1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предбрачен договор

Дискусија во 'Брак' започната од kikikikirika, 22 јуни 2013.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Логично дека не може да си ја присвои пример книгата брачниот партнер, ама ме интресираше за приходот, пред се зашто пример некоја книга би се продавала и после развод, па можеби и со тиражи и многу после нивниот брак, тука може да е многу трики за решавање.
    Не е ич јасен закон за авторски и стродни права, ужас е.
    За други права од индустриска сопственост да не коментирам, каша попара.
    Ние на становите и куќите највише коментираме кога мислиме на имот, мислам дека доста ни е до тука :D
     
  2. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој за следнава ситуација: од пред стапување во брак другарка ми има стан и кола на нејзино име и мноооогу пари на штедни книшки во неколку банки. Сега ќе се разведуваат. :(
    За станот и колата-ОК, он не може да и ги земе, ама за парите што и се на книшка и на трансакциска-може ли да и ги земе при развод, односно тој да бара да ги поделат 50:50?
     
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Доколку книшките се отворени пред да стапат во брак, не може да и ги земе. Ако се приливите на нив правени за време а бракот, се спори.
     
  4. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    хмммм.....книшките се отворени пред да стапат во брак. Нормално, за време на брак си течат (големи) камати на нив.
    Зарем може каматите да и ги земе?!? Главницата претпоставувам дека не може...но ти сега ме замисли за каматите.
     
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Каматите не се приход во кој што брачниот другар придонел, така што безбедни се и тие.
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.565
    Пол:
    Женски
    Тоа во никој случај.
     
  7. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Фала за инфо, да и кажам-да не се секира. Многу им е лош разводот...па барем за ова да ја смирам, иако знаејќи го него-се може да се очекува, сигурна сум дека маж и сите можни средства (и адвокати) ќе ги преземе за да и земе што е можно повеќе пари... :@
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.565
    Пол:
    Женски
    За тоа нека не се секира бидејки штедните влогови во банките се деловна тајна и на никој нема да кажат колку пари има она и што има. Ни брачен партнер ни мајка ни татко ни никој не може да знае кој колку има во банка, освен ако самиот не каже.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. myau

    myau Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2016
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Дали во предбрачен договор може да се напише во случај на развод кај кого би припаднале децата
     
  10. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Во македонското законодавство не е предвидено институт предбрачен договор, тоа значи секој таков вид на договор склучен помеѓу страните и дури истиот да биде нотарски заверен во смисла идентитетот на странките, истиот договор е ништовен (не е во согласност со позитивните прописи односно не постојат одредби за тоа вид на институт/правно дело) и нема да произведува правно дејствие, ниту истиот не ќе може да се користи како доказ во било која постапка. Тоа е од мене да не ви даваат неточни информации дека може да склучите предбрачен договор, дури и во странство да е дозволено и склучите таков договор и се донесе некоја пресуда во ваша корист, македонскиот суд нема да ја признае таа пресуда од причина што не е во согласност со македонскиот јавен интерес и поредок (позитивно право). :)
     
    На BellaBibi и Antebellum им се допаѓа ова.