Предбрачен договор

Дискусија во 'Брак' започната од kikikikirika, 22 јуни 2013.

  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.533
    Пол:
    Женски
    Знам дека звучи некако сурово да попишеш договор во случај на развод, како да не си сигурен во љубовта на која се заколнуваш. Од друга страна уште посурово е кога жена или маж по разводот е оставен на улица или е злоупотребена финансиската моќ на едната страна.

    Што мислите вие за предбрачниот договор?
    Дали би потпишале, и како мислите дека ке реагира околината на тоа?


    Јас немам свое мислење за темава но еве ви еден смешен пример во спојлер како би изгледал еден балкански предбрачен договор ако се земе во предвид нашите стереотипи кон ваквите работи и нашата сиромаштија што вика ‘‘немаме ни што да ставиме во договорот ни јас ни тој‘‘ :rofl:
    Член 1
    Гледањето серија е дозволено само во репризен термин, и под услов тој да е меѓу 2:00 и 5:00 по средноевропско. Тонот не е дозволен.

    Член 2
    Гледање на ријалити шоу програма не е дозволено ни во главен, ни во репризен термин, затоа што го контаминира мозокот што може да има несогледливи последици по понатамошниот живот.

    Член 3
    Мирот и тишината во тек на гледање фудбалски натпревар е од витално значење за мир и тишина во куќа. Во тој период влезот на другарки во куќа е најстрого забранет, затоа што неколку од нив можат да направат поголема врева од 50 000 пијани Турци на дерби Фенербахче - Галатасарај.

    Член 4
    Додека се гледа телевизија, сосема е нормално нозете да бидат качени на маса.

    Член 5
    Телефонските разговори, доколку траат пократко од 10 минути се обавуваат во просторија во која во тој миг не сум присутен. Доколку се подолги од 10 минути - на терасата.

    Член 6
    Ронките ќе бидат исчистени подоцна.

    Член 7
    Гаќите и чорапите ќе бидат тргнати утре.

    Член 8
    Раката од гаќите нема да биде извадена никад.

    Член 9
    Две ракии пред ручек и едно пиво после се традиционален ритуал во мојата фамилија, и како такви се неизоставни. Две пива пред спиење не е ритуал, но исто така е неизоставно.

    Член 10
    Ручекот го готвиш ти. Гаќите ги переш ти. Пеглаш ти. Куќата ја чистиш ти. Јас цепам дрва, внесувам јаглен, отварам тегли, убивам бубачки и претепувам потенцијални крадци.

    Член 11
    Киселиот купус не смрди и се става става секоја година.

    Член 12
    Кумот во куќа е пожелен к'о хуманитарна помош во Сомалија.

    Член 13
    Пушењето во куќата е дозволено во неограничени количества и во сите простории.

    Член 14
    Пушењето во куќата е пожелно во неограничени количества и во сите простории.

    Член 15
    Набавката на какво и да е џуџесто куче, на кое зиме му се облекуваат џемпери и му се ставаат капи да не добие бронхит или запаление на јајници е непремостив атак на угледот и достоинството на семејството.

    Член 16
    На синот ја му давам име! На ќерка ти можеш ти, а може таа и сама на себе кога ќе порасне, затоа што до тогаш секако ќе ја викам 'сине'.

    Член 17
    Инцидент од типот доаѓање на твоите родители смее да се случи само на детските родендени и во случај на семејна трагедија од огромни размери. Нивното ненајавено доаѓање е незамисливо.

    Член 18
    Ако сме двајцата во кола, возам само јас. Ако сме двајцата во кола, ти трезна а јас пијан, повторно возам јас.

    Член 19
    Друштвото е институција. Затоа постои обврска барем еднаш неделно со нив да одам во кафана. Ти исто така имаш обврска барем еднаш неделно да одиш некаде, со кого и да е, за да произведеме уште еден ден неделно во кој не сме заедно.

    Член 20
    На веселби како слави, свадби и колење свињи не е срамота да се пие. Срамота е да не се пие.

    Член 21
    Сексуалните односи се одвиваат не почесто од три пати неделно. Кога децата ќе тргнат на школо, само кога ќе добијат петка на писмена. Кога ќе тргнат на факултет- кога ќе дипломираат.

    Со љубов, твојот драг иден маж
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  2. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    Izvinete za latinica od mob sum.
    Kikiritke, vo Makedonija i ne mozeme mnogu da mislime okolu predbracni dogovori zatoa sto ne se dozvoleni so zakon. Kaj nas takvo nesto se uste ne postoi.
     
