Ме немаше извесно време на форумов. Поминав низ прилично тежок период како мајка. Ми се разболи детето и тоа во странство, со висока температура која никако не се спушташе. Моравме во болница на инфузија и антибиотици неколку дена оти син ми ништо сирупи и лекарства не сакаше, а чепчињата не помагаа. После тоа долг пат до дома. Да ви кажам искрено, заборавив дека сум трудна. Коментарите од околината (роднините) беа екстра дотепување: како требало да бидам поупорна, се работело за здравјето на моето дете кое зависело од мене, како сум смеела да прескокнам еден, два оброци, требало и бебето во мене да јаде... И капак на сѐ кога се вративме една исфрустрирана професорка на факултет (нормално) си бара да ја купиме книгата оригинал со образложение: јас знам кај ги трошите парите, секој ден по кафиња, и тоа непосредно по случката со син ми каде моравме да платиме речиси 1000 евра. Налет и книги и пари, детето/децата пред сѐ, ама во такви моменти зборот дотепува. Не барам никој да сочувствува со мене и моето дете, но премногу беше за мене поготово од свои луѓе таков вид на поддршка во тие моменти. Истите тие роднини со златни совети досега син ми го имаат видено три пати (затоа и не знаат како функционира(ме)). Малку негативен пост... Посакувам на никој да не му се случуваат вакви работи.
zuto се надевам се е подобро веќе. Ваквите искуства мене ме научиле да се затворам, да не споделувам ни со блиски луѓе некои работи дека само знат да солат памет а не да помогнат вистински. Некогаш моралната помош ( убав збор и подршка која ќе те смири прихички) значи најмногу. Паметувањето и не внимавање кон чувствата на другиот само прави да ги откачам тие луѓе од мојот живот но некогаш овие луѓе се татко мајка свекрва па не можеш. Затоа пред нив на тошо се праам, се смешкам, нека зборат нека мислат што сакаат јас сум главна во мојот живот и во животот на моето дете сега за сега така да научив ништо да не ме допира. Нити споделувам ни мака ни среќа. И дива нека бидам и себична... живеам за себе.
@zuto воопшто да не ти е битно што мисли околината ни во вакви екстремни случаи ни инаку.Сосема е разбирливо да во таков момент прво помислиш на веке роденото дете и на тоа како да му помогнеш отколку на бебето во стомакот и самата себе си.Си имала лошо искуство но поминало,сега мали веројатно е подобро па така и ти ке се вратиш полека во форма Ти сама се грижиш за него колку што знам(партнерот твој често патува нели),сама го гледаш домот,учиш,и трудна си.Човек треба да се восхитува на твојата истрајност како балансираш секаде. Мене исто до ден денес ми велат за керка ми дека станала 'таква' поради тоа што јас се сум и давала и дозволувала.Не веруваат дека е медицински проб во прашање туку се препишуваат на моето разгалување. Но што да се прави... Нека им е на чест на таквите паметни ,има Господ Па се гледа.
Колку само се пронаоѓам во по некоја ситуација на сите наведени постови. Летото го поминав сама по цели денови со децата дома, криејќи се од жештини, со две мали и плус бремена. Мм на работа по цели денови, секој слободен миг да се одмори, дали дома спиејќи или по кафичи.... Моето шетање, големата за раче, малиот во количка, на секое стани,седни, па бараат купи ова купи она, јас со ограничен буџет на шетање, па уште на крај колку многу сум шетала ми е нагласено Да сум подновила гардероба, посета на фризер, козметичар и слични луксузи.. не памтам од кога не се случило тоа. Да поспијам насабајле, да јадам седејќи, да одам во тоалет подолго од 10 секунди, да се туширам подолго од 5 минути, такви луксузи нема за мене. Сепак да не се жалам, ги чувале старите децата па јас и мм сами сме излегле и тоа се бројат на прсти тие излегувања, и претежно се од типот посета на гинеколог, посета на забар плус едно кафе успат и секако три пати специјално излегување на вечера со темпирање како пепелашка, и тоа било за