Се караме и тоа како.Притисокот ми го дига на 300 и ова малово ме гледа слуша и оно разбира веке почнува да вика и оно знае дека нешто не е во ред.А кога плачам тоа ме гледа и чуствува дека нешто не е во ред.
Ако некоја каже дека никогаш не се скарале со мт пред децата да знаете ќе ве излаже. Колку можеме треба да се трудиме да тоа не е пред децата ама тие посебно кога ќе потпораснат го чувствуваат тоа.Јас имам еден став дека треба да се заштитуваат нормално децата од суровоста на животот ама треба и полека да се запознаваат со реалноста за да можат полесно и побрзо да се справат со се што носи животот.(малку забегав со коментаров знам ама ...)
Razbiraat pustite se. Da bidam iskrena nie otkako se rodi maliot zacestivme so karanici i toa banalni.Nekako relativno uste se priviknuvame na "noviot" zivot,obvrski,odgovornosti...
Ne zabega. Napisa ziva vistina. I jas mislamdeka poveke se karame i za pobanalni raboti. Sekogas mislam deka nedovolno mi pomaga i skoro sum ubedena vo toa,za da vo sleden mig pomislam sosema sprotivno. Drug predizvik mi e sto mi istece porodilnoto i avtomatski sum nevrabitena. Sakam da najdam rabota,no imam dve pricini zaradi koi ne sakam. Nemozam da se oddelam od maliot,a znam deka moram popoleka.Drugata e sto koj ke te proimi na rabota so malo dete,ako ne si rabotel prethodno ka istiot rabotodavec? Baska rabotata na mm e nadvor od gradot i nema rabotno vreme.Babi nemame vo ovoj grad,a i nemame uslovi za da zivee so nas. Edinstvena opcija da go cuva nekoj doma kaj nas. Neznam,nemam pamet vo glava.Rabotam postokano od 18 godini,sakam i sega,koga moram da obezbedam podobra idnina za maloto,no dusa mi sekine od pomisla da go istavam so saati da ne go vidam.
Скоро сите мајки минуваме низ истите предизвици како што гледам . Прво, за читањето книги, толку криза ме фаќа, посебно кога читам тука низ темите кој што прочитал, чудо нешто . Пред да се породам редовно читав книги и гледав серии и филмови. Бев запишана и во библиотека. Сега читам само Фемина и по некоја епизода од некоја серија додека спие црвчето (игран филм гледам на делови неколку дена) . За карањето иста песна. 90% од кавгите ни се за детето (јас сум крива за се' поврзано со неа ), а другите 10% оти седам на Фемина . Кога ќе подигнеме глас пред неа, почнува да плаче, па остануваме недоискажани и двајцата . Дури и кога сме во кола и јас сакам да го прашам нешто мм погласно за да ме слушне, таа кенка, па си го преќутуваме целиот пат . И јас сега се наоѓам пред најголемиот предизвик откако сум породена. Имам пишувано дека имам голема поддршка и помош од мајка ми, татко ми, сестра ми, мм и свекрва ми. Е сега татко ми е во странство. Мајка ми и сестра ми ќе одат кај него другата недела, а ако се најде работа ќе оди и мм. Ќе останеме со свекрвата и црвчето сами . Уште сега страв ме фаќа како ќе е . Имам положено, а страв ми е да возам (уште една причина за кавга со мм ). Исто и свекрвата. А имаме потреба од кола. Дај Боже се' да биде како што треба, па сите да се собереме на едно место, не сме научени разделени ич . Тоа е сега за сега. Поддршка и до сите мајки .
@galapce моето мислење во врска со твоето вработување е дека ако во моментов си во финансиска можност да и без твои примања имате солиден живот подобро остани си со малото уште некое време.Посебно што нема кој од блиските да ти го чува.Јас породилно имав само 3 месеци и после не ми го продолжија договорот односно ме испуштија и остана в повеќе од една година дома. И искрено не жалам за тоа.Тој период проодување заби вадење зазнајување е најтежок за децата па подобро отколку мамичка никој не може.Време имаш да заработиш за него а познавајќи те ти и досега доволно си заработила. Предизвици ќе имат(м)е се повеќе како ќе растат децата но сите ние сме посилни и од колку можеме да си замислиме.
