@ivi1987 јас кога бев со второто бремена од 8ма недела па до 7ми месец бев со чести крварења, по 4 пати месечно имав по неколку ноќевања во болница, на боледување бев, дома лежев, мм не работеше и беше дома а малата година и пол и претежно баба и дедо ја земаа, јас закована во кревет, таа сака шетање, играње... и плус се раздалечи од мене, зошто кога се породив со синко ја зедоа баба и дедо и за да сум се посветела на бебето, таа две години наполна тогаш, овде ко ќе дојдеше бебето или спие пази тишина, или цица не може мама да те земи сега, или бегај го капиме бебето ми се плаче ми доаѓа да си ја трескам главата од ѕид сега, после тоа разделување девојчето само по бабаи плачеше, рикаше, урлаше, дома да не сака да дојде само по баба.... со дено и спиела таму, има замалувано од плачење за да се си дојде дома со мене .. траеше тоа до скоро ако веруваш, сега конечно се навикна да си е дома и си играат двајцата, и кога за третото кажав дека сум бремена и коментарот беше 'ќе ја земаме големата да ти помогниме за да се посветиш на бебето...' јас одма НЕМА ШАНСИ!!! На кратки стази убаво е да ти помогне некој, но ете кај мене таа помош прерасна во двегодишно страдање барем за мене, и од мое гледиште мачење за детето. А состојбата во која конкретно сега се наоѓаш ти иви, јас ја дожибеаб како 4ипол годишна на местото на ќерка ти, мајка ми лежеше со месеци неподвижна во бременост и јас бев со неа, и подавав вода, игравме карти до креветот, ме носеше на доктори на инекции.... и еве ме 30 годишна, тоа време ми е едно од најубавите со мама, постојано заедно, плус се осетив дека сум корисна и и помагам, не знам како да објаснам, но ссмо позитивни сеќавања имам од тие денови. А како најголем мајчински предизвик за мене претставува тупањето на глава дали со тоа што имам повеќе деца му го кратам она што од мене му следува на првото па на второто па сега и на третото дете, зошто лесно е да се посветиш на едно, но кога доаѓаат нови на секое од нешто му крариш за да се посветиш на нешто кај другото и така во круг, па секогаш на некое нешто ќе му фали... Но сепак во основа не би сакала да е само и во иднина да си има брат/сестра како велат за арно за лошо ќе се имаат...
Се осеќам крива а од друга страна знам дека ова мора да го пребродиме и знам дека ќе дојдат убави денови ама срцето ми се кине кога ќе ми рече : Тебе мама не бои мешето,дојди игаме Порано се правевме заедно,и посветував многу внимание,и играње и шетање се,ама тоа одеднаш и го скратив и многу често ја гледам дека е тажна.Само некако надокнадувам што ја оставив да седи дома со мене а големка е,три ипол има и поголемиот дел од работите може сама да ги прави(да си земе водичка или сокче,сама да се измочка и облече) и полека и ја вратив насмевката и среќното лиценце.И дај Боже се да испадне добро на крај,па кога ќе ни дојде бебето ќе си седи со нас,ќе ја вклучувам во се,ќе ги шетам и ќе и го надокнадам ова изгубено време што ме убива.
После последните постови што ги прочитав за мажите, отидив мм си го изгушкав и избацив. Мм се смени многу од кога стана татко, гледа сите дружења што му се со другари да бидат на места каде што може со децата да оди, ги носи на натпревари дечките, догодина и малата, место во кафич со другарите одат со се деца во парк, на плажа, по риби кога оди со браќата си ги носи и децата,е само кога трча насабајле е сам инаку каде и да оди кога јас не сум во можност да одам ги носи и децата. Не му бранам ништо, едноставно тој сака што повеќе време да си поминува со децата, оди и сам ете на момачка вечер или такво нешто ама тоа е инцидентно а не постојано. Кога е дома јас инсистирам да поспие тој станува пред мене, сите работи околу децата си ги брка, бањање, облекување, менување пелени, храњење, за ништо до сега не рекол дека не можи да направи околу децата. Тој си ја сфаќа многу озбилно улогата на татко, си зема и породилно со сите три деца за да помага дома и околу новиот член. Извини бубале јас мислам дека многу си згрешила што си ја пратила малата кај баба и дедо, испаѓа како да си избркала затоа што си имаш ново бебе, моите со душа го чекаа новиот член, па се мазеа, пазеа, добро де некогаш и се тепаа, јас не сум сакала поголемите ни на ден да ги оставам кај баба и дедо затоа што не сум сакала да им се створи омраза кон новото бебе, во се сум ги вклучувала, као ми помагаат само да нема замерки и љубомора.
