1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предвремени избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од noli, 5 февруари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. noli

    noli Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Како граѓанин на Македонија не сум задоволна од тоа како владата на чело со премиерот Груевски ја води нашата држава и затоа мислам дека во Македонија и требаат нови луѓе...бидејки место да се искачуваме повисоко, ние тонеме се понадолу..тоа е мое мислење и затоа сакам да видам како вие размислувате на оваа тема :) И сакам да ве замолам без вреѓање и дофрлување , бидејќи секој има право на свое мислење и треба да се прифати како такво :)
     
  2. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Кои нови луѓе и требаат на Македонија? Б.Ц? Па типот беше и премиер...беше и претседател и колку ја напредна Македонија во неговото владеење? Тешко нас ако пак дојде он на власт? Нема да бидеме Македонци туку Вардарци? Па тргнете од тоа што и покрај претседателска пензија не ја отстапува фотелјата на некој млад политичар со нови идеи,упорност издржливост...па тој е болен за власт и пари.Го видовме во секакво издание, во позиција,во опозиција, како претседател...што стори за Македонија? Ајде едно нешто добро нека пише оној кој знае. Јас мислам дека и да има нови избори пак ке победи оваа влада...барем засега.Тоа е мое мислење,мене ми се допаѓа ова работење на владата пак ке кажам ЗАСЕГА. Многу придобивки имав јас и нови можности ми се отворија во животот токму во овој период.Ако некој направи нешто подобро за Македонија тогаш дај Боже побргу да го пронајдеме. Ама сега за сега не се појавил некој подобар што секако и мисли добро на Македонија а не на својот џеб. Поздрав феминки и искрено се надевам и на оваа тема дека ке нема препукувања,оти како што забележав на сите теми може убаво да се дебатира,ама н овие политичкиве очите ке си ги извадиме....:)
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    На Македонија и' треба трета опција - луѓе што ќе гледаат за народот. А таков нема :!:
    Македонија аир од никого не видела. А сега секој момент очекувам да треснеме на дното, ако веќе не сме таму. Кога Владата во моментов си игра детска градинка, ај сега ова ќе правиме, она ќе правиме, после пу пу не важи, се' дотогаш нема арно за народов тука. Жал ми е за оние што толку имаат во паметот, па не гледаат подалеку од носот.

    :!: Се' додека немаме квалитетна трета опција, не ни прави разлика дали ќе има избори или не. Исто ни се фаќа.
     
    На littleflower, d.Darla, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. noli

    noli Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Снегулка21 јас мислев на нови луѓе, не ни на Б.Ц. ни на Н.Г. затоа што видовме како владеат....Можеби ти си задовлна и го почитувам тоа, ама јас не сум од оваа влада според мене ја упропасти државата...
    А ќе кажам зошто сум револтирана уште повеќе.
    Пред две години ми доделија стипендија поради играње на ракомет и само еден месец земав стипендија и веке после ни денар не земав..
    А второ сега кога беше во тек конкурсот за 400 талентирани средношколци сестра ми ги најде сите документи кои беа потребни за да се пријави.....и кога се пополни, напиша дека вакво нешто не постои, а конкурсот беше сеуште во тек затоа што пишуваше дека е во тек и од која до која дата трае а рокот за пријавување не беше поминал....затоа мислам дека оваа наша влада е трчи лажи......се нешто се фали дека ке направи а ништо не исполнува.....сигурно да не се улави да им даваат на некој пари кога можат да им завршат во нивните џебови, а така направија и со социјалната помош....а верувам дека има многу кои исто не се задоволни :?: :?:
     
  5. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Ти пишав ПП види чекам одговор :hai:
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Предвремени избори нема да има додека Груевски не направи нешто за да колку толку задржи гласови...на пример ќе покачи плати и пензии.
     
    На BoaVista и Lora07 им се допаѓа ова.
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    И да има за кого да гласаме???? Сите се исти
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.184
    Преку глава ми е од избори, било да се предвремени или не. Додека траат кампањите, а тоа се најмалку 3 месеци, цела дражава е во застој. Ниту една државна институција тие периоди не работи како што треба. Па локални, парламентарни, претседателски...
    Не дека имам нешто против изборите де, туку имам против хаосот што го предизвикуваат!
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Хаха третиот кој би можел да застане на чело на Македонија е во затвор!
    Потоа го имаме најголемиот предавник БРАТ ЉУБЕ :)
    И потоа може албанец да ни ја води државава,па за до Скопје да одам ќе ми треба пасош!
    Баш убаво.
    Да,на Македонија и требаат нови луѓе,но од кај ли ќе излезат такви?
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    ^^Да бе, сите што се контра Груевски се предавници, никакви, лопови и сл. |(

    Море Бичед изгледа заборави дека до пред извесно време му се клањавте и на брат Љубе, ви беше најголем патриот во партијата, ама откако ви откажа послушност човекот и си се кандидираше сам за претседател на државата, а притоа ви зема 150.000 илјади гласови, опс автоматски стана предавник.

    И да, биди доблесна барем еднаш, тргни си ја настрана политичката припадност и ДИСКУТИРАЈ РЕАЛНО.

    Да се дообјаснам, да не бидам пак погрешно разбрана. Нит сум за Љубе, нит за Бранко, ама не сум па ич за Грујо. Само ме нервира нереално дискутирање, кога сите знаеме каква е ситуацијата и какви се СИТЕ политичари.

