1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предбрачен договор

Дискусија во 'Брак' започната од kikikikirika, 22 јуни 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ако нема договор за поклон, џабе. Кај ќе докажеш дека е дар? Секој може да каже „јас го купив“.
     
  2. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    Па било кој да ти даде нешто оде преку нотар препишувањето како инаку на кој начин ке го добиеш поклонот ? На збор кажан? Еве ти стан керко овој нека биде твој а гласи на име на таткото, па нормално дека ке и го препише на нотар затоа што неможе вечно да биде на име на таткото
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    ^ Ама за подароци како стан, обично на луѓето им текнува да го заверат на нотар како подарок.
    Како и да е, подарок може да биде и покуќнина и накит и слични нешта за кои ретко се оди на нотар да се заверуваат како подароци. И после (хипотетичка ситуација, карикирам) ги глеаш у процес на развод, се влечат низ маало и се тепаат кај кого ќе оди спалната соба пошо била поклон од бабата и дедото. |( :lol:
    ____________________________________________________________________________________________

    Oпшто на темава што сакам да си кажам. Супер Хипстер што посочи дека во нашиот закон за семејство си има многу убава одредница дека се` она што е стекнато во брак треба да се дели на 1/2. И според мене е најфер и најмалку дискриминирачко решение. Под такви услови, навистина ми е смешно кај нас да постојат предбрачни договори. А уште посмешно ми е што некогаш во секојдневна комуникација сум имала прилика да го слушнам од “модерни“ жени кои се исмејуваат и не можат да сфатат како во руралните предели се` уште постои „дај пари, на ти невеста“ во овој модерен 21 век, а во исто време предбрачниве договори ги сметаат за нормална работа што според мене не да го прават бракот трговија - растураат.

    Кога ја прочитав првава реченица, многу се зачудив, кога го дочитав мислењето, донекаде ми стана јасно што сакаш да кажеш.

    Што е крив едниот што е побогат од другиот? Глупости! Друг муабет е што во брак не се вложува само материјално и со работа во одредена фирма. Пример, едниот купил куќа, покуќнина, но другиот ја одржува инаку би скапела и би станала неупотреблива за неколку месеци, едниот напредува во работата, но другиот бил покрај него и го бодрел и кога првиов бил без денар, едниот носи намирници дома, но другиот прави јадење. И тоа не се фиксни улоги. Може и да се но и не мора. Во животов се` тече и се менува.

    Немам ништо против оние кои си сакаат такво документче. Но, сфатливо ми е само доколку се одлучат единствено на граѓански брак. Затоа што религиозен брак „заедно во добро и лошо, во беда и во изобилие“ во таков случај малку ми е несоодветно донекаде и хулење.
     
    На ilipili и Hipster им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Најпаметно нешто што може една жена да направи е пред брачен договор :!:
     
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Зошто?
    Во ситуација кога законот е јасен што е стекнато во брак, а што не, не знам која е целта...
     
    На ilipili, Hipster и tessie им се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Законот си е јасен кај нас, стекнатото во брак се дели при развод, добиено наследство не се дели, дури и ако наследството е стекнато во брак, подарок исто не се дели при развод.
    Е сега, кај нас е пракса и ако не се согласат при делењето, тогаш докажуваат кој колку придонел за да се стекне имотот. Значи, кој колку плата имал, кој како придонесувал. (По барање, на еден од брачните другари може да му се определи поголем дел од заедничкиот имот, доколку тој докаже дека
    неговиот придонес е значително поголем од придонесот на другиот брачен другар.). Навистина не знам дали кога жената била невработена тоа се смета како придонес (законски, иако знаеме дека и тоа е работа и тоа прилично захтевна), или ако мажот и жената двајцата имале плата, ама сета домашна работа била препуштена на жената, дали тоа се смета за + или се смета за традиционална улога на жената? Навистина не знам. Или ако нешто се стекне во брак, ама на име на едниот (на пр. ние си купивме кола, заедно собиравме пари и заедно плаќавме кредит, ама на име на маж ми е, затоа што јас немав возачка дозвола и за да не се комплицира при возењето и регистрацијата, па ако се разведуваме дали е само негова или наша?).
    Предбрачниот договор во светот може да содржи сѐ и сешто (на пр. вметнувале клаузули дека жената на пр. не смее да се здебели повеќе од толку-и-толку кг, или дека жената домаќинка мора да има направена вечера најмалку Х пати во текот на неделата итн итн.).
    Инаку, сега имаат и постбрачен доовор, односно дополнителни договори кои ги потпишуваат откако ќе стапат во брак (ако немаат предбрачен догговор или сакаат да сменат нешто од предбрачниот договор).
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    На инсистирање на мажот мојата братучетка во странство потпиша пбд и тоа за нејзина заштита. Тој нема ништо негово таму, а има големи кредити, па ако му се случи нешто не дај боже, таа за да не ги плаќа неговите долгови е заштитена. Кај нас тоа не е така мислам. Поправете ме ве молам ако грешам, бидејќи искрено не знам каков е кај нас законот, долго време живеев надвор од МК. Дали доколку мажот е заглавен во долгови кон банки со кредити, картици итн. доколку не дај боже нешто му се случи, жената ги превзема обврските?
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Види сега, тоа документче мислиш дека се однесува исклучиво за материјалните работи?! Двајцата си го прават тој договор и во него можат да внесат какви работи ним им одговараат.

