Предвремени избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од noli, 5 февруари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Ќе има,ќе има...Оффи припремај се :muscle: ... :D
     
  3. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    789
    Се повеќе оваа наша политика ми заличува на ''војна'' меѓу Груевски и Црвенковски и нивните ''војници''.
    Леле, до кај стигнавме ..
    Инаку, и да има и да нема предвремени избори, исто ти се фаќа..
    Ни Груевски ќе не оправи ако остане на власт, нити пак Црвенковски ако повторно дојде на власт.

    Whatever, народот повторно ќе остане незадоволен .. со причина.
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Црвенковски: Избори во јуни!
    Катерина Цаневска Арсовска
    21.02.2011 16:15



    Предвремени избори во средината на јуни, СДСМ ја прифати фрлената ракавица на Груевски. Најпосле, вели Црвенковски, светлина во тунелот, предвремените парламентарни избори се единствен демократски начин за решавањето на длабоката криза.

    Предвремени парламентарни избори треба и мора да има, но во исто време не било какви туку само фер и демократски избори се решение и излез.

    Се друго ќе значи продлабочување и радикализирање на кризата.

    „Сега вие сте на потег. Ако сте искрени во подготвеноста да се соочиме со народот, докажете го тоа. Прифатете го овој предлог и ајде да почнеме да работиме. Ајде да одиме, ама навистина да одиме на избори во јуни“, вели Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.

    Сите пет услови за враќање во Собранието се легитимни и логични и сите до еден поврзани со демократски амбиент за фер избори, смета СДСМ, затоа понудија план со конкретни рокови.

    Прво, повлекување на одлуката за замрзнување на сметките на А1, Време, Шпиц и Коха е Ре.

    За фер избори не може да стане збор, ако во предизборната кампања се оди само со провладините и партиски медиумски мегафони.

    „Потребно време за овој чекор, е толку колку што може да трае еден телефонски разговор, на Груевски или Маневски доколку се разбира, сврте на вистинскиот број. Знам дека Груевски на ова ќе одговори дека судството е независно и дека тој нема намера да се меша во неговата работа. Така и би требало да биде. Но, господине Груевски Вие веќе грубо се замешавте со Вашата политичка одлука да ги затворите овие медиуми. Сега на ист начин повторно замешајте се и поправете ја својата грешка“, рече Црвенковски.

    Втор услов е Закон за рамномерна распределба на народните пари, наменети за владини кампањи на сите медиуми што ја покриваат територијата на Македонија.

    За да нема неодговорно,криминално и политички селективно трошење огромни пари за сопствена пропаганда, ова може да биде завршено до 15-март, по што СДСМ ќе се вратат во Законодавниот дом.

    Веднаш, на првата наредна седница, да се формира собраниската Комисија за контрола на избирачките списоци и да се отпочне процедурата за измени на изборниот законик.

    Да се предвидат загарантирани места за етничките заедници како што ветиле и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и процедура за гласање на дијаспората.

    Оваа процедура може да трае најмногу 30 дена и тоа во редовна постапка. Според планот се може да заврши најдоцна до 20-ти април, кога Собранието на Република Македонија ќе се распушти и ќе се исполнат условите предвремените парламентарни избори да се одржат во средината на јуни.

    За да не биде барањето за изземање на Маневски од Судскиот совет искористено како изговор дека заради должината на процедурата служи за пролонгирање на терминот за предвремени парламентарни избори, СДСМ се откажува од овој услов.



    Доколку не бидат прифатени барањата, тогаш ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени за предвремени измерување на силите или пак сака фалсификувани избори, вели Црвенковски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ денеска брифираат- 17 април е можен термин за одржување на изборите доколку СДСМ утре се вратат во Собранието. Вчера Груевски му порача да излезат на избори и да си ги одмерат силите

    „На база на тоа што сме го направиле во минатото, како дел завршено и видливо, на база на програмите што ќе правиме во иднина и на база на тоа кому, колку му веруваат за тоа што го ветува дека ќе го оствари, нека излезе народот, нека каже кој во наредните четири години треба да раководи со власта и да ја води земјата напред“, изјави Никола Груевски, премиер на Република Македонија.

    Социјал-демократите денеска и на овој начин демонстрираа подготвеност да се соочат со ВМРО-ДПМНЕ.

    Извор: А1
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.365
    Допаѓања:
    142.439
    Оооооо, боже...
    Попис во април, избори во јуни. Сега ќе си ја викнам да плачам, и тоа до утре! Работа нема да може да се збрка до септември, пошто после изборите ќе дојдат летни одмори, а во лето нели не се работи... отиде јабана годинава.