мене како настан на годината. Излегувањето до маркет е за мене настан, тек на гинеколог кога одма сама, ехеее. Најголема награда кога двајцата се со баби дедовци и јас имам два три саати, секако, за правосмукалка, прашина, диплење алишта, полнење нова машина, и некогаш награда и да се истуширам после се! Ноќно излегување за мене нема. Денско кафе за мене нема. Ретките седенки со пријателки секогаш се како детска градинка со по две деца од секоја и траат максимум саат. Некогаш толку ми е тешко, што се чувствувам како и јас да сум едно од децата, најкасно во 10 сум со нив во кревет, по едно на рамо и ги заспивам, често заспивам и со нив, будењето исто е секој ден со нив, денското преспивање и јас лежам со нив, ако станам синко одма ме бара.. Не ми се рекло остани поспиј ти!! Нити оди на раат истуширај се, нити седни јас ќе измијам/донесам алишта/ќе ги наранам и сл... Да не се жалам ептем, во викенди ручек ни прави мм. Најважно од се, од ко останав без работа јас работи тој, и сите нешта кои се неопходни за живот а се набавуваат со пари ни ги обезбедува тој, тоа е нагласено често!!! Мојата работа дома секако не е важна, не течи стаж за неа и не се плаќа...... Но знам што претставува мајка во живото на детето, особено откако ја изгубив мојата и секој ден сфаќам колку ми недостига, само добивам сила и елан да бидам похрабра, посилна, поприсутна, насмеана, секогаш да ги ислушам, погледнам, прегрнам моите деца, баш заради тоа што макар и на момент можам да замижам и да погледнам кон мене гледајќи низ нивните очи и да сфатам што тие гледаат кога ме гледаат мене! Затоа секое утро и секоја ноќ ми почнуваат со истата молитва ' Боже дај ми сила, разум и здравје и избави ме од секакви потенцијални опасности и одржи ме во живот заради моите деца, премногу сум им потребна!'. Најголемиот благослов е да се биде мајка!
Знам дека ви е тешко и си велите ќе пораснат ли веќе еднаш,да се почувствувам како човек,жена... И замислете,одговорот е ДА. Ви ја открив Америка. (додуше никогаш нема да бидете како кога сте биле немажени). И еден ден ќе се соочите со трескање на врата,подигање на глас,ќе ве критикуваат,ќе изразуваат незадоволство,ќе бараат пари а ти немаш,марка облека и телефони ,нели сите имаат тие не,сега со сила ги храните а тогаш дури се завртите нема ништо,ќе ти исклучуваат телефон,ќе ти велат дека замараш и дека имаат право да живеат како тие што сакаат,....Да тие мали слатки устенца ќе кажат такви зборови што ќе ве жегнат во срце и нема да можете да си дојдете на себе од шокираност... Цел живот е предизвик со разни форми. Така да штом сме мајки за нас нема одмор,тоа е.
Уф ама баш со секоја од вас имам по нешто слично. Моментално сме кај свекор ми и свекрва ми на гости, многу сакале да ги видат децата. Дали верувате дека од сабајле излегоа и не се знае кога ќе се вратат. Зошто патуваме со саати и се пакувам, ги малтретирам децата? За да седиме сами кај нив дома? За вака можеше и дома да си седам. Постов може и не е за овде, ама овде сакав да се искажам оти како мајка на овие деца ми е тешко што не ми ги сакаат.
Да @joy1 сама го чувам, зимно време маж ми претежно е дома, не патува, за разлика од летниот период. Инаку иронијата да биде поголема мајка ми не се ни јави, а кога се вративме и кога јас ѝ се јавив се направи наудрена дека ништо не знае. А сестрите нејзини (тетките мои) беа оние загрижените кои велеа дека тие поминале и потешко. Како и да е, имав доволно преокупација за да се замарам со нив во тој момент, ама отпосле кога ќе помине стресот седнуваш и ти текнува на нивната "поддршка". Знам дека не е со никаква лоша намера, едноставно од недоволно размислување, немарност и самодокажување (несвесно) можеби. Најважно е дека помина сѐ, а мене ми остана да си ја олеснам душата овде. Фала на поддршката и уште еднаш ќе речам, само здравје да нѐ прати сите. Сѐ е полесно кога има здравје.
