Предизвиците кои ги носи мајчинството

Дискусија во 'Брак' започната од Cuci81, 12 август 2015.

  1. Cuci81

    Cuci81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    3.829
    Досега немам сретнато ваква тема па затоа ја отворам. А со цел мајките со едно, две и повеќе деца да си ги искажат секојдневните маки.

    Знаеме дека не е мајчинството само гушки, бацки и гугање. Тука е и уморот, немање време ниту да се избањаш, а камо ли нешто повеќе, плачење без причина, каки и пелени на сите страни.

    Едно да разјасниме, сите ние неизмерно ги сакаме нашите малечки. За да не забега темата на друга страна и да бидеме класифицирани како лоши и неспособни, ги молам сите кои ќе маваат со камења по нас да се оддалечат од темата.
     
    На girl-miri, Kaetana, Mekuska и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Cuci81

    Cuci81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    3.829
    Јас сум мајка на две деца под три години. Имам чувство дека животот ми се претвори во рутина. Стани со плачки, смени пелена на едно, па на друго, нарани едно, па друго, се покакало, истуширај го, време за спиење, успивај ги по цел саат, кога спијат испери, постели, изми, смети, избриши прашина, собери играчки... И се така во круг цел ден.

    Цел ден работиш, а се чувствуваш како најнепродуктивното суштество на планетата.
    Му благодарам на господ што ги имам. Ама три години не сум сврзала повеќе од три часа сон. Не сум била сама со себе ни 15 минути. Не сум отишла на раат ни до продавница, ни на фризер. Цело време на штрек и со телефонот во рака за со трчање да се вратам дома ако има потреба.

    Некои луѓе велат дека е полесно кога најмалото ќе наполни 4 години. Стискајте ми палци да ги преживеам овие наредни 3 год.
     
    На Menasss, BabyStyle, iloveyou29 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.892
    Допаѓања:
    280.171
    @Cuci81 ај аирлија тремава :D
    И јас да кажам некој збор
    Од умор еднашка ми се деси пред мм да речам ,,ми иде да ја оставам да плаче и да не ја земам,,
    И се покајав.
    Не беше злонамерно, од преголем умор.

    Денот ми е ист.
    Можам да си приуштам и шопинг и нокти и масажа, ама од деца глава неможе да се крене.
    Што се однесува до домаќинството-сама си растурам, сама си средувам...сама си ,,мацам,, сама си чистам

    Бллагодарам на мм што многу помага , иначе изгинав
     
    На CameliaMiller, Mekuska, anina и 7 други им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.660
    Допаѓања:
    251.999
    Пол:
    Женски
    Кај повекетто мајки со мали деца е вака.Фаќа рутина,монотонија,некогаш дури и општ хаос по дома.Треба баланс и добра организација.И мн зависи каква личност сте.

    Јас сум педантерија,цепидлака и нервоза ме бие кога ми е дома хаотично,тогаш лошо функционирам.На прво место се децата.Да бидат најадени,облечени,бањати и секако време да се помине со нив за интеркација.После е ручекот(набрзински) и за се останато колку се има време толку.

    Во последно време и јас имам чувство дека сум само мајка.Бебешките муабети ми се главна тема секаде.Непроспиени ноки,заби,преоблекување..,се тоа па тоа.Имам помош од мм но и он е со своите обврски.Кога ке видиш се пага пак на мене.

    А треба да одвојуваме време и за нас.Децата ке пораснат а годините наши нема да се вратат.По некое кафе,трач муабет,самостоен шопинг,салон..нема да им скрати на децата од сонот а нашиот ке го направат по релаксирачки :)
     
    На BabyStyle, CameliaMiller, Kaetana и 16 други им се допаѓа ова.
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Јас па многу непродуктивна се осеќав пред да родам. Завршив факултет, запишав постдипломски, нешто работа, ама па тоа го правеа и сите што ги познавам, и оние што ги биваше и оние што забушаваа.
    Сега е друго, секој успех на син ми си го препишувам на себе, затоа што и за најмалата работа како излезено забче или изеден оброк бара мноооогу ангажирање. Минатата недела прооде, нема погорда мајка од мене, затоа што кичмата ми знае :D уште на билборди низ град што не напишав.
    Сега имам цели, мали ама за мене многу значајни.
    Понекогаш ме убива рутината, ама па со се е така, и на работа на почеток е интересно а после рутината станува досадна.
    Во овој период од животот сум само мајка, и уживам во тоа. Сакам уште едно или две деца, па после ќе мислам на други работи. Не дека така треба, има жени што раѓаат, работат, учат и алал да им е, ама јас вака одбрав.
     
