1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвиците кои ги носи мајчинството

Дискусија во 'Брак' започната од Cuci81, 12 август 2015.

  1. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Дека има предизвици-има. Дека сме навикнати на лагодност сме. Да не сме можеле да постигнеме и да сме преморени немаше да мрееме на форумов туку на раце ќе перевме, ќе правеме ручек за утре, ќе принесувавме ракија пред сопругот, ќе миевме плехови и тави од ручек, ќе рибавме тепих на раце.... Завегав...

    Признавам дека сум разгалена, а предизвици тон. Ми треба сон, ми треба да лежам во када, да се нашминкам и нашминкана и модерна мама да искочам ( ама сто пати ќе се препотам дур му ја облечам јакната, па џабе шминка), предизвик ми е и филм да изгледам со сопругот, и да сме интимни со динамика пред да останам бремена, предизвик ми е и да ми е средено дома.
    И ќе се напнам и ќе се налутам на сопругот и ќе се исплачам у бањарка да не ме чујат двацата и ќе дојдам во дневна и тие си играат.

    И седнувам и си велам (ама си се напивам Б6 ;)
    Предизвик ми е да му создадам и одржам ред, да не му дозволам да гледа ТВ, се прашувам дали че го воспитам ко што треба, дали ќе се снајдам со градинка, што ако треба службено да патувам, што ако настине, ќе бидам ли присебна секогаш, дали ќе одговорам на зацртаното да сум прво жена, па сопруга, па мајка, па ќерка, па сестра, па снаа...

    Да, во моментов предизвиците ми се големи колку планина, утре веќе нови, минативе смешни Ќе ми изгледаат.
     
    На Hipster, Espadrila, dunika и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Скај прво ми стисна лајк на постот по што заклучив дека ме разбрала добро што сакам да кажам, за да после ме нарече душебрижник, моралист, па и налет :D
    Ајде да претпоставам што се случило во меѓувреме...добила лична порака (една или повеќе) како тоа она е добра мајка (што никој не оспорува) само онаа Бриџит како и обично сака паметна да се прави, да контрира или навредува. Батали ја, не ја слушај, будала е, или поточно душебрижник и моралист. Во право ли сум? :D
     
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Па не си во право.

    Ти стиснав лајк затоа што те прочитав и се согласив делумно со твојот пост, а немав време да ти реплицирам, а и се мислев дали треба воопшто.
    Со оној дел околу внимавање на зборови и дела пред децата и твојот пример... Се согласувам со него иако сметам дека е надвор од поента на моите постови, ама немав време да се објаснувам дека тоа "налет и деца" (бидејќи јас тоа спомнав со сопругот) не е целосна слика, па сега децата ќе ми имаат трауми.
    Не дека не треба да се внимава. Не треба ни да се скараме пред децата ама и тоа се има случено.
    Значи муабет ми е дека знам, и јас, и верувам секоја друга што пишува тука, што треба а што не треба, ама ете се случува. Живот.
    Никаде не прочитав и добив впечаток дека некоја ќе си каже и ќе се оправда и помисли дека постапката што ја направи е во ред, а не е.
    Затоа кажав моралисти.

    Второ, од 7 до 10 ја успивав малата и бев прилично нафурана кога отворив фемина и прочитав постови, па ме удри еден флеш бек од неискажаното прееска, оти и ми дојде ко да ме удрил некој таму каде најмногу ме боли. А ете мислев да оставам така, да не се дообјаснувам.

    И за оној дел околу добра мајка...
    Знаеш дека воопшто не ми треба некој да ми каже каква мајка сум јас. Знам колку сум добра, знам и кога можам да бидам подобра, а знам и да помислам и дека сум лоша мајка. Па вероватно и да постапам или изреагирам како лоша мајка (сега зависи какви се чии стандарди за лошото де).

    Кога напишав чувство на вина мислев на сите оние што ги предомислувам за прво, второ дете, или воопшто деца да имаат, а не дека имам вина на лоша мајка.

    Поента ми е за твојот пост и како изреагирав дека иако постот имаше смисла сам по себе, некако ја направи и ја сврте целата астмосфера на темава ( која патем не е наменета за гушки и бацки за бебе и не пишував дека поголемиот дел од денот јас ги гушкам и бацувам и ги пофалувам, туку за маки) , со посочување и истакнување на едно нешто да изгледа како тоа ние лошо ги воспитуваме и не се грижиме соодветно бидејќи не внимаваме на зборови и дела. Разбираш?

