1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предвремени избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од noli, 5 февруари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Овие избори се всушност референдум за сите граѓани на РМ. Гласаме за позитивни промени и нов почеток или за продолжување на нечиј фамилијарен бизнис со целата држава на сметка на 2 милиони народ. Епа ако вака се поставени работите, а правилно е вака да се постават, јасно е каде оди мојот глас и каде би требало секој по логиката на нештата да гласа. ;) Но... како во се, а најмногу на избори има еден куп нелогичности така што многу ќе гласаат во страв за своите работни места пошто само тоа им е битно, а за државата око не им трепнува. :D

    Спинови, извртувања на вистината, еден куп анкети каде што вмро убедливо води ќе се изнагледаме и изнаслушаме, ама реалноста ќе биде сосема друга на крај. ;) Гори под нозе на вмро па затоа сега ќе отпишуваат долгови на граѓаните према ЕВН, спремни се апсолутноооооооо се да направат само пак да се задржат на власт. Епа и нека останат на власт ако толку сакаат. :) Баш ме интересира како ќе се справат со враќањето на кредитите и какви нови даноци и казни ќе воведат против народот со цел собирање на уште помасовен арач. Ако сакате вака да биде гласајте си ги. :)
     
    На TIGRICA123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Или овие избори се здодевни и монотони (добивам таков впечаток) или толку многу се плашите па не дискутирате во страв од реваншизам ако оваа гарнитура остане и натаму на власт, а % за тоа секојдневно опаѓа. :D Аман де до таму ли дојде работата? Повеќе од јасно е дека промени какви такви ќе има. И може до големи промени да дојде и нова власт да добиеме. Нов претседател е извесен, не ни вреди да се дискутира тоа. ;) Не ми е јасно зашто мораше предвремени избори. :?: Непотребен ризик, а можевме догодина да имаме за првпат после 2006 редовни избори. Вака на тацна може да се предаде власта.

    Ништо чудно и тоа да е целта колку и да звучи лудо. Еве ја мојата теорија на заговор. ВМРО ги губи овие избори и 2-3 години се одмараат од власт, почнуваат да стигнуваат енормни рати за кредитите, Заев како иден премиер мака мачи да ги врати, платите за административците каснат или секнуваат, пензиите едвај се исплаќаат, социјалната помош исто така, за субвенциите да не збориме, настануваат големи социјални немири и имаме предвремени избори и ВМРО повторно се враќа на власт како спасоносна партија. Вакво сценарио може да текне само на едно детиште и фрик наречен Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на премиерот и потенцијалниот премиер во сенка. :rofl: Еве парче од неговата биографија.
    Роден е во мај 1979 година во Скопје. Магистер е по медиуми и интеркултурни комуникации на Факултетите за филозофија во Франкфурт и во Софија, во рамките на Специјалната програма организирана од Министерството за надворешни работи на Германија и Пактот за стабилност.
    Јасно е од каде идејата да се купат медиумите и да се пере мозокот преку нив. Плус да се игра на карта на национализам и меѓуетнички тензии. Busted што би се кажало.

    Декодиран е од моја страна, и од најголемите умови има уште поголеми умови. :)

    И онака ВМРО ќе изгубеше да беа изборите догодина, па ваљда свесни за тој факт и откако почнаа да гледаат на некои анкети како недовербата кон нив расте, решија да распишат избори што се вика колку може да се спаси бродот што тоне. Итри лисеци. Друга теорија не можам да извадам за изборите. Кавгата за консензуален кандидат и уценувањето од ДУИ е смешна приказна. Ништо не е случајно, се се случува со причина. ;)
     
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мене ме иритира тоа што има плаката на Албански јазик.

    Зошто Албанците никогаш не поставиле плаката на Македонски јазик !!!!

    Која брука, се кандитираш во Македонија, а немаш ни еден збор кажан на Македонски кон Македонците.
    Па, како ние да те разбериме за да знаеме за што да гласаме ???????
    (Ок, секако дека нема да гласаме за нив, али имаат двојазичност, ќе си објавуваат на 2 јазици).
     
  4. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    http://www.telma.com.mk/vesti/nepostoec ... rna-zgrada
    Сега ми стануваат јасни некои работи и почнувам да сваќам зошто имаме избори толку често т.е надвор од секоја нормала. Јасно е каде се трошат парите на граѓаните, а моето прашање е зошто мора да има избори кога господата се на власт ??????
     
