Точно во сите ситуации што сте ги пишале се пронаоѓам,само не во онаа каде мм би нашол некоја,а да е така да дознаам мислам дека нема да можам да останам така мирна и да седа со него.Многу сум избувлива и не би можела да поднесам такво нешто. Инаку и јас со дете на маса во една рака тоа,со друга јадам,или на тел.Додека спие пто попрво да нааправам,ама да дома сум јас не сум изморена тоа не се рачуна,како што напиша погоре форумџиката.Абе малце од малце се тешам овде кога ве читам,дека не сум само јас така,има и други како мене. Ова ладново надвор ке ме докрајчи,по цел ден дома.Мм не е овде сега,сами сме.Не можам ни 5 мин да посветам за себе,ни да се избањам како човек,да седнам да јадам,за спиење да не се збори или за други активности. Последниов месец мм сакаше друго бебе и ми вика ајде ке правиме ќеркичка,аха да си викам нема проблем,јас со ова не можам да излезам на крај не пак со уште едно.Додека не тргнам на работа маце да ми се среди животот нема шанси за уште едно бебе.Не дека не сакам,но не можам сега не сум подготвена. Лоша мајка ќе да сум и јас најверојатно.......
Прекрасна тема... Кога ја добив таа најубава вест дека носам нов живот во себе... сеуште и сега мислам дека го носам тоа чувство. Морам да признаам почетокот ми беше доста тежок. Породрна со царски, но со малку повеќе болки поминав од стандардното заздравување кај многу мајки; не знаев кога е 3 часот попладне или 3 часот по полноќ; на секои два часа се измолзував, бидејќи ми беа катастрофа градите, а имав премногу млеко; ме убиваше помислата што сум постојано дома, што не излегував ни свеж воздух да земам од што не можев да се движам... и така одминаа првите месеци. Навистина ми доаѓаа некои помисли во главава, ама пак само кога ќе го видев како спие или како цица... едноставно се' заборавав. Толку долго го чекав, толку сакав да го имам и зарем вакви помисли треба да имам?! Тоа беше мојот штит со кој се одбранив од таа депресија која сакаше да ме надвладее. Сопругот морам да признаам дека помагаше во се ' . Уште кога си дојдов од породување нему му го дадов прв да му стави памперс, па да го соблече и облече. Сакав само да го почувствува она што ќе биде секојдневие. И морам да кажам дека беше прерадосен. Од тој миг некако сам повеќе почна да се посветува на него. Кога ќе заплачеше за доење, тој беше оној кој стануваше и ми го носеше да му дадам да јаде. Не сакам да ме разберете погрешно, ова го кажувам за себе. Во тие мои помисли во кои некако несвесно се жалев што немам време за ништо и се' се случува некако шаблонски и монотоно, во себе сфатив дека тоа е плод на мојот егоизам. Затоа и со тој штит кој погоре го споменав, на тој начин и се спасив од таа погубителна помисла која сакаше да ме одвлече во амбис. Слава на Бог што ми помогна да продрам во себе и да издржам. Предизвиците на родителството се навистина преголеми. И не само за мајката како мајка која го носела во утробата тоа бебенце, туку и за таткото. Баш како што напомена и Скај за бракот дека треба да се негува и одржува, потполно се согласувам со неа. Но сепак мислам дека баш во вакви мигови се покажуваме вистински кои сме. Колку се грижиме еден во однос на друг и пред се колку се жртвуваме. Поточно... доаѓа на виделина онаа вистинска љубов. Зашто само преку маките и искушенијата кои доаѓаат преку помислите, а потоа и преку делата, баш тогаш си ја гледаме големината на душата и големината на љубовта. Не е жената роб, не е тоа. И не знам зошто некои поедини жени кои се во моја близина на тој начин размиалуваат. Двигателот е љубовта, а плодот на ропството од љубов е жртвувањето. Бидејќи жената со самиот чин на породување, а претходно на носењето на тоа малечко во утробата, таа повеќе и на побрз начин ја сфаќа љубовта. Но, што се однесува до сопругот, тие малку разумски прават се. И затоа ние како жени кои ја знаеме и ја чувствуваме таа љубов, тоа треба да го всадиме и во срцата на нашите сопрузи. Секоја жена си го знае патот до срцето на