    Туку може да се гледа и позитивно. Ако се пролонгираат роковите за некои работи атер на изборите и пописот... ехеее... кај ќе ми е крајот :D
     
    На blue.rose и rainlover им се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    а бе девојче колку си ми само смешно, зар не си мала да се замараш со политички пропаганди? ај да се разбираш од политика да сватам, али вака само се бламираш...задржи се на шминка и коса...совет
    од мене
    Од цел говор на Црвенковски јасно како ден е ова: бла бла бла ... не се појавувам на избори затоа што знам дека ќе изгубам!
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    ^ Имам 20 години. Од 18 години секој граѓанин добива право да гласа. Така да, задржи си ги коментарите за себе ;) А и ако не виде долу пишува извор А1.
     
  8. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    јас мислам дека ништо неможат да сменат изборите.. ќе остане истата влада пак.. а и да падне владава не верувам дека некоја друга партија би сменила нешто така да избориве ќе бидат само залуден трошок на државата, џабе трошење на пари
    .. :worried:
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Овој пак Б.Ц не е*е во здрав мозок. Ни расправа некои приказни за мали деца, демек ние склеротични сме, не се сеќаваме дека беше и он на власт 4 год и дека и тогаш "цветавме". Сеа треба ние да се правиме дека сме без мозочни клетки, и да веруваме дека он ќе не спаси. Ах, Господе!

    На камено, камен. До камено друг камен - ситуацијава
     
    На GiaMarie и beached им се допаѓа ова.
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    823
    Нит ме занимат нит одам да гласам..Реков еднаш и си стојам..невер море на избори,нема зошто нити за кој.Кај мене ги потрошија сите кредити и едните и другите.. :| Фала многу.и пријатно избори додека не дојде некој кој ќе вреди да си трошам мастило од пенкалото.
     
  11. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Џабе избори.. ако падне Груевски на негово место ќе дојде човек кој е подеднакво лош или дури и полош во раководењето на државава.Се така ќе се вртиме во круг !
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Изборите се добра работа, ќе ги појачаме домашните колекции на тефтерчиња, пенкалца, маички и упаљачи. Македонски народе! :^)
     
    На Stam, Gordana10, DivineChaos и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    И тоа во различни бои :lol: Ај озбилна жена, баш ме насмеа :lol:
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Се предомислив ќе се вратам :devil: :D
    Б.Ц
    Е Шо ви е бе на сите? Само 5 услови иам!
    1. Само ја да бидам као на гласачко ливче
    2. Ја и Зоки-Канибал да ги набљудуеме избориве
    3. Ја и Шема да сме ДИК
    4. Ја и Свети Ја да ги броиме гласовите
    ...и 5то, конечно, Ја да се самопрогласам уше од сеа, за да нели не го мучиме народов
    превземено-не е од мене но :rock:
     
    На snegulka21 и viku им се допаѓа ова.
  15. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Нели се повлекуваш од дискусијата?!

    Прво и основно барањата на опозицијата се прилично разумни
    Меѓу кои чистење на изборниот список и менување на Изборниот законик.

    Прилично лејм е кога се обидуваш да протнеш пропаганда од штаб во вид на шега.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Изборниот список Е исчистен-потврдено и од лица од сдсм. Изборниот законик-ок. Се друго е неразумно, неважно за едни избори, и нормално незаконско. Бара од Премиерот да се замеша во судство и да меша прсти во правдата????? лејм? хаха ок. 8)
    И како што кажав-се предомислив!
    ...и не ми е јасно..сдсм се тие што постојано бараа избори сега баарат работи што се знае дека не можат да се остварат,нормално за да нема избори. По лејм :D од тоа здравје! на вмро не им требаат избори си имаат мандат и мнозинство што им верува
     
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Кога го прочитав ова за превремениве избори не знаев дали да се смеам или да плачам...

    Јасно ми е дека во политиката ретко кој е неутрален, посебно во политиката во Македонија, тешко, речиси невозможно е да најдеш аполитичар. А и да си аполитичар, доколку кажеш мислење кое не е во дијапазонот на политички определените индивидуи, веднаш си од "другата страна"...

    Еве да речеме ќе има предвремени избори? И што? Јас уште од сега знам кој е победникот. Затоа што ние малкумина што не ја поддржуваме моменталната власт, сме неопределени, а со самото тоа опозицијата овде не ни има некакви шанси. Не знам што се надеваат искрено...