@zuto Мила,ех не си сама во овие работи,кога пишуваш како јас да се читам.Година и три месеци еве,мене син ми ни 5 мин некој ми го нема чувано...Мајка ми е презафатена,живеат во заедница со брат ми(имам 2 внучиња)и разбирам,ем нема време од работа,ем повеќето слободно време го поминува со внучињата. Тешко ми е,и тоа многу,мм работи цел ден,а и не е нешто расположен за подолого чување на синко од 1ч.(не знам за вашите мажи,но мојот е таков и се навикнав искрено. Редот си го фативме,заедно работиме,заедно играме,вариме кафе,одиме на пазар,во ВЦ(кога не сака да седи во кош) и не се срамам тоа да го кажам. Најтешки се моментите кога син ми ете е болен,а јас сама дома,немаш на кој да се искажеш,да се ослободиш од тежината,да ти спадне таа грутка во срцето. Но,кога некој така ќе дојде да ми ,,држе,,лекции за одгледување на детето,знам да му ја затворам устата и веднаш да го замолчам. Никој не е со мене кога ми е напјотребна помош,не ми требаат ни празин совети. Тешко е, но велат како ќе знаеме поинаку дека деца сме одгледале,и не ми е воопшто жал и мака,што јас не можам да отидам сама на кафе со пријателките,во кафеана навечер со сопругот,или на седенка до касни саати,зашто јас до мене имам богатство кое ми го исполнува срцево и секоја болка и тешкотија ја заборавам кога ќе слушнам ,,мама,, и ќе добијам прегратка и бакнеж од моето чедо. А ти сега имаш причина плус,да не се замараш со ништо,и да уживаш!
Држите се мајки ,се поминува. Овој период ке помине па друг ке почне.Користете го секој ден најдобро што можете.Наскоро ке тргнат на школо,па друштво,кино,мини сукњи,и што ти не... Ке се прашуваме кај ни се малите дечиња. Тешко ни е на сите на овој или оној начин но ден по ден се гура и времето врви.
@zuto јас сакам само да ти кажам дека НА НАРОДОТ УСТАТА НЕ МУ СЕ ЗАТВОРА значи ако не било тоа друго ќе било тема на мешање, подбуцнување, оговарање. Било што да се случи народот ќе има тема на муабет, дали така или онака секогаш ќе ги слушаш таквите коментари и арогантност прво од најблиските па и од подалечните. Затоа ќе ти кажам дека твое е дали од едното уво ќе ти влегува а од другото ќе ти излегува или пак ќе им се замараш и потресуваш, не ставај ништо при срце, овие ситуации нека те челичат за во иднина да им се потресуваш на коментарите и нивните зборови. Тешко е да, но не можеш ништо да смениш, затоа смени се ти и гледај си ја твојата фамилија а останатите нека тепаат празна слама. Понекогаш игнорирањето и индиферентноста се најдобар показател за решавање на муабетите од околу.
@zuto Баш те помислив кај си периодов. Прво, мило ми е што поминало сѐ. Мојата кога беше 4 дена болна коса ми се креваше, напната бев и пиштев, не па да поминеме низ она вие што сте поминале. За други моменти и коментари, слушај, испукај се, и терај. Болно е. Особено кога од блиски од кои очекуваш разбирање, емпатија, интерес и поддршка, добиваш ветер во магла, па згора на сѐ и нервози. И кај мене е така. Се тешам дека не е злонамерно. Препишувам на младост - лудост, на климакс, за кого како. Ве читам во темава и се пронаоѓам во многу од вашите фрагменти. Но, не се осеќам ко да имам многу право да мрчам и да се жалам. Маж ми е тука, и ми беше и уште е огромна помош за сѐ. Си велам, да не беше тој, ќе скренев.
Кога син ми прв пат се подразболе, кашлаше, имаше секрети доста, јас бев распаменетна. Три месеци, неможеш ништо скоро да му дадеш, башка прв пат, пробав да најдам утеха т.е да си кажам олеснам на најблиските меѓу кои и мајка ми. Знаете кој беше коментарот?!немаше не се секирај, ќе пројде, или направи ова, направи она. Туку АХА ЧЕКАЈ ЧЕКАЈ, СЕГА ЌЕ ВИДИШ ШТО ТЕ ЧЕКА, АААА СЕГА ЌЕ ПОЧНЕШ ПОБРЗО ДА СТАРЕЕШ, ЧЕЕЕЕКАЈ НИШТО УШТЕ НЕ СИ ВИДЕЛА ТИ КАКО СЕ РАСТАТ ДЕЦА, СЕГА ЌЕ ВИДИШ ШТО ЗНАЧИ НОЌЕ ДА НЕ СПИЕШ и слично. Може не беше злонамерно или лошо, ама звучи така, звучи ко сите да чекаа да се испожалам и исплашам, затоа што ретко им барам или прифаќам совет и не дозволувам да ми се мешаат во начинот на животот и чувањето на детето, посебно на мајка ми не и дозволувам. Ја сакам и почитувам , но имаме скроз различни сфаќања за животот и за растењето на детето. Во секој случај беше болно.
