1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предвремени избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од noli, 5 февруари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Се согласувам со се што кажа. Нека не биде селективно, ама од некаде мора да се почне :)
     
  2. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    На Македонија не и требаат избори, нити предвемени, нити редовни. Никакви! На Македонија, како што напишав во една прилика и треба багер за да ја срамни со земја. Затоа што сите сме слепци, кои леваци кои десњаци, а никој не гледа право. Немаме добар избор кој и да биде на власт. Сега читав една колумна од почитуваниот Венко Андоновски, сега ќе ви ја приложам. Доколку имате малце време, прочитајте, ќе се сложите со напишаното.



    Избори и болести
    Погледнете околу себе, видете кој е жеден за власт. Ако вам не ви се вжарени очите, ако не ви течат лиги како да сте во партиско беснило, фрлете ја партиско-здравствената книшка, оти не ви треба. Здрави сте, беспоговорно. И чувајте го најскапоценото: здравјето. Избори се ближат. Ќе се смени персоналот на клиниката. Пациентите остануваат

    Писма до душевадникот

    Сите медиуми јавија. Избори се ближат. Тоа е голем космички настан. И како и секогаш кога се ближат избори, чувствувам потреба да повторам некои акценти од еден мој никогаш довршен есеј за анатомијата на власта. Постои една епизода од серијалот „Зона на самракот“, која директно го инспирираше почетокот на тој есеј, уште пред десетина години. Имено: еден диктатор, со неуредна брада, кој со помош на армија бунтовници го симнал од власт претходниот диктатор, се наоѓа со својот најдобар пријател и со шише виски во својата диктаторска палата. Надвор владеат немири, односно почнува бунт против него, иако тој само што дошол на власт. Тој не може да сфати што се случува, па наредува масовни егзекуции. По телефон ладнокрвно наредува да се стрелаат Рамон и Гарсија, негови довчерашни другари и команданти, затоа што тие пред пет минути биле во неговата палата и го посоветувале да не ги убива неговите политички неистомисленици. Двајцата другари молчат и пијат виски како да е вода. Телефонот долго ѕвони и гласот од другата страна на жицата студено вели: „Рамон и Гарсија се мртви“. Диктаторот ја спушта телефонската слушалка и останува очи во очи со единствениот пријател што му преостанал.
    Дијалогот што следува ја дава анатомијата на власта: диктаторот го прашува пријателот дали и натаму, по егзекуцијата на Рамон и Гарсија, му е пријател. Тој му одговара: „Сега, откако си прв, треба да знаеш дека немаш пријатели. Имаш или следбеници или непријатели“. Диктаторот немо гледа во него. Го прашува пријателот што е тој, а овој одговара - следбеник. Диктаторот прашува: „А до кога ќе ми бидеш следбеник?“ Пријателот прави драмска пауза, пивнува од вискито и спокојно вели: „Додека не се почувствувам доволно силен за да те урнам“.

    Во три реченици е изложена сета анатомија на власта: оној што е на власт има или следбеници или непријатели. Не треба да стравува од непријателите, оти со нив може да се справи преку егзекуција или со подметнувања што ќе ги одведат на робија и слично. Многу му е потешко да се справи со следбениците, оти во сите нив тлее по еден копнежлив диктатор. Следбениците се полакомени да го симнат диктаторот од власта и да дојдат на неговото место. Желбата за власт е вечна. Повеќето насмеани и сервилни лица околу Груевски и Црвенковски сонуваат дека еден ден ќе станат Груевски и Црвенковски. Да не одиме толку далеку: во секоја фирма секој референт сонува да стане шеф, а секој шеф се гледа себеси седнат во фотелјата на менаџерот. Човечкото суштество се состои од 90 отсто вода и 10 отсто крвожедна желба за власт, што е исклучително висок процент. Вода што сонува трон – ете тоа е човекот.