    На Espadrila, SamovilkaH, BabyStyle и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.515
    Допаѓања:
    48.247
    Се јас знам во теорија што треба, а што не. Знам дека и ќе помине ама кога си ВО таа ситуација, не е баш лесно да се држам на тие теории.
    И јас сум благодарна што сум мајка, тие ми се најголеми благослови, да не се повторуваме, тоа се подразбира, ама откачувам на моменти. Ете прееска влегов да се туширам и ставам гел за туширање на коса, заборавам дека нешто има на шпоретот итн.
    За мене, која сум по природа перфекциониста, тоа уште поголем притисок и нервоза ми ствара.

    Имам син скоро 4 години е, и ќерка 2 месеци. Бебе е бебе, како физички, така и ментално знае да те истошти. Или те тресне од земја да се разбиеш во парампарчад, па после некоја минута со само една насмевка те дигне во ѕвезди.

    Тешко ми е да балансирам. Ми фали времето со син ми. Малата е на доење, се уште нестабилизирана, не можам да ја оставам па да излезам само со него. А и да најдам време брзо губам волја бидејќи додека се се спастре, помина и тоа време. Ма понекогаш од мака почнам да плачам. Ко да жалам.
    Ми иде никаде да не излегувам се додека малава не прооди. Едноставно ми преседнува. Таман мислиш да ја надоиш па ќе можеш да излезеш, токму тогаш таа или нејќе да цица, или плаче а не знаеш од што итн. Ќе седам на форум и ќе имам допир со свет, оти се друго ми е научна фантастика.

    Се нервирам што на некои работи мижам. Еве благодарна сум син ми оди во градинка, и тоа тој сака. Со душа чека да пројде викенд да оди. Бидејќи таму има другари, само дома му е досадно.
    Ама онда навечер совеста ме јаде бидејќи се сетам дека не јадел ништо овошје тој цел ден, а во градинка скоро секое сабајле маргарин со вегета и лепче, или крем или лепче. Па се јадам зошто јас дома таков пропуст направив. Што па градинка е и тоа? Пред некој ден сознав дека за ручек им давале макарони, само сварени, без ишто. Се чудев. Дали дека е лето или што, најрадије би го оставила дома, ама па дома што ќе прави тој. Ајде се тешам како други така и он.
    И така некои работи ме излудуваат. Сакам да им дадам најдобро, правам најдобро, и кога не постигнувам па посебно се нервирам.

    Еве со маж ми се договоривме да го откажеме одморот за оваа година. Не вреди, ќе биде мачно за сите.
    Пак би да одам само за син ми, ама преголема организација и терет ни е. Ќе чекаме здравје друга.

    И така... јас би пишувала до утре, ај да оставам нешто и за после :|
     
    На Espadrila, Mekuska, chocolade и 17 други им се допаѓа ова.
  7. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.933
    Пол:
    Женски
    Јас како мајка со 14 годишен син ќе ви кажам, немој никогаш да си дозволите да се чувствувате непродуктивно. Ја работите најтешката работа на свет. Не е лесно да се грижиш, воспитуваш, пораснеш дете за еден ден од него да стане човек во секоја смисла на зборот. Плодовите од вашата ангажираност ќе ги видите подоцна,се разбира ако квалитетно го поминувате времето со нив, зошто во денешно време , животот стана трка по пари и моќ и секој нема време квалитетно да му се посвети на своето дете.
     
