Такви личности има на сегаде,за нив нема лек.Но како што викаат кругот се врти па тогаш ке дојде време кога нив некој ќе ги предаде или слично па да осетат малце како е
Никогаш, никогаш нема да ги сватам нив... не ми е јасно - зошто? па секако ако некој ме издаде и јас ке го издадам но се трудам да не го правам тоа...
лугето на предавност ги тера алчноста.Парите или некоја друга добивка.Да можеби е мегу најголеми гревови но зависи какво е. Спојлер Тоа дека сум била во врска и тоа пред мене го кажааа „тетките ми „
Не знам кое е задоволството да наклеветиш некој, да предадеш, да прекажуваш и слично. Ама секакви глупаци се движат по планетава.. заклучно со тоа вака кога ќе подзамислам многу сакам да им пукнам по една.
Не можам да разберам што ги исполнува луѓето да кодошат. Сестра ми беше таква како дете. Само гледаше да ме накодоши на татко ми.
Тие што предаваат други, подоцна се предаваат и сами себе. Може да се сфати како еден вид на задоволство и себично размислување" Упс , јас згрешив ама поприфатливо е да те предадам тебе." - Со цел да ја зачува својата титула, на добра, примерна личност која секогаш внимава да не направи грешка. Овие предавајќи ги другите, шират недоверба во својата околина. Од уво на уво, подоцна сите ги знаат и никој не е спремен да им се впушти во прегратка и да им верува.
Откако почнав на работа секој ден сум опкружена со такви луѓе иако не сум блиска со нив, ама слушам како некои своите колешки ги кодошат и такви слични работи, а притоа се прават нивни пријатели. И од порано знаев дека има такви луѓе, ама не толку многу откако почнав на работа.
И јас сум опкружена со предавници абе имаат ли ваквите мозок ? Не сум издала до сега , дури и ако се скарам со една личност и немам контакт веќе , она што е помеѓу нас , останува помеѓу нас . За жал ме предале многу " другарки " ..
4 очи отворени, доверба освен во домашни не, во никој!!! Кој осетил на своја кожа веќе го применува ова горе. Ама се се враќа, се се плаќа!
Многу е потешко она после предвството и со тоа како ќе се справиме со истото.Нема тука боље да се спречи него да се лечи.
Не знам да се носам со предавство... Оној кој на било каков начин ја изневерил мојата доверба, ги згазил целиот мој труд, внимание и љубов посветени на него, за него повеќе нема место во мојот живот дури ни како познаник. Изгубената доверба велат тешко се враќа, јас не оставам простор за такво нешто. Луѓе кои изневеруваат нечија доверба за мене не се луѓе. А не луѓе не ми требаат во животов.
Предавството е искушение и некои луѓе не можат да издржат пред него. Многу луѓе ја немаат таа сила да задржат тајна, да сокријат нешто што знаат, па некои веднаш брзаат да споделат. Други, знаејќи нечија слабост, искушението ги тера да нападнат. Трети, поради желбата за повеќе богатство и слава т.е. алчноста, не бираат начини ни средства како тоа да го остварат па удираат по кој ќе стигнат. Сѐ ова се слабаци, површни и прилично безвредни луѓе кои не му се потребни на никој.
Јас би се надоврзала на претходниот коментар и за четврта категорија предавници, кои за да се издигнат самите мора да потиснат некој друг бидејќи немаат некоја особена вредност тоа да го направат сами. А тоа најчесто се прави со клевтење и предавство на друг. Се оди до тој степен што дури се измислуваат работи кои и не се вистина само за да се омаловажи некој друг. Тоа ги храни, ги издигнува и ги прави да се чувствуваат поголеми и повредни.
Колку ме имаат само предадено некои луѓе, ама ај. Им оставам на вишите сили да ги средат. А јас што подалеку од таквите и лекција голема за секое наредно познанство.
Кога се задружувам со некој од прилика знам што да очекувам. Дури и предавството го гледам ама некогаш осаменоста е наш најлош непријател. Само внимателно бирање е потребно при споделување на сензитивен и интимен материјал, никако со секој кој ни е пријател една недела. Човек кој прекажува не сум, но да знам дека некој свесно се впушта во себеуништување, нека се лути тој некој како и колку сака па ќе реагирам макар и предавник да ме вика него да го гледам пасивно неговиот пат на деструкција.