    Пс- Бичед реплицирај ми само во случај ако имаш нешто реално да кажеш, зошто ако сакав да го слушнам Бичиклиски ќе пуштев на Сител ;)
     
    На LightOFF, Strumfeta93, noli и 5 други им се допаѓа ова.
  11. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Не сум за предвремени избори и сакам да е на власт ВМРО.Не сум политички активна но сум задоволна јас се запослив после сто години за време на влаадеењето на Груевски и ВМРО.
    Би била за едно големо НЕ за предвремени избори.
     
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Боа,немој сосила да ме боиш политички.
    И незнам што во мојот пост беше нереално?
    Никаде не спомнав дека Груевски ја води државата,баш како што треба.
    Ниту пак Бранко.
    Кажав дека трето лице би бил Љубе,па Велија заглави во затвор..инаку сите ќе имавме овци,прасиња,кокошки дома,и на крај остануваат Албанците.
    Друг некој нов да се појави во догледно време - невозможно.
    И сега,што е нереално?
    И,Боа во ред е.
    Се пофали дека си паметна,дека си упатена во политика,во право..но немој да ми ги ваѓаш од контекст зборовите,а во најлош случај немој да ми реплицираш на нешто што не сум го кажала.
    Не е етички,не за друго ;)
     
    На Ashling и snegulka21 им се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Значи за едно нешто си махер, а тоа е да ги вадиш од контекст работите :) .
    А тоа дека јас сум те обоила, не е вистина. Разгледај си ги претходните мислења и ќе увидиш како во речиси секој пост го браниш Груевски со сите сили, а сите што се против него за тебе се манипуланти, лопови, арамии и незнам што. Исто и во твојот последен пост. Напиша за сите по една негативност, ама не ти даде срцето и за Грујо да напишеш :D .
    Твое право Бичед кого ќе подржуваш и за кого ќе гласаш. Јас немам ништо против тебе ни против тоа ти да гласаш за Груевски или за било кој. Ама кога веќе пишуваме, дај навистина реално да пишуваме за сите. Да имаше некој арен, немаше државата да ни биде ова што е денес. Така да :x

    И за крај :!: , срце немам јас потреба да се докажувам дека имам познавања од некои работи, посебно пак на форум кој освен другото е и таен. А ако ти така си ме доживеала, јас ти благодарам :*
     
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    не сум за предвремени избори од една единствена причина:немаме за кого да гласаме.

    сега ако има предвремени избори, борбата ќе биде повторно помеѓу бранко и грујо а до сега и двајцата докажаа дека абер нема од нив.

    и како што кажа ариел државата ќе ни биде блокирана со месеци, ништо нема да функционира за повторно да решаваме помеѓу истите личности а не гледам поента во тоа.
     
  15. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Побогу.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.230
    Пол:
    Женски
    И заради тоа ти сакаш да остане оваа влада?? А тоа што све пропаѓа не е битно!! Па и да се смени владата нема да ти дадат отказ ! Мило ми е што си го решила тоа прашање, ама биди малку објективна. На државав под итно и требаат избори!!! А бидејки нема кај нас некој кој може да не среди ја мислам да си станеме ние државичка на УСА и да си живееме. Сами не не бива!!!
     
  17. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Па и не знам баш дали ке го задржи работното место ако се смени некој друг...сите нас не засега единствено да најдеме работа,тогас нормално ке бидеме задоволни,но доколку дојдат други на власт а некој бил примен на работа во ова време...па 99,9% ке биде избркан и на негово место ке дојде партиско војниче, а посебно доколку не е партиски определена е тогас процентот се зголемува на 100.
     
    На Dgirlll и beached им се допаѓа ова.
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Мене ми е исто.
    И да има и да нема.
    Само што, во друга тема кажав.
    Сите се прават прави политичари пред избори,кога ќе седнат на фотељата ќе ни подадат еден прст,ама за сметка на тој прст ни ја земаат цела рака.
    Политичките кампањи чинат милиони само за реклами на телевизија каде што кажуваат дека ќе ја изваделе државата од сиромаштија.
    Замисли која контрадикторност.
    И автобусите со поддржувачите исто така.
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Толку одамна не сум гласала на избори, што баш ми е сеедно ќе има или не. Нека си гласаат овие партиски војничиња и полтрончиња (од двете партии, исто г :swear: ми се) кои очигледно имаат корист од својата партија. Во оваа наша сирота напатена земја политиката е сведена на лична корист за поедници и јас немам што да барам во таа приказна. Сѐ додека не ме убедат во друго, мене на избори не ме гледаат ни едните ни другите. А како што гледам, повеќе од 40% од граѓаните од МК мислат исто, преку глава им е од патувачкиот циркус наречен избори, а и од овој циркус кој го живееме. Мислам дека веќе никој не гласа заради политички идеи и некои повисоки цели, туку гледа да има лична корист, па макар и вреќа брашно. И јас, како што реков, немам што да барам во таа приказна :puke:
     
  20. bonb

    bonb Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    Јас сум многу задоволна од сегашната власт , алал да му е на Грујо си знае човекот да работи а на тие што им е криво нека пукнат . А бе човекот знае кај да ги троши парите и градот ни го среди и колку само луѓе се вработија многу подобро е сега отколку кога беа комуњарите . Грујо си е Грујо само напред .
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.