сопругот. Сличниот пат по кој се чекорело додека се стигнало до него пред и во бракот и додека се родило малечкото или малечките. Ова го напоменав се со цел, да си помогнеме едни со други. Ова беше мојот скромен став околу ова прашање. Зашто центарот од каде е се' започнато е само љубовта. Од неа се создала таа заедница на брак, а од неа пак се родил плод, еден нов и заеднички живот. Мислам дека тоа е единствениот предизвик во родителството. Да, постојат непреспиени ноќи, постои болка и пад и повишен тон заради нешто, зашто никогаш не е се бело, туку и црно и сиво, но секогаш да има покајание и взаемен разговор. А за себе... Кога ќе ми дојдеше помисла дека не сум спиела, не со денови туку со месеци, веднаш ја згаснував со друга помисла. Дека, колку е благословено што се родило ова мало човече, дека и тој како и јас сака љубов, сака храна, сака топлина... зашто ова му се и ни се најкратките заеднички мигови кога се бараме најмногу. Ќе пројде и овој период и знам дека ќе го барам повторно. Се одбивме од доење пред скоро еден месец, односно малку пред да наполни две години. И искрено сега посакувам да ја почувствувам таа близина кога цицаше. Таа врска, таа топлина, па макар не би спиела и повторно. И навистина оваа недела има вирус, не ни спие, не сум ни спиена и не сум била ни на работа, дома ми е растурено од што не може повеќе да биде, но радоста е голема. Што го имам до себе. Не е важно ништо, важен е тој. Што Бог ми го подарил да преку него си ја спасувам душата. Преку него да го учам патот на трпението, преку него да го убивам полека сопствениот егозам, преку него да ја учам големината на љубовта, да му ја дадам и нему и на мојот сопруг. Зашто понатамошниот негов живот зависи првенствено од мене. Каква сум била додека бил во утробата, како го воспитувам сега и пред се ' и најважно, каков пример му давам со својот живот. Затоа ако во себе барам некој предизвик кој го карактеризира мајчинството, како една мајка би додала дека тоа е само љубовта. Како мајка треба да ја дадам, за таа невина душа да ја почувствува во себе и да биде и негов двигател во животот. И ако некако би можела да ве поучам од себе и од своето скромно мајчинско искуство.... Трудете се да ги убивате во себе тие депресивни помисли само со позитивни помисли. Борбата е навистина тешка, ама пак победата над нив е најслатка .
Немојте да се поддржувате и да велите дека е најнормално тоа што го чувствувате. Тргајте ги тие мисли од себе, излезете, прошетајте, ако немате никој, оставете ги децата на сопругот еден саат, соберете си ги мислите. Не се препуштајте на негативните емоции, на уморот, на монотонијата... лошо е да кажеш -налет и деца и се. Вашите деца не го заслужуваат тоа. Нема -ама јас така чувствувам и крај. Ќе се трудиш, ќе си бараш начин, еве го моето порасна малку, и ние сами го гледаме немаме помош од никој, па веќе почна да се оддалечува, да си игра само, да се трга понекогаш кога го гушкаме, ова го сакате? Ќе го добиете, и мака ќе ви е. Секој период си има своја тежина и убавина, време за себе треба да се има, но нема колку што вие би сакале и на начин на кој би сакале. Прифатете, не сте сами веќе и нема да бидете никогаш. Немојте времето со нив мижечки и со надеж што побрзо да помине да го поминете.
Ќерка ми наполни неодамна 4. Плосамостојна е, си игра, има другарчиња си одат на гости зимава. И како што пишала Бриџит ми фали сега гњавењето од вашите постови. Ги броеше вчера деновите кога доаѓал викенд за да спиела кај баба и. Сум морала да ја пуштам. А без неа ни е досадно дома со мм. Ја доев повеќе од две ипол години, секоја вечер станував на два саати и одев кај неа во соба. Ама помина и тоа, и баш ми е жал ама таков е животот, бргу минува. И јас им велам на пријателките со бебиња сега, уживајте! Јасно ми е и дека сте не наспани и неизбањати, со сопругот не поминувате доволно време ама овие години се за тоа. Не сакам да паметувам, и мене некогаш се ми излегувало низ нос ама секој пат вреди!
