Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвиците кои ги носи мајчинството

Дискусија во 'Брак' започната од Cuci81, 12 август 2015.

  1. Cuci81

    Cuci81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    3.830
    На Kaetana, joy1 и redmama им се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    76.226
