Здраво мајки. Еве и тука да се пријавам. Откако се породив се чувтсвувам нерасположено без причина. Си плачам а незнам зашто. Не верувам дека е постпородилна депресија, не е толку сериозна ситуацијата де. Ама сите ме нервираат, сите ми сметаат освен бебето. Дали и вас ви се случувало? Како се справувате? Преку ден се е ок, ама кога ќе се стемни ми е маката. За почетокот за да си ја средам ситуацијата, ги избркав сите околу мене. Да останам сама со бебуш и со мм, па да се справам со ситуацијата. Некогаш навистина ме фаќа паника дали ќе успеам да ја смирам кога ќе плаче.
@Eli23 Срцка истото се случуваше и со јатрвами. И беше страв постојано, плачеше, нервозна за ништо, се тресеше над детето од страв, се и сметаше. Дури и детето не дозволуваше никој да и го крева освен мене. Имам слушано дека на повеќето мајки вака им се случува, мислам дека ќе се среди ко ќе поминат 40 дена ич без галје..Еден голем кисс и до тебе и до бебенцето.
Ели, нормално е. И јас на моменти мислев дека светот ми се руши и си рикав. До ден денес сите ме нервираат. Жуто, статијата е жива вистина. Особено со моментот со акробациите за земање на телефонот за време на доење.
Сите слики се реални. Нема претерување. Тоа со гостите, колку само ќе ги пцујам не се свесни ни самите.
Мене ако ми се најават гости се радувам. Ќе спрегнам некој да ми помогне, хахахахахаха. Ај да не се занесувам многу, утре полагам. Да фатам книгата троа.
@Eli23 се што опиша е најнормално. се нормализираат хормоните, голема промена претрпе пред се телесно а тек емотивно.. и јас бев таква првиот пат, колку што се чувствував беспомошна и ми требаше некој за помош, толку сакав само да бидам насамо со малата.. болки, доење, неспиење, хормони, солзи, насмевки..... но едно е загарантирано, преееемногу брзо минува овој период, ќе видиш само по облечињата, денес и го носиш, го периш и наредно облекување не ја собира... јас пак во бременоста сум многу депресивна, пречувствителна, скоро секое заспивање легнувам меѓу двајцата и си заспивам во солзи...
Jas ne sum trudna a seuste zaspivam pomegu niv so solzi. @Eli23 tocno deka e period ama ete mene uste me drzi "periodot". Dali deka lezev tolku vreme vo bolnicata,pa posle toa vtorata operacija,pa se ispodesavaa mnogu raboti po doma...se mi smeta.Cepidlacam za SE! Sakam sama da go cuvam,veruvale ili ne,osven koga beeev na operacijata,nemam dozvoleno nikoj da go presoblece.MM ednas i da receme ete majka mi dva pati,i toa koga doaga ako trknam do prodavnica. Ne si go sakam karakterov od posle porogaj,ama nemozam da se smenam. Vo posledno vreme od sto za se solzi mi tecat,pocnaa da tecat oti ne saka da ukusi so se vika od kasickite. Vakcinite veke imam kazano deka mis e nokna mora. Vtoro mi e koga ke se zakasle od plunkata ili od bilo sto. Jadenjeto odnosno nejadenjeto e isto vo prvo,vtoro mesto.Ohhh. Za panikata i stravot sto gi imam postojano vo sebe,deka sme postojano sami,isto da ne se povtoruvam. Znaci ne sakam pomos ni okolu dete ni okolu domot,nitu pak da odam ni na minuta nikade bez nego,samo sakam da bi ziveela vo kuka,nie a edniot sprat a na drugiot bilo koj poznat,za da mi se smiri srcebienjeto i da mi se opustat zgrcenite muskuli. No neka se samo zivi i zdravi,ova drugovo valjda normalno e.
Јас живеам горе во куќа, долу свекор ми и свекрва ми. Верувај, нема да ти биде полесно. Во секој момент се мислам кој ќе дојде, ќе ја земем бебуш од креветче да си игра, да ја думка наваму натаму, да ни го расипе мирот. Сега кога заспивам, преморена, не сум ни сетила кога се качиле горе, ми оставиле јадење. Не сум ни чула. Значи може било кој да влезе дома, а јас да не го сетам. Тоа ме испаничува уште повеќе. За пресоблекување, исто и јас. Сама претежно ја пресоблекувам, ама пробуваа да се мешаат. Почнав да викам па се откажаа. Неможе тројца да пресоблакаат бебе во исто време. А и несакам никој да ја чепка освен јас и татко и. Дури и за бањање ми е чудно што се меша да ја мие кога јас сум тука.
