Што мислите за предбрачниот догоор и дали би потпишале таков договор? Ставете се и на едната и на другата страна и кога вие се мажите за богат човек, и кога вие би биле богати а се мажите за некој што нема за што куче да го касне, дали би инсистирале на предбрачен договор или би ризикувале да изгубите дел од богатството во случај на развод. И, сега ставете се од другата страна кога се мажите за некој богат, дали би прифатиле да потпишете предбрачен договор во случај на развод, со јасно наведени клаузули што вам ви припаѓа во случај на развод. Дали тоа ви е ок или вие малку понижувачки, би сакала а го споделите вашето мислење со нас, да ги разгледаме сите аспекти и позитивни и негативни па така можеби ќе помогнеме на некој кој што евентуално би се нашол во таква ситуација да знае како да постапи.
Би натерала и јас да потпише и јас би потпишала......али секако...попонижувачки е ако не сакаш да го потпишеш затоа што ке мисли дека му трчаш по богатството....
Јас лично не би потпишала никогаш предбрачен договор, нити би тражела од партнерот да се потпише во случај да јас бидам богатата. Ако не сме сигурни дека нашиот брак ке успее и ке доведе до развод во таков брак јас нема ни да влезам. Ок е тоа дека никогаш не знаеме што ни носи животот, ама ни така ни вака не би се согласила. Прво на нотар да потпишеме предбрачен договор а потоа пред матичар да се заколнеме на вечна љубов? мхм....
За мене ова би било понижување искрено. Со тоа автоматски богатството се става на прво место, а не љубовта. Иде ко демек, што те е**м, ти не си вечен/вечна, ќе ти најдеме замена, ама материјалните добра морам да си ги осигурам за себе. Првенствено, бракот, семејството и домот се градат заеднички, секој со свој придонес, колку може. Ако не можам толку финансиски, ќе помагам физички, ќе поткупам некоја ситница, ќе средувам колку можам, ќе правам стекнатото да заличи на дом и ќе бидам морална поддршка. Секогаш има начин. Нормално, никогаш не се знае што ќе донесе брачниот живот, може некогаш разводот ќе е најдобро решение, ама ако дојде до тоа, човечки е да го поделам она што заедно сме го стекнале. Тоа единствено може да прифати некој/а што стапува во брак за да ужива во туѓо богатство на готово, без никакви емоции, па дури трае-трае, кога ќе прекине, ќе се најде нова жртва. Мислам, постојат стотици начини и причини, ама најопшто и најпросто кажано, така го сфаќам овој тако звани договор.
Мене па воопшто не ми е понижувачки, напротив ми е баш паметно. Не сум тип на девојка што верува во бајки како вечна љубов, не дека јас би влегла во брак со таа мисла, ама свесна сум дека има можност бракот да заврши макар ние и да се сакаме најмногу на светов моментално. Предбрачен мене ми е паметно решение и знак дека мојот иден сопруг има три чисти во главата, знае како да си го одбрани своето (ако е тој побогатиот нели).
Пара на пара оди а во спротивно си спонзоруша . Американ веј и начин т.е дупка во Закон кој го измислиле адвокатите за да си ги ,,заштитат,, дебелите клиенти на Запад. Ако и дваицата не сме сигурни во нашата љубов не го ни земам бре за маж. Несакам да водам љубов со пари туку со маж. Џабе му се пари ако не го бива. И што, ќе си најдам швалер за тие пари - епа тоа не е иднината што ја посакувам на моето дете. Не сум толку ,,кеш,, дебела па да размислувам на таа тема. нема да ме убие мојата скромност, ќе потпишам за негова љубов
Тогаш ќе останеш вечно сингл и немажена зашто немаш никаква гаранција дека и најубавиот брак сеуште ќе трае после 10 години . Предбрачен договор е неубава но умна работа.