Ова ми се допаѓа на муабетот на @irena.1 не е баш ми се допаѓа, воопшто не ми се допаѓа, затоа што како да се пронајдов јас со мајка ми. Истото го слушав, како допрва ќе се разболува, што сѐ трпела таа, да видам како е да си мајка... Ок, има време за таков муабет. На кафе. Додека детето си игра. Напна за антибиотици, јас не сакав да дадам пред да видам дали е вирус или не. Ме плашеше со секаков муабет за грчеви од температура. Полудев. Многу испаднавме различни. А мислев дека толку ќе сме исти. Ја сакам и колку не можам со неа, толку не можам и без неа. Јас со мои сваќања, таа со нејзини, ама тврдоглаво убедена дека таа е во право и крај. Жената си мисли дека е ходајуча аксиома. А едноставно е хаотичен климакс во прашање.
Ај да ви се приклучам во муабетите. Нема никој да може да разбере што поминувате иако истите тие особи имаат минувано низ истото. Е тоа е оно најтрагично. Наместо тие да те разберат, сочуствуваат со она низ коешто минуваш, тие уште толку ти станат на мака. Ете знаете дека моите деца никој не ги чуваше ни ден. И тоа не е проблем, подобро е вака. Еднаш син ми кога беше бебе, кога бевме кај свекрва ми, ги оставив насамо неколку минути. Тој заплакал, а таа кога врисна во паника, не знаев кој попрво да смирувам. Нејсе, за муабетот...еднаш свекрва ми се јави и ме прашува како сме и јас и пример кажувам малата е болна, или со син ми уште сите работи што ги минував, од грчеви до болести. И сега таа ме прашува, јас и одговарам, таа ми врти тема и на моето: ете болни сме, таа возвраќа дека и она била болна, и се слошило, висок притисок бла, бла. Таа да си ја кажала својата мака, а мене дал ме и слушнала, небитно е тоа што кажувам, така јас се почуствувам. Имаше ситуации кога ептен бев во хаос со детето, таа кука! Ниту да каже барем, ај ќе помине, да праша како се снаоѓам, ништо! Она како си/сте е само реда ради. Еве и за мајка ми родена да кажам (да не испадне само од свекрва се жалам, ова нив ги земав за пример дека ни се најбилски). Со малава сега кога минувавме низ пекол период кога одбиваше млеко јас бев распаметена целосно, очајна дури, не знам што да правам. Мајка ми беше тој период на гости. Наместо таа мене да ми се најде, да ми помогне барем околу син ми, таа повеќе кукаше неголи јас, накрај ми кажаа подобро јас да одам, не можам да ја гледам маката. Мислам Бев изгубена периодот, па дури отпосле кога ми текна, не можев да се изначудам. Демек жал и е, не може да ми помогне, па подобро да се тргне, а всушност може, ама мислам не сака никој да се замара веќе. Што себични станавме сите! Добро, пота барем звонеше на тел да прашува како е малата, ама од подалеку, побезбедно е И така... сите тие работи допринесоја да ќутам, ете имам некоја пријателка па на неа се пожалам, тука на форум најмногу се жалам
Најтежок период во животов ми е мислам овој сега.Не за друго туку затоа што неможам да и се посветам ич на ќерка ми.Скоро два месеци сум закована за кревет и освен што можам да ја гушкам и да и зборам,ништо друго неможам да правам и се осеќам како најлошата мајка на светот.Плус многу ми е тешко што каде и да одам по лекари а сега одам многу често морам да ја носам со мене зошто нема кој да ја чува и се осеќам бедно што ја носиме по болнички ходници и чекални и промаи и мислам дека нема да си простам за цел живот.најголема среќа ми е што мм е викенди дома секогаш а работи само прва смена преку недела и дома се прави до ситница,па и тоа ми паѓа тешко,што се е на негов товар.Само се молам се да помине побрзо за да се вратам у нормален живот и да и надокнадам се што пропуштив со неа овој период.
@Kaetana, мислам дека муабетот што сѐ трпела мајката за нас и што сѐ нѐ чека уште во животот и не е воопшто потребен. Ретки се тие родители кои не ги замараат своите деца со вакви работи. Што оти ќе ми каже? Ќе ми помогне со тоа? Или муабетот од @joy1 дека како инаку косата ќе ни побели. Според нив решение: не раѓај или ако си родила фрли го, оти друго чаре нема. Дури и прават да се чувствуваш виновен што си се родил, што си се разболел како дете и си бил причина за нивните страдања... Се надевам дека јас нема да да бидам таков родител (иако ништо не се знае, нели) или барем тие работи на детето ќе се трудам да му ги кажувам на поинаков начин. Нема смисла на децата да им докажуваме колку ние сме страдале заради нив кога биле мали. Особено не на таков начин и во такви моменти.