    На Snow-Queen, Espadrila, SamovilkaH и 13 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.537
    Допаѓања:
    231.943
    Пред да останам бремена имав многу брз ритам на живот.
    Полно работно време, студии, курсеви, редовно излети, одмори, шопинг/кафе тури...

    Во моментот кога останав бремена штотуку дипломирав, преселба во нов град, имав дадено отказ од работа, буквално од турбо брзина на нула. Ми остана само по дуќаните да одам бидејќи ниту за кафе преку ден немав друштво.
    Времето го користев да се информирам и барем теоретски да се спремам за мајчинството и да се обидам да створам што е можно подобро услови за бебуш кога ќе стаса.

    Многу сме мали сега, само 6.5 недели, за да споделам некое богато искуство во врска со истото, но се надевам дека предизвиците кои си ги имам поставено ќе успеам успешно да ги реализирам.
    Свесна сум дека се може паралелно и да се работи и да се учи и да се биде мајка/домаќинка/сопруга, но јас одлучив овој период од животот да бидам само делот мајка/домаќинка/сопруга. Едноставно тоа е она што ме исполнува и тоа е она на кое што јас го имам поставено приоритетот.

    Ве читам и се спрема психички за она што следи и се надевам дека ќе успеам да ги надминам сите тие фази на мајчинството.
    Се надевам дека и понатаму ќе бидам во состојба да ја дојам што подолго уште сега читам во соодветната тема и составувам фајлови за потоа да спремам домашно подготвени каши, да го следам нејзиниот развој и да не ги препуштам нештата на случајност. Важно ми е да ја научам на мојот мајчин јазик и истовремено заеднички да ги негуваме моите корени.
    Да пружам топол дом, топол оброк, чиста облека и и редовни одмори/излети.
    Да овозможам здравствена заштита и можност да ги оствари своите желби и амбиции поврзани со интелектуалната надоградба и образование.

    Се занесов:rofl:.
    Имам многу предизвици кои горе доле се повторуваат кај секој родител, ама нели чекор по чекор. Првен да опркнеме и да се спасиме од бессоните ноќи и гасови кои сеуште го мачат бебуш.
    За една недела кога мама ќе си оди поактивно ќе се приклучам во оваа тема. Уште сега коски ми се тресат:worried:
     
    На Kaetana, Bozica1980, irenna и 13 други им се допаѓа ова.
  9. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.758
    Nesto slicno kako @danichap i jas od brz ritam,fakultet,rabota,soping,kafe,drustvo se preseliv vo dr grad i se verivme posle nekoj mesec monotonija ostanav bremena i uste tolku tapa stana.

    Naednas se se smeni,jas bremena mm premn teska rabota so patuvanja ja napusti rabotata,pa i kuka gradevme,nervozi stressovi itn.

    Nie sme vo stranstvo i celi godini trcame da sredime dokumenti i nikako da stigneme do nasata cel pa i toa uste poveke ni vlijae.

    Ne porodiv i pocna rutinata kako i kaj site majki.
    Sin mi ima 9 meseci i bas e naporno iako mm mi pomaga epten ama sepak pogolemiot del od vremeno jas go pominuvam so nego i kako sto rece @referentka pred edna nedela bev tolku umorna oti se uspivame so saati i samo place,kenka mu se spie a nejke da spie i toa traese so denovi i mu vika na mm "eve ti go sin ti i sto znaes pravi,banjaj,igraj go,setaj go ne mi e gajle jas nemozam poveke ako saka neka place do sabajle"

    Mi padna krivo oti taka rekov go zemav sin mi si se gusnavme i prodolzivme da se uspivame pa na kraj kraeva ne e toj kriv,site deca vo globala pominuvaat niz takvi periodi.
    Momentalno ziveam vo grad kaj sto nemam mn prijatelki,poznanicki edna dve i toa e ama se naviknav na domasnata rutina,peri,peglaj,mij,cisti,banjaj.Cekam da podporasne sin mi pa da pocnam so rabota

    Jas uzivam vo majcinstvoto,uzivam da se igram so sin mi, da go ucam sto treba a sto ne treba.I mn drugi raboti de ama da ne gi nabrojuvam haha

