1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преголема грижа и контролирање

Дискусија во 'Психологија' започната од Pelikuna, 17 мај 2011.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Полудев женски.Ме полудеа дома,баба ми ,и тетка ми и сите околу мене.
    Моите се далеку.Немате појма каков притисок ми ставаат на грб.Се плашам да не си наштетам сама себеси несвесно.
    Само плачам со денови и не можам да јадам како што треба,ослабнев многу.Не тоа не сум, јас.Еве сега секој момент ке дојде тетка ми и ке ми наредува а јас скршена од моите проблеми мора да трпам.
    Ми недостигаат моите ужасно.Личноста која ја сaкам не е покрај мене.Ах тешко ми е ;(
    Ве молам за совет,било каков зошто при крај сум
     
  2. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    На раб на нервен слом.

    Искрено незнам зошто мораш да ги трпиш теткати и бабати кога можеш да си отидеш кај твоите и да си ги завршиш маките. Незнам како да ти помогнам освен да те подржам морало и да ти речам да бидеш стрплива се во живото поминува и добро и лошо така да се не си ставај на срце и ако тие ти наредуваат ти искулирај и не се нервирај или оти си си во соба и пушти си музика и не ги слушај.
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    На раб на нервен слом.

    Тоа е проблемот,што не можам да отидам кај моите моментално.
    И да пуштам музика ке се жалат на моите и на крај пак јас крива.Јас од мои пари треба да плакам сметки тие (баба и дедо) не им текна 10 денари да дават.Ситуацијата станува тешка :(
     
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    На раб на нервен слом.

    ^^^
    Вака, како прв совет што можам да ти го дадам, е да ја опишеш ситацијата малку подобро, како на пример зошто не си со твоите, зошто живееш со нив, кај живеете, зашто твоите не те подржуваат, зашто не им се пожалиш и уште некои детали кои што сметаш дека се клучни за ситуацијата во која се наоѓаш, па можеби некој од искуство, некој од чиста логика и ќе ти помогне со некој совет...
    А вака си напишала, готова сум, тетка ми и баба ми ќе ме умрат...што да ти кажеме кога ништо не знаеме...
     
    На Dd1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    На раб на нервен слом.

    Срцко сочувствувам со тебе, за жал добар совет за твојот проблем нема. Едноставно мора да трпиш, знаеш што и да кажеш тие се секогаш во право, а ти лажеш.

    Имав јас една другарка, која живееше со баба и, и мораше да работи и сите пари неа да и ги дава, нејзините беа во странство на црно и и праќаа пари. Али бабава ги земаше сите. Кога собра храброст конечно да им каже на нејзините, тие мислеа дека измислува, пошто бабава направи цела драма. Многу и беше тешко и само после 3 месеци запозна еден дечко и се омажи колку само да не живее со неа. Сега си е многу среќна со него.

    Немаш ли некој кој може да биде покрај тебе во овие тешки моменти, немора ништо да биде, само рамо за плачење. Болката е помала кога ќе се подели со некој друг. Навистина ми е жал. Биди храбра и силна, после секој дожд доаѓа сонце, биди трпелива и чекај го.

    ПОздрав
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    На раб на нервен слом.

    Моите се во странство на работа,ме оставија мене со баба ми и дедоми и 58349567 обврски.
    Секој ден на мои години јас треба да им кажувам дали ке одам некаде,дали ке се вратам брзо,повиците кои се упатени кон мене на телефон тие се јавуваат.
    Ако не сум во способност сама да ја исчистам кукава за брзо време со оглед на тоа дека пред некое време дедо ми имаше операција на срце морам и за него да купувам лекови и јадења што ке се случи ако не стигнам на време?Веднаш ми ја префрлаат вината наместо да ми помогнат.Ми наредуват што да правам и кај да одам.Од пари кои ги заработив преведувајки некои текстови тие ми ги зедоа за сметките.А јас едвај останав со 100 денари во џеб.
    Им кажав на моите ама ми рекоа да не се расправам.Не можам ова темпо да го издржам,секојдневно е.
    Баба ми секој ден по 10 пати доага во мојата соба и издишнува и се жали како и недостига син и како имала болки во рбетот а нема вистина.
    Ги фака работите кои ги користам во домакинство.Ми нема 3 чашии,гезве,и чинии,ги најдов кај неа.
    Кога си купив гардероба веднаш почнаа да негодуваат колку пари се потрошени и да прашуваат по другарки.
    Ова не се трпи.
    Unique123 има личност која ја сакам неизмерно но не можам постојано да го задевам со моите проблеми.
    Иако знам дека и самиот ке примети.Храброста ја изгубив,прееска изнервирана се скарав на баба ми ама таа пак ке продолжи.
    Еве седам и плачам.Помислувам да ставам клуч на врата и никого да не пуштам.
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    На раб на нервен слом.