    На bubamara12345 и TIGRICA123 им се допаѓа ова.
  5. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    @Пусихантер,

    дури сега сум збунет :D . Твојава теорија ме поремети.

    Според тебе значи дека на ниедна од двете големи партии не и одговара победа на овие парламентарни избори. Нешто како Рома и Лацио кога пред неколку години играа во последно коло од Серија А, а никој не се ни обидуваше да даде гол зашто никому не му одговараше да победи иако се најлути ривали. Можеби ДПМНЕ ќе изигра валкано, па ќе му подметнува нејзини гласови на СДСМ само овие да победат и да се зафркнат, а Гадни Бајрам ќе си даде автогол со пета само во полза на СДСМ.

    Не оди тоа така.

    Ја видовме поддршката на ДПМНЕ во Скопје. Над 80 000 симпатизери. Имаат солидна бројка на пензионери, врзани гласачи, некаде околу 150-200 000. Административци можеби 150-200 000. Редовни гласачи, симпатизери, гласачи убедени и привлечени што од други партии што од неутралната маса некаде под 150 000. Ова дава груба бројка од некаде над 450-500 000 сигурни гласови, што би требало да е и повеќе од доволно за победа, а би требало да е и доволно да се освои посакуваното мнозинство. Што значи дека парламентарните избори се завршена приказна.

    Одиме на претседателските.
    Во првиот круг разликата помеѓу Ѓорге и Стево е тенка, од прилика е највеќе 100 000 гласови во корист на Иванов. Настанува општа мобилизација на сите расположиви партиски средства во двете партии. СДСМ ќе побара поддршка од ДУИ, Народна и други ситни партии. Пишував еднаш, прашање е само што СДСМ ќе им понуди за возврат. ДПМНЕ ќе чека исход и дали ќе има договор меѓу нив. Во случај да има договор, ДУИ би го појачала Стево со максимум плус 120 000 гласови, а останатите партии уште со 20-30 000. ДПМНЕ активира преговори со ДПА, ГРОМ, Алијансата на Бучко. ДПА добива место во владата, некое небитно министерско место и директорска фотеља на екс ДУИ член. ГРОМ ако освојат 1 пратеник и тој ќе биде вклучен во владата, а ако не на Стевчо Јакимовски на наредните локални во Карпош ќе му се пушти противкандидат марионета од ДПМНЕ и пак тој ќе си владее суверено по договор "не ме дирај, не те дирам". Можеби ГРОМ ќе лапне и некое директорско место. Со партијата на Бучко лесно ќе се договорат. Неговото досие со тенковската афера ќе се избрише, а бизнисмените во Алијансата ќе добиваат по некој тендер, заштита од инспекции и учество во проектите на Владата. Овие би донеле околу 100 000 нови гласови на Ѓорге. Така би го добиле и новиот стар претседател.
     
  6. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Тогаш ќе бараат сите македонски политички субјекти да изиграваат Стево и сите да приложуваат рекламна програма покрај македонски и на албански.
    Тоа ти што го викаш, Албанците да се свестат дека живеат во Македонија и да искажат почит кон македонскиот јазик како прв официјален јазик можеби ќе се случеше... да бевме сериозна држава чии лидери немаше да дозволат да дојде со ситуација да потпишуваат капитулација позната под името рамковен договор.
     
  7. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    @corto.maltese

    Теоријата е збунувачка знам ама не можеш да кажеш дека е нереална, нели? Држи вода до извесен степен. :D Најлесно е да направиш беља и долгови и после друг да ги враќа, епа тоа сакав напросто да го кажам, ама отидов ептен во небото со анализите до тој степен и главниот виновник да го лоцирам, типот кој е шеф на кабинетот на премиерот и досега не сме го виделе на интервју и глас не сме му чуле. :lol:

    Што се однесува до твоите анализи... нема да ги коментирам... или сепак да. :D Само ќе кажам нереални се, а зошто е тоа така одговорот ќе стигне во 2 наврати, на 13ти и 27ми април. :) Во ред е да копнееш твојата партија да победи, меѓутоа од реалноста и вистината не се бега. Гром и Алијансата не се јаки партии еве ќе видиш, ако освојат по 3-4 пратеника нека бидат среќни. Претседателските избори се завршена приказна, се чека само моментот на инагуарацијата на Стево. Не ми се верува дека има уште слепи бранители на Хорхе. Хорхе па Хорхе, сте запнале со него небаре лом направи човекот овие 5 години и небаре растуривме на политичката сцена, а бевме најмизерни од било кога, никој не ни приметуваше дека имаме претседател. Јасно е дека го подржувате само заради партијата и ништо друго. Не е добро тоа што на тој начин збориш за гласовите, пошто откриваш каква партија е ВМРО и дека само преку тендери знае да купува власт и да се пазари, а не да пушти граѓаните слободно да одлучат. :lol:

    Желбите се едно, реалноста е друга. ;) Мнозинството го сакаат Стево за претседател и така и ќе биде. ;)

    За парламентарните избори ВМРО може да испорача 400 000 гласови најмногу, додека за СДСМ нема лимит, ќе одат преку 500 000. :D Преродбата во 100 чекори заглави на првите неколку чекори. Луѓето се волјни да ја казнат казнената и погубната политика на ДПМНЕ преку народот да се собира арач и да се финансираат нивните џебови. Сметам дека идеална клима е создадена за позитивни промени. Народот го чувствува тоа. Ајде како ќе ми објасниш како СДСМ со Бранко на чело кој само им сметаше и се глупираше успеа да освои 368 496 гласови во 2011 наспроти 438 138 гласови на ВМРО. Уште тогаш ВМРО доби жолт картон. Значи СДСМ со Бранко изгуби со едвај 70 000 гласови разлика, а можеш ли да замислиш сега како ќе биде кога СДСМ доби нов лидер, тие што беа главни во партијата се заменија и одат со нови луѓе на пратеничките листи, првпат после комунизмот покажуваат демократија и дека се средија како партија.

    Еве ти адекватен доказ преку слика. И еве од каде ги зедов информациите значи не се моја измислица.
    Спореди како нагло порасна опозициското расположение за само 3 години и тоа со Бранко како спасител. [​IMG] Логиката ми вели дека кога он се тргна и СДСМ покажува знаци на реформирање, тоа народот го гледа и таму ќе ја побара алтернативата од оваа власт која хара и сее страв и трепет 8 години.
    [​IMG]

    Можеме до сабајле да се убедуваме и да нагаѓаме кој ќе победи ама на крај пак народот ќе каже. [​IMG] Пошто не сум слепо приврзан за било која партија, имам одврзани раце во анализите и не правам такви теории и сценарија со кои само партијата што сакам да победи би победила. Ти ковеш тешки заговори и пазарења со кои пак ВМРО излегува како победник. [​IMG] Пазарењата се прават после изборите. Бројот на неопределни гласачи е поголем од тврдото гласачко тело на било која партија, затоа тие играат одлучувачка улога на изборите. А дека расне опозициското расположение тоа е факт. Дебакл од прави размери се случи вчера на ВМРО во Струмица. Знам ќе кажеш опозициски град е, ама нели Заев лани едвај победи со тесна разлика, епа каде се тие гласачи на ВМРО сега да излезат за партијата. И тие што биле таму сигурно од страна се доведени. Со еден збор, народот нема волја спонтано да се собере и да чуе што има да каже премиерот или барем да го видат. Сликата говори многу зборови.
    [​IMG]

    Сума сумарум па на десети степен ставено тоа, со сила не се владее. Пред се најважно е да имаме мирни и фер избори, па кој победи тој ќе се гости од народниот колач.
    Јас стојам на издржаната анализа дека Стево победува и дека парламентарните избори ќе бидат тесни и неизвесни, ако ги добие ВМРО ќе биде со многу тесна разлика од 5-6 пратеника, ама ич нема да ме чуди да ги изгубат затоа што 8 години се многу уште 4 години потрошени на изговори ќе бидат премногу. [​IMG] Да живее слободата и демократијата. [​IMG]

    Еве за крај шала на моја сметка. Еве вака реагирам кога некој ќе ми каже дека Хорхе повторно победува. [​IMG]
    [​IMG]
     
  8. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    @ PussyHunter
    Никој не рече дека ГРОМ и партијата на Бучко имаат некое големо гласачко тело за освојување на 4 пратеници. Пишав веќе дека ГРОМ може да освои едно место, а ако тоа го направи и Алијансата, тоа ќе биде премија за нив. Но заедно би имале од 20-30 000 гласови. Гласови кои расцепкани по изборни единици не значат многу за парламентарните избори, но за претседателските би биле доста битни. ГРОМ деновиве веќе јавно изразија желба дека сакаат да влезат под закрила на ДПМНЕ, а овие па се прават како не им биле потребни громови и молњи за победа. Пфф. Секој секому е потребен, особено во избори. Отраканите преговарачи од ДПМНЕ, како тој што го спомна погоре, само им ја спуштаат цената на ваквите партии за во потребен момент да речат "од денес ќе се сакаме".