    А тоа "налет" го прочитав тука на форумов. Не знам точно што се значење може да има, мислев дека го разбрав во контекстот, сега ти ме збуни како си можела да бидеш и налет?

    Мислам дека се опфатив.
     
    Последна измена: 20 јануари 2016
    На Cuci81, ph.orhideja, Glasna и 6 други им се допаѓа ова.
  4. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Налет значи проколнато да е тоа на нешто што мислиш...
     
  5. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Јас "налет" го сфатив како "преку глава" од се' (кога ти е прелиена чашата во тој момент кога е кажано).
     
    На Espadrila, tina-63, mareane и 14 други им се допаѓа ова.
  6. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 20 јануари 2016
    На Espadrila и galapce им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Многу брзо ми поминува времето.Кога наполни ќерка ми 3,5 уште се чудам.Веќе е многу самостојна,сака многу работи да прави сама,мирна е,послушна,си ја преспива цела ноќ,кога се враќа од градинка е бајче,руча и седнува да си игра и да гледа цртани.Ама среќна сум што уште сака да се гушка и гали.Плус се вратив во нормала,не сум веќе со ризична бременост па повеќе работи можам да правам со неа и тоа многу ме смирува и радува.
    И,штом останам на породилно ќе ја оставам домче да седи зошто сакам на двете да им посветам исто внимание,несакам да се осеќа отфрлена,знам дека тој период е многу битен за неа.
    Ама ме прават будала зошто немало да ја носам во градинка,па зошто не сум ја носела кај бабите и дедовците да преспива,дрн,дрн.Ама од прв ден сме со мм сами,сами ја израснавме,ја чуваме а и немам таква потреба,јас ја родив за јас да ја израснам и воспитам па незнам зошто такво нафрлање од страна и такво чудење па и вреѓање.
    Инаку,факт е дека секој период од животот на детето си има голема тежина ама и бескрајна убавина.А тоа неспиење,туширање набрзинка,немање време за себе траат толку кратко и после некое време многу фалат зошто децата брзо растат а тоа време никогаш нема да се врати,останува само во спомените.
     
    На Mekuska, galapce, imelda и 7 други им се допаѓа ова.
  8. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.314
    Нека си остане темата како издувен вентил за мајките, а не солење памет!

    Јас многу полесно се носам со поблемите кога сфаќам дека не сум единствена, кога сфаќам дека таму некаде и некоја друга жена минува низ истото, тогаш работите ги сфаќам како нормални и ги прифаќам како моментални грижи и проблеми кои ќе поминат. И верувајте дека поминуваат, лани во ова време бев споулавеена со дете, несредена во коса, без мерак да си купам било што, со вишок килограми и никаква волја да излезам бар кафе да се напијам со друштво. Бев заглавена во обврски, бев гневна и неспособна да си го организирам денот. Но луѓе, јас не бев лоша мајка, се грижев за малата и се посветував максимално и се радував на растењето, ја сакав и се гордеев со неа! Дури сметам дека бев добра мајка, колку и нескормно да звучи тоа јас сум сигурна дека сум ДОБРА МАЈКА!
    Само има моменти кога се осеќам напнато, презаситно, напорно...е тогаш ти треба издувен вентил како оваа тема (јас така ја доживувам), навраќаш овде се празниш од негативното и се надеваш дека ќе ти биде полесно... и ти е полесно откако ќе си ги споделиш маките!
     
