Не ми е никаков проблем да го прифатам предизвиков.И онака најчесто ја виткам,но за тоа не користам фен/преса/фигаро или било каков извор на топлина,а понекогаш си ја плетам.
Е кај мене ова малку потешко ќе помине, бидејќи можам да кажам дека пеглањето на косата ми е зависност и не ми претставува никаква потешкотија, напротив веќе ми е навика, така да не ми пречи ако е лето. Само се нервирам што додека да се испеглам ќе се препотам, а некогаш може и нема да ми излезе косата како што сакам, но сепак речиси секогаш сум задоволна. А фен можам да не користам, всушност пробувам да го избегнувам во текот на целата година бидејќи доволно горење е самата пегла. А да ја фатам косата во репче малку потешко бидејќи воопшто не си се допаѓам на тој начин, а и повеќето ми имаат кажано дека поубаво ми стои пуштена коса, така што немам друг избор освен пеглање.
Исто и кај мене, тешко без фен некако...ако јас не се зафенирам и ја оставам природно да ми се исуши косата ми е како да сум брцнала два прста во штекер и тоа трофазен ...катастрофа...негде права, негде виткана, секое влакно своја политика. Ми останува да се жртвувам и да се препотувам...тоа е, немам избор...дури и да ја фатам во репче морам прво да се зафенирам, минимално ама морам. Пегла не користам, немам потреба, доволно ми е само фенирање. Плус и да се испеглам за кратко време ќе ми се испоти вратот и пак се враќам на виктаната катострофална фризура-доџи ми вечерас и никад више Периодов ми се погодија две-три свадби и правев фризурки за да ми биде собрана и да не се нервирам. Единствено кога сум на одмор не користам четка за фенирање, ја врзувам високо во репче или пак правам плетенка..ама напред ми е залижана и ја маскирам со венче или наочари.
Можам да издржам цел месец, не е проблем, ќе ја фатам косата, или ќе ја плеткам, или откако ќе ја измијам, ја фаќам во кок, после утрото ја пуштам, демек "брановита", и ете.
Ниту за мене ова не е предизвик. Фен не се сеќавам кога последен пат фатив во рака, година ипол сигурно не, а пегла пред оваа година само еднаш, пред еден месец локни си правев, предходно есента некаде на фризер бев да се шишам и тогаш исто осетив топлина на косата. Тоа е се. Ваљда имам среќа што косата сама исушена и пуштена ми е солидна, нема потреба од средувања
За фен не ми е проблем...ама без пегла неможам цел месец.....не дека многу често ја пеглам...но 2-3 пати месечно морам
Јас сум од оние кои постојано ја носат косата права, поточно пеглана, па многумина не ни знаат дека природно имам ,,виткана,, коса (со нејасно дефинирани локни,јас си ја сметам за бушавка или испрекршена ) Досега и во лето на +50 се пеглав,но оваа лето нешто мрза ме фати и страв од жешкото и почнав да ја одбегнувам пеглата! Си ја носам природно виткана со венче или шнолка наназад со што ги опфаќам само подолгите шишки! Веќе скоро 3 недели ја немам пеглано и досега не сум паднала во искушение да ја земам пеглата и да се испеглам! А и ваква почнав да си се допаѓам, добивам и комплиметни дека преубаво сум ја навиткала и каква пена сум користела, а всушност само ја мијам косата и таа самата си се прави Верувам дека ќе издржам без проблем уште некој ден без пегла, па и викендов е предвреме планиран така да нема да има потреба од фен и пегла, но од наредната недела 100% се враќам на стариот имиџ - права и мазна коса
Нема да издржам во никој случај После миењето на косата, морам да ја исфенирам бидејки без фенирање нема никаква форма.Потоа морам и да ја испеглам бидејки има преголем волумен. Претходната недела пробав со витлери да ја навиткам, не ми успеа воопшто Единствено кога ќе одам на одмор ќе се обидам да издржам без дополнително обликување со топлина, па ќе видам дали ќе ми успее.
Навистина тешко.. Заборавив дека имам кадрава коса, со многу локни, која после секое миење ја пеглам.. да имаше уста до сега ќе се пожалеше.. Некогаш со месеци не ја оставам малку да одмори, знам дека ја оштетувам, па затоа и често ја кратам .. само на врвовите, да се обнови малку..Едноставно како еден задолжителен ритуал ми е после миење се фенот и пеглата ми се во рака..
Не е тежок предизвиков-не ја сушам со фен, не ја пеглам и многу ретко ја виткам, а уште и што сум дома, па секој ден само ја собирам во штипка...
Предизвикот прифатен Никогаш не ја сушам косата со фен било да е лето или зима,а имам природно права коса и пегла користам евентуално за пеглање на шишките и на врвовите напред, но се може и без тоа ...
Море јас уште од Април, едвај трипати дали се имам дувано со фен ... Пегла - само еднаш оттогаш . На добар пат сум
Јас ако УПОТРЕБАМ топлина НЕ МОЖАМ да си ја скротам косата (освен со пегла нели, ама тоа го правам два пати годишно). Ако ја исушам со фен... Смешно е, верувајте. Него го користам само во зима и тоа само малку ја сушам косата, колку да не ми течи вода по облеката.
Јас до некаде го прифаќам, не користам воопшто пегла и фигаро, но не можам без фен, бидејќи имам хронични здравствени проблеми со синусите.
За сега добро се држам, не сум ја пеглала веќе 2 недели, фен на најслабо само ако сум морала брзо да излезам и не ја сушев до крај. Со оглед на тоа дека ја пеглав скоро секој втор ден, ова за мене е огромен успех Се надевам ќе издржам уште долго, па и косата ќе потпорасне
Супер се држам сега за сега!! 1 месец и повеќе ја немам пеглано косата, ниту пак сум ја сушела со фен. Т.е. од кога последен пат се шишав, не сум ја чепкала. Се надевам дека така и ќе издржам барем летово, покрај жештината која ја уништува косата не ми треба друга топлина. А да напоменам дека забележувам гооолема разлика.
Јас не ја пеглам веќе 13 месеци (од мај 2010). А за фен, во лето никогаш не ја сушам со фен, додека останатите месеци ја сушам на најладно.