Предизвик или не, јас сменив работа. Денеска прв ден, одлично. Се вратив дома уморна, но во граница на нормалното. Можев да си го чувам мали без мака, без да ми паѓа главата за спиење и без нервоза, болки во нозе... Заспа и јас сум ок сеупте, еве уживам во готвењето за целото семејство, филџан топло кафе и фемина до мене И се спремам да пеглам Се надевам ќе се наредат работите, па да здивнам и јас. И да ви се пофалам, работиме на случајот второ дете. Едвај чекам
За некој ден со малиот остануваме сами,мм ќе оди во странство по работа,ние дома сами,и свекор ми живее со нас,а свекрва немам.Човекот си е добар ми помага колку што може толку годините му дозволуваат,го шета,занимава,му пее,разговара со него,го храни,но во мое присуство само,додека зготвам јадење,исчистам,завршам некоја работа. Многу се плашам што и како ќе биде,сега малце е настинат,затнато носе,му течи,не може да спие,ни добро да јаде,одбива неколку дена можеби ке ми ослабне малце.Незнам како сама ке се снајдам и преку ноќ,кога е гладен наеднаш се буди со плачење,подобро кажано врескање,се тркала,преобрнува,значи сам не можам ни за секунда да го оставам,се исправа веднаш. Инаку,моите живеат на село,мајка ми работи секој ден до 16 ч татко ми е дома но ич не го држи внукот,ете таков си е човекот,ке го земе 2 минутки и толку,мајка ми се обидува да ми помогне колку што може,но проблемот е во тоа што синко мој е научен само дома си спие,на друго место нема шанси да спие.Ке плаче кенка,но не се предава нема да заспие и по 6 часа се има случувано и по цел ден да е буден на неговите 9 ипол месеци. И така си размислувам дали има и други во ситуација како мојата,ете тоа е уште еден предизвик што го носи мајчинството.Слаба сум со нервите,што ми лежи на душа им кажувам на сите,без разлика дали ке повредам некого.
Секако дека има. Мм од пролет до есен е цело време на терен и многу ретко е дома. Се случува да не го видиме со недели. Немам никој кој може да ми помогне и сѐ сама си правам околу детето уште откако се роди. Штом имаш свекор дома добро е, барем имаш уште еден пар очи да го гледа детето додека се истушираш или завршиш некоја работа. Јас и во купатило си го носев и не знаев што е да се истушираш на раат, целосно. Сѐ беше на рати, со трчање. На лекар сама го носев, пазарував со него... Сега оваа година ме чека дупла доза оти ќе имам уште едно... Не се секирај мајка, ќе се снајдеш, веќе си имаш рутина. Паника те фаќа дали ќе можеш сѐ сама, ама верувај дека ќе можеш.
Да се потпишам и тука. Периодов ми е буквално преживување. Се чувствувам како некој да ми ги врзал и рацете и нозете и ме фрлил во длабока вода. А јас се борам да испливам. А се гушам, се давам, ме снемува. Изморена психички од секојдневието, од рутината, бебешки/детски работи, на тоа додади физички замор, ете ти депресија. Не дека преку ден не ме смеат децава, и дека не ме радуваат, не дека и не уживам во нив. Ама! Од друга страна толку се чувствувам неисполнета, заробена, угушена. Па и плус што најмногу допринесува е што малата повеќе од месец дена слабо спие преку ноќ, немам време за себе на раат, немаме време со мм да направиме бош муабет, а да не зборувам за некои подлабоки, поинтимни нешта. Како кога таа на секој пет минути скоро кмека? Арно е темава во категорија Брак на форумов. Мене сето ова многу ми влијае на квалитетот на бракот. А најлошо е што буквално ништо не можам да сменам. Тоа е, тоа ми се опциите, те.немам опции други освен да терам/е вака па до кога издржиме. Неретко кажувсм дека ми иде да избегам. Секој ден, по неколку пати во денот, јас си велам: ќе порасте. Па неретко се фатам како рачунам месеци, тогаш и тогаш ќе имаат толку и толку години. До мене ли е проблемот? До мојот карактер? До што? Знам само и сум убедена дека веќе нема шанси да можам да поминувам низ истото, ни јас, а ниту мм. Бидејќи и тој ја чувствува тежината. И уште нешто. Многу почна да ме иритираат коментари кога читам: ненаспана сум, изморена, вака, така, ама ние можеме, ние имаме најубавата улога МАЈКА Почнав буквално да превртувам очите на вакви изјави. Па што? Мајка сум, па сум роб, па сум жртва, па се гордеам со тоа Јас можам се, јас не сум живо битие, човек/жена- јас сум мајка Не знам ете, пак да прашам: до мене ли е?