    На eleni27, PUPICA, papillonP и 18 други им се допаѓа ова.
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Е ќе си пукнам, два дена сум со температура, болки во мускулите, малаксаност, треска... А вчера и син ми го префати:envy:
    Го однесов на лекар, само сируп ни дадоа за температурата, ама немам веќе ни атом енергија. Кај јас сум занигде, цела ноќ око не склопив, а он кутриот се залепил за мене, не ме пушта, јас мочам на шоља он ми седи во скут, јас го дувам носот со една рака, со другата го држам а он ме емитира :)
    Не можам ни да замислам како е со две деца.
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Не сум мајка, ама ми се довериле другарки со мали деца, оти осетиле дека можат да си ги кажат маките без осуда. Во ред е да си кажете за чувствата што ве надвладеат. Не сте сами во моментите кога осетите чувство да избегате. Добро е да се има катче да споделите вакви и слични моменти. Не ја слушајте Бриџит, она регресира од зборовите, ама школо е, не кажувајте пред децата. Цел интернет на сите можни јазици ги веќе дава овие катчиња. Супер мајки сте, и нормално е, а со самото барање разбирање покажува колку сте посветени. Кој не сака да знае за предизвиците слободно може да ја прескокне темава. Но никако не смее да стане тема на се ми е супер, па да не може мајка со предизвик да се искаже. Оти сите сте прво сопствени битија со сопствени мисли и чувства, а потоа и мајки. Јас ви се восхитувам, искрено, без разлика дали едно, две или три раснете.
     
    На Hipster, Espadrila, PUPICA и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    @imelda
    "Регресира од зборовите" :^) Превод?

    Темава си е поставена за жалење и така треба да си остане. Имам пишано ми се чини пост тука дека и јас сум минувала низ истото и дека тотално ги разбирам сите, ама преку глава ми е од превртувачи на зборови, или едноставно такви кои читаат збор или два и веднаш им удира на его. Па плачки како јас моралист изигравам, како они се добри мајки, како сум се дрзнала да осудувам и како темава се уништува од такви како мене...преку к.р веќе не ми се ни пишува на форумот.
    За секоја работа постојат граници, па и тука во оваа тема. Сум пишала дека некој според мене преминал можеби граница или е на пат, и можеби наместо -да мила, така е, и јас се чувствувам исто, сосема нормална работа е, треба да се каже -дај да се потсобереме малку, да разбистриме глава, вака не може. Па побогу прочитав како некоја ќе оправдала неверство од мажот затоа што му требало малку бегство од реалноста, а реалноста се децата. И да не пишувам што уште. Па толку тешко не треба да биде.
    И да не се правиме херои оти мали деца имаме. Нема потреба да ни се восхитуваш имелда, а ние нема потреба и до толку жртви да изиграваме. Проблемите може да си ги кажеме, ама понекогаш очигледно е дека проблемот не е само до децата. А во оваа тема тие се ставени на тапет, па не е фер ни до нив, ни до идните мајки кои читаат.
     
    Последна измена: 22 јануари 2016
    На Dreams11, galapce и ivi1987 им се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    А зошто да не стане тема на се ми е супер???Мора сите што сме мајки да кукаме и се жалиме дека е премногу тешко да се чува и расте дете?Сите мајки се различни и различно ги доживуваат работите поврзани со детето.Кога е бебе нормално е и тоа неспиење,нејадење,небањање,немање време за себе,пиење кафе на нога,премор ама не е нож до коска дојдено за да рече мајка ''налет и дете и се''
    Јас гледам по моето дека секој период си има своја тежина ама периодот до 9 месеци ми беше песна,еднаш не се пожалив дека ми е мачно или дека неможам да издржам.После дојде тешкото,вадење заби,адаптација во градинка,проодување,вируси,настинки,бронхитиси и што се не ама пак кога ќе ми дојдеше тешко ќе искочев да се излуфтирам некоја минута низ маало па после терав ко ништо да не било а ете од прв ден сама без помош од макја и свекрва го чувам детето,еднаш не ми избањале,нараниле,прошетале,пресоблекле дете па ете ја порасна а јас сум со второ на пат.
    Сега веќе на 3,5 е фазата кога за секое затоа има ново зошто,па не не остава со мм ни да се гушнеме ни да си направиме муабет,сака цело време со неа да седам и да си играм и да гледам цртани и на неа да и зборам и знам дека и ова брзо ќе помине па следи нов период во кој незнам што ново ќе има ама предизвик ми е,и како и секој претходен позитивен и интересен за мене лично.
     
  13. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    48.916
    Пол:
    Женски
    Секое искуство си е различно луѓе, и секое бебе е различно нормално.
    Еве моето нон стоп сака во раце и плаче, вришти.
    На @mama89 бебето е бубаче мирно.
    Нормално е секој различно да си ги доживува обврските.
     