    Следбеникот, според тоа, за да не биде егзекутиран, треба да се откаже привремено од својата личност, да апстинира од самиот себеси, да прибегне кон лицемерие и ласкање, да биде некој друг одошто вистина е, да се преправа и да го чека вистинскиот момент кога ќе се почувствува доволно силен за да го урне својот дотогашен идол. Тоа е правило. Единствениот проблем е во тоа што кога следбеникот ќе стане диктатор, никогаш нема да успее да и се врати на својата личност, никогаш повеќе нема да се има себеси, затоа што еднаш се согласил да биде некој друг. Тој некој друг во него, од моментот кога ќе стапи на власт, комплетно го запоседнува сето негово битие и управува со сите негови постапки. Тој некој друг знае како дошол на власт, па следствено на тоа знае и дека истата тактика ќе биде применета кон него. Затоа, од моментот на своето стапување на власт, тој ќе живее во перманентен страв дека нему ќе му го направат истото што тој го направил како нечиј следбеник. Во таа нужна параноја, новиот властодржец ќе прибегне кон единственото средство со кое моќните ја лекуваат својата фобија - репресијата. Ќе ги елиминира сите „сомнителни“, макар и по цена да му се роднини. Тука завршува цикличната приказна за анатомијата на власта.

    Состојбата на болест е мошне блиска до состојбата на параноидниот владетел. Таа состојба ја карактеризира свеста дека стануваш некој друг. Сите што барем еднаш, макар и за момент, го изгубиле здравјето знаат за тоа мачно присуство на „некој друг“ во тебе. Тоа, едноставно значи дека во приказната за власта можат да учествуваат само оние што доброволно се согласуваат да бидат, макар и привремено - болни, односно да бидат, макар и привремено обезличени и оставени без најскапоценото нешто - личноста. За мене, личноста е синоним за здравјето. Секој што ја губи личноста доброволно, на еден симболичен начин се „разболува“ доброволно, за да стане властодржец. Се дезинтегрира како личност за да стекне некаква привилегија.

    Ова е доста невесела перспектива за општествата што по дефиниција се потпираат на моќ и слава. Тоа значи дека по дефиниција, таквото општество е простор за болни: во оваа диоптрија, општеството станува клиника или институт за нарушено здравје. Тука, пред сé, се мисли на менталното здравје, а тоа редовно зад себе повлекува како последица и губење на физичкото здравје. Тие две нешта се поврзани на истиот начин на кој се поврзани двете страни на монетата.

    На едно место во своите списи, корифејот на персоналистичката филозофија Берѓаев вели дека „личноста е исклучок од кастата“. Ако под „каста“ подразбереме, за оваа пригода - група обезличени луѓе кои се откажале од своето мислење заради остварување некаков заеднички интерес, тогаш доаѓаме до поразителното сознание дека партиите всушност не се ништо друго туку касти на луѓе кои доброволно се согласиле да апстинираат од себеси, заради „виши цели“ (материјалистички или идеалистички, сеедно). А ако навистина личноста е исклучок од кастата, тоа едноставно значи дека нема начин човек истовремено да биде и здрав и да биде припадник на една каста. Или, поблаго речено: не можеш во исто време да имаш и личност и да бидеш припадник на една каста, особено не на таква која се бори за власт.
    Погледнете околу себе, видете кој е жеден за власт. Ако вам не ви се вжарени очите, ако не ви течат лиги како да сте во партиско беснило, фрлете ја партиско-здравствената книшка, оти не ви треба. Здрави сте, беспоговорно. И чувајте го најскапоценото: здравјето. Избори се ближат. Ќе се смени персоналот на клиниката. Пациентите остануваат.
     