Ако јас сум таа со големо богатство би била навредена доколку тој не сака да потпише. Ако е тој, тогаш ќе бидам навредена зошто бара од мене да потпишам. Значи зависи во која ситуација ќе сум
Ок, ред е и јас да го кажам мојот став по оваа тема, секако ќе се обидам да бидам максимално искрена и реална бидејќи поинаку незнан. Јас сум за предбрачен договор кога се работи за екстремна разлика во богатството, бидејќи не е фер да некој се трудел цел живот и створил нешто и сега да се појави некоја да го/ја заведе и да лапне дел од богатството а притоа ништо не придонел/а за стварање на тоа богатство. Многу од вас рекоа дека они никогаш не би влегле во брак за кој не се сигурни дека ќе опстане. А, зарем сите оние што се разведуваат не влегле со таа мисла, дека е тоа тоа и дека е тој/таа вистинскиот? Никогаш неможеш да знаеш во кој правец може да се одвиваат работите, луѓето се менуваат со текот на времето а љубовта како што дошла така и може да исчезне за миг. Ова ви го кажувам не теоретски туку од лично искуство бидејќи сум го поминала тој пекол наречен развод. Бидејќи кога си богат/а сите ти се умилкуваат и малтене би погинале заради тебе се додека некаде не запне, е тогаш сите испаруваат. Еве ви општ пример од вашето секојдневие. Колкупати сте биле во ситуација да се заколнете дека љубовта што ја имате е таа вистинската и дека ќе трае цел живот, и дека не постои нешто што би можело да ве раздели, а по само пар месеци сте се увериле во спротивното, исто е и со бракот бидејќи бракот е производ на врската. Затоа јас сум за овој договор во кој секако треба да стои одреден процент т.е одредени работи кои би требало да ги добие и оној кој претходно бил финансиски послаб, бидејќи пак од друга страна неможе некој да остане на улица без ништо без разлика дали вината за прекин на тој брак била негова. Според мене најдобра варијанта и најприфатлиа е во договорот да стои дека: Доколку партнерот кој е потписник на овој договор(финансиски послабиот) го изневери својот партнер, примени физичка сила врз него, доколку психички го малтретира партнерот или си ги запоставува брачните обврски не добива ништо. Но во спротивно доколку некоја од овие работи изврши другиот партнер(богатиот) тогаш другиот партнер добива пола од стекнатиот имот и средства во бракот бидејќи пак од другастрана би ја исклучило можноста за злоупотреба од страна на подобро финансиски стоечкиот партнер. А, сега некој ќе рече каде е тука довербата, довербата е релативна работа можеш ти некому бесконечно да му веруваш а тој свесно да ја злоупотреби вашата доверба, Зарем не сте биле досега во таква ситуација? Тоа е мојот став по оваа тема некому ќе му се допаѓа некому не, но форумов е токму затоа да има различни мислења и на крајот секој од нас да извлече свој заклучок и да процени што е правилно а што не.
Туѓо не сакам - свое не давам. Заедничкото пола - пола. ОК, јас сум веќе мажена одамна, ние не потпишувавме ништо оти ништо ни немавме створено посебно па да браниме. Ако имав што сакав да остане недопрено при развод, ќе побарав да потпише, и обратно, ќе потпишев и јас. Исто ми е како со самиот потпис за брак се сложувам дека се што создадеме заедно ако дојде до делење ќе делиме. Реалноста е таа, колку и да е голема љубовта кога двајца се земаат, во повеќето случаеви кога брак се распаѓа сопружниците не се фер и не мислат колку ли само го сакале партнерот, туку колку повеќе можат да го „казнат„. А и без тоа, тоа брането богатство/заштеда/куќа/накит по овој договор што е стекнато од еден партнер пред да склучи брак, додека сопружниците се заедно пак ќе се троши и користи за нив двајца, нема да е за комшиите сигурно, единствено кога би дошло до развод значи дека тој имот не е за делење. Така и си треба ако не е стекнато за време на тој брак.