    Но ете доколку гледаме само за материјалните богатства кои ги поседуваме може да наидеме на вакво нешто. Ние се мажиме за некој знаејќи го неговиот карактер, но ретко и карактерите на неговите родители. Животот е суров, луѓето исто. Што би се случило доколку го изгубиме нашиот доживотен сопатник и замисли во тие моменти на најголема болка некои ненормални идиоти да почнат да се закануваат за недвижниот имот кој треба на нив да им припадне а не мене. Замисли се губи најбитниот човек а поради некои нечовечни суштества да мора да се занимавам со тие ПАРИ. НЕ-САКАМ и точка. Несакам во такви моменти некој да ме уценува со било какви лудости, почнувајќи од можно земање на имотот на катчето кадешто сум создавала Дом од љубов, па се до можни закани дека може да ме разделат дури и од моите сопствени деца.

    Ете така подобро да постои некој договор.
    Токму тој договор може и да покаже дека јас не сум со него само поради неговите пари.
    И сметам дека секој полнолетен брачен член треба да работи и да носи приходи во семејството. Точно дека во МК тоа е речиси невозможно ама секогаш може да се изведе.
    Обврските се делат, обврските за децата, за одржувањето на домот, за паричните средства. Никогаш нетреба да се подрамнуваат обврските стрикно на пола и на еднакво ама за мене вистински брак е тоа кога и двајцата овозможуваат се и се борат за топлината во тоа семејство.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас живеам во земја каде при развод се дели се, и пред брак и после брак стекнато, и разбирам да си треба предбрачен договор во случаеви. Ама еве, ако во Македонија е друго, не гледам причина за таков договор како и другите што спомнаа.

    Сега за случајов, кога се губи брачен другар при смрт, зависи и тука каков е законот во Македонија. Ако не иде се што е на име на еден од сопружниците автоматски кај другиот што останува жив, ако има таква луфта да се врати имотот кај родител, тогаш друг договор има за ова, се вика тестамент.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Предбрачниот договор не важи за избегнување на обврските во случај на смрт ниту во странство, ниту во Македонија. Тој стапува на сила само во случај на развод, а во некои земји и за заштита на дел од имотот во ситуација на банкрот.
     
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Наследникот ги наследува и долговите, ама тоа нема врска со развод, туку со наследување во случај на смрт. Не е исто оставинска постапка и постапка за делење имот при развод.
     
    На srcekrsacka, imelda и tessie им се допаѓа ова.
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ЗА!
    Нема ништо лошо унапред да се средат работите, плус тој се однесува на се што ќе се стекне во брак, настрана наследство и поклони од родители. Само во МК нема ваква опција.
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.238
    Пол:
    Женски
    Од мене големо ЗА за предбрачен договор. Можеби не во смисла на делење богатство, туку еве како што некој напиша да се заштитиш во случај на развод од плаќање туѓи долгови. Е сега искуство на моја познаничка која многу паметно постапи уште пред 7 години кога се мажеше. Тоа не беше класичен предбрачен договор туку потпишаа изјави на нотар што и како би било во случај на развод во поглед на гледање на децата, обврските на родителите, финансиски средства и слично.
    Сега за жал се разведоа, но благодарение на тие изјави немаше многу простор за манипулации.
     
    На srcekrsacka, Glasna и tessie им се допаѓа ова.
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    За!
    Во МК нема многу смисла ама во католичките земји се се дели, и куќата што баба ти ти ја оставила ќе му дадеш пола и златниот накит од мајка ти поклон што ти бил.
    Во брак не се влегува со затворени очи.
    Пак ќе кажам дека во МК тоа е регулирано со закон но грешката што често се прави е што жените не заведуваат на нотар се што внесуваат во куќата на мажот, реновирања, намештај итн па после оди расправај кој колку инвестирал.
    Јас сум за чиста сметка долга љубов.
     
    На srcekrsacka, Glasna, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    И јас сум ЗА
    Имотно-материјалната ситуација тешко се стекнува.Особено ако сами сте купиле нешто пред брак со оглед на финансиската состојба.Доколку имате некакво наследство, пожелно е тоа да го вметнете на парче хартија, документирано и заверено на нотар.Реално гледано,никој не може да знае дали бракот би опстоил или не,па потоа да заглавите низ судските лавиринти(временски),докажувајќи кој што и колку внел во брачната заедница :wasntme:
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Да ги прочитавте малку претходните неколку страни за предбрачниот договор и неговото значење кај нас, може ќе ви станеше јасно за тоа што преставува тој и зашто кај нас не е потребен.


    Јас не ги знам законите во другите држави, невозможно е да ги знам на сите законите за семејство(или како и да се викаат), кај нас јасно си стои во закон како се дели имот при развод, не јасно, прејасно, мали деца го знаат тоа, приправници а тека па стари волци адвокати.