    На artemis, tanja6, baby.90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Да не го мешаме притворов на Велија, бидејќи Велија не ја оштети државата само со милиончиња, туку и бројни приватни фирми.
    Нив кој ќе им ги врати парите, кога Велија ги користеше нивните услуги и после бап фирмата под стечај?
    Никој.
    Криминалот нема да исчезне,бидејќи НЕ само во Македонија, туку секаде во светов повеќето политичари се инволвирани во истиот тој криминал, од кој страда народот.
    Па, кога ќе го прочитам Геровски во Шпиц со неговите бисери на мудроста, просто ми се наткрева.
    Вчерашниот бисер беше поврзан со избориве:
    "Да, се разбереме.
    Невозможно е да се одржат демократски избори без критички медиуми,надвор од контролата на власта. (до овде е потполно во право и си реков, конечно нешто паметно да напише... се додека не го прочитав ->) Како што сега стојат работите,по шпекулациите дека од Дневник ќе правеле десничарски весник, надвор од контролата на Груевски, освен неделникот Фокус, остануваат само медиумите на Перо Наков-А1, Шпиц, Време, Коха е ре"
    Но, Геровски заборави кога СДСМ беше на власт и кога плукаа по Бране,а сега бфф се.
    Немаме транспаретност во државава, се се' прави за личен интерес.
    Ниту асолен медиум кој ќе не известува за активностите на СДСМ и ВМРО,а воедно и да ги критикуваат.

    А, со она нивното "народот ќе одлучи"
    My ass.
    Па кај му дале овие на народот право да одлучи.
    Ќе ти речат "пиши се ВМРО, собери гласачи, ако победиме ќе те вработиме"
    Државни вработувања без партиска книшка се 10%, да се запрашаме дали се и толку.
    Значи народот,уствари офците за стрижење, нема избор, туку е принуден да избери од двете понуди која повеќе му одговара.
     
    На kate21 и baby.90 им се допаѓа ова.
  4. Alek13

    Alek13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Па колку што знам за ова пензијата на баба ми и дедо ми драстично се покачени во овие години а и платата на татко ми кој работи во администрација е добро зголемена.
    Не дека ја подржувам оваа влада која како и сите други имаат направено многу грешки во работата, но имаат направено барем помрднуање од таа една точка која стоевме долго време ма и тоневме надоле.
    Млади и перспективни политичари јас би одбрала веке неможам да ги гледам тие едни исти кои остареа во парламентот се изнаполнија со пари се здобија со големо богатство и сега нивните деца ке ги гледаш низ град како ги трошат парите на нашите родители.
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Да бе едно помрднување напред, нема што.
    Си напишала ја покачиле пензијата на баба ти и платата на татко ти, ама за колку? За 500 денари?
    А колку се покачи цената на основните прехрамбени продукти? Колку се покачи цената на струјата?
    И сега очекувам реплика дека не е виновен Груевски за покачувањето на цените, дека е виновна кризата.
     
    На baby.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.958
    ??? Мојата пензија е покачена за 100 денари во последната година :o И јас со мојата пензија за разлика од старците над 65 , неможам без пари да се возам во новите автобуси на ЈСП. :clap: :clap: премиере.
    Додека платата на татко ти е покачена (како и на останатите милион административци од кои нема потреба, а се примени со книшка), платите на стоматолозите, професорите, докторите каснат. Каснат кредити и стипендии на студенти, каснат со социална помош, исплата на разлика/партиципација за скапи лекови (затоа што фондот нема пари), се касни со СЕ, освен со градењето на Скопје 2014 и платите на партиските војница... упс административците.

    Тешко нас ако добие уште еден мандат ( а ке добие за жал)..

    Да бараме начин да си одиме од тука дур е време!
     
    На lolyta777, DivineChaos, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    Прво да се изјаснам: не сум ни портокалова а уште помалку сина :)
    Јас сум црвено - жолто македонче кое колку толку реално ја согледува целава оваа ситуација..

    Не ги прочитав сите мислења на темава од проста причина што секаде наидував на реплики и контрање зошто Грујчо или Бранко бил добар или лош.

    Сега едно мое мислење. Некаде прочитав дека струјата поскапела, - па не поскапи само во Македонија туку насекаде во светов. А главен виновник за проблемот со струјата во Македонија е токму вашиот сакан Бранко. Да си останеше ЕСМ, сега далеку подобра ќе беше состојбата во Македонија.