    На Hipster и kikikikirika им се допаѓа ова.
  3. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    :) јас пред 3 Mесеци бев во мк ми рекја дека после нова год це се стапи на сила законот Pоз :)
     
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Confused претпоставувам дека kikikikirika ја отворила темата повеќе од хумористичен аспект отколку од правен. Барем јас така ја сфатив. ;)

    Според мене кај нас затоа и нема предбрачен договор, затоа што нема што да се дели. :D Имам слушнато само за Холивудските ѕвезди дека го склучуваат. Е сега да, се согласувам дека се губи суштината на бракот и љубовта воопшто ама мислам дека секој кој би бил на нивно место би го правел тоа. Зошто? Затоа што они се цел живот под будното око на јавноста, имаат премногу пари и сите се со нив од корист, сите околу нив гледаат да им извлечат и искрадат што повеќе пари, не веруваат во никој итн. Сигурна сум дека неколку пати се изгореле ама како викаат ако се изгориш на млеко, ќе дуваш и на јогурт. Тоа им е единствен начин да се заштитат затоа што се работи за многу пари, со оглед на тоа дека кај нив разводите се секојдневие.

    Јас би потпишала еден ваков "балкански" како овој што го постирала kikikikirika. :D Ама од женски аспект се рабира. Има така да го забиберам што ќе се чуди што го снашло. Ќе го направам за да и 15 пати да го прочита да не може да го разјасни. :D И ќе му направам неколку копии па ќе му закачам по една во секоја соба, во случај да не ги заборави правилата. А ако почне да се буни, ќе му подзамафтувам со листовите на секое за да го потсетам што потпишал. :lol: Ама ова доколку си имам работа со типичен "балканец" инаку не, нема да има потреба. :lol:
     
    На Bozica1980 и confused им се допаѓа ова.
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Интересно. Првпат слушам дека законски не е дозволено да се направи предбрачен договор кај нас.

    Јас сум за ДА. Тоа не е доказ дека некој помалку го љубиш. Туку денеска на никој не треба да му веруваш до таа граница за да утре недај Боже може да ти земе се.

    Дечко ми е побогат од мене, па ако се земеме некогаш јас сепак би сакала да си имаме еден ваков договор. Треба да се знае до кај се границите на некои работи. А не некои со прст не мрднале за нешто па утре уште и пари да си добијат безврска. Не велам дека не треба да постојат заеднички средства, велам само дека во предбрачниот може да пишува дека недвижниот имот би требало да се подели на пола само доколку и двете странки вложувале во истиот.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    Pocetokot na temava mi zvucese kako seriozno prasanje, pa zatoa i naglasiv deka vo Makedonija nema zakonski osnov za predbracen dogovor. Dokolku temava e od humoristicen tip mislam deka treba da se premesti vo Nasmevka, za da ne dojde do zabuni kaj nekoja clenka koja mozebi navistina ima potreba od takov dogovor.
    Kako i da e, opsto gledano vo svetot, mislam deka ovoj tip na dogovori sluzi za da gi zastiti vrtoglavo bogatite od sponzorusi (maski i zenski). Sto se odnesuva na Makedonija, zakonot predviduva deka se sto e steknato pred brak ili nasledeno dodeka ednikata bila vo brak, ne se deli pri razvod. Se deli na polovina se ona sto e steknato vo brak. I ova e vo red za posecno makedonsko semejstvo. E sega, na koj nacin se zastiteni makedonskite bogatasi od "lovci na pari", toa ne znam, ako ima nekoja feminka koja znae neka spodeli, bas me interesira.
    Inace "balkanskiot predbracen" bi dovel do prekin uste pred brakot da zapocne :rofl: . Bi bile vmetnati tolku mnogu licni "balkanski" frustracii sto tesko deka nekoj normalen bi potpisal :D
     
    На oblace1, zalosna, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Убаво си рече кофјусд, кај нас таков нешто не постои, па и јас не сум чула дека ќе има таква измена во законот за семејство.
    Кога сме дискутирале за ова голем дел од професорите на Правен биле против.
    Се согласувам, од бракот праиме пазар, купопродажен договор.
    Јас сум против, зашто законски никој не може да брачниот партнер да му земе, ако не е склучено, створено заеднички во бракот.
    Значи само имотот стекнат во брак се дели, не друго.
    А што ќе делиме ние, југото или фичото?
    Тешките милиони и плати, годишни хонорари кои реално не се поише од 10 000 евра?
    Не сме ние Америка, кај на богаташитите се бројот на прсти, работиме за 400 до 500 евра плата месечно со магистратури и разни специјализации.
    Бракот е нешто во кое заедно се допринесува, ако збоиме за брак во права смисла на зборот.
    За кое богатство зборите на 20тина години, парите од бизнисите на мајките и татковиците на машите дечковци/девојки? Тие не се пари на вашите партнери, туку на нивните родители.
     