    Naogam malku vreme i za mene,za kafe,za frizer za setanje,shoping si go nosam i sin mi, iako svekrvami e slobodna i mn se soglasuvame jas sum takva nejkam nikoj da mi go cuva deteto oti se sum na sterk,mn malku pati go imam ostaveno na nejze ama poveke sakam da si e so mene inaku kako ke go pocusvuvame majcinstvoto :D
     
    На Mekuska, chocolade, irenna и 5 други им се допаѓа ова.
  10. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.442
    Jas iskreno da vi kazam koga pocnav na rabota se preporodiv- ama bukvalno.
    11 pominati meseci so malata bea prekrasni ama i dosta naporni. Grcevi do 3,5 meseci, pa zabi vadenje pa trista cuda.
    Koga nekoj ce mi spomnese nekoja novost ili trac nekoj ko od mars padnata pojma nemav za nisto.
    Sega mi e porelaksirano. Kaj 15:30h sum doma, nabrzina rucek ili nesto kolku da se kasne i imam volja i energija da mu se posvetam na malata.
     
    На Espadrila, chocolade, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Cuci81

    Cuci81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    3.829
    Најново од местото на настанот.
    Го хранам големото, се закашла и поврати. Малото со лазење правец кај повратеното и бидејќи е лигаво се лизна и цело се испружи на него. Јас за тоа време одам да земам марамчиња да избришам и се враќам да го кренам малото. Кога се наведнав, па кога ми се стемни. Среќа се задржав да не нурнам на земја. И се што си помислив е да не се онесвестам, што ќе прават сами.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Вини-пу

    Вини-пу Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    И јас имам малечка ќеркичка која нека е жива и здрава а и вашите исто ама е хиперактивна. Дури се завртам таа веќе сработила :D. Сега веќе е поголема 1 год и 6 месеци па веќе почнува да ми разбира и слуша. Душа е таа мамина :l:. А се друго е исто како кај вас. Заборавив кафе што е :nod: уствари излегувам со неа ама тоа не е кафе туку играме брканица по маси :!:. Па некогаш си велам подобро е ич да не излегувам и радо преферирам да не седнам на кафе туку да ја прошетам малава, да трча низ парк. Сите се лутат зошто не одам на гости а јас не можам да им објаснам дека секое одење на гости ми е премногу напорно - па пази да не турни чаша, пази да не рони, пази на се.... напорно ми е ама тоа е :)
     
    На mila25ve, irenna, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    104.981
    Пол:
    Женски
    Seuste ne sum dovolno kompetetna za temava.Taze sopruga,nema dve godini i taze
    majka so malo od cetiri meseci.
    Poslednive 4 meseci mi bea kako 4 godini,ne zaradi deteto tuku zaradi dopolnitelni zdravstveni problemi.
    Zasega uzivam vo majcinstvoto.Dali deka prethodno imav heperaktiven zivot i bev posvetena samo na karierata,karierata i karierata,sega ova ubavo mi doaga.Napomenav deka sum taze i mozebi zatoa taka zboruvam.
    I prethodno nemav vreme za kafe niz grad,ama na rabota piev neznam kolku i toa se so razlicni luge.I od toa mi bese preku glava.
    Dali deka plus stanav majka nasvoi 36 i toa si ima udel sigurno.
    I jas nemam vreme za kafe,za sebe no zasega ne mi nedostasuva nisto od seto toa,samo zaradi gorestinive,koga nemozam da odam ni da se istusiram,tuka najgolem zort imam.:D
    Tek sum na pocetok na slatkite
    maki,no mozam da zamislam vie sto ste so dve,tri...kolku pogolem zort imate,pogotovo ako ste sami kako @Sky-butterfly .Jaka vi dusa mamicki,da sme si poblizu,ke se organizirame mi se cini megusebno.Eden den kaj ednata,drug den kaj drugata,edna ke gleda decata,drugata ke pravi rucek vo tavce so broj 50ka.Ednata dur se lakira,drugata ke uspiva i ke bide na gotovs za da na drugata ise isusi lakot,za da odposle po edno raat kafe na terasa.
    Sala na strana,a zapalam cigara,a maloto do vrata na terasa vo kolicka da go slusam,kako zakon na Marfi,odma zaenkuva,pa ostanuvam nedopusena :D
    Sega se smeam deka spieme i ima mir vo kuka,a jas istusirana i neispotena.:wasntme:
    Pretezno sum sama od ponedelnik do petok.Mm doaga,se tusira,jademe i pak zaminuva.Najcesto i za spienje ne e doma.A za vikend,normalno,izmoren e :lol:
    Mi pomaga sirotiot,dava se od sebe,no mora da imam i za nego razbiranje.
    Poveke zabi i popllaki vo sledddna prilika.Se nadevam sto pomalku ke gi imam.

