Самиот пораѓај ми беше предизвик... Море кога убаво ќе помислам и бременоста... Спортска повреда на кичма, болки колку сакаш, милион позиции за спиење(вртење) во кревет со уште толку перничиња.. Би штп би,се истера до последен ден и на работа, пораѓајот одличен-ми се потврди народната уплашена година поарен бериќет три дена на болница и доаѓање дома... Е тогаш ми почна првиот животен голем предизвик-мин уште еден сакам. На болница и дома не е исто.. Маки да се почни со доење.. Млеко на претур... Мастит на 5ден...дали дома бебе да гледам сали на болница да ме боцкаат да пуштат канали, температура, трески... Мајками баш тогаш имаше случај каде мораше да биде отсутна. Свекрвами крева раменици - не знам...не знаеш кој плаче почесто дали бебуш или јас мм ќе стани, ќе циди дека се нервирам ќе го ниша ниша... Се издржа тие недела дена.. Цуцли не фати, диру едвај ги најдувавме каде ги плука... Мм не му се веруваше дека бебево само ги фрла мајка идеше по неколку сати ноќе(и благодарам вечно) ќе ме разбуди да го нсдојај и ќе поспијам - цели 3-4часаааа топ.. Се фати ред само на доење, маки со шишиња фала богу немаше.. После маки со рагади, со болки ама се истрпи нњкако мачкај ова мачкај она, молзи, пак мачкај помина... После тоа ми почнаа олимписките игри рекорд држам за бањање со долга коса.. 3мин(две плакнења со шампон зошто син ми баш кога ќе го успиев навечер и кога ќе влезев во бања му текнуваше да ме бара со плач ба цел глас.. Усисување со правосмукалка 64м2стан-5минути..трчај да не се преврти од кревет или кога почна да дали да не се пикне во некоја фиока(са да и тоа ми го имаше направено) следен предизвик готвење ручек... Левава рака ми е појака од десбата зошто константно кога нешто правев вкујна беше кребат враце оти пак ќе имавме плачки.. Аспираторот кога бучи е поинтетесбо од неговите играчки.. Ноќе таман мислиш легнале сите, тивко влегуваш во соба, нагазуваш бос коцка, тњ боли до срце легнуваш на тросед да се смириш од болка наседнуваш музичка играчка, го бидиш и пак уште сат синишкаш за да спие...одиш во град ко човек да звркаш бешто во банка сметки нај нај беопходбо, што мм не може зошто работи до покссно, бебе седи во количка... Но му текнува да плаче, да вика да станува и ти поставуваш рекорд во брзо трчање со колучка до кај може а остатокот го креваш во раце и туркаш количка со плус две кеси.. Следен предизвик да останеш што е можно по сув додека го бањаш бебуш.. Тој целиот кевови, си игра, ти исто ко да се бањаш со него само по алишта... Има уште многу... Како и кај сите вас, но мајчинството е дњфинитивно најубавото што ми се случило... Со него сум целосен човек, имам чивство како во одреден момент нацистина ми фалело во жувотор... Среќна сум што после сите животни етапи, сега уживам во истото.. Ме исполнува целосно... И најслаткиот предизвик... Да не го изедам тоа мало суштество додека ме гледа со бајмилите очиња и нежбо ми вика мамо...
Jas imav pomos i od majka mi i svekrva mi. Nie sme vo poseben stan, koga se rodi malata majka mi patuvase Gv- Sk dva meseci sekoi 2-3 dena za sa mi pomogne. Znaev i na kafe so koleski da izlezam na sat vreme. Ili so MM na kafe obavezno 1-2 vo nedelata. Majka mi ja cuvase Sveki navecer idese i sedese so nas bidejki malava oko ne zatvorase kako zajce malo na sekoi pola sat se budese i placese non- stop. Ovie rutini traeja okolu 4-5 meseci, posle ne ostavija site i sami fativme red. Blagodarna sum im na dvete sto mnogu mi pomagaa na pocetokot.
Еве и јас да се пријавам на темава. Јас откако се породив бев одлично, бебе мирно, помош од мм од свекрва од свекор, супер. На 4ипол месеци го оставив, морав да се вратам на работа (огромна грешка). Телото неопоравено, а јас турбо работам на нозе, стресно, 9 саати. ПОсле дома со бебе. Ужас. И добро се држев до пред некој ден. Сега сум здробена. Дури и одлучив да напуштам работа, бидејќи потполно ме уништува и физички и психички. Нервоза ме дроби, уморот ме бутка и си следува се со ред, кавги со мм зошто никако не може навечер да си поседиме, да помуабетиме, заспивам на сред муабет. Не можам да се средам. Ама преморена сум. И нормално ми се спие. А он не работи, свекрва ми го чува малиот, он си е одморен и сака со мене да си поседи, а јас буквално исцедена сум и немам сила... Па и во сабота работам, ко за беља, ни викенд имам ни бутур. Син ми го гледам од 17 до кај 20.30 и ноќе додека цица. И тоа плус ме натажува максимално. Секој совет ќе ми биде од корист
Што одлучи,ја напушти ли работата? Знам колку е напорно со ова темпо но мислам од голема важност е и да работиш.Не заради парите колку за себе си за да не западнеш во колосек и секојдневна рутина.