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.206
    Допаѓања:
    93.573
    За да не и е језиво на некоја мајка кога стварно ќе и преврие тенџерето да се пожали во темава, ете затоа. Јас не сум мајка, па ги сфаќам и не гледам што е тешко толку да се сфати?:^)
    И не гледам од каде потребата да тргаш од тебе и твоето дете кога на светов секој еден случај на мајка и дете е различен. Не си свесна колку може едно дете да биде проблематично, стално болникаво...Ете можеби и мајката е со пократок фитил, па ако се искаже и искука во момент на стрес и нервоза е ЛОША мајка и значи дека не требало да размислува да има дете???
    Јас сум на страната на оние жени кои се прават за своето дете па од мака некогаш и некаде ќе речат АМАН се исцедив, отколку на оние кои се им е СУПЕР, ама уствари ич не им е така, туку глумат финоќа додека детето е со посран памперс и јаде смоки на 5месеци.
     
    На Glasna, bittersweet, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Извини Бриџит, мислев зборот се користи на македонски. Не ми текнува на друг, за ситуација кога во глава се вратиш на местото во историја кога нешто те доболело и те облијат исто така чувствата како што си ги осетила како тогаш со ист, или скоро ист интензитет.

    Темава е отворена за мајките во тешкотии, и јасно дека ќе се концентрира на тешкотии со децата. Сега излегува дека плашат мајкиве момички.Темата свекрви и снаи да седнат да ја читаат ќе раскинат со дечковците? Не. Ако некој рече ми иде да избегам не значи готово, ќе земе да бега. И на нас во слични години ама без деца ни доаѓа на моменти да избегаме од се, па пак сме тука. Ете, за момички што читаат, да знаете дека не е од децата. Луѓе сме. Нормално е. Само тинејџери дејствуваат врз такви емоции, додека ние знаеме дека не е страшно ќе помине, и уште поубаво ќе дојде, па нема ништо страшно и тешење на фемина кога притреба.

    Како така е лесно прифатливо да една жена да може да сака така огнено, па како мајка свој живот да дава од љубов, такви силни чувства да има со таков интензитет, а кога и падне тешко да се очекува секогаш да се „собере„ и никогаш да не изреагира па и малку по бурно?

    Има доволно теми каде дури опиплива е преку екран радоста на мајките. Никој тоа не го негира. Оти една тема да нема каде ќе си се искажат во тешките моменти, без да им се попува како тоа треба да се чувствуваат, оти баш точно така, сите жени се прво луѓе, и различно ги доживуваат малите и поголеми предизвици. И тие мајки кои ќе се пожалат ги имаат сите тие супер емоции и преубави супер моменти, оставете ги жените да ја имаат таа слобода барем на анонимен форум да се пожалат кога им е тешко.
     
    На joy1, bittersweet, papillonP и 7 други им се допаѓа ова.
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    А гледам дека не си ме ни дочитала до крај туку ти паднало во очи само тоа што ти одговарало.Јас затоа пишав дека ''Сите мајки се различни и различно ги доживуваат работите поврзани со детето''.
    А темава е за тоа,секој да си каже што си има и СЕКОЈ ТУКА трга од себе и своето дете инаку која е поентата ако јас зборам за детето на пријателката или комшиката,мислам само да се пишело нешто.
    И да,повеќе од тебе сум свесна зошто сум мајка и моето дете откако тргна во градинка не кренав глава од температура,повраќање,бронхитис,дерматит,гнојна ангина,ужасно болно вадење на заби,детето ми фати рота вирус на 8 месеци кој за малку ќе беше фатален и пак цврсто стојам на нозе и НИКОГАШ не сум рекла ''налет и дете и се''
    А никој не рекол дека ако некоја мајка се пожали тука дека е лоша мајка туку дека не треба да се гледа толку црно на некои мали за мене ситници,кога има многу поголеми проблеми како расте детето,а тоа за што сега корнат коси со мали бебиња понатаму е мачја каша.
     
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Само сакав да потсетам со која цел е отворена темата. Секако, не е забрането и позитивно да се пишува, ама феминката што ја отворила јасно кажува со која цел ја отвора темата.

    Се фативте за тоа "налет и деца ".
    Често сум си помислила, никогаш не сум си дозволила да го изговорам и не осудувам ако некој го изговори. Негово право, негов речник, негово размислување.
     