    Втора грешка на СДСМ... Колку намерна колку посакувана не знам...
    Во сите социјалистички земји при процесот на приватизација, државната сопственост - фабриките, фирмите, објектите можеше да ги купи секој кој ќе понудеше најдобра понуда, но не и кај нас.

    Во нашава сакана државичка беше сосем обратен процес. Државната сопственост можеа да ја купат само оние кои беа вработени во фирмите, претпријатијата кои ги поседуваше државата... при што ем добиваа оштета во случај на изгубени работни места и им беа плаќани сите акции кои ги поседуваа, ем само тие можеа да ја купат државната сопственост.

    И нормално, кој профитираше? - Се разбира директорите и патриските војничиња на тогашната владеачка гарнитура - СДСМ.

    Е баш поради ова сите кои профитирале на некој начин кукаат по социјализмот. Факт е дека сите си краделе од таа ‘’ заедничка сопственост’’. Кој добил стан, кој си го опремил својот - сите нешто приграбале.
    Зошто Вмровчињата не кукаат по социјализмот? - Или биле затворани поради рушење на редот и мирот во Југославија, биле оценети како државни непријатели, или пак поради својата егзистенција биле принудени да емигрираат во странство за на своето семејство да му обезбедат услови за пристоен живот.

    При процесот на приватизација пропаднале банките. Сите оние кои целиот свој живот макотрпно работеле ги изгубиле своите сретства – им биле заробени. Замислете кое разочарување!
    Ако не нешто друго во времето на Љупчо Георгиевски барем им беше дозволено да подигнуваат одреден процент од своите заштедени пари или барем каматата што им следувала.

    Да не испадне дека во овој пост едниствено што правам е зборувам против сегашната опозиција, да се осврнам малку и на сегашната Влада.

    Вистина е дека Груевски направи многу работи за одредени групи на луѓе ( пензионери, ученици, земјоделци) и повеќето луѓе му се благодарни за тоа. Но некако почна да претерува со својата ароганција. Ненавремено појавување на состаноци, отворања и слично. Вистина е дека целокупната Власт е во негови раце но до кога вака? Не треба да постои привилегираност. Па нели сите ние сме исти пред Законот?! Како и да е Моќта му удри во глава! А не сфаќа дека многу стари членови на неговата партија ги спремаат книшките и преминуваат кај Брат Љубе и Љупчо.

    Едно големо плус за случајот ‘’ Пајажина’’. Време беше да се затворат криминалците кои со години го оптеретуваат буџетот и го празнат. Се надевам дека нема да остане само на ова, и дека ќе бидат испитани уште многу други фирми и бизнисмени, па еднаш засекогаш да се исчисти земјава од криминали и малверзации.

    Постот ми е прилично долг и имам уште многу за коментирање, но тоа наредна прилика.. ;) :)
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.274
    Bистина, не си сина, но и те како си портокалова!
    Mногу ја "искритува" власта!
    Bo последно време на форумот проникнуваат нови членови кои се најактивни во темите за политика и го возвишуваат премиерот.
    Mе потсеќаат на партиските војничиња на Bмро!
     
    На artemis, KuklickaSk, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    Далеку од тоа дека го возвишувам премиерот, ако тоа се однесуваше и на мене...


    И повторно тврдам дека не сум портокалова :D

    Кажав и пак ќе повторам дека не сум нешто воодушевена од сегашната влада, но колку толку направи нешто за нашава мала државичка.

    А вашиот сакан Бранче не направи ништо друго, освен што ни стапна на главата за што повеќе да втониме.