Ne sum seuste, no ke napustam. Najdov nova rabota, relaksirana, so normalno rabotno vreme i skoro ista plata. Moram da rabotam, da zaradi mene. Edvaj cekam i da mi se sredat rabotite, ne sakam da doziveam bracna kriza
Cisto samo razgovor dali ke rabotis edna ili druga rabota deteto si bara ljubov i vnanie. Realno i jas odvaj cekam da smenam rabota zatoa sto odkoga ide sinko vo gradinka cela nedela ne go gledam ni vk 5 saati vo cela nedela. I toa ne da me deprimira me vadi od kolosek me razocaruva i maksimalno me iscrpuva. No sinko znae deka mama raboti i ke mu kupi nesto deka raboti za paricki i nekako seto toa mi dava uteha ete pak rabotis za nego za negovo dobro. Ama ete turbo zivotot iscrpuva
Majki posle poroduvanjeto pocustvuvav kako se smeniv na poloso stanav lljubomorna pa mozam da kazam i posesivna.Pocnav da se somnevam vo soprugot deka me izneveruva deka nasol druga go sledam sekoj negov cekor pocnav da mu go proveruvam telefonot stom zavrsi so rabota vednas zvonam baram izgovori da go slusnam kade e i sl.Do sega tie custva mi bea nepoznati imav 100% doverba neznam sega sto mi se sluci?Imala li nekoja slicen problem?Fala
Slicen problem sum nemala. No sigurno za sebe smetas deka si naprivlecna ili mislis deka mm ne te saka sega takva kakva sto si slatko popravena moze bi uste otecena. Tebe usre hormonite ti rabotat neznaes kade si sto si a mm ednostavno si prodolzuva so rabota i plus mala obvrska doma. Sedni i razgovaraj kazi mu kako se custvuvas i ke ti objasni deka poinaku stojat rabotite otkolku vo tvojata glava
Имам 23 години, еден син од 4 години, друг од 2 ипол години и трет во стомакот (7ми месец) Немам свекрва, свекор, живееме сами со мм. Правам све сама и не не ми е тешко, ја имам најважната улога во животот на една жена и горда сум на тоа. Спијам колку можам, не се жалам. Насмевнете се мамички, убави сте и кога сте уморни и нервозни. Не заборавајте дека треба децата да ги изведеме на прав пат. Има време за одмор, јаки сме ние Ве гушкам сите до една, бидете позитивни, смејте се и љубете. Све друго ќе си дојде на свое место *
Браво на 23 год веќе три дечиња,храбра си. Живи и здрави да се сите.Како се носиш со секојдневните ситни проб и обврски околу нив?Зар не си под стрес?
Не признавам стресови, пуштам музика, се релаксирам така.А и фала богу не се некои ептен бесни деца па да не можам глава да кренам. Во главно гледам да сум смирена за секоја ситуација, напорно е не викам не ама зацртано ми е во глава дека тоа се секојдневни работи со деца и тоа е тоа. Ќе помине и ова, после ќе ни недостигаат растурените играчки и детскиот џагор. Гушки и бацки
Браво, да сте живи и здрави сите. Ееееее не за џабе викаат деца на млади години полесно се чуваат. Се зезам малку, немој да ми се налутиш.
Мислам дека ова ми е најголемиот предизвик досега,и мене и на маж ми. Во петокот ми правеа операција на епизиотомијата со целосна анастезија.Ми се појави топка голема како орев полна со гној врз шиеното.Операцијата помина во ред,ама после тоа видов маки.Неможев да се освестам,нит главата да ја кренам,незнаев кај сум...Требаше истиот ден да си одам дома ама пошто многу повраќав,и неможев ни да стојам ме задржаа вечерта во болница. Мажот ми сирот 3 дена сам го чуваше син ми, и плус дома средуваше и јадење правеше. Од денеска почна на работа а јас останав сама,2 дена после операцијата со 8 месечно бебе.Неможам ни да седам,ни да стојам,ни да се наведнам.Температура имам,болки имам... Капак на се кашата што му ја правев на син ми ни заврши на под,ја бутна со рачето доле, И еве сме он плаче од една страна за да го земам а јас од друга пошто неможам... Му се јавив сега на мм да си дојде,се чуствувам бескорисно.Криво ми е неможам да му обрнам внимание, ни да го бањам,ни млеко да му давам....
Ah mila,dobro e sto se zavrsilo,ke izdrzis sega nekoj den vaka. Ke pomine,do togas maka,ama poarno da e nesto so pominuva. Pobrzo da ni ozdravis.
Оо да имам некој не се мислам ама не живееме во Македонија, комшиите секој си се своја приказна за себе,не ги интересира. Моите живеат во Македонија, а на мм неговите моментално не се тука...
Никако немој така да се осеќаш.Ниту си виновна ниту бескорисна,само си болна во моментот но и тоа ке помине.Брзо минуваат ваквите нуспојави од операција.Супер што мт колку може ти помага.Гледај се себеси и детето колку можеш,останатите раб низ дома може да почекат.Со помин да е
Предизвик читање книги со седум месечно бебе. Не, стварно како ви успева. Јас од како е роден истата книга ја читам. Мами се карате ли со мм пред детето. Како го изведувате тоа. Мене мојов вчера ми ги спои жичките. И сега и се радправаш, ама и уште еден има тука те гледа, ќе ти се надмее, се чуди. И некако неможеш. Ако е мало. И еве сега ем скарани, ем службено мораш да збориш, работи поврзани со детето. Инаку порано комплетно го ставав на игнор. Мислам и дека на синко му е чудно, многу е тивко во куќава денес.