 1 годишно ехо е сосема доволно. А мамографија на 2 години.
     
    На Ilda23, Mara123 и srcula им се допаѓа ова.
  3. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    7.972
    Пол:
    Женски
    И јас платив 28000. Чапова исто ми кажа дека не препорачува на 32г мамографија, како професионалец ми кажа магнетна и ја послушав.
    Бирадс 4 е сомнително за малигност, јас имам мали гради, ама многу густо ткиво, плус мајка ми е со карцином на дојка.
    Кажа докторката дека ова не се остава така.
    Сега е Бирадс 2, со контрола ехо на 6-12 месеци, ама ќе одам на 6.
     
    На Mara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    До која големина може да се следи со прегледи или нема одредено?
     
  5. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    7.972
    Пол:
    Женски
    Ве молам не оставајте ништо така на случајност.
    Мајка ми 20г и велеа бенигно, ќе се исуши кога ќе биде во менопауза, ама се претвори во карцином.
    Се зависи од стручноста на докторот. Побарајте и второ и трето мислење ако треба. Каква и да е грутка, без разлика на големина, да се испита.
    Ако треба и да се извади.
     
    На Cosmic Girl и Mara123 им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.395
    Пол:
    Женски
    Мислиш до која големина се препорачува да не се оперира?
    Има некоја граница во однос на големината ама не се сеќавам точно колку беше, не би зборела на памет.

    Јас имам многу доктори од разни клиники посетено низ годините. Сите ми препорачуваат да не го вадам, зашто е мало и стабилно. Ми имаат објаснето од кои причини немам потреба да правам. Не ми препорачаа да го вадам без потреба. И за одлуката да одиш под нож треба да има оправдана причина. Ми имаат направено и биопсија дека е фиброаденом и дека е бенигно, и ми имаат кажано какво е по структура. Поточно ако е со комплексна структура се смета дека е поризично да се развие во малигно но не значи дека така ќе се случи, само дека треба да се контролира редовно. Тоа на ехо го гледаат и ако е со калцификати во него се смета дека е со комплексна структура. Мене ми е такво по структура ама пак не ми препорачаа да го тргнам. Само редовни мамографии и ехо.

    И никогаш никој доктор не ми рекол дека ќе го снема само по себе. Тоа нема шанси, си ги носиш. Тоа е исто ко да очекуваш надворешна бемка да исчезне сама по себе.

    Има и генетиката улога најверојатно. При анамнеза прашуваат за слични проблеми по женска линија па се распрашав кај мајка ми дали баба ми имала слични проблеми или некоја жена од нејзината страна. Испадна дека и баба ми имала нешто, некои цисти, некои топчиња, кои и ги ваделе (не знам дали оперативно) па цисти некогаш кога ја болеле одела да и ги испразнат со шприц.. Не ни знаеа да кажат, мајка ми и сестрите нејзини биле деца- не им ни објаснувале детали, а можеби и старите не знаеле да објаснат не биле медицински лица, ама тоа ич не го доживуваа страшно, дури и баба ми така си зборуваше, како да е рутинска работа.
    Како и да е малигни најверојатно не и биле пошто жената доживеа длабока старост и умре од природна смрт...
     
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.289
    Пол:
    Женски
    Не дека имам проблем ама пошто не знам, викам да прашам.
    Од која возраст и каде е паметно да се прават прегледи на гради? И дали еве помлади што сте 20 и нешто правите прегледи годишно или само по потреба? Дали гинеколози прегледуваат гради?
     
  8. alek.sk

    alek.sk Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Не прегледуваат гинеколози туку радиолози на клиника за радиологија. Со упат за ехо на дојки и мамографија (кај постари од 40г).
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.289
    Пол:
    Женски
    А ти каде правиш преглед на гради ако има потреба за помлади?:D
     
  10. Mara123

    Mara123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2018
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Преглед на гради се прави небитно дали стари или млади, секоја жена треба да прави преглед од 17 - 18 година, бидејки живееме во време каде што секоја втора жена има циста или тумор во градите. Јас од 15 години имав фиброафеном, прва операција правев на 16 години.
    Ехо на дојка се прави во државна на радиологија со упат од матичен лекар, или приватно имаш во центар за дојка, ремедика, систина
     
    На alek.sk и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  11. alek.sk

    alek.sk Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Доктор сум па чисто инфо ти дадов од прва рака.Фиброаденомот не е опасен го имаат често едино ако расте брзо и над 2цм препорачливо е да се извади.
     
    На Tanjat78 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjat78

    Tanjat78 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    ЕХО правев редовно,еднаш годишно во Мегамед,Др.Јовановски,и во ред е,пред 6 месеци маправено.Долго време сум кај него,и ми рече сега веќе не е доволно ЕХО,треба и мамографија заради безбедност.И еве,после неколку месеци, напипано топче и закажана мамографија кај Наде во Ремедика....Душа ми се тресе....но и си викам,па не е баш можно на ЕХО толку да не се видеше ако е нешто сериозно...
     
  13. Tanjat78

    Tanjat78 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    Еве,пак јас!Направени мамографија и ехо во Ремедика,најдено циста,фала Богу,преглед комплет 4800 ден
     
    На S.J.Parker и Septemvri им се допаѓа ова.
  14. hana@@

    hana@@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2020
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Ехо на дојка во рез Хумана правел некој?
    Закажав па ме интересираат искуства
     
  15. Simonss

    Simonss Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2020
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, дали има некој искуство со Др. ЛидијаРистовска од поликлиника Асклепиос ?
    Дали некој во скоро време правел ехо на дојки во Систина и дали знае која цена е ?
     
  16. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    7.972
    Пол:
    Женски
    Во октомври јас платив 3300, колешка беше пред еден месец платила 4000.
     
  17. Mara123

    Mara123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2018
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Цените скоро секаде се движат од 3000 - 4000 денари за ехо на дојка.
     
  18. savageu

    savageu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Здраво. Не можам самата да си вршам самопреглед на градите бидејќи сум хипохондрик и немам добро искуство со палпација сама на себе и поради тоа воопшто и не правам, а знам колку е важно. Прашањето ми е кој доктор може да ми го прави тој преглед? Матичен или гинеколог?
     
  19. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    7.972
    Пол:
    Женски
    Радиолог.
     
    На savageu му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.296
    Пол:
    Женски
    Гинеколог со палпација, може и ехо да ти направи, ама ехо прават и радиолози. Тие не прегледуваат со палпација.
     
    На savageu му/ѝ се допаѓа ова.