Eli,klucot.Navodno za sigurnost od bilo koj,kako sto kazuvas deka nemozes da osetis. Gi znam prednostite za sam ziveenje,veruvaj,od sami 18 sama ziveam,no za prv pat najdov maana. Ke mi pukne srcevo ponekogs. MM znae po dva dena da ne dojde od rabota.Ne e seedno.Psihickata sigurnost mnogu znaci.
Скренувaте пo мaлку гледaм, вo ред е сaмa дa сaкaш дa си гледaш бебе, aмa пa дo тoлку никoј дa не го чепне претерaнo е. А oчигледнo е декa ви требa пoмoш, aкo имaте некoј вo близинa зoштo дa не. Не гo дaвaм бебетo нa никoј aмa ќе припaѓaм oд умoр, ќе плaчaм нoн стoп, ќе ме фaќaaт пaники и сличнo, вaжнo сaмa си гo гледaм, нa никoј не дaвaм дa гo чепне. Oпуштете се мaлку, пoдoбрo е и зa вaс и уште пoвaжнo зa бебетo. Немa дa му е ништo aкo бaбите некoгaш гo искапат, пресоблечат или земат во раце, ама нервозна и плачлива мајка тие чувствуваат, негативни емоции им пренесувате.
Znam bridgetce,ama baba vo blizina nema.Kilometri dvocifreni vo prasanje i plus babite navodno bolni.
Неколку пати пробувам да напишам во оваа тема пост, но никако да го довршам (и тоа е еден вид предизвик за мене ☺). И јас како и другите мајки се пронаоѓам во многу постови тука, почнувајќи од паниката, стравот, па се до планирање однапред со недели за јадење и спиење ако треба некаде да се отиде или да дојде некој. Од секогаш сум мразела одговорност, а да си мајка е најубавата, но и најодговорната работа на светот. Кога се породив, поради рамни брадавици не можев да ја дојам, т.е. не сакаше да фати на никаков начин и морав да се одмолзувам и да додавам вештачко млеко. Тоа беше и остана мојата слаба точка. Мислев дека ќерка ми нема да се поврзе со мене и сакав јас се сама да правам. И ден по ден си ја направив "мајкарка" и сега не сака да се оддели од мене и само со мене заспива, а уште малку ќе полни две години. Друг момент се вакцините кои се уште ми се ноќна мора и само ми се врти мислата во глава да не се каам некој ден што сум ставила вакцина. Трет момент е кога треба да одиме некаде поврзано со термин, па морам да планирам кога да легне, кога да стане за да не доцниме и како за инает тогаш нема да и се спие, ќе биде кенкава (и сите други марфиеви закони ☺). За социјален живот не ни станува збор. Предизвик е секој можен ден, секоја секунда се прашуваш дали е нормално тоа да го прави, или да не го прави, дали секоја можна одлука е правилна или не итн. Јас фала Богу имам голема помош од маж ми, свекрва ми, мајка ми, татко ми и сестра ми, инаку не знам кај ќе ми е крајот. Мајчинството не менува и психички и физички, и не само нас мајките, туку и татковците. Маж ми од ептен прибран човек се претвора во паничар за секунда кога се работи за нашето дете, а јас од толерантна, станувам најнестрпливата особа на светот. Фала Богу не сме минале низ многу работи како грчеви, пролив, повраќање,запек, плачења подолги од 10 минути, бактерии, температура само 2-3 пати и тоа е. Ама ништо на светот не би менувала за моето црвче, таа е мојот живот и мојот свет. Поздрав и поддршка до сите мајки, ние сме истовремено и најнежните и најсилните суштества на светот и ќе ги преживееме сите предизвици за доброто на нашите срцки.
