Предизвик за овој месец: без топлина

Дискусија во 'Коса' започната од teddybear8935, 24 јуни 2011.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Пробав, но не можам без пегла. Среќа сеуште не е толку топло. Што ќе правам за излегување со косата не знам. Пуштена - ќе ми биде топло, собрана - не ми стои. :worried:
     
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.644
    Без пеглање можам да издржам, а и во последно време ја пеглам само за „посебни“ прилики, родендени, свадби, слави и сл.

    Без фен, нема шанса :$ имам екстремно густа коса, а и долга ми е негде до пола грб, и откако ќе ја измијам за да ми се исуши треба неколку часа да седам директно на сонце.
    А за да си седам онака дома опуштена, нема теоретски шанси, треба да ја измијам сабајле во 12 за во 9 вечерта да ми биде сува.
    Морам да ја сушам со фен, или барем 50% да ја засушам а остантото сама да ми се исуши, а и така си правам ќе ја засушам јас па ќе и направам 7-8 плетенчиња и после ор-троп некоја бушавка фризурка си имам. Така пуштена 1-2дена после 1-2 дена во репче и миење.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.280
    Допаѓања:
    5.165
    Ова воопшто не ми е предизвик туку мое секојдневие. Ретко ја фенирам, претежно природно ја сушам (имам долга права коса) а никогаш не ја пеглам
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    3.999
    Пол:
    Женски
    Јас заборавив кога последен пат имам употребено фен, најчесто ја оставам пуштена сама да си се исуши и плус ми е виткана така да имам фризура во секое време
     
  5. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    45
    Не го прифаќам предизвикот :lol: За жал мојата коса е таква ако не ја исушам со фен ми е никаква,или пак за излегување нема шанси да не ја испеглам,милата моја коса што се не претрпува :rofl:
     
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    19.348
    Пол:
    Женски
    приватен е придзвикот,цел месец немам фен употребено..а и не ми треба,сама ја пуштам да се исуши!
     
  7. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Јас можам.

    Пред скоро време дознав дека имам природно виткана коса. :^)
    А ја носам косата права со години... :?:

    Финтата:
    Откако ќе ја измијам убаво, со шампон и регенератор, ја мотам во пешкир, ја оставам да се подзасуши и таква полу-мокра убаво ја чешлам. Потоа ја сушам со фен. И косата ми е правааааа! :D

    Ако го избегнам делот со чешлањето, косата ми е со многу убави крупни локни. Сега таква ја носам :lol:
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.045
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да замислам да избегнувам пегла, не дека реално имам потреба од неа - немам, зашто многу ретко ја пеглам целата коса, ама имам шишки на страна кои навистина не сакате да знаете како изгледаат кога не се испеглани или евентуално во кризни ситуации кога нема пегла, фенирани. :sweat:
    Имам тенко влакно и прилично брзо ми се суши косата, но долга е и не би ја оставила да се суши природно и во зима - сум пробала и секогаш сум завршувала со ужасна главоболка.
    Во последно време почнав почесто да ја фенирам за да биде права до наредното миење и да не ми се познава единственото локниче кое го имам, а шишките ги пеглам секој ден, ете веќе неколку години по ред. :emo:
    Не си се допаѓам со прибрани шишки, да ги пуштам да пораснат нема шанси, а со фенирање се виткаат по многу краток период и затоа ова ми е единственото решение. :?:
     
  9. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Не е страшен :) Јас скоро 3 месеци немам употребено ни пегла ниту пак фен :D се обновува влакното и поубаво изгледа :D
     
  10. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Цели три месеци немам фатено фен и пегла во рака. Постојано ја мијам, ставам што и ставам и ја оставам да се исуши природно и можам да ви кажам дека резултатите се супер. Редовно ако ја негувате и не употребувате топлина косата целосно ќе се обнови. Сакам да продолжам и понатаму така, веќе никогаш да немам потреба од фен или пегла, но не знам дали би издржала.Сепак ќе пробам.
     
  11. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Јас пегла не користам имам совршена права коса(пупупу да не ја урочам),ама без фен само на лето иначе мразаам водена коса и зато го користам само да ја сушам косата на есен и на зима :D
     
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    Ма какви фенови,пегли,фигара. :D
    Пу пу пу,какви кадрици имам,ништо друго не ми треба.
    Не ја сушам,знам мнооогу често и со мокра да излегувам.
    Па и зимно време не ја сушам со фен.
    Ја обожавааааааам. :inlove: :inlove: :inlove:
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.964
    Пол:
    Женски
    Јас во пракса мн. мн. ретко користам преса/пегла....а летно време фен воопшто. Така да овој предизвик ми е апсолутно исполнет. 8)
     
  14. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    576
    Фен немам фатено со години, а пегли и фигара веќе 3-4 месеци.
    Така да, не ми претставува никаков проблем. :)
     
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.744
    до скоро воопшто не користев фен никако
    ама сега почнав така понекогаш дека се туширам пред да излезам и да не идам со мокра 2 кила вода ке истече од неа :lol:
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.388
    Пол:
    Женски
    Летно време не користам ништо со што дополнително ќе си ја горам косата. Така што, предизвикот веќе е исполнет. :)
     
  17. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    11.764
    Пол:
    Женски
    До скоро не можев да се замислам без фен, прво затоа што цел живот имам(в) шишки и нив мора да ги фенирам, а второ ако оставам да се исуши природно ми е катастрофална, без волумен, заплесната.
    Ама летово косава ми растеше со брзина на светлината, така и шишкиве успеав да ги пораснам конечно, односно практично и веќе немам шишки, затоа и немам потреба од фен, преса и слично.
    И сега почнав да ја носам косава во висока, лабава пунџа, нешто што претходно не можев да го изведам (поради шишките и дополнителни шнолки, и не беше тоа тоа), а оваа фризура е пери-носи, нема малтретирања ниту со топлина, ниту со некакви препарати.
    Така да, мислам дека фен ќе користам единствено во зима. До тогаш сум раат, и јас и косава.
     
  18. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    827
    Па незнам колку помина, скоро 2 месеци... не можам во лето да се пеглам мн ми е жешко. :)
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.740
    Допаѓања:
    10.999
    Пол:
    Женски
    Јас само 2-3 пати се имам пеглано во цел живот и тоа ради реда , исто и за виткање со фигаро 2-3 пати на фризер , а дома имам 2 квалитетни фигара добиени на поклон ама така си стојат бидејки не можам цел саат да дремам пред огледало а и твистерите ми се попрактични ги ставам за 5 минути и по 3 часа фризура :D А и поубави ми излегуваат локните ..
    Е не можам да се откажам од фен :worried: многу ми е долга и многу време треба за сушење . Кога е ладно па и не се нафаќам да седам со мокра коса, ама сега дури е уште топло се нафаќам овој септември да не ја сушам со фен ќе видиме колку ќе издржам :D
     
  20. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.734
    Пол:
    Женски
    Јас летниов период не ја сушам косата со фен, и иако долго време ќе чекам да се исуши природно, сепак сакам барем во летниов период малку да ја одморам, да не ја горам.Е сега,бидејќи косава ми е долга и густа,во есен,во зима,во пролет морам да ја сушам. Фигаро ретко користам,исто така и пегла.