Кога се породив со малото едвај чекав да си дојдам дома да си бидам со поголемата . Само што дојдовме дома , се спастривме сите околу нас ...и свекрвами доаѓа и вика на малата ајде дојди кај баба вечер . Мене ми зовре , викам ќе си седи дома нема што сега да оди кај вас . Колку можности имавте да ја земете да седи кај вас , да спие кај вас несакавте сега кога си дојдов дома со бебето да ја викате ... ми се налутија ...ама баш тогаш немаше потреба од такви коментари . На некој може добро би му дошло тоа...ама мене во тој момент ми беше мака да го отргнувам детето затоа што сега имаме бебе . Сакав целосно да им посветам и на двајцата внимание , да не се почуствува отфрлена поради новото бебе . Мајчинството носи промени како и за мајката така и за таткото . Обврските околу децата не се само на мајката , таткото може исто да учествува во се . Имам среќа да имам таков маж што се грижи за се . Викенди ме остава да поспијам пошто преку неделата е невозможно . ги чува ,шета надвор , ги занимава децата да имам време за мене за било што .
Ako ste emotivna t.e. placka kako mene majcinstvoto mi donese krokodilski solzi koga nesto ne e kako sto treba. (Bar vo momentov)
@DVAANGELA фала на убавите зборови, се надевам дека нема прекасно да го увиди тоа тој што треба @bittersweet свесна сум, ко шо кажав глава од ѕид да си трескам ми доаѓа, ми поминаа две години во плачење по детето од шо не сакаше да се откачи од баба, фала му на Бога конечно се среди таа ситуација во иднина знам како и не грешам веќе @MacenceEna во право си, детето е подеднаква промена во животот и одговорност и за таткото, и уште ми се нејасни коментарите од типот маж да чува дете не личи, кога првото дете беше 8 месеци јас се вратив на работа а мм ја чуваше, ја хранеше, капеше, шеташе, ... сега тој работи јас ги чувам и конечно можам да се пофалам дека почна повеќе да се плетка по дома и да помага, ќе зготви ручек, ќе ги позанимава да направам нешто, ми крева алишта и сл.. сепак, ми текнува, во времето кога работев чим се вратев дома тој одма излегуваше на кафе да се издувал од чување дете. Сега кога работи доаѓа дома и ислегува да се издува од работење Јас сум жена, да се издувам.... немам потреба никогаш
Се се, ама најтешко ми е кога син ми го оставам насабајле за да одам на работа. Тешко е да си мајка поради милион причини ама мене ми е ова најболно. Дадилка ми го чува син ми од 5ипол месеци, никогаш не направил проблем кој го чува. Последниве две недели смени нагло. Почна да бара да го земам јас и кога ќе го земам ме гушка како возрасен човек и стиска и се гребе за мене и се влече за мене... како да му е страв дека ќе му отидам (8 месеци е). Насабајле ако стане пред да отидам на работа, или дадилкава или свекрва ми го држи и пробува да го игра, а тој гледа накај мене со тажно фацуле и прати како излегувам накај вратата. Неколку пати и плачеше дур не го гушнам. И да го играат не знам како, пак тој гледа накај врата како излегувам. Како ме боли кога ќе ја затворам и отидам не можам да опишам. Тој си бара мајка а мајка му си оди. Е ова ми е најголем предизвик. Срце ме стега
Денес мм отиде на пат, две недели нема да биде тука. Сами сме со син ми. Син ми цел ден го бара, само се врти на сите страни, бара да го шетам низ сите соби. И не би било страшно тоа што сме сами да не ме болеше ракава. Дали од тежината што нон стоп ми е во раце , од ден на ден се повеќе ме боли. При секое кревање на детето ме здоболува до срце. А лекарства скоро и да не смеам, мачкам само некои масти што не многу помагаат. Моите ми викаат да одам кај нив, ама они се на работа до пет, држењево во раце и таму не ми бега, туку бар нема да готвам само за мене. Па незнам што да правам. Ич не ми се менува легло, незнам зошто многу тешка сум станала.