@Bridget време ти е за второ дефинитивно Јас не мислам дека ние се поддржуваме, ние се РАЗБИРАМЕ. Затоа што проаѓаме исто во моментов. Споделената мака е дупло помала, исто како што споделената радост е дупло поголема, затоа е и темава мислам. Да, го поминав тоа со првото. Потпорасна малку, здивнав, и понатаму се грижев за него и правев жртви и се, ама излегов од под пресата под која што бев додека беше помал. И исто така кажав дека времето минува и се заборава. И точно е тоа. Онда кажав како со второто уште повеќе ќе уживам, како нема да се стресувам толку и знаете што? Е па не е така. Пак се стресувам и не сум секогаш насмеана и смирена и не секогаш можам да се справам и да уживам во плачки и захтеви, затоа што не сум совршена. Се тоа што беше кажано: излезите, прошетајте, соберите мисли итн.се јас тоа многу ДОБРО го знам, ма совршено го знам, ама сепак имав негативни мисли кои ги надминував. И сега имам негативен период кој сигурно ќе го надминам. Како и секоја една од нас. И ниедна не се откажала ниту планира, бидејќи да е така ќе беше замината сигурно. И не верувам дека постои некој кој баш секогаш во моментот ги победил негативните мисли, депресија, чувството на монотонија,нели? Тоа е таа борба. И ќе пројде, тоа знаеме. Ама паѓаме, се разочаруваме и стануваме. Како сите други, па и вие што поминавте. Некој ќе реагира со молчење, друг со споделување. Ете јас секогаш споделувам.
Драги мамички... Ве читам и тука и во други теми. Честопати размислувам за предизвиците кои ги носи мајчинството,особено кога и двајцата родители се вработени, на захтевни позиции... Особено што мене работното место ми е во друг град и секојдневно патувам и секогаш ме фаќа страв кога и да размислувам на тема бременост и проширување на семејството... Тоа ми претставува одреден блокатор во сите планови ... А исто така никој од мојата близина нема запловено во вакви води за да црпам искуства од нив, Всушност, прашањето ми е, како се снаоѓате вие што сте вработени,а немате одредена значителна помош од околината... Секако ова не е конкретно прашање, но би ми значело да прочитам некоја охрабрувачка мисла...
Од сите овие постови што ги прочитав уште многу години нема да ми падне на памет второ дете. Знам дека сум себична ама и искрена сум.
Де па и ти. Се надевам не звучиме премногу очајно Како и да е, никогаш не спомнав едно, а и тоа е суви факт: никогаш не се покајав за децата и не би можела да замислам сега животот без некое од нив. Чисто да не ме разберете погрешно. Децата се убавина, ама не е се лесно и тоа е факт. Јас сум секогаш за тоа човекот да си се испита и процени своите можности и лични капацитети за да донесе одлука колку деца да планира. Ако некој смета дека толку му се граници, мене не ми звучи на себичност. Подобро посмирена мајка со едно, отколку живчана со три.
Многу убаво кажано. Мајчинството е најубавата работа во животот ама и најодговорната. Премногу уморна и ицрпена се чуствувам овие 18,5 месеци, а знам дека имам уште многу вакви месеци и за тоа ни јас, а мислам ни мм не сме спремни за второ и поминување на истото. Барем сега за сега.
