Од каде дојде ти до заклучок дека перат пари? Членката убаво си кажа дека родителите и имат дадено пари пред брак и дека може пак да и дадат. Пари од родители ти ги рачунаш за нелегални или љубомора те фати?
Јас не разбирам зошто и објаснувате. Не е нејзино да прашува како се дојдени парите. Нека си ја гледа нејзината работа.
Не смеат, мораат данок да си платат. Државава ја сотреа, таа за што се засекирала. Перење пари бе. Еве пример моите од друг град и не можат да дојдат, сакаат да ми подарат нешто, и сакаат пари на сметка јас да си купам што сакам, значи ли тоа дека е перење на пари?
Ах бе Нине... Образложение за пари од фамилија е " поклон " Не е перење на пари тоа Брат ми ме издржуваше една година, да не кажам колку пари ми има пратено за да живеам последната година ко студирав. И тоа требаше да го даночам?
Затвор ќе одите што не сте пријавиле данок. Не дај Боже па некој на рака да ти даде пари, никако не смее.
Ај да си ќутам како зимам плата, Нинето ќе ме доврши дури тогаш Да им се мочам на тие 10% што ми ги зимаат... Шала на страна, @нина122 со глупости се замараш реално И тоа со рандом глупости, од муабет со многу малку информации.
@Anyshka па по таа логика ние не треба од затвор да излеземе, тек ако ти текнува бабите кога ни давале под рака?
Мене до лани некогаш ми даваше пари и баба ми (на баба ми сестра), ама ништо, си почина жената, инаку што не пријавила данок затвор ќе одеше. И тоа пример ќе и помогнам во чистење, прозори ќе и избришев, и дека не сакав да земам, во јакна без да видам ми ставаше. Леле да не зборам, ќе ме затворат. Колку пари сме испрале значи, јас и чистев на црно. Ако им чистиме на родителите мора да пријавиме, не може на црно да им чистиме.
Се што е добиено како поклон или наследство не се дели при развод. Не бива маж ми да добие пола од тоа што ќе ми го остави татко ми.