Јас една обратна ситуација ќе ви пишам. Бев најголемата плачка на свет, на Lion King обавезно плачев иако по 101пат го гледав на пример. Од кога се породив веќе 4 години не се сеќавам дека сум плачела, а не дека сум немала повод или причина. Со ќерка ми сме скоро цел ден сами, додека не дојде мм попладне. Понекогаш ме фаќаше сафра дома сама, сум гледала во саатот да помине времето побргу ама тоа е. Мајка ми ја заробив кај нас дома првиот месец иако сега гледам дека тоа било сосема непотребно. Најубав период ми беше тоа можам комотно да кажам од животот. Наредниот месец останав во кревет подолг период па не западнав во депресија, не го загубив млекото и не плачев. Ме смируваше малата. Лежевме двете на спална и се чувавме. Бидете силни, мајки сме Прифаќајте помош ако така ви одговара, избркајте ги сите ако сами ви е поубаво. И секако знаете, времето не поминува бргу, времето лета
Бриџит, ја чувале и двете баби. Не ја пресоблакале затоа што наводно не знаеле. А и гледам рацете им се тресат кога ја облакаат а малата кенка. Сигурно нема да ги оставам да се присеќаваат на времето кога биле мајки и детето да ми плаче. И понатаму ќе прифатев помош, немаше да повлечам линија се додека не видов дека се прават работи кои јас ги забранувам. Ако речам не цуцла, цуцла се дава цел ден. Ако речам не вода, оно се предлага чај или блага вода да и дадела. Ако речам нарани ја додека не сум дома, се прави обратно. Затоа што очигледно бабава знае повеќе за доброто на детето од мајката. Кога ќе ја легнам да спие до мене во количка, она си ја зема и си ја става до неа, да ја гледала да не плаче. А јас не чинело да ја гледам, сум можела да ја урочам. Е ај сега ? Нема крај на глупостите. Променета, истата приказна со брадавиците и кај мене. Во болница едвај издржав. Додека се привикнав со силиконски брадавици да дојдам, пекол ми беше денот. Малата плаче, гладна е, а персоналот во болница те осудува, демек јас ради естетика на градиве несакам да дојам.
Вака сега. Доста кукумјавчиме, да напишеме и нешто позитивно, т.е. како да се снајдеме во ситуации. Од кога ни се роди малото престана нашето дружење со парови, одење по гости, шетање безврска... Разговаравме дома на таа тема и решивме да не се делиме јас и мм т.е. нема јас дома седење со дете а тој надвор или обратно...каде еден-таму тројцата. Одиме на места каде што бебиња се добредојдени.. Кога одиме на покупки за дома сите тројца одиме, ама избираме време кога мислиме дека во маркетот нема да има гужва Кога ни треба гардероба одиме тројцата, еден со неа ангажиран, другиот пробува .. Мислам дека си го олеснивме животот а и нема непотребни кавги. Баби на располагање немаме. Градинката и ,,тетките,, да ни се здрави и живи, ни помагаат додека сме на работа.
ahahahaha ova so slikive e bas ziva vistina i mojata momentalna situacija e broj 9 cela kuka haos,velosiped mal,golem,kolicki,kola na akumulator,xranilka,stolce za lulanje,topki,baloni od rodendenot uste stojat,kocki,mecinja,obleka oti sin mi sekogas mi pomaga okolu oblekata, sto li uste nema okolu mene ahahah.. za kujnata da ne vi opisuvam poarno ke e jas pa i generalka pravam,vcera zavrsivme so tri dnvnoto slavenje na rodendenot mislis ivkova slava e ama toa ti e maz,prvo nejke da pravime rodenden posle tri dena go slavime. kako kapak na se utre zaminuvam na pat,sama,bez sin mi.. imam trista misli niz glava,za jadenje ke jade ama kako ke spie nokeska neznam,pa koga ke se razbudi kako ke go prezaspijat... i jas bev i duri sega pomalku sum od tie posesivnite majki sto sakaat da pravat se sami. ama nauciv deka ne e ubavo taka oti se preumoruvav,more sega go ostavam na svekor mi oti svekrvami raboti a dedo obozava da se igra so vnukot ...pa ke si zavrsam raboti po doma,pa ke si pivnam kafence,eden tus na raat. ama pak ke izdiktiram kako nekoj diktator,nemoj oa nemoj ona,praj vaka praj taka ... kutrio dusicka e pa me slusa,raka na srce nemoza mda se pozalam od niv,ako ne se oni jas ke spobudalev dosega. e samo odenjeto vo wc ni e komedija ama sto da se pravi. @zuto ti zaviduvam da znaes,sekoj cest,i jas treba da ucam ama nekako nemozam da pocnam, sekoja cest,so lesno utre na ispit. relax majki,ako ima koj da vi go pricuva deteto za da jadete na raat ili sredite malku ostavete gi oti da ne,samo se so red,da ne e preterizam pa deteto da pominuvam poveke so baba i dedo otkolku so mama i tato