Зошто да потпишуваме предбрачен договор? Нели тоа што му останало од родителите е негово, тоа што е стекнато во брак се дели помеѓу сопружниците доколку дојде до развод. И што треба сега, јас на некого да му изигравам слуга по дома, да чувам деца и одам на работа, и на крај се да е негова заслуга?
Да но што ако он е сопственик на фирма или фудбалски тим каде што се вртат милиони, а ти седиш дома од педикир на маикир, депилација.... и по 4-5 години ти текне се разведеш и фер ли е да му земеш дел од она што го заработиул. Плус тука е профитот кој се дели ама за да стигне до тој профит е потребно и капитал и труд кој сеако дека е од пред вашиот брак. Значи ако тој остварува милионски профит морал претходно да вложи за да тоа го добие не тргнал од 0 кога започнал вашиот брак. Така да комплексна е оваа тема и н е се така едноставно викаш да јас не му барам од тоа што му останало од родителите но забораваш дека прво мораш да инвестираш за да имаш профит. Но ние особено помладите неожеме да го сватиме бидејќи за нас 1000 евра се многу а камо ли милиони.
Не мора да е милионска, еве он има разработен бизнис си зема неколку илјади евра месечно а ти си на 300 евра. Целиот бизнис он го води ти немаш со тоа врска. После 5 години ти се разведуваш и викаш сакам пола од се што е заработено за петте години во брак. Ако правилно инвестирал може да има од 500 000 до 1 000 000 заработено, што во имот што во готовина. Ти гарантирам нема да му биде воопшто ќеиф да дели по пола а исто и тебе да е обратна ситуација .
Небитно дали се чесно заработени или не тоа се негови пари. И да, ќе кажете тука нема милионери. Да, но нетреба да се ограничуваме само на Македонија, со отарањето на границите светов стана глобално село и многу млади патуваат, и склучуваат бракови надвор. А, нашата уавина е доста барана надвор и сакале ние да признаеме или не нашите девојки се помеѓу нај убавите.
ако е тој побогат од мене лично јас ќе побарам да потпишам предбрачен договор нема шанса да дозволам да ми залепат етикета на спонзоруша...и да воспитана сум нити еден пијалок да не прифаќам а камоли милиони заработени со мака (безразлика чесно или нечесно) ако сум јас побогата веројатно повторно ќе побарам и не мислам дека тоа е срамота или незнам што најнормална работа
Мислам дека тоа ја утепува смислата на бракот, мислам хелоу чему то?! Нели смислата на бракот е заедно да стварате, да го умножувате она што веќе го имате? Или толку од довербата дека сепак нешто од тоа ќе успее? Мене тоа ме потсеќа на: Абе, види... Може ќе исфураме икс години, а после секој неа си го земе она што си го имал од претходно. Ма какви делби, какви бакрачи... Искрено предбрачни договори се Холивуд стил. Они си имаат милиони напраено пред да склучат брак и после си се држат до тоа да си го земат у случај ако пукне бракот. Реално да прајме муабет, ако те сака и почитува нема ни да му текне да праи предбрачни договори со тебе. Туку ќе биде среќен со кого што може да го подели она што веќе го стекнал и со кого може да гради уште повеќе. А, луѓето можат да си лепат етикети колку сакаат, и без малку тие тоа го прават. Ме заболе за таквите. Што да не шетам со договорот у рака низ улица и давикам: НЕ СУМ СПОНЗОРУША!.. Јок...
recimo imam stan isplaten so moi krediti i moja rabota..zapoznavam nekoj vrskata e ozbilna, utre da saka svadba bi napravila predbracen dogovor, nema sto da delam so nekogo moe si e moe negovo si e negovo...utre jas ke bidam na ulica a on ke se prci od parite od stanot..ako ima ljubov super e toa se...ama nikoj ne ti garantira deka se ke trae( and they lived happily ever after)