    Vo kontekst na vovedot na temava,ne veruvam deka bilo koj ke se osudi da osuduva nekoja majka ako ovde proba da si olesni na dusata.Osven ako ne naleta nekoja svekrva.:lol:
    Deka neli na niv site potesko im bilo porano.A site do edna ziveele vo zaednica,pa eden kup race za drzenje na decinjata.
    Ne zameruvajte,doagam od temata "Svekrvite i snaite".:tmi:

    Edit..bonus plus sto uzivam vo majcinstvoto e sto nemoram da se sminkam seeeekoj den.
     
    На Espadrila, CameliaMiller, DVAANGELA и 11 други им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.594
    Допаѓања:
    99.336
    Пол:
    Женски
    Прекрасна тема. Ајде и јас да го споделам моето искуство:)
    Пред се, да бидам мајка е најубавата, најпосакуваната, најблажената улога која гордо ја носам и заради која животот ми има смисла, денот ми има цел, ноќта ме фаќа сон... Од самиот момент кога ми потврдувале бременост колку што радоста ме обземала, истовремено се јавувал и оној сладок немир, претерана параноична грижа, сознанието дека одговарам за животот на едно мало ронче кое го хранам и штитам а истовремено колку сум всушност немоќна да делувам некако кога сум крварела, лежела на болница, сум плачела и само ми потврдувале "божја сила". И после породувањето, олеснувањеро да си го држам бебето в раце и надминувањето на трудничките ризици, пак нов немир, дали е најадено, дали му е удобно, дали дише, зошто плаче, леле температура.... Знаете сите нели за убавите страни, радоста кога прв пат ќе ти го дадат во прегратка, првиот поглед, најувабото лиценце, првото доење, прв пат да ти каже мамо..........
    Но факт е дека со почнувањето на едно ново поглавје во животот, родителството, особено за мајката, се затвара едно друго и никогаш веќе ништо нема да е исто. Првото дете го оставив на 8 и пол месеци и се вратив на работните обврскиж ја чуваше татко и и работењето ми беше со најтешките чекори кон работа со најбрзите кон дома. Секое оправдано задо задоцнување од работа( пример не ми се сложувале парите и сл.) се чувствував како грешник, и секое доаѓање дома мм ме пречекуваше на врата со оправдание морам да излезам да се одморам. Со втората бременост имав 'чест' да бидам една од тие жени кои се 'казнети' заради изборот да се мајки и добив отказ, па осетив на своја кожа како е кога по сила на ситуацијата присилно морав да бидам домакинка, невработена, без свои примања, по цел ден дома, со две мали деца, а мм да работи, и сега кога тој се враќа од работа за кратко излегува со оправдание изморен е да се одмори. Која иронија!? Искрено, никогаш не си ја обвинувам бременоста што ме отпуштија, се помирив со тоа, среќна сум што сум дома, што имам можност да ги воспитувам лично јас децата, додека се мали нема замена за мајката и барем тоа ме радува и теши. Да, често сум ненаспана, уморна, гладна, жедна, но секогаш имам сила да станам рано, да пееме, да играме, по 100 пати да предиплувам, собирам, да чистам истурена храна, да чистам мочки, да бањам по 10 пати, да готвам по две јадења ако не им се бендисало, да шетаме попладне, да се лизгаме и нишаме, навечер да раскажуваме прикаски .... На кафе со пријателки.... што е тоа? Да се подновам?!?!?! Да имам бар еден оброк на маса!?? Ако два пати во месецотми ги земат двете деца на два саати, да си поседам со сите четири во вис.. хм, прво правосмукалка, прашина, тоалет.. и дошле! 2 минутно туширање е најголем луксуз за мене. И одење на забар 3 пати во годината. А родендените на децата, шопинг во маркет и еднаш неделно шетање фамилијарно се спекракли за мене. И се на се во овие 4 години може 5 -6 пати сме излегле сами со мм, и за тоа со месеци сум се радувала. Сега го чекаме третото дете, па користам максимално да им се посветам на овие две, зошто наредните две години знам што ме очекува;) Но не жалам по ништо и за ништо! Среќна и горда сум да бидсм мајка!
     