Мајки бе колку се паничите јас имам две деца едното годинка другото две, со свекрва сум ама поголемата уствари скоро цела обавеза е на мене со мали деца со пелени и еден куп обавези низ дома кука луге се, . Ама тоа е нема назат нема како порано слободно време за себе излегување, децата си го бараат своето ние сакаме нашето, тоа е нормално дури да се навикниме на новата ситуација, ке имаме време за се само трпение, и јас имав депресија и се карав со маж ми се ми беше криво ама се смирив тој во секој момент беше до мене ме подржуваше и ми велеше да се смирам и тоа е помина се
Јас да ви кажам искрено се фаќам во мисла ваква. Ќе ме утепате на сите жалења и плачења мене паметот ми оди на второ. ама вака си викам. Во април треба да тргнам на раб. Ако сега останам трудна некаде октомври ќе го родам. До тогаш некако ќе истераме свекрва сервис чување (ама далечку живееме) од октомври двете јас ќе ги чувам (е добро де може ќе добијам некој тик од што ќе се шекнам малку ама бар на едно ќе ги исчувам) и после кога ќе тргнам за на работа мајка ми веќе ќе биде во пензија, а она ми е блиску. Добар план нели ама после ноќното дежирство и преморот си викам ај не одма. Башка не ми се работи бре на случајот, немам сила, а и царски породена сум. И така значи јас сама си го барам.
Неее, вooпштo. Пoстoвите ви се дa пoсaкa чoвек oд туѓи децa дa бегa не пa свoи дa имa Рaзбирaме тежoк периoд aмa некoи збoрoви и ситуaции кoи ги пишувaте тешки се, и не знaм кoлку сте свесни кaкo делувaaт. Oвa -нaлет и децa, еднaш кaкo пoмaлa, прислушкувaјќи кaвгa пoмеѓу мoите зaрaди финaнсии, гo слушнaв oд тaткo ми. Цел ден сум плaчелa и ден денес кoгa ќе се пoтсетaм не ми е сееднo. И тукa кoгa гo прoчитaв сегa беше причинaтa зoштo се нaжежaв. Oлеснете се, кaжете си, aмa пaзете и нa пoстaпки и збoрoви, некoи рaбoти не се зa oпрaвдувaње. Oд некoи рaбoти единственo aкo се зaсрaмиме, мoже дa ги прoмениме.
Се почувствував и јас должна да "се оправдам". Фактот дека сѐ досега ми е планирано (и првото дете, и второто, и факултетот) , знаејќи си ја ситуацијата дека немам никој за помош е доволен да се разбере желбата и убавината на децата во животот на еден родител. Не ми е целта да одвраќам некој од тоа да створи семејство или да има повеќе деца, а не ми е пак ниту да убедувам да има. Темата е секако за да си ги кажеме маките со кои се соочуваме како мајки. Кај мене лично желбата детето да ми расте во друштво и мојата лична желба за деца е поголема од "маката" која ја имам моментално. Мислам дека нема потреба да се потенцира тоа, се подразбира. Имам веќе кажано дека децата колку не "трошат" исто толку и нѐ исполнуваат.
И јас така си викам, кај едно таму две . Првиот месец беше мајка ми кај мене и најискрено ми беше од голема помош околу домаќинството. Поради доењето и цицање на секој два саати дење/ноќе секако ја видов маката, ама барем бевме најадени и мене ме поштеди од физичкиот замор на кој не бев спремна поради болките од пораѓајот . Пораѓајот ми беше многу тежок и со компликации, ама си викам белким нема да бидам тој малер и вториот да биде така . Потоа наредните 2-3 месеци се погоди мажево да мора да биде нон стоп на терен и да се враќа само за викенд, па свеки идеше два пати неделно и со нејзе таман ќе испазарев, ќе отидев на термини или низ куќа да фатам нешто додека ја игра малата. Е сега последниве 2-3 месеци мажево не е на терен, и иако приватното значи нон стоп работа, сепак полесно можеме да распределиме обврски. Мајка(со татко му најчесто) идат еднаш неделно на еден два саати, ќе испиеме кафе, ќе ручаме и толку. По цел ден сум сама со малата, ама со мажево однапред се договараме за се и си имаме фатено ритам. Кога работи од дома а малата е издигана од ниедно време ја зема со него во дневна јас да отспијам уште саат што ми е најскапоцен час од денот.Навечер во афзата пред бањање кога на нозе веќе не можам да стојам он е шетачот, а и за викенд се труди да шетнеме некаде, да се подновиме и на чист воздух низ природа. И така, празниме па полниме батерии...и се во круг. Целосно сами, ама мирна ни е главата барем. Свесна сум дека едно и две не е исто и целосно сваќам со што се соочуваат оние со две мали дечиња, но не се пазиме. Кога дојде, добредојде.