Od tebe zavisi se. Zasto da sedis doma i da neodis na svadba. Segde sum odela nisto ne sum ispustila. Koga bese samo 40 dena nas ni bese godisnina od brak. Pokanivme gosti na vecera, deteto vo kolicka i pred muzika go parkiravme. Spie krci kako da bese najgolema tisina. Segde sum go nosela. Si se nauci i gajle nemase. Nikogas nemalo ostanuvanje doma i skratuvanje od kulturno zabavniot zivot. Dvajca mladi roditeli se pomknale vo prekuokeanska zemja na planinarenje so 2 mali deca. ednoto ni godina, a drugoto 2.5. Edniot na ramo na kengurce go nosi ednoto, drugiot drugoto dete. Voda, kapa, jadenje vo rancite i etegi na planina. Zasto si ja zela taa odgovornost da sedis po bilo koja pricina doma. Ne e ni cudo sto si dobila takva konstatacija od mm. Drugpat nesedi, pakuvajse i odi. Doma sedis se fulstriras, si pravis nepotrebni razdelbi so momceto. Ako imas deca ne si osudena na smrt. Dzabe da ostanes doma , ke bides celo vreme nervozna, ke vikas po decata i sto air od toa. Pa i decata sakaat nesto da im se slucuva vo nivniot zivot. Taka i ke ti se naucat na kulturni maniri vo druga okolina od domasnata.
E kako da neplace. Zosto da mu se trca koga ke zaplace, ako znaes deka place od dosada. Si pravis teret na sebe. Treba da mu dades na znaenje deka ne mu e nisto i deka place od nisto. Raste toa ke go zloupotrebuva. Utre ke odis nekade nema da ti dade kafe da ispies. Pa ne si rob, ako si majka. Ne si kazneta. Neka sedi so tatko mu ako treba neka kenka. Mm e poveke decar i moabeti i pravese i ja igrase, i ne mu placese. Kajmene poinaku bese. Takva sum si jas. Pinoce style. Ranam, presoblekuvam, cistam, teram moj zivot. Vo pocetokot kocna da pokazuva tabieti, vide nevide si legna na brasno. Nejkela da sedi vo relaksator. Really! Ke sedis i oro ke igras. Dvadena se lutese kenkase, tretiot den kako bubalce si sedese. Nema ona mene da me stroi na 30 i kusur godini. Nauci deka sum si stroga i principielna i si go znae toa sega. Kaj mm uste e istoto. Ona a on na. Zamislisi da sme dvajcata takvi kade ke otidese detevo.Vo koj pravec! Da napomenam koga ke recam NE mm ne preprava. Vika majka ti rece NE gotovo se zavrsuva prikaskata.
Se te razbiram sto sakas da kazes ama izgleda ti mene ne me razbiras Jas licno nema sansi da go mknam bebe od dva meseci, vo sred avgust, ili ete koga i da e, po svadbi so 200 i povekje lugje, kade vo najmala raka sekoj kje go stipne, muzika preglasna, treba da go dojam, i ne e voopsto bitno sto treba se okolu bebeto. Poenta e deka jas ne sum takva licnost i takva majka i ne mozam da se pravam deka sum nesto sto ne sum. Ne mozam jas taka da uzivam. Nikade ne napisav deka so mali deca treba da se sedi doma, i nema da sedime, i ne sedime, ima mesta kade sto moze da se prosetame i duri so malo bebe, ponatamu i po svadbi kje odime, ama ona sto kje bide i sto e macenje za niv, za mene isto taka bi bilo. Ne se grizam dali decata kje mi bidat kulturni, bidejki znam deka kje bidat, i kulturni i socijalizirani, pa pobogu jas ne gi drzam niv zatvoreni, luge da nemaat videno, tuku muabet mi e deka ne e se za niv, za nivno dobro, sekogas. Toa sum jas i taka razmisluvam. I toa e zrtva, momentalna, ne bas mozam da pravam se sto sakam, ama stom sum gi rodila i sum gi sakala i sakam da napravam najdobro sto mozam za niv, soodvetno za vozrasta i za niv. Toa e mojata filozofija za roditelstvo