1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвик за овој месец: без топлина

Дискусија во 'Коса' започната од teddybear8935, 24 јуни 2011.

  1. teddybear8935

    teddybear8935 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    значии косата мн ми ја оштетуваат пеглата и фигарото,па одлучив овој месец целосно да ги укинам. Ем поздрава ем побрзо ќе расте(барем се надевам) :) па ајде со мене девојки. Би можеле ли да издржете цел месец? Како ке ја суредувате косата без топлина?
     
  2. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    предизвик за овој месец: без топлина:)

    Скоро никогаш не ја пеглам, а спас - костата во реп или платенка.
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924
    предизвик за овој месец: без топлина:)

    Не ја сушам со фен за да не добијам на волумен, редко ја пеглам, така да, ќе помине без проблем, барeм за мене.
     
  4. teddybear8935

    teddybear8935 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    предизвик за овој месец: без топлина:)

    мене ми е до рамења косата и врвовите почнуваат да ми штрчат нанадвор и мн се нервирам ако ги пеглам ке се оштетат и ке треба да ги скратам и сеа незнам шо да и правам на косава...знае некој некоја флизура за коса до раменици без пегла или фигаро???
     
    На cindy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    предизвик за овој месец: без топлина:)

    мислам дека ќе останам со косата фатена аман :doh:
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    И јас решив летово да ја оставам косата да се суши природно и поретко да ја пеглам. Незнам колку ќе ми биде лесно, со оглед на тоа што фенот и пеглата ми се секојдневие. Сигурно ќе ја носам почесто собрана.
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Добар предизвик секое лето истиот, само кој да го совлада.

    Пуштена права коса имам, и си ја пеглам за да биде баш праз права. Летово спас хмм стегач-трака на предниот дел од косата другиот дел позади, плетенка, фатена во репче и тоа ми е само :D
     
  8. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    а да пробаш со мимоза? :lol: и јас имам коса до рамена и истиот проблем па решение - витлери. ако не ти се навитка убаво тогаш фати ја во разбушавено репче или кок и венче и решен проблем ;)
     
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Мојата коса е прилично долга - малце над половината ми е, а и многу густа, така да секое лето ја одмарам од сушење и пеглање, а и ми треба време за да ја исушам или испеглам така да додатни жештини фала не :)
    и не ми е проблем не еден месец туку 12 да не ја сушам или пеглам.
     
  10. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Јас и така не користам многу препарати :D Само некогаш пегла и фрн :D
    Но можам да издржам :!: И се вклучувам кон предизвикот :rock:
     
  11. Buba-Mara

    Buba-Mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Јас скоро 2 месеци се немам испеглано :) не знам како издржав, порано секој ден обавезно се пеглав. И у план ми е цело лето да не се испеглам, ама ке видиме дали ќе издржам :( Иначе ми се опоравија врвовите не ми се веќе изгорени а и доста ми е порасната косата
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Фатена мора да ми е обавезно , пеглање само кога топлото не ме мавнало во глава :|
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Хммм мислам дека е лесно прилично да го прифатам предизвикот :)
    Си го вратив пред некој месец степенот отпозади, зашто правата коса позади се покажа непрактична, така да плетенкиве ми се стандард, стани сплети 1 минута и готово спремна сум. А и почнав да ја сушам природно секогаш кога имам слободно време, зашто минимум час половина до два ми треба и со пена имам брановита коса. Или репче. Пунџата не ми е практична зашто долга ми е и тешка и ме боли главата од неа :)
    Така да пеглата летово во некоја ептен исклучителна ситуација може да ми е пријател. Али тоа ќе е чесен исклучок како свадба роденден бла бла :)
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш ја сушам косата природно, ретко ја сушам со фен, ако брзам некаде и немам време, тука е фенот :D не му ја мислам, сега летен период не ја сушам со фен.Фенот ја оштетува косата, ја суши, само да не се користи често, сега нормално подобра опција е за кога човек нема време, брза некаде, тогаш со фен :)
     
  15. maybelline

    maybelline Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    207
    Jас имам долга коса и обожавам да си ја виткам, да си ја пеглам. Ама вака лето кога ке дојде не можам да ја трпам :@ ужасно топло ми е и затоа не ја ни пеглам ни ништо. После бањање како што ќе ја извадам од пешкир и ставам пена, ја туткам нагоре и не ја чешлам. Тек другиот ден. Ми искача брановидна и добро ми стои. Ама пошо зимоска си направив странични шишки и сега ми е прво лето со шишкиве :D нив после бањање само ги фенирам со четка и многу малце со пегла ќе ги поминам колку да не ми се разлетуваат и толку :) .
     
  16. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Аман веќе нека помине летово, за косава да ми заличи на нешто , сонцево и жешково ептен ми ја сушат :( :envy: не помага ни маска ни масло ни апчиња ништооо ... фен не користам, за пеглање се трудам колку можам да избегнувам, се пеглам на некои 4-5 дена што ќе му дојде некои 5 пати во месецот
     
  17. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Ретко во лето користам вештачка топлина за да ја обликувам косата.
    Не користам ниту фен за косата да ми изгледа посјајно и да има поголем волумен, а со самото тоа што сама се суши станува повиткана. Некогаш после бањање правам плетенки и ја оставам така да се исуши, и после тоа косата ми е брановито виткана, ја отплетувам и за неполни 5 минути имам фина фризура.
    Често исто така и водена ја врзувам во пунџа или повеќе мали пунџички, во зависност дали сакам мали или големи локни и ми се суши така, и после само ја пуштам. :)
     
  18. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Лето избегнувам да ја пеглам косата, па дури и ја оставам да ми се исуши природно.

    За денски излегувања спас ми е една убава плетенка или обична пунџа :lol: .
    За вечерни излегувања доколку сакате да ја носите пуштена косата, навиткајте ја со плетенки! Претходната вечер, легнете си со косата исплетена во 5-6 плетенки ( во зависност од должината ) и утредента ќе ви биде навиткана. :)
    Мене цел ден ми стои, па затоа си ја носам и навечер.

    Предизвикот ќе биде исполнет! :lol:
     
  19. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    ретко ја пеглам единствен спас ми е косата врзана во опавче :$ :$
     
  20. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    Па не е дека не би издржала! Јас ионака не ја користам премногу често пеглата! А за фен, до скоро (пред да се затопли) постојано се фенирав (осетливи синуси и пречести настинувања)!
    Скоро секое лето кога ќе ја подсушам косата со пешкир, земам витлери или едни сунѓерести чуда :^) и цела коса ја виткам со нив! Или поедноставно ги собирам сите шноли од фиока и правам мали пунџички. Но да се исуши убаво косата и да се оформат локните ми треба скоро 1 ипол до 2 сати! :) Тоа е навистина многу, ако брзам некаде намам време за толку чекање! Па најлесно ми е чешел, ластик и едно коњско опавче и надвор! хаха :D