    На CameliaMiller, macovska, slobodka и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.515
    Допаѓања:
    48.247
    За овие 4 години ниеднаш не излеговме со мм сами.
    Всушност само еднаш, преку ден, се видовме со пријатели на ручек, а тој беше со баба му. Ама дека живееме во друг град, нема прилика за чување со баба.

    А така радо би излегла до кино барем.. ете немав прилика сеуште да погледам филм, 3D, 7D не знам ни што значи, ни како изгледа тоа :D

    Мајчинство, те.родителство (посебно кога си сам) е голема жртва. Се откажуваш присилнно и/или своевољно од некои работи. Ама претпоставувам така е посебно со мали деца. Ете таман со син ми стана многу полесно, веќе е доста самостален во физичка смисла: сам јаде, сам оди во вц итн, ама сега ќе чекаме и малата да порасте. Кога веќе се поголеми ќе можеме сите заедно да одеме во кино. Ете на пример, како сега што се прикажуваше Minions во кината :D
    На крај и не жалам што не можеме сосема сами да сме, мада и тоа е потребно за и во бракот, убави се и заеднички семејни доживувања, само полесни се кога барем физички децата не зависат толку од тебе.
    А чини ми се (можеби дека не сум искусила другото се уште) за мене е потешка физичка зависност отколку психички да се вложуваш со постарите. Не знам, ќе видам. Ете некоја мама со поголеми дечиња може да сподели искуство :)

    И јас сум дома со децата, ако нешто правам тоа нешто административно од дома, ама и самата сакав овака. Фала на Господ имав можност за тоа. Само имаше моменти и кога имав само едно дете кога паѓав во депресија бидејќи се губев. Баш се чувствував како ништо на овој свет да не правам и како животот ми е промашена мисија. Ама вистина е дека за сега цел ми се децата и тоа е само еден период во животот кои нема да трае долго, и сепак сум благодарна што имам таа можност, ама ете човекот од се исто секојдневие се заборава и се губи.

    Во животот има различни сезони, треба да научиме да уживаме во секоја од нив. Кога секој ден ти е се едно те исто тешко е да можеш да уживаш во секој момент.
    Затоа кога ми е тешко сама на себе си повторувам тоа, се молам да можам да уживам, да не ја губам радоста. Некогаш и тоа не помага додуша. Тогаш се исплачам па ми биде полесно.

    Среќа со децата депресивни моменти не траат за долго, барем кај мене. Како знаат да те изнервират и треснат од земја, така знаат да те насмеат и орасположат ко никој друг.
     
    На Mekuska, mila25ve, irenna и 8 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.660
    Допаѓања:
    251.999
    Пол:
    Женски
    Ние сами често исто не излегуваме двајцата но не се лишуваме од ништо.Туту комплето одиме секаде заедно.Летово бевме во Грција на одмор,потоа и на викенд на купување.Јас сум навикната на тоа темпо,децата се колку толку мирни и тераме.Исто често одиме заедно на вечера,ручек ,на кафе.
    Не гледам причина да се затвориме дома.

    Кога ке заспие малата време е за филм со мм и големата.
    Фризер во глобала несакам но и кога одам ја земам големата со мене а малото седи со мм.
    Кај пријателки,другарки ги земам и двете.
     