    На confused му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Hipster ме потсети на нешто. Мислам дека кај нас во законот е и до негде регулирана таа работа. Затскриено регулирана. Тоа го сфатив кога моја не толку блиска роднина се разведуваа со маж и', кога требаше да се дели се, они го делеа САМО тоа што го стекнале ЗАЕДНО. Она си имаше нејзина куќа од нејзините уште пред да влезат они двајца во брак, а он сакаше да и' ја земе. Ама адвокатот му се изнасмеа, зошто тоа не е возможно, он не дал ни денар за таа куќа. Па после се договорија некако. Мислам дека точно се знае што, кога и како е купено. Така да неможе да се земе ништо повеќе од она што ти следува и што самиот си го вложил. Ова е според мој близок пример, инаку не сум многу запознаена со правото па затоа неможам многу да зборам стручно. :)
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^ Да така е точно, и тоа не е само кај нас, не сме измислиле ние бистра вода, така е секаде во светот(добро има во Америка во државите некоја разлика меѓу овие одредби, но не е тоа битно).
    Во Сад ова го праат со тоа што се одредува колку од нивните годишни хонорари можат да добијат нивните брачни сопружници. Не сум сигурна како оди ова, но си имаат клаузули за тоа ако разводот е повод на прељуба тој што прељубил не добива ни цент, итн итн...
    Си имаат милион ситуации кој се предвидуваат и се запишуваат во ова.
    Коментарот на кикирика беше шала и фала богу дека такво нешто не е возможно, ни во тунгузија што се вика.
    Парите и имотот т.е стварите се предмет на овие договори.
    Е сега интересно би било прашањето со правата од интелектуална сопственост, т.е парите добиени од иновациите, патентот, автoрските дела, како би се делеле, тука само може да има специфичности и да биде малку деликатно(барем мене ми е).
    Другото според мене е и повеќе од јасно.
     
    На Daydream и confused им се допаѓа ова.
  10. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    Hipster :clap: , nikogas ne sum razmisluvala vo nasoka "sto so proizvodot od licnite intelektualni dostignuvanja", posle razvod. Te molam ako imas podetalni poznavanja spodeli so nas, mislam deka moze da se razvie interesna i korisna diskusija.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.533
    Пол:
    Женски
    Не, ја отворив темата бидејки видов дека нема таква тема, а хуморот го ставив затоа што немам мое мислење на темава дали сум за или против .

    А ете не ни знаев дека кај нас уште немало таков закон. Зар и тоа оди со закон ? Ако сакам јас да направам договор зар треба државата да ме спречи.
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Не посебен закон, туку законот за семејство не предвидува таков договор.
    Како ќе правиш договор за нешто што не постои, каков договор е тој според законски норми?
    Језда со она нашево правничко договорот е sui generis договор ја претеруваме понекогаш, зашто а нешто не можеме да дефинираме ние суи генерис.
    Во контекст на муабетот, државата, т.е законите не можат да ти забранат, ама не можеш да составуваш договор од кој не произлегува никакво правно дејство.
    И постирав и на некоја членка пред многу време линк од нова македонија за оваа проблематика како се решава кај нас.
    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22280

    Али сепак не се нарекува предбрачен договор, зашто во законот за самејство јасно си стои дека само имотот стекнат во брак може да се дели после разводот и ништо повеќе.
    Тогаш вие кажете ми зашто потребата од овој договор?
    Сите пари и имот што се во брак створени, се по принцип заедничка работа, заеднички не само трудот, туку подршката и во добро и во лошо.
    Како што долговите се делат меѓу брачните другари, зашто тогаш имотот да не се дели?
    Или работава и во добро и во зло секој како му одговара си ја интерпретира.
     
    На tessie, Cka и kikikikirika им се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.533
    Пол:
    Женски
    Немам јас заземено став за темава оти не знам ни правно ни реално што се случува. Затоа и ја отворив.
    Фала ти Хипстер вакво објаснување ми требаше.

    Знам луге кај нас што се разведувале а нели немале таков договор па после си ги делеле стварите. Е не знам дали судот така им рекол или они некако се договориле. Ама не е во ред нели, на пример како можеш пархетот да го поделиш, или плочките. У странство имаат заеднички станови најверојатно ги продаваат па си ги делат парите, ама тука како би функционирало не знам стварно.
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.845
    Допаѓања:
    35.543
    Пол:
    Женски
    Јас сум ЗА предбрачен договор. Во денешно време не можеш да имаш доверба во партнерот. Не знаеш како ќе реагира во случај на развод. Вака, поарно да си имаш се црно на бело. Со маж ми не потпишавме предбрачен договор, бидејќи немавме време. Една моја другарка планира да потпише предбрачен договор со нејзиниот дечко.
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.694
    Допаѓања:
    130.379
    Е добро бе, како може да реагира мажот после или жената после развод?
    АКо ти влезеш во брак со 5 стана, а он со ништо, ке ти земе два и пол??? По кој основ??
    Хипстер добро го образложила делот дека кај нас не постои предбрачен договор од причина што не можеш да располагаш со имот кој сеуште го немаш.
    Ама, како може да ти земе некој сопственост после развод? Ако заедно сте печалеле, заедно ке делите во случај на развод, Кај нас законот е многу подобар од американските норми, ако можам така да ги наречам, и не можеш да му земеш на некој од делот за кој самиот вложил.
    АКо ти не заработуваш, денар немаш внесено во бракот, никогаш плата не си зела, кој е тој што ке пресуди да му земеш на мажот се? Океј, ако си му била муза, па он те цртал и пишувал за тебе па добил милиони од сликите и книгите, па да бараш пари :)))
    Поинаку не.
    А и од другиот, емиционалниот аспект. Јас не би барала маж ми да потпише дека нема да ми земе ништо. Ако сака да му потпишам, нема проблем. Од туѓи пари аирлија нема. Неубаво спечалени пари се трошат на неубави работи. Не ми требаат неговите пари ако го немам него.
     