    Пробај да ги прифатиш дека се такви и игнорирај ги. Нека ти зборат неке влезе од едно уво, нека излезе од друго, за слушање музика купи си слушалки, затвори се некогаш имај си твои моменти. И зошто мораш да им кажуваш колку печалиш? Не им кажувај или кажи им помала сума. Старите секогаш ке кукаат како нив ова она. Не се затварај излези движи се. Седни опиши им дека и тебе ти е напроно без твоите родители, дека имаш свои обврски, остареле поминале 70% од нивниот живот па ќе те замараат. Искрено ако си имаш доволно парички најди си собичка цимери да одиш под кирија, бар ќе знаеш дека никој не може да те замара, а на твоите кажи им го посеризоно твојот проблем. Кажи им сакаш со млади луѓе под кирија. Не дозволувај да си ги губиш нервите, животот е пред тебе, игнорирај, фрли плачење на страна кога се такви искочи движи се..
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    На раб на нервен слом.

    Јас не знам колку сум компетентна и колку добар пример би дала но кога би имала работа, кога моите би ми праќале пари би седела некаде под кирија, би избегала. Таков товар кој е приморан да носи? На твое место така би постапила. Некој мене цел ден да ме контролира и да ми командува а тоа да не се моите родители извинете ама ни родителите никогаш така не ме држеле. Да сум подложна на стресови и секој ден да плачам јок бре. Ај исфрустрирани каде прсте подаваш од таму цела рака тегнат. Куферот и пријатно.
     
  9. placeboloves

    placeboloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    На раб на нервен слом.

    Најмила, си ја препознав младоста во твојата приказна!
    Но колку и да е тешко ЗНАЈ дека ќе помине и дека ТИ ќе победиш и ќе бидеш послина и посамостојна од сите твои познаници/пријатели/роднини.

    Никогаш немој да се караш, особено не со твоите стари. Секогаш ти си таа што е виновна, неодговорна, расипикуќа, неморална (тука се сеќавам на многу грди зборови заради кои плачев по цели ноќи изговорени од сопствен дедо). Што и да мислиш, што и да си наумила, само охрабрувај ги со „да, да, знам, леле стваро и тоа што збориш“ и терај си по свое. Ќе помине некој ден и ќе им го направиш истиот филм како они тебе шо ти го праат: леле, колку ми е тешко, ич пари не отанаа, многу сум уморна, нема работа, лелелелее’’. Тоа е пропадната генерација, со нив нема разбирање, нема сослушување, нема убедување. Мислам дека знаеш што мислам.

    Главата горе, не им досаѓај на пријателите со твоите проблеми, на делкото уште помалку. Ние сме овде, можда не се знаеме лично, ама се знаеме искуствено, онлајнски.

    Ти пожелувам само најубаво мила!
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    На раб на нервен слом.

    Трпев и се уште трпам ама не знам до кога.Ај да беше еднаш но ова е секој пат кога моите заминуваат.Би заминала,но кога ке се вратат моите пак ке се вратам немам друг избор.Сакам да видам една личност која знае да ме расположи секој пат кога сум тажна но еве ја нема таа личност.Тоа е момчето кое ми се допага.Дедо ми не е ко баба ми,тој е повлечен и ми угодува,никогаш не ме навредил,но баба ми или тетка ми,не почитуваат приватност.Никој не ме праша дали ми треба нешто,дали сум добро.Дали...
    Секој доага наредува и заминува.
    Следен пат ке цркнам од тие давежи.
    Нека ги земат парите,не ми требат ама барем малку да имаат милост зошто и јас следен пат ке немам.Почит кон постар човек?полоши се од мали 5 годишни деца.Каква почит?НЕМА!
     