    На irenna, <3 pleza4e <3, iki26 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    56.301
    Пол:
    Женски
    Предизвици колку ти душа сака, колку е убаво да си мајка, толку е и тешко.

    Мене само сериозно ме иритираат мајки кои имаат свекрви, мајки итн по дома и ти кажуваат дека само треба добра организација|(као децата да се роботи па ќе си ги програмираш како тебе што ти одговара.

    Со три деца испод три години и денот и ноќта ми се максимално исполнети, време немам ни за спиење:lol:колку пати ми се случило ја слушам колата на мм кога доаѓа од работа и се олабавувам и заспивам во истата секунда.
    Кога татко ми или родителите на мм ги земаат децата одма фаќам креветот, колку пати со мм се договараме ово ќе правиме, тоа ќе правиме кога ќе ни ги земаат децата и двајцата заспиваме како заклани.:lol:

    Гледам секогаш да има јадење зготвено за децата, се друго според мене е не толку битно, куќата не мора да ми свети така да од таа страна сум олабавена, не живеам во свињарник, чисто ми е ама не се потресувам се да биде на свое место, тоа просто е невозможно со мали деца, не ни сакам така да ми е.
    Сопругот помага и тоа многу, тој кога има ден два слободни гледаме едниот ден да пазариме, средиме по дома, готвиме поголеми количини храна и ги замрзнуваме а дугиот ден си шетаме.

    Време за себе немам, фарбање, депилации итн се тоа сама го правам и тоа децата кога спијат, си кратам и од тоа малку спиење, не сакам да се запуштам само затоа што сум дома, прво за себе а после и за сопругот и децата сакам да сум си убава и средена.:makeup::lol:

    Децата во основа ми се мирнички (тоа кога не се ѓаволчиња) ама и тие си имаат денови кога се нешто им фали, кенкави, плачливи и тоа во принцип сите во ист ден се такви, тие денови ми се иде да ги оставам и избегам од дома ама ми поминува.:wasntme:]:)
     
    На CameliaMiller, DVAANGELA, Mekuska и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.515
    Допаѓања:
    48.247
    Леле, овој дел на Битерка: ми иде да ги оставам и да избегам", ми е така познат :lol:.
    Среќа по нив тоа ми е само моментална мисла, издувен вентил. :lol:
    Морам да признаам дека имав моненти (ова кога мм е дома секако) дс избегам во тоалет, демек сум зафатена, ама тоа ссмо колку да избегам, па макар и таму :D
    Некогаш поплачам таму, некогаш прочитам нешто на нет итн.

    Темава ми доаѓа ко мајчин дневник, ме интересира кога ќе ја читам после неколку години ќе се смеам ли на себеси :D
    Нели викаат се се заборава, е па јас изгледа сакам да не заборавам, за случајно да ми текне за трето :wasntme:
     
    На Espadrila, CameliaMiller, girl-miri и 8 други им се допаѓа ова.
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.153
    Допаѓања:
    4.923
    Predizvik e sekoja minuta pominata so dete. Zrtva e sekogas majkata zatoa sto pd nea najmnogu se ocekuva. I kaj mene rutina sekojdnevna i maksimalna posvetenost na malioi. I kolku pati sum kazala of nemozam veke ali decata kako da go citaat toj majcinski podled taka doaga da te gusne bas koga ti ide da puknes. I da tesko e da si majka i sekogas ke bide toa mi e jasno sekogas ke imame nekoe NO. Iskreno zaboraviv na sebe sreka sto mm mi e ok covek pa se pstanato koga maloto spie mozeme da balansirame :)
     
    На galapce, Mrs.Bass, Cuci81 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.660
    Допаѓања:
    251.999
    Пол:
    Женски
    Евааа и јас истото го правев со одење во купатило.Демек стварно имав потреба.И ке чучнев на плочки ,ред солзи ред длабоко вдишување.
     
    На Espadrila, CameliaMiller, irenna и 2 други им се допаѓа ова.