    Доколку сакате факти, ќе изнесам - не е некаков проблем. Само не знам од каде да почнам... Дали од приватизацијата или пак од територијалната поделба?
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Приватизацијата ќе се случеше дури и Господ да беше премиер во тоа време. Еве јас сум помлада ама знам од тоа што имам слушано/читано. Ако не јас, некој постар нека објасни повеќе околу тоа. Ете Џули еднаш спомна! И ако беше Грујо толку паметен ќе доведеше некој ред, па мајка му стара 4 години е на власт! Не е ставен само за да се труди туку за да придонесе нешто. Дај нека ме стават мене и јас ќе се трудам цело време, битно се трудам бе, што има врска. И дај тој компромис веќе да го чуеме што редовно го прават со премиерот на Грција?! Редовно слушам ние правиме редовни преговори со грчкиот премиер со цел да се дојде до разумен компромис. Па дај некој исход веќе бре?! За што се разговара во тие преговори? 4 години тоа го слушаме, а ништо конкретно! Редовно така се вадат, со заобиколување на прашање и не конкретно одговарање на истото!
     
    На esperanca и BoaVista им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.274
    На вас Вмроовците стално Бранко ви е крив, ноќна мора ви е, најголем кошмар.
    Опседнати сте со него, Бранко ова, Бранко она!
    За се што и да се деси Бранко е крив!
    Аман веќе!
    И немам намера да се расправам со вас, толку ви е испран мозокот што за вас Грујо е Бог!
    А постот не се однесуваше само за тебе туку и за многу други како тебе -портокалови. И не ме убедувај дека не си, таквите како тебе ги намирисувам на километар!
    А Бранко не е мој, ниту пак јас сум сина или било каква, јас само ја согледувам реалната ситуација во РМ, која вие од Вмро никако неможете или пак не сакате да ја видете.
    И аман веќе од овие партиски препокувања, државата ни е во хаос, а ние се распараваме кој бил крив, кој бил подобар.
    Се додека сме вакви, кој и да дојде на власт, вака ќе ни биде.
    Не ни е крив Бранко, туку ние сме си криви, ние НАРОДОТ!!!
     
    На esperanca и BoaVista им се допаѓа ова.
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Ама колку ме иритираат мислењата дека премиерот направил колку толку за нашата држава.
    Е што направи, ајде да видам?!?
    Здравството ни е пред колапс, економијата никаква, невработеноста и сиромаштијата растат, судството ни е катастрофа, слободата на медиумите е сведена под нула, основните права на човекот се прекршуваат како никогаш до сега, од европска унија се одалечивме милиони светлосни години...
    И што е подобро, ајде кажете?!?
    Само во репликата не сакам да прочитам, а Бранко ова, Бранко она. Ниту сакам да ги порочитам добро познатите изјави на сите подржувачи на оваа власт ,, сви су криви, а ми смо чисти ко суза,,.
    Сакам да се наведат проекти кои ги има остварено оваа власт, што има направено и како ја има подобрено моменталната ситуација.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Боа што се обидуваш да докажеш? Дека оваа влада не чини? Дека треба да се смени? Мене не ми е јасно...
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Се обидувам да докажам дека оваа влада ама баш ништо не направи да ја подобри ситуацијата во државата ниту да ни го подобри животниот стандард. Груевски не направи ама баш ништо повеќе или нешто подобро од Бранко. А за сменување, да сакам да се смени, затоа што и после пет години нема никакви резултати, само една агресивна медиумска кампања дека нешто се прави, а реалноста е далеку поразлична.
    И да, не сакам јас да докажам дека не чини. Не чини, тоа е факт!
     
    На JuLleE и esperanca им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    И ќе се смени, и после? Кој ќе дојде? Некој спасител што ќе направи да има за сите вработување, нема веќе да има сиромаштија? Аман бе луѓе, за што губите време на расправии, сите се исти, во нашава земја кој се снајде ќе успее, кој не, му останува само да кука. За жал, нема перспектива тука.
     