    На hello-kitty.90 и simply-red им се допаѓа ова.
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Овде потпишуваат и заради тоа што ако едниот се задолжи и неможе да го врати долгот, другиот партнер нема да биде обврзан да го враќа.
     
  17. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    I nie imavme eden vid dogovor no ne dogovor so potpisuvanje se rabotese za ovoj dogovor:
    Bidejki jas bev od posiromasno semejstvo a toj od pobogato najprvo go prasav dali moze da me prifati vakva kakva sto sum , so ogleda na toa deka bevme 8 cleno semejstvo finansiite ne ni dozvolia nekoj raboti. Znaese se i me prifati vakva kakva sto sum. Iako imavme 2 kuki kola i placevi toa ne bese moe tuku nasledstvo na tatko mi od vujko mu.Koga dojdoa da me zaprosat majak mi na svekrvata mi i postavi uslov/dogovor za da me dadat. Vsusnost se rabotese za toa deka mozebi nema da ima svadba bidejki togas vo toj moment bevme vo nekoja kriza / bankrot. Deka nemavme pari za darovi i pokuknina kako sto bil adetot i sveki me prifati vakava kakva sto bev . Vsusnost toj dogovor bese za da eden den ne mi recat dojde od takva kuka , nemas nisto od tvoite da ne me navreduvaat. E toa taka i si ostana dur ne resivme svadba da prajme t.s sveki resile bez da gi prasat moite dali mozat moite pravea sto pravea napravija svadba. E togas bese "oroto" fustanot trebala nevestata da go kupi (a ovde adet e zetot da go kupi) , bombonite (nevestinskite) nevestata da gi kupela , kostimot nevestat i darovite za kumovcite nevestata nekako so dolgovi do gusa napravivme taka (prethodno so mn raspravii zosto taka ne bese dogovorot) , pa stom ostanav trudna majka mi trebala ova ona da kupi (pred brak dogovor bese moite nisto da ne kupuvaat po nase baranje samo ako imaat zelba zosto posle svadbata na brat mi zaglavivme do gusa), ko se porodiv majka mi trebala detskata soba da ja kupi i nastanaa kavgi. Od nasiot bracen dogovor nisto ne ostana zosto maminata maza ne zastans od stranata na soprugata. Izvinete za latinicava nesto ne mi vklucuva mak forum.
     
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    12.841
    Пол:
    Женски
    Чисто информативно, дали во стекнат имот спаѓа наследството? На пример кога сум се омажила не сум имала ништо, ама после свадба сум се здобила со стан (умрел некој и ми го оставил, или ми го препишал на поклон). Значи не сме собирале јас и маж ми пари за да купиме нешто, него било поклонето на еден од сопружниците. Јасно ми е дека ако пред да се мажам ми препишал татко ми стан, тој си е на мое име и си е мој, па и сто пати да се разведам пак си е мој. Ама како иде законот кога се работи на наследство?

    Како на филм што гледам, немам ништо против предбрачен договор. Имаме огромна имотна разлика во фамилиите, и нормално е секој да сака да си го штити своето. Ама ние не живееме во Америка, и искрено дечко ми да ми бара предбрачен би се навредила. Јас сум со него со години и сега за да му бидам жена да потпишам црно на бело дека нема да го варам во бракот, или ако го оставам нема да му го земам станот. Па да ти се плукнам во станот ако мислиш дека за него ќе се мажам со тебе.
    Во Македонија ретко се случува да има голема разлика помеѓу сопружниците. И законот веќе си е регулиран, стварно немаме никаква потреба од предбрачни договори.
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Не би потпишала такво нешто. Тешко мене ако во животов не можам да се потпрам на сопствените способности, туку на парите на маж ми. А ако сака да те зезне некој, јас мислам дека и со договор ќе се најде начин.
     
  20. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    поклонот стекнат во брак не се дели со партнерот во случај на развод ,дар си е дар