Nemas gajle kaj nas po zakon sekoj si go zadrzuva imotot sto si go imal pred brak a i se sto e podarok ili nasledstvo za vreme na brak.
Јас би склучила предбрачен договор, за ситe оние работи кои ми ги ветил пред да стапиме во брак , бидејќи до тогаш се е возможно и остварливо, а после брак све паѓа во вода ... пари и остало не ме интересира , некако тоа ми е понижувачко, брак без иднина....
Во МКД нема можност за предбрачен договор бе луѓе. Има можност само за постбрачен во смисла откако ќе склучите брак склучувате дополнителен договор со кој уредувате како ќе оди работата со вашиот заеднички имот стекнат во брак. Значи, сите пари што се заработуваат во брак, без ваков договор се заеднички имот на брачните сопружници. Ако склучите договор може да си уредите да секој заработува за себе лично, а потребите на домаќинството ги покривате на начин каков што ќе ви одговара. Поентата е да се постигне некој баланс од таа состојба каде секој заработува сам за себе и таа друга состојба каде се што е заработено е заедничко.
Законот во МК сеуште не го признава предбрачниот договор, така да сите овие муабети се само сон сега за сега. Сметам дека треба да се направат измени во тој поглед.
Кога би склучувала брак надвор од Македонија, тоа би било само доколку се потпише предбрачен договор. Сакам сѐ да биде јасно уште на почеток, така што не би било на штета. Во случај да другата страна се вреѓа (а според мене нема зошто): нема предбрачен = нема брак. За еден потпис плус главата нема да нѐ боли и двајцата утре-друг ден. Конкретно Македонија, јас не би сакала воопшто да склучам брак и би живеела сама до крај на живот.
Јас би направила предбрачен договор.Тоа што си го иам пред бракот (фактички тоа што моите ќе ми го остават) не го давам на никој, само преку мене мртва, пошо знам колку се труделе моиве за се` ова. А и би потпишала, не ми е срам а ни глупо.Пошто не сум залетана по нечиви пари, не ми требаат