    Но интересно ми е кога ќе прашаме некој што е следбеник на моменталнава власт што направи нејзиниот предводник, веднаш добиваме одговор "А што направи Бранко?" Значи ова е најјакото оружје кое го имаат, што направила опозицијата? Еве јас ќе дадам одговор - ништо! А сега јас да ги прашам нив, што направи Никола? А да, знам ПРЕРОДБА...

    Ајт сега тој што се чувствува прероден, нека се јави, фино лепо молам еве овде!

    Значи да ја разгледаме вака следнава преродба... Жена која е нормално бремена, здрава, поминува низ породување без последици, а потоа го губи својот живот...Зошто? Не ни кажаа зошто, но еве јас можам да дадам одма предпоставка, или закачила некој бацил или евентуално некоја кока, стрептокока, затоа што тој што ги виде условите во кои што се болниците, а не му се крена косата е за респект. На чаршавите на кои лежат пациентите, лежат едно 5-10 луѓе на ден. Од ова влечиме заклучок дека нашето здравство - вришти. Се отвориле границите кон Европа - Оооо супер, ама како ќе стигнеме до таа Европата, кога дупките на патиштата наши се сосем доволни да си го искршиш автомобилот, асфалт требаше да се тури сегде, не само што не се тури сегде, туку и тој што се тури веќе почна да си го покажува квалитетот. Ама битно имаме патишта колку да се рече дека можеме да појдиме до Европа... Друго здравственото осигурување... Нели ќе имаше за најсиромашните здравствено осигурување? Јас не сум слушнала ова до сега да се спроведи, ако грешам поправете ме... А да, има ама луѓето треба да имаат т.е да немаат ништо... Ниту дом, ниту работа за да добијаат. А каде да живеат за да го добијаат? Мислам дека има уште мал милион вакви примери, но мислам дека ја докажав мојата поента.

    И од таа преродбата во сто чекори што видовме? Милион семи чекорчиња, ситни и небитни. Еден чекор напред - но колку назад? Изгледа од таа трка која се најавуваше, само нискиот или високиот старт остана. Штом "одлучи народот", на трката ние не сме мрднати.

    И уште еднаш ќе прашам, што се направи од таа преродба која беше ветувана?
    А да, за спомениците знам, ќе изумев, секоја чест :rock: Болниците немаат чисти чаршави, ама имаат споменик пред нив. Малку позеленува и тој, ама битно споменик. :clap: Да стои тука за век и векови и да доловува восклик на одредени луѓе кои преродбата во нив ја видоја.
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Јас незнам што па сега не е во ред со условите поставени од страна на опозицијата? :^) Јас мислам дека се доволно разумни и фер условите, се со цел да има фер избори, како што повеќе пати нагласи и лидерот на СДСМ. Што е нејасно? Или само е потребно да се плука? Кој би одел на избори без предходно да ги постави условите кои веќе се поставени? Па нема така на слепо да оди, Бог да чува.
     
    На BoaVista и dan1 им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.730
    Пол:
    Женски
    Само предвремени избори |( Тој што ќе ги загуби треба да плати за нив, а не само од џебот на народот се да се плаќа. И што дека ќе има избори? После другите додека да се опремат, да испокрадат што останало и пак на ништо ќе бидеме |(
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Јас верувам дека сите што ја подржуваат оваа влада не го прават тоа од што животот им процветал откако дошол Грујо, него едноставно од две зла го избираат помалото...а бидејќи трета опција засега немаме, ќе останеме во надеж дека оваа влада ќе не помрдне малку од мртва точка. Но ни на сон не се надевам дека тоа ќе се случи во брзо време.Можам да се надевам само дека моите деца ќе живеат во општество за какво сите зборуваме...(ако дотогаш не му ја здувнеме некаде) :D и затоа е тоа завземање на политичка страна. Инаку имам тетки од Австралија и Америка и секое лето кога доаѓаат на гости ги слушам истите муабети за кои и јас сум си сама свесна-никакви болници, никакви патишта, никаков просперитет за младите...може да редиме до недоглед...и во право се, но тие што тоа го говорат не измислиле топла вода тоа сите го знаеме , но магично стапче за подобрување нема, а треба добро да се размисли кого ќе го обвинуваме за тоа.
    Инаку за чаршавите-кога се пораѓав ми ги мењаа секојпат кога ќе посакав (а се пораѓав во државна болница) :P
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.