Скај секако е до тебе. Но тоа не значи дека кај тебе нешто не е во ред со твојата улога на мајка. Ти драга си 24/7 сама без помош од никого(не го бројам сопругот),одкако си станала мајка. Тој што не го осетил ова барем еден месец,нема да те разбере. САМА со две деца. Затоа пак те нема во темата за снаи и свекрви.(ако ти е некаква утеха а знам дека не е) Околу она "мајка сум,ќе издржам", тоа некако му доаѓа како она "ќе биде мора да биде", кога се тешиме дека по дождот доаѓало сонце. Па секако дека ќе дојде,но не дека тоа е на ред туку неможевечно да врне. Значи ќе пораснат нема се вака да биде. Сега сме врзани во рацете и малку во мозокот,но после следува обратното. Плус,мораме да завршиме со таа реченица,ваљда заради грижа на совеста Ако било себично од твоја страна немало да одиш на второ. Ти си драга само голем перфекционист и доста исрена личност па затоа некои работи ти се потешки и несфатливи. Иде пролет,ќе мрднеме од ова статус кво ваљда. Околу запчињата би ти советувала да земеш мундисал од Грција,па да поспиеш.Ако немаш кој јас можам да ти земам и пратам.Ќе ми биде задоволство. Одкако ја мачкаме малку повеќе спиеме двајцата. Остани каква што си,до тебе е. Сама се бориш но уште малку,после ќе уживаш во удобностите на САМА.
@Sky-butterfly veruvaj,ne si edinstvena.I jas se cuvstvuvam isto kako tebe.Vcera vo nervoza duri si rekov "nalet i dete i se"... Sigurno nekoj ke me osudi za izjavava oti zvuci sebicno,bedno,ama gajle mi e. Verojatno ovaa faza od zivotot e edno golemo iskusenie. Isjusenie za zenata kako majka,sopruga,domakinka. Brakot na momenti ni visi na konec,no ne zaradi sustinski pricini,tuku zaradi novite ulogi koi bogami baraat mnogu odrekuvanja i se po red. Mene vcera mi idese da izbegam na kraj na svet. P.S.Na momenti si vikam dali sum jas losa,nesposobna ili drugo e problemot. Koja i da kaze deka nemala vakva faza,ke izlaze. Spas nema,ednostavno da prknat pa ke bide podrugo. Togas poàgolemi maki i pogolemi iskusenija...zivot. Otupena sum,nesocijalizirana,nemam vreme za kosa,nokti,oblakanje,sreduvanje... Duri i postov go pisuvam rasseana,nevrzani mozebi misli....
@galapce @PUPICA ви благодарам Ми требаше ова да слушнам, за малку утеха барем. Ќе се издржи, мајки ли сме, шајки ли сме? (ова смајлито на крајот е "од мака се смеам")
@Sky-butterfly како јас да сум пишувала. Толку ми е се монотоно, досадно, еднолично. Се будам без волја за живот едноставно. Знам утре дента пак се ќе биде исто. Надој, смени пелена, нишкај, ручек, бањање и кревет. Само му се лутам на мм дека не издвојува време за мене, а вистина е дека ја чува малата цело време додека е дома. Кога ќе посака да излезе со другарите, да речеме еднаш неделно, јас збеснувам. Кога те прочитав некни дека си седнала да читаш книга си реков бравос, треба јас пример од Скај да земам. Не дека не си го сакам детето, ама мачно е. Си мислам у себе што не си прошетав уште некоја година, што не уживав во бракот. Не ми се кажува на глас пред мм или некој друг од страв да не ме осудат како лоша мајка. Некогаш се радувам кога малата спие преку ден и место да легнам да преспијам, седнувам на фемина. Еве денес на пример си гледав филм. Потербно ми е да разбијам монотонија. Мм нон стоп ме кара зашто повеќе не сум спиела, а јас терам цело време со по 3-4 саати ноќе. Понекогаш за време на подој ми паѓа главата и заспиваме двете на двосед. Сите коски ме болат. Друг пат па кога спие ми недостига. Едвај чекам да се разбуди.