    На joy1, bittersweet, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  18. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.331
    Пол:
    Женски
    Сте пишувале пишувале ,, од морава до дунава,, аман мора ли во секојаа тема значи да се забега и да се дебатира и препукува до бескрај...?? Посебно некои кој не се засегнати...и да ако некоја нема уште деца и темава ќе ја премисли?? Па тоа се глупости...немора да ја чита воопшто...како што не читам теми за самоубиства или болести или не одам во фемина инстаграм за да не ме фаќа уште повеќе стрвост за јадење...ами темата ИСКУСТВА ОД ПОРАЃАЈ ,А? Секакви има и страшни...и јас трудна што требаше да не одам да се пораѓам или да сњ избрише темата да не се плашат трудните.....ами не отварај не читај и готовво...си има затоа секакви теми во кој секој може да се пронајде...инаку што да кажам...ми се смени животот но не се жалам...јас мн шетав бев нон стоп во кафичи во чаршија ресторани...но сега место по 3-4 саати да дремам низ чаршија одвојам 30мин-1 саат максимум излезам пијам кафе исоазарам нешто и си дојдам...едноставно мислата ми е веќе во синко...да умен е но сепак мисла :) а има време колку и да врескаа да плаче сигурно 24/7 не го прави тоа...ами седнеш на нет пишуваш така? Пола саат - саат отепаш на нет нели? Мажот може јадење да направи нели? Да порачате некогаш и пица ако треба да се опуштите пред тв?или ако сака враце само мм да го подумка па на раат да се бањете коса да направите?? Еве во моментов го дојам со една рака со друга пишувам :) НИКОЈ НЕ РЕКОЛ ДЕКА Е ЛЕСНО ДА СИ МАЈКА НО НАЈУБАВО Е ! НЕ САМО СЕГА КОГА СЕ БЕБИЊА И КОГА ЌЕ БИДАТ 10-15-25-35 ГОД НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ КАКО ПОРАНО СЕКОГАШ ЗА НАС ЌЕ БИДАТ ДЕЦА И СЕКОГАШ ЌЕ МИСЛИМЕ НА НИВ ДУРИ И ОНИ КОГА ЧЕ ИМААТ ДЕЦА- ТОА ГО СФАЌАМ УБАВО СЕГА КОГА СТАНАВ МАЈКА
     
    На mariz, minne992, ivi1987 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Темава е за предизвици.
    А нив ги има и кога плачеме и кога се смееме. Односно и кога кукаме и кога сакаме да напишеме во што уживаме,односно кога компензираме.
    Пр. Налет брзинското туширање,ама вечерното гушкање се надокнадува.

    Јас изгледа поинаку ги разбрав зборовите на бриџит.
    Ете на пример,мене ми дојдоа како да ме фатила за уво ( во позитивна) смисла,кажувајќи ми,свести се.
    Најди си начин за издувен вентил и уживај во овој период со малото.

    Убаво ми е на темава кога читам дека не сум само јас со вакви емоции, дека ако мислам за себе не значи дека сум себична,но и тегнењето за уши ми помага,мада првичната реакција ми е превртување очи.

    Ќе си пукнам што " дозволив" волку да го симнеме хемоглобинот и што не најдов начин да прејаде досега.
    Повторно влегувам во период со карактер кој не си го сакам.
    За се сум јас виновна.
     
    На Kaetana, LivingGlam, iki26 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Е за што си ти виновна бре галапче. За тоа што готвиш секој ден и секој ден го мољакаш да касне. За што се обвинуваш. За тоа што за малку сопствениот живот ќе го изгубеше, за синко да има поголема шанса да се роди и да биде здрав. Ах да си ми тука стварно за уши ќе те фатев. Такво ти е детето. Децата се или јадачи или не. Твоево е од вториве и крај. Ќе дојде ден ќе пројаде. Ти не му скрати јадење, па му падна железото, тоа одбива. Имаме такво бебе во фамилија. Десет месеци е, јадење да не види. Уште кога го седнуваат во столчето за јадење почнува да вреска. Мајката треба да тргне на работа се чуди како ќе го остави, зошто само на цицање е. Моево пак од све помалце јаде, ко врабец.
    Не се нервирај за крвната слика, кога не бива со храна со препарат ќе ја поправите, па не е крај на светот, тоа е. Ајде глава горе, ќе му текне и него да почне да јаде.
     
    На Kaetana, ivi1987, iki26 и 4 други им се допаѓа ова.