Ако од досега прочитаното не се одлучивте да не одите на второ,да не пишувам јас за мојата бременост и пораѓај. Шала на страна,доколку решам за второ,би сакала да наполниме барем две години,па да здивнам малку,па јово наново. За второто ќе треба да барам присуство на дупло персонал и плус мажот ми. Во друг случај нема шанси. Ако сака и Бриџит нека ме искара ама се ми е сеуште пред очи. Над двеста инекции,уште толку инфузии. Лузниве унакрс уште кога ќе ги погледнам ми ствараат вртоглавица. Туку за друго влегов ама се надоврзав. Најтешкиот дел ми е што не јаде. Ме облева пот,напад на нервоза и солзи од мака во иста секунда. Друго од потешките работи,што јас како такви ги чувствувам е заспивањето. Обавезно откако ќе заспие го држам десетина минути легнато врз мене и јас полулегната. Прво да се издишам од уморот дур го заспијам а после да уживам во најубавиот дел за мене во мајчинството. Заради се што се деси,не ја почувствував топлината и благодетите при доењето,па вака се трудам да надоместам на двајцата.
Де бре луѓе, ќе не потепате. Неможеш да кажеш на маж, неможеш на свекрва, па зар и тука? Што сме лоши ние Тој шо планира второ, нека иде во попозитивни теми. Еве јас се жалев од моменталната состојба, ама си сакам 3 деца на пример. Како ќе постасувам, незнам и не сакам од сега да мислам. Мислењата во темава нема да ме премислат од намерата/желбата да имам второ, трето дете, здравје Боже.
Е баш испаѓа така. Ми дојде некако лошо ептен, бев искрена па и чувство на вина имам. Налет и темава и моралисти и душегрижници и се.
Не е исто кога моментално се наоѓаш во некоја ситуација и кога после 5 год. се потсетуваш на таа иста ситуација. Никој, барем не од овие тука мајки намерно не кажала "налет и дете и се".
Ај полека без нервирање. Не сме лоши луѓе. Тука сме да си дадеме поддршка и да слушнеме туѓо мислење, исто, слично или различно од своето. Периодот е таков, не за џабе се рекло слатки маки. Не искараа мајки со подпркнати дечиња. Ќе пркнат и нашиве, па после ние на други ќе им кажуваме. И мајките на поголемите деца го поминале истото. И неможе ни една да ми тврди дека ни еднаш не и се споиле жичките во даден момент. Еееее што не прошло, па и овој понапорен период. Некогаш станува полесно само кога ќе кажеш, кога ќе си ја олесниш душата. Па кога ќе каже и друг ми олеснува затоа што сфатив дека уствари не сум била јас ретард или ментална или неспособна,како сакате кажете, која работи цел ден, на крајот на денот сум папсана, а ништо од тоа не се гледа, пак има за чистење, пак за перење, куп за пеглање, пак детето е со мокро лигавче (а му го сменив пред 5 минути) кујната лом ... а јас се истуширав за 3 минути со се коса и не ја исфенирав ми се исуши така(немав време мали кенкаше за цице).
абе напоро е .... ама не сум зажалела во ниеден момент. Двете заедно растат , се сакаат ,заедно играат , се тепаат тоес малово се закача ...се во едно И јас како и повеќето сум сама. Помош од трети лица немам. Со мм сами не сме искочиле бог знае од кога Малава е до 12 во градинка , времето е кратко ама го користам да средам низ дома , ручек да спремам . Да подремам.ништо да непраам. Мм помага многу, греота е да се жалам. @irena.1 денес ми се споија жичките . на -7 степени надвор мраз ,лизгаво ...јас излегов да пазарам со деца прво трчаат по ледот ,ќе се утепаат . малово имаше испад. урлаше во кола .. Стасав во ДМ , почна и таму да урла само што влеговме ...и ајде назад во кола . нејќам да трпам нервози ,плачење ,да ме гледаат луѓе накриво . Си се вративме као што дојдовме во кола . Јас зоврев. ама помина и тоа . Некогаш има и такви денови.