    Единствено нешто што во оваа тема припаѓа, а не знам како би се однесувало и како се решава е како се делат приходите кои се стекнати со некои авторски договори, или од индустриска соптвеност(пронајдоците пример) и тн, затоа што тоа е нешто што носи приход и пост развод, па дали пример жената или мажот има право на половина од тој приход, не ни знам дали воопшто е уредено со закон.

    За нормален стан, кола, пари, акции и остали недвижен или движен имот кој е стекнат пред брак, е јасно, сосема јасно дека не се дели во случај на брак. Наследство од родители, роднини исто.
    Зашто сите трчаат пред брак да се изнакупат станови и изназемат кредити, за да после не може некој да им го земе.
    Јас сум се карала со моја роднина која го направи ова, земе кредит месец дена пред свадба, за да купат стан, за после тој кредит да се враќа во брак. Од тоа попогано нешто нема.
    Кој го плаќа кредитот сега, само роднината со платата или задничко во бракот и двајцата и мажот и жената? Товарот паѓа и на двајцата, и повеќе од јасно е.
    Ете еден начин на изигрување, кој јас не го подржувам, ама се прави, многу често со прави.
    Овој лист нарчен предбрачен договор кај нас е непотребен, искрено само некој лаик би го потпишал и би џитнал пари, пред претходно да се информира детално за своите права и имотот за пред брак. За тој во брак и понатака што ќе се стекне е веќе друго, ма да колку може некој да предивиди дека ќе заработи милиони кај нас, тоа е веќе друга дискутабилна тема за мене.
    Милионериве кај нас не се загрижени за ова, не знам зашто пак обичниот народ би се, искрено не знам.
     
    На tessie и Dvolicen им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.238
    Пол:
    Женски
    Hipster апропо роднината твој. Гадно се заебал зашто ако е земен кредитот пред свадба, ако не дај боже се разведат и припаѓа дел на невестата бидејки, станот до исплата на кредитот е во сопственост на Банката, а ако се исплаќа во брак право на тој стан имаат и двајцата. Единствено ако го има купено станот пред свадба (како јас на пример што имам мој стан без долгови и задолженија даден од моите на мое име) никој не може да го земе и дел од тој стан им следува само на моите биолошки деца или доколку јас оставан тестамент за поинакво распоредување.
     
  18. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Многу е добра работата наречена ПРЕДБРАЧЕН ДОГОВОР. Чиста сметка- долга љубов. И уште нешто треба да се додаде: целосен увид во материјалната состојба на двата партнера, а затајувањето на имот или долгови да е кривично дело. Е, така кој сака нека се мажи и жени од љубов, кој сака пари нека се мажи и жени за пари.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Нена и кредитот и станот беа земени пред свадбата, и за жал знаеш што - се разведоа.
    Друго е ти тоа што збориш да ти купат твоите тебе стан и да биде на твое име, а како би ти било, давам за пример, твојот иден маж, точно 40 дена пред свадбата да ти каже еј, ја купив стан вчера, а знаеш дека нема толку пари за тоа, за да дознаеш дека земал кредит од 40 000 евра, а тој кредит после заедно да го исплаќате, зашто точно цела една плата идеше за кредит, а другата за трошоци.
    Криво би ти било нели, мене ми беше тоа знак за непочитување и недоверба.
    Тоа се деси во случајов,и јас бев згрозена, и не очекував такво нешто од луѓе што се 10 години во врска, и зрели на 30тина години стапија во брак.
    Они од старт се припремаа за развод, демек ако се разведат да не ни земе пола стан снаава, па ајде да ја средиме работава пред да се квачи кокошкава. Не иде, зашто само 300 евра плаќаа кредит, а останатите пари не стигаат и за сметки и за храна и за се. Значи и снаата плаќала струја, вода, ПАРНО, за храна да не праиме муабет.
    Она демек не допринела за станот, па дури и мебелот не и дозволија да си ја купи и избере, а имаше кеш женската, зашто супер заработување, повеќе од мојов роднина.
    За тоа ви зборам.
    Убаво имаше некој пишано, од бракот праиме купопродажен договор, трговија.
    Плус што може свашта да се става во клаузулите на тој договор, работи кои немаат врска со имотот.
    Кај нас не е потребен, од помодартво го измислија, не зашто имаат имот кој го делат,зашто се знае дека имотот од родителите не се дели подоцна.
    Во Америка можеби е потребен, зашто законот им е поинаков, нашиот закон си е толку јасно определен и си се знае кој може, што да земе после развод, многу фер и многу логично и праведно.
    Се што купиле во брак, се дели 50/50, се што е стекнато пред брак си е на име на тој што го има, и тука нема допирање.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Регулирано е со закон кај нас и авторски права не спаѓаат во заеднички имот кој се дели, ама приходот од тоа се смета за заеднички имот.

    Заеднички имот на брачни другари
    Член 8
    (1) Во заедничкиот имот на брачните другари не влегува
    авторското право. Во заедничкиот имот на брачните другари влегува
    само имотната корист што потекнува од авторското право.
    (ЗАКОН ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.