Извини што ќе те цитирам ама морав.Прво да ти кажам дека сите деца не се исти,мојот беше мн темпераментен и плачлив,и сеуште е.Како мајка,прво дете сакаш се да му пружиш.Не сум којзнае колку финансиски добра ама сакам моето дете,се разбира во склад со можностите да го има најдоброто.Му купив количка од чико 250 евра.И замисли син ми не сака да седне во неа.Ни во релаксатор,ни тренспортер ништо.Ме фати лутина еден ден го ставив во количка ќе го возам како сите деца што се возат.Тој фати плаче,ли плаче....пишти.А мн лошо плаче почна да се дави,па да повраќа,плус тоа потоа не можев потоа да го смирам и фати ларингит од толку пиштење.Више не седна во колична.Годинава не бев излезена на ниту еден празник,ни свадба,кафана заборавив што е,бидејќи син ми не фаќа шише и неможев да се измолзам и да му давам со шише,а не секаде имам прилика да го надојам.Количката ми седи дома ми фаќа прашина,ќе ја чувам за нова здравје господ ќе ми даде уште едно детенце кое се надевам дека ќе биде каде,каде помирно од ова.Не ми е криво за ништо и цела година што не сум била никаде,има време ќе се шета.Свадби и прослави ќе има пак,кафаните нема да се затворат.Еве синко ќе прави година ќе заоди уште малку ќе си шетаме за раче.И не никој ми го нема размазено и му нема попуштено едноставно такво е детето.А јас сум му мајка и ќе го прифатам со сите негови доблести и мани.Не излегувам да шетам со него бидејќи треба цело време да го носам во раце а има скоро 10 кила.Спие во тишина.Го носев на една свадба летово биејќи мораше мн ми беше блиска свадбата.И погоди што од свадбата ни С не видов се ми излезе низ нос.Тој додека слуша галама седи и гледа,се сака да види,да буцне колку и да е преморен и да му паѓаа очињата не заспива.Ја направив честа и во 23:00 часот бевме дома.Станав мајка животот ми се смени,ама не ми е криво кога го гледам од ден на ден како расте и како се менува.Нема да биде исто како пред тој да се роди ама се надевам дека ќе фатиме некој ритам.Да љубоморна сум на мајки чии деца фаќаат цуцла лажовна,пијат млеко од шише,седат во количка,ја преспиваат цела ноќ.Од тоа кај мене нема ништо ама ќе дојдат подобри денови.
Секој нов предизвик е тежок, секој нов почеток е тежок , животот не е лесен ама мора да се живее, секако дека не е лесно да се биде мајка поготово со две мали деца, јас од кога родив заборавив на себе немам веке време за ништо целп време брзам трчам, на едната пелена па на другата едната млеко па другата едната се криви другата бара нешто, е тоа е нема веке време ајде да излезиме со другарки да шетаме од еден во друк кафич или сакам да спијам колку сакам, стануваат тие морам и јас, има многу работи да се кажува ама тоа е нека сездрави и живи добро е што ги имаме
Majki kako se spravuvate se stresost na koj nacin go kanalizirate?? Mene licno najgolem stres i panika mi e koga treba vakcina da primi do sega fala bogu ne sme imale nikakvi komplikacii no ete stravot deka moze nesto da se desi i kako ke ja podnese ovie prasanja mi se pekol vas sto vie naj golem stres???
stres - neznam dali treba da imas stres pri vakcina, нормално е секоја мајка да се вознемири и исплаши за своето дете, па и при вакцинација, дали ке го боли, дали ке има реакција, ама сите тоа го поминале, ке се смириш со помислата дека сите деца мора да примат вакцина, и ти си примила кога си била мала... и дека поголема штета ке биде ако не ја прими... некогаш и ке се разболи, и ке му зимаат крв и од вена, ке го боцкат и со инјекции, тоа е составен дел од детското растење и не би требало да те потресува толку, едноставно пробај да се смириш, јас поголем стрес би имала недејбоже ако качи многу температура и неможе да се симне и со лекови, или ако се случи нешто лошо, недајбоже... а тоа што го поминуваат сите ич не ме потресува
Температурата е исто дел од вакцините така да те разбирам кога се потресуваш. Но кога веке си одлучила да вакцинираш мора да поминеш низ таа мала психичка тортура.Мисли позитивно и тоа е тоа. И да качи Т постојат десетици начини за истата да се симне така да немаш причина за паника
Lavovsko srce za ovoj jacin na zivot ama moze ke zvucam zatucano ama za zena be majka samo prva smena na rabota mu e majkata. Vtora smena za zena NE. Kolku i da zvuci glupo ama treba da imas lavovsko srce da cela nedela ne si vidis dete. Ete go nosam vo gradinka go zimam i zaspivam se na se 2 min. Odam na rabota a srceto mi e doma i vecer me ceka vo pizami vo 22 se pribiram guskanje i vo krevet. Se prasuvam kakva majka sum jas da gledam za negovo dobro a koj ni e kriv sto zivreme vo vakvo sr*nje opstesvo nemozammmmmmmm
http://www.crnobelo.com/zivot/rodit...no-kako-izgleda-zivotot-na-edna-majka-so-bebe Мене ниту ми е смешно, ниту претерано, туку реално. Само што кај мене може да се додаде плус стомак и плус книги за учење.
Ептен реално, се сложувам. А ти со твојата моментална стојба искрено си за жалење истовремено и за восхитување!. Баш од причини што едвај се справувам со едно дете, не се одучувам засега на втора бременост. И искрено им се восхитувам на мајките кои знаат да се носат со улогата трудна мајка! Алал да ви е на храброста и способноста дете да гледате, дом да одржувате,маж да тинтрите и бебче да растете во себе! Инаку ептен се пронајдов во некои од прикажаните ситуации, особено сликичката со флеките по облеката... ептен секси!