Овоа човек да пукне од кај грб! Абе 5 минутки ако има некој да ми помогне околу нешто дома јас мислам ќе полетам,но не нема никој.Значи долу на првиот спрат е свекор ми ,жена му е почината многу одамна а тој веќе е стар ,но ми помага понекогаш ке го прошета малиот низ двор или до патот или пак по дома го зема го носи,му збори,си игра со него,за јас да завршам некоја работа,да направам ручек,кафе,да исчистам. А мајка ми е помлада жена,исто и татко ми за разлика од свекорот,но тие одат на работа немаат време.Мајка ми ретко доаѓа ние почесто одиме,и така кога бебу си спие јас или мијам садови,или готва или собирам алишта,или чистам,или оган да запалам, се правам значи се сама.А со него ништо и во вц го носам со мене.Е сега кога почнав да го оставам во дубалка малце е по друго покрај него ке завршиш некоја работа, А золва ми таа живее блиску до нас но ни таа не доаѓа си оди на работа,и еднаш или два пати во 2 3 недели ке дојде и по малце седи и си оди. Е и мм не ми помага мн околу малиот има тој мн работа,понекогаш го држи но не му менува пелени,или пресоблака,само го бања понекогаш,и по дома ми помага. Понекогаш одеме во град со малиот и секаде си го носам со мене,тоа е .Мора да си се снајдеме самите. Секоја работа мора набрзина да ја завршувам.Има уште многу за пишување ама јаде доста е .
Исто и јас сѐ сама правам и би сакала барем 5-10 минути помош од некој. Знам дека е тешко и да ти се мешаат од страна, ама верувајте дека понатаму ќе ви треба помош многу повеќе. Гледајте да најдете некоја средина и да ја искористите правилно помошта од блиските. Во спротивно простете се од нормално одење во тоалет, заборавете на нормално и често бањање, јадење, вршење работа по дома. Инаку сега почесто ќе ве дружам, се олабавив малку од напорни полагања (за кратко).
Јас се навикнав да сме сами... На старт беше мајка ми на гости и сум благодарна. Делот со бебето и бессоните ноќи поради доење секако не можеше да ме одмени, но барем околу куќата имав огромна помош. Он е во многу лош период со работата. Одма после пораѓајот имаше некои проекти па дома беше само за викенд, преку недела мораше таму да спие. И саботата до пладне плус ја работи. Навечер сами дома со мало бебе не е убаво чуство знам но гледав како на етапа која мора да се мине. Единствен човек со кој имав контакт е мајка му. 1-2 пати неделно доаѓаше и ќе испазаревме, по дуќани што треба и ќе останеше до малата јас додека си завршам куќни работи. Да не беше она буквално немаше да можам да отидам до супермаркет бидејќи тука нема супермаркет, а немам сеуште положено за да отидам до најблискиот. Саботите он кога ќе дојдеше ќе требаше буквално со трчање во последен момент да одиме пред затварање. Башка термините по доктори. И татко му чат па ќе помине ненајавен околу ручек време, ќе му ставам кафе, ќе ручаме...и ќе си замине. Последниов месец малку подобро. Сега танува 05, најчесто си иде околу 20.00. Но во текот на неделата барем еднаш се случува да дојде порано, па тогаш да си завршам нешто. Мајка му сега иде 1 неделно но останува прилично пократко бидејќи и е страв да вози во темно. До сега никој друг освен јас не и сменил пелена на малата или да ја пресоблече или друго мешање. За право мојов ниту дома не е од некоја помош...преоптеретен е со работа. Едино навечер ќе ја поигра, или за викенд јас додека зготвам. Па од друга страна си вика подобро така одколку над глава да ми солат памет. Вака што можам, колку можам, кога можам...мани не ми наоѓаат. Од сабајче секако јас и бебуш да се средиме, да арскренам маишина за садови и од најново каша за бебуш и тоа. Ја ограм, инхалирам, пееме, масирам...се со комп. и фемина до мене . За ручек само ручекот ми е како обврска. Ама па ако е напоред ден може и нешто да нарачаме и готово, иако тоа било ептен ретко, За навечер пак додека избањам, успијам бебуш и минам џогер, дезинфицирам. Еднаш неделно генералка и еднаш неделно околу алиштата се трудам кога спие бебуш или кога ми ја врткаат на саат два. Така да у глобала сум нон стоп сама, без пријатели или роднини тука, освен свеки еднаш неделни нема со кого да испијам кафе...но некако свикната сум. Мир си имам.