    На svetlana-74 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    На раб на нервен слом.

    ако можеш искулирајјј максимално и не ја рецкај ни теткати ни бабати
     
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    На раб на нервен слом.

    Не знам по кој пат сум на раб на нервен слом...
    Приметувам дека нешто навистина не сум во ред, само уште малку трпение, да завршат испитиве, дај боже да имам успех кај сите предмети, и после можам да си ја смирам главата, а ти љочк, знаеш дека тука сум за тебе и те поддржувам.
     
    На srcekrsacka и Nightwalker им се допаѓа ова.
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    На раб на нервен слом

    и пред и по колоквиумска недела имам нервен слом се сериозно си сфаќам за ситница се нервирам дефинитно за брзо време ќе полудам :(
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    На раб на нервен слом

    Сите поминуваме низ такви периоди. Најважно е да останеш смирена, да размислуваш со ладна глава и да не донесуваш избрзани одлуки. Треба да си најдеш нешто што ќе те расположи, нешто што ќе ти ги оттргне мислите од проблемот и грижите што ги имаш.
    Верувај дека ќе биде подобро. Мора да биде. Денес си тажна, но утре ќе се радуваш. Ќе дојдат подобри денови. :)
     
  15. kumalisa

    kumalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    74
    На раб на нервен слом

    Со нервози нема да си ги решиш проблемите. пробај да бидеш малку потрпелива пошо постарите некогаш немаат разбирање и џабе и колку да им збориш пак си е после 5 мин се по старо. затоа најдобро све смирено да правиш зошто таа нервоза може многу лошо да ти влијае врз други работи надвор од дома. :\
     
  16. mackaa.t

    mackaa.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    3
    Смачено ми е од свее!!!

    Девојки помагајте. ;( .Незнам што ми стана у последно време..цело време сум нервозна сите ме нервираат само вика по дома или на некој и у викањнје ке почне да ми се плаче :( згора на све и овие дома само ме критикуваат ова да го праам она да не го праам.Mи иде да се убијам смачено ми е веќе ;(
     
    На kucence му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tonicka

    tonicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    13
    На раб на нервен слом

    Извини а да те фатило ПМС,јас сум таква пред да добијам ,абе ми доага да ги потепам сите,се ми пречи.
     
  18. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    13
    На раб на нервен слом

    мислам дека не треба да ги сфаќаш толку сериозно старите луѓе.сигурна сум дека никој не ти мисли лошо.можеби тебе ти треба приватност,но само помисли ретко кои баба и дедо знаат за приватност,бидејки и баш ја немале во нивно време.спасот лежи во тебе.почни да ја играш нивната игра пред нив ако сакаш да победиш треба да му се приближиш на непријателот во твојот случај (баба и тетка),и на крајот ке разбереш дека толку имаат во ум толку господ им дал.едноставно гледај да живееш без нервоза,твоето здравје е поважно од нив,а нив толку им сече поззздрав
     
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    На раб на нервен слом

    Абе океј да се грижат ама за се има граници.На секој саат да те прашуваат јадена си?јадеше?кај ке одиш со кој ке одеш колку ке се задржиш?па е*аго мало дете јас не сум така да ме третираат.Срека што се врати мајка ми,ке се трпи некако :)
     
  20. tonicka

    tonicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    13
    На раб на нервен слом

    Види сонце, јас имам 38 год., мажена сум 18г, а мајка ми скеој ден се јавува да ми каже да се облечам
    потопло зошто надовр студи, ако е топло да не одам надвор и сл.
    Значи сфатив дека за неа секогаш ќе сум дете и по навика ќе се однесува заштитнички како кон дете.
    Наместо да се нервирам и да и објаснувам дека не е во ред тоа што го прави само и велам да, мамо, добро мамо и сл.
    Значи не си ставај се при срце, тие нема никогаш да сфатат дека не си бебе и по десет години ќе биде исто, затоа мој совет: да бабо, да дедо и терај по твое.
     
    На lileee му/ѝ се допаѓа ова.