    Не е само ДПМНЕ партија која функционира на начин со пазарења, прогледување низ прсти, тендери,... И коалицијата на СДС составена од еден куп ситни партии работи на ист начин. Така работеа и поранешните партии на власт. И Зоки во Струмица функционира на ист начин. И не е тоа само кај нас. Тоа е "модерната политика". Плус кој е поумешен и попргав, тој добива.

    Во врска со бројот на гласовите, ти ја зема онаа од изборите 2011, јас ќе ја земам бројката на гласачи на коалицијата на ДПМНЕ од последните локални избори каде СДС беше згазен. Само во победничките општини ДПМНЕ добија над 500 000 гласови, не вклучувајќи ги големите општини како Кичево, Куманово, Струмица, Тетово, Гостивар, Струга, па и Центар, каде загубија, а имаа добар број на гласови. Некој ќе рече дека има разлика меѓу локални и парламентарни избори. Но има разлика и меѓу 2011 и 2013. ДПМНЕ ја научија лекцијата и не дозволија жолтиот картон да се повтори и да стане црвен. Во просторот меѓу 2011 и 2013 донесоа доста инвеститори, познати и помалку познати фирми. Од оние 100 000 нови вработени да речеме дека 60% се реална бројка која е вработена, што е незанемарлив податок. Пензионерите во меѓувреме добија прилично доста привилегии и така ги закопчаа за себе како сигурни гласачи. Начукаа добра бројка во администрација, што е и тоа како сигурна логистика.
    Што во меѓувреме (2013-2014, па и порано) СДС направи за нагло да го зголеми својот рејтинг, придобие симпатии, па би победиле на овие избори? Формираа некоја форма на влада во сенка?-Не. Формираа сручни тела за мониторинг, оценка и по потреба критикување и оцрнување на работата на Владата?-Не. Презентираа некоја сериозна и реално изводлива проектна програма?-Јас не ја видов никаде, ти? Економски проекции?-Нема. Враќање на средната класа?-Маркетинг без план. Сратегија за надворешна политика, изграден став и однос кон Грција?-Јок. Ништо.

    Фотографијата од плоштадот во Струмица објавена од порталот Либертас, чиј сопственик Ацо Кабранов е кум на Фрчковски за мене е без врска. Само полнење на партиско его. Исто како што е и онаа од Дебакл на митингот на СДСМ во Прилеп-се бараат виновници.

    Тоа е што е. Уште еден, односно два порази на СДСМ нема да убијат никого. Пак ќе се живее. Не ги земајте поразите лично за себе и гледајте на посветлата страна од животот. Има многу поубави работи од изборен пораз, па и победа. Додека се пронаоѓате во тие убави работи, потајно надевајте се на слабеење и дефект на ДПМНЕ, бидејќи СДСМ никогаш нема да биде доволно јака партија со сопствениот мотор да го престигне и победи конкурентот.
     
    На Daydream и Nati.P им се допаѓа ова.
  9. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Нема тоа е што е. Оваа влада води кон ќорсокак. На крај во државата ќе останат само пензионерите и административците, сите други ќе се иселат. :D Хорхе ќе биде тргнат на страна барем тоа ќе биде супер чекор и одземање на апсолутната власт. Тој човек не е за претседател. Не може една течна мисла да каже, обавезно мора да се заплетка во зборовите. Или е тремаџија или е туп & глуп. :D Фала богу народот го гледа тоа и ќе реагира навремено и нема да гласа за него. 10 години Хорхе да ми биде претседател е too much. Зашто најубавите години 20-30 да кажам дека сум живеел во држава која немала претседател, туку партиско пиунче. :D

    Уживај на крај ќе видиме како ќе биде. Стево ќе биде и твојот претседател не се секирај, не само мој. :D Ќе видиш дали СДСМ не може да биде јака партија или веќе е јака и ќе го разбие Груевски на парчиња. Не е ова Бранко па да спие мирно. Подочњаците на Ставревски говорат дека ноќната мора допрва доаѓа. :D
     
    На makedonkamak, Saricko и poenta им се допаѓа ова.
  10. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    http://brif.mk/?p=145433
    ееее уште колку има вакви лица, но сите немаат храброст јавно да проговорат и пожалат на празните ветуванња што им ги далаво Вмро.
    Сега се сетиле а......пред избориве ццццц. СРаMOTAAAAAAAA е ова што се игра со човечкиве судбини--стечајците и пред 2 години беа на истиот начин изиграни пред изборите и на крај со прстот во уста остана. МИ се гадиииииииииииииииииииии веќе. Тешка мизерија стана Вмро.
    http://brif.mk/?p=145458
    http://brif.mk/?p=145307
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Мммм некој ќе се вози низ скопските ЈСП автобуси во четврток бесплатно ако победи ДПМНЕ :devil:
    Пензионерите (попрецисно оние над 62 за жени и над 64 за мажи) веќе се возат во вторник, петок и сабота а еве ќе биде изгледа и во недела.

    Кој ли би се возел бесплатно во понеделник и среда ако повторно победат 2018?
     
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.239
    Pussy,ова е слика од Струмица, а општо познато е дека Струмица е еден од ретките СДСМ-овски градови, за твоја среќа или несреќа :D
    И те молам немој да ме етикираш како член од др партија, оти не сум ни таму ни ваму. Ама како граѓанин на Ср, знам овде кој живее а кој живурка.
    Точно е дека е еден од средените градови и за тоа му давам рака на градоначалникот, ама ако не си член на кланот Заеви , пиши пропало брате, не си никој и ништо.
    Како што ти велиш дека кланот на ВМРО живеел ,е кај нас е друга песна, тука кланот Заеви ЖИВЕАТ, а друг не смее да претне.
    Се што се отвори од нивна страна, ги затвори на другите.
    Почнувајќи од добро познатата стара чаршија, која не личи на ништо од кога го отворија Глобал. Ова е само еден од многуте примери.

    И навистина напнувате со темата, дај малку оладете.
     
    На Daydream и Kacjushka им се допаѓа ова.
  13. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    За несреќа на Македонија. ;) Нема да те етикетирам како член на др. партија туку како вмровка во душа. :D

    Колку што знам Заев освен градоначалник е бизнисмен така што ако ти отвараш бизнис со кој му правиш конкуренција нормално дека има право да те уништи како конкуренција со сите легално дозволиви средства. :) Нормално дека луѓето ќе пазарат во Глобал отколку од тезгаџии, тоа ти се вика капитализам. Заев не ги тера луѓето со сила да купуваат во Глобал, така ли? :) Најбитно е да ги остави останатите луѓе на раат да си работат и печалат што мислам дека е случај. Не им праќа инспекции да им најде грешка од 2-3 денари и да им лупне казна 3000 евра. Тоа само Грујо алчниот го прави. :D

    Темата ќе олади кога изборите ќе поминат. Еднаш во 4 години се, има да се дискутира на големо дур не завршат. После ќе уживаме во Светско првенство во фудбал, исто еднаш во 4 години е. :D
     
  14. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Студентите, уште да се поткупуваа така лесно... Како студентите само во четврток да одат на факултет |( Важно пензионерите 3 дена во неделата се обезбедени за да одат на пазар или каде и да сакаат, глупости :|
     
    На daylight и PussyHunter им се допаѓа ова.
  15. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ...бре, колку си ти паметен*, а колку треба да бидеме ние глупи за да те послушаме, да тргнеме една фамилија, да дојде друга, така викаш? :) ...многу јасно е од кој штаб си и секако дека е јасно каде ќе оди твојот глас а каде ќе одат останатите гласови тебе секако нема да те прашаат ;)
    ...не сакаме вака да биде, ама не сакаме ни по твое ;)

    ...oва до душа ти е точно ;) таков ни е народот и не се менува на подобро... а ти не мора да ми одговараш зошто ти го знаеме стилот на навреди....
     
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    пусти популизам...па и народов верува!
    Вчерај гледав на ТВ „во очи Божиќ“ делат решенија за оние кои исполнувале услови за стечајците да земат паричен надомес...ОДЕТЕ БЕГАЈТЕ И ВАС ВЕ ПРОЧИТА НАРОДОТ..ОСТАНА МАШИНЕРИЈА ВО АДМИНИСТРАЦИЈА И ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ТЕНДЕРСКИ ГОСПОДА САМО ДА ВЕ ГЛАСААТ ОД СТРАВ А НЕ ОД ЉУБОВ!
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.239

    Зборуваме за старата чаршија! За дуќани, од кои луѓето живееја и вадеа леб, не тезги :!:
    Ама добро е кога си толкуваш како ти одговара!
    И не сум вмровка во душа, фала на етикетата , ама очигледно живееш далеко од Ср, и врска немаш што се случува тука.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.