    На Little-one и Hipica им се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    А што треба да направиме, да ги оставиме овие на власт иако ништо не направија?!? Само затоа што нема кој да ги смени?!? Е така можам да вледеам и јас ;) :lol:
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Е па не, ќе ги ставиме сега малку другите, овие наполнија џебовите, другиве па за греотка се, одамна ништо не фатиле. Затоа ајде нека се сменат, сите по малку аир да видат од овој народ :)
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Се бара нов модел на управување на државата....и треба да си одат,факт.
    Ако Грујо чинеше,имаше време кога да исправи барем мал дел од овие наши кривини.А не да почне да гради куќа од кровот.
    И друго,пропаѓањето на банките немаат врска со политиката на Бранко,глупаво,смешно и апсурдно е да помислувате така...и трето,приватизацијата која била нужна,не ја разапашиле политичарите кои во моментот биле на власт,туку тогашните директори и комсијата која била одговорна за приватизацијата (не дека некои политичари не се офајдиле,ама многу од нив и биле ропаци,се офајдиле,па влегле во политика).Исто така,македоскиот граѓанин не бил способен да се соочи со новиот систем и да функционира во пазарна економија,многу регистираа фирми за да брзо се збогатат и намерно да ги пропаднат.Распарчувањето на тромите,големи претпријатија,кои немало шанси да опстојат на овој мал,сега осамостоен,затворен пазар,морало да се смалат и да се отпушат многу работници како вишок,но потоа настанува проблемот,кога нашите комунистички директорчиња се соочуваат со својата неспособност да управуваат,затоа што до тогаш им биле давани команди од друга страна и лично не понесувале одговорност за одлуките.
    Смешно е што вакви неприлики се користат за политичка (анти)пропаганда,без да ја знае вистината обичниот граѓани,а за воља на вистината,многумина не можат ни да го разберат тоа затоа што размислуваат премногу политички.
     
    На LivingGlam, Annath, tanja6 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ај и онака ќе правиме рокада на местата, што сте се размуабетиле на празна тема |(
    Кај нас се ужива во безредие, еднаш веќе го кажав мојот став, колку помалце закони толку подобро. Еми ај тогаш Бранче ќе го гласаме, ем да се врати детево, се зажеле за премиерската позиција, ем ќе ги испотрошиме сите пари до денарче за ливчиња, пенкалца, капчиња, маички, и ќе се степаме на сред улица на денот на изборите, ќе се спукаме во Арачиново, и на крај пак никој нема да биде среќен и задоволен. Ама, битно ќе има за што ние да правиме муабет следниве месец дена |(
    Искрено, :puke: , се ужаснувам од помислата да се смешам со народ, крајно прост, неинтелигентен, и на крај, испран со неквалитетен детергент |(

    Да не ме сфатите грешно, зборувам за масава народ околу мене, ми е душман кога треба да излезам
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Не реков за Бранко,реков народов да биде малку поотворен да даде шанса на некој друг.И онака ништо не губиме,кој и да е ќе не пропадне,од овој новиов барем нешто ново ќе научиме и нема да кружиме во круг,туку ќе разбиеме монотонија која веќе мава на психа.Откако сум родена јас се за едни та исти луѓе се зборува,а светот го вртат се некои нови луѓе со идеи.Може и пријатно ќе се изненадиме,а не да се движиме по линија на помал отпор.
    Јас не знам како им е убаво кога знаат што каканици прават и двете страни,но сепак слепо веруваат дека се поправиле.Тоа ти е типично македонски синдром.Нешто као дечкото ја крши од ќотек девојката,а оваа потајно верува дека ќе се промени еден ден.
    Нејсе...го гледате денов надвор?!Кај нас е така дури и кога пука сонце.Ние сме едниствен народ на планетава кој не се смее и е постојано тмурен и мамурен.
    Сакам нови фаци,нов модел,нови идеи,макар биле и неуспешни,ама да е ново,да мириса на оптимизам,колку и да звучи тоа смешно.Со нов лик,ќе има надеж во државава (оправдана или не),луѓето поинаку ќе се чувствуваат,а ќе делува како внатрешна сила која поттикнува и движи.Смешно,чудно,но верувам дека би било и вистинито.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.