Доколку заедно со претседателските избори има и предвремени парламентарни избори, за кого би го дале својот глас?
Јас сум ПРОТИВ предвремени парламентарни избори Не може бе на секои две години да има избори, само пари фрлање. Сите партии нека се освестат што прават.
Jas sum za da ima predvremeni parlamentarni izbori... Затоа што и онака ќе има избори.Секако ќе се прави трошок барем со еден мастраф... И онака ќе се мери силата на двете партии, иако немаат некоја програма и идеа како да ја турнат државава нанапред , а посебно оваа Хунта која е сега на власт... Значи двојни избори нека има со еден трошок , секако по две години државава ќе прави избори за нова влада, барем сега нека се направат, трошокот ќе се намали за двојно само што треба да има штампање на уште едни гласачки ливчиња...
Што држава ќе бевме секој ден избори, дај нека издржат 4 години без вонредни парламентарни избори. Стварно сите претеруваат, а нешто зачкрипи одма избори, епа веќе на сите ни е преку глава од избори. Без разлика кој и да е на власт, треба да знае без разлика на проблемите со кои се соочува да го издржи 4 годишниот мандат.
Не сум за предвремени парламентарни избори. Искрено и да има не знам за кого, и дали би излегла на гласање. Се нема стратегија,програмата е само пишана и убаво скоцкана со мали шанси за реализација, план за иднината на државата.... Моментално не би ги поддржала ни Дпмне и Сдс.
Предвремени избори? Да, но за кого би гласале? Дали овој народ веќе има на кого да верува? Едниве видовме што беа, дојдоа следниве за година дена не знаеш кој направи полошо. Се додека како овци молчиме за нешто кое не го сакаме и од дома на фб сме јаки, додека за вакцини дома во дневна со фамилијата се чудиме како боцкаме деца со поминат рок вакцини, додека лечиме деца преку смс и донации, и многу други работи кој и да биде на власт од овие сите нема ништо да подобриме. Јас сум за промена, ама за промена на размислувањата на народот кој остана и живее во оваа земја. Да размислува самостално и да има свој став, да го брани своето, да се бори за своето право.
Нема да има предвремени, моја претпоставка. Ќе си го истераат мандатот, и така едвај чекаа да го добијат за да ја ,,оправат" државава. Ќе гласам сигурно, но немам одлучено за која партија.
Не е потребно парламентарни вонредни, треба мандадатот да го довршат до крај. Сега треба да се работи на економијата и на реформите не е време за вонредни.
Nikogas ne gi razbrav nisko intelegentnite sto velat DA za predvremeni izbori zaradi pricinata pazi sega - ZA DA SE ZASTEDAT sredstva na drzavata, da ne se pravat trosoci pak za 1na 2 3 godini. ALOOO, sto imas ti jas ili bilo koj ako se zastedat sredstvata i namesto na redovni da se praat predvremeni. Tie zastedenite pari ke ni gi podelat nam, ke kupat nesto korisno za opstestvoto? Nisto nema, i vaka i taka.
А ти како 'високоинтелигентен', исто ти е дали даваш неколку милиончиња еднаш на 2 или еднаш на 4 години? Тебе, лично.. сигурно нема да ти и дадат. Ама на се' што влече пари од буџет, може да се распределат. На пример, за на татко ти пензијата.
Нема да има предвремени парламентарни избори. @veteruska Не зависи тоа само од сдс, зависи и од вмро. Се чини како да немаат доволно политички ангажман и кворум за да истапат, а и членството е разочарано после велепредавството на нашата земја. Бојкотот на кој веројатно и ти имаш учество, а се одвива секој ден пред Влада едноставно не е доволен според бројност. Во општините сега се преговара да се менуваат нивни членови раководители иако немаат шанси за доаѓање на власт. Не знам дали Мицкоски планира да преземе некакви мерки, и ако да, се прашувам што..
СДСМ само глуми лудило, демек ќе се состанеле повторно и ќе одлучеле во текот на следната недела. Дали ќе има избори најмногу зависи од главните во оваа држава и нивната пресметка која партија колку ќе освои.
Како 'кога' го направил некој тоа? Постојано. Од кај земаат плати буџетарите? Од каде пензии? Од каде се лекуваме на државно? Од каде пензионерите се возат без пари?
@Nigredo Odor Од сдс све зависи не го мешај вмро тука кој јасно и гласно кажа дека сака предвремени парламентарни избори. Разбирливо е да не прифаќаат сдс зашто знаат дека ке изгубат,се имаат дворетинско мнозиство со уцените 8мина и така ке си тераат,што е сигурно сигурно си е.