Ах, @Sky-butterfly Што да те тешам кога и мене ми треба утеха. Со вируси сме од Нова година, сега па и инфекција на очи фативме. Сесија ми е на факултет, спремам испити колку успевам-толку. Бременоста ми е дополнителен товар, а хормоните што да ти кажувам...Помош ниту сум имала ниту ќе имам. Читам во темана секојдневно излегување на родителите... Јас се радувам на минималното време поминато на другиот спрат од куќата учејќи, така се релаксирам и бегам од монотонијата, иако и за тоа одвај имам време. Се радувам на 5те минути кога ќе излезам сама до продавница да купам нешто... Дружење, луѓе и такви работи се научна фантастика за мене. Спиење ноќе-сонувам за тоа будна. И јас се тешам со тоа дека ќе помине, само што кај мене многу подоцна ќе помине. Пред да помине има да ве отечам на темава, очекувајте ме од април интензивно кога ќе пристигне и вториот "звучник".
@Sky-butterfly Претходните неколку поста ко јас да сум ги пишала, ама буквално. Само дома дома дома. Зимава ќе не дотепа, бар надвор си шетавме кога беше потопло. Од кога се подразболе сега па и по гости не одам и избегавам да ми доаѓаат. Ко што вика @zuto се радувам на 5 мин излeзена по продавници. Се тресам од страв за здравјето на детето, ама и јас почнав да попуштам веќе. Мм вика што ти фали цел ден си дома. просто неможе да сфати . Да да и мојот брак трпи. И до пред некој ден се трудов да амортизиран, ама веќе не, немам енергија, нека трпи.неможам војна да водам на сите фронтови во исто време. Ај искрено ќе ве прашам. Ви успева љубов да водите нормално и опуштено во оваа фаза, кога бебето е неколку месеци? и не само тој момент. Неможеме ни заедно да ручаме во исто време и тогаш три реда неврзан муабет да направиме. И ко што вика @Eli23 едвај чекам да заспие преку ден, и јас што попрво во тој пола саат. И на крај со една рака јадам, а со другата сум на интернет или на телефон со некој што ме барал претходно зошто тоа ми е единствена врска со надворешниот свет. И после пола саат едвај чекам да се разбуди, зошто веќе ми фалат насмеаните очиња. Ако овие работи не прават лоши мајки, тогаш и јас сум една од нив. Инаку бебе има тт па јас сега дежурам, мерам на секој саат до сабајле. Мм е во другата соба спие, уморен е. И навистина е уморен, но и јас сум. Само јас цел ден сум била дома нели па не ми се рачуна.
Ех незнам дали тука да пишам или во друга тема?! За мене е најубав овој предизвик до сега во животот,е сега нема слободно време како порано но барем не ми е досадно! Инаку мојот така да го наречам сопруг за околината важи како мирен сопруг и посветен татко! Дента ве читав како и колку вашите мм ви помагаат и колку често се карате,и некако тука некаде сме и ние! Он некако во се се меша кога да ја пресоблечам малата,кога да и дадам млеко кашите што сум ги правела не биле вкусни(дека не ставам сол) а малата си е супер си ги јаде,и секогаш е тука да ми каже каде не е чисто како се перат алишта ..... Значи од тој што терба да очекувам подршка пофалба јас го добивам спротивното,уште кога се роди малата сите маки што може да ги помине една мајка ги поминав,кога ме фати поспородилна депресија он секогаш беше тука да ми каже зошто не чинам како мајка! Па си мислев дека претерувам кога ке помислам дека е лош сопруг , за тоа што сите ми завидуваа дека бил мн добар мирен.... На почетокот имаше желба да ја почува малата сам,да ја нахране и сл но во последно време се некако имаше изговор дека има мн обврски , кога ја хране само црка на цел глас како кашата сум ја направила премногу густа или течна и се е некако нервозен со нас. И на крај баш на овој голем празник Богојавление Водици дознав дека тој уствари си имал друга. Почнал да си се допишува со друга! Е некој да ми кажувал немаше да верувам , тоа да ти биде мојот маж! Секогаш потајно се плашев дека нешто лошо може да се случи,некако ми беше среден животот како што замислував имав се....маж кој ме сака* прекрасна керка,сопствен дом.....понекогаш неможев да верувам дека ми е совршено и се плашев дека нешто ке се случи....а зошто сега се одлучил на такво нешто стварно незнам , немавме деца три години останав бремена инвитро,не е лесно ! Но среката што спие до мене нема цена,мајка сум и сум срекна! Секогаш се чудев на тие мажи што прават вакви работи,е сега си го имам до мене си спие како да не било ништо! Тој не направил ништо лошто само си пишел,нема грижа на совеста! Дај ми боже трпение!
Одсекогаш сум се плашела од ова да не се фати маж ми со некоја дека имам среден живот и се што сакам, најмногу сњ плашам од ваквите уличарки што растураат бракови.
Добивање дете е дефинитивно предизвик не само за мајки, туку и за татковци. Како е спомнато погоре дека е искушението за мајката, бидејќи следува навистина тежок период и татковци не се изоставени, тоа е сигурно. Не дека во некој случај го оправдувам мт, туку едноставно барам разбирање зошто се оддлучил на таков чекор, а велиш дека имавте убав брак, се сакавте. Сигурно дека и сега се сакате, ама ете тој на тој начин посегнал да избега од реалноста, од обврски, од промена на живот. Некој ќе рече дека е спремен за бебе/дете, ама всушност додека навистина не се соочиш не си свесен какви се предизвици те чекаат, особено ако немате помош и поддршка од некој друг. Да е тука некој близок, да ви се најде, како јас/ние што немаме. Јас бегам од реалноста така што висам на фемина, се дружам и искажувам виртуелно, секој бара некој издувен вентил мислам. Се е добро додека не е погрешен начин или да почне да влијае негативно на другото. Се сеќавам додека бев тазе мајка со првото мислам бев закачена на фб игри, па и на покер. Некој ќе рече дека не е ништо страшно, ама кога осетиш дека нешто те контролира, ти ствара зависност, па макар и да е демек наивна игра во прашање, тогаш веќе не е наивно. Малку отидов подалеку... Сакам да кажам дека обиди се да го разбереш за да можеш посмирено да пристапиш кон проблемот. Дефинитивно тоа не може да се спореди со зависност од игри нели, ама морате отворено и искрено да зборувате. Сепак се боревте за бебе, можам да замислам дека поминувавте тешки моменти и двајцата, па и инвитро и се, си земало данак сето тоа, после сите нервози. Мора да пронајдеш момент, мора да зборувате, мора да ја прочепкате таа љубов да излезе на виделина. Ако беше навистина љубов, ќе ви помогне да ја надминете кризава. И ние се обидувавме за првото две години, јас бев очајна, мм ми има кажано дека тој е можел да биде и без деца, не дека не сакал, ама не толку колку јас. И него го имам слушнато во моменти на тешкотии, кога поради деца и проблеми со нив и ние се скараме, да каже: налет и деца и се. Не му замерувам, го разбирам, бидејќи и јас се чувствувам така некогаш. Тој сепак избира да е посветен татко и се жртвува навистина. И на него му е тешко, поминува скоро исто што и јас. Ми има кажано дека сум се променила, дека сум понервозна, нетрпелива. И вистина е. А како да биде поинаку кога се чувствувам како во експрес лонац да сум. Се едно завршиш, друго те чека, нормално дека нервозата е неизбежна. И така тоа влијае на се. А тој па не е толку нервозен. Можам само јас да му ја пренесам нервозата и негативноста, инаку не. Затоа велам, да пораснат децата малку, поопуштено да е. Од недостиг на време и бракот го запоставуваш а не си ни свесен, или си свесен како ние во моментов, а не можеш ништо да смениш. На бракот треба да се работи, да се оддржува, да се вложува, а сега е на стенд бај. Не затоа што сакаш, туку не може поинаку. Некогаш се запрашам: што ако и кога децата одраснат и кога ќе имаме тоа време за нас ние веќе толку ќе се оддалечиме со заеднички интереси, со муабети, да нема да знаеме да сврземе друг муабет освен за децата? И некогаш ги разбирам браковите со постари деца. Маж на една, жена на друга страна, секој со своето. Бидејќи се преморени, се запоставени, оддалечени, и кога дојдело време беа изладени за повторно да вложуваат , да градат, да обновуваат? Така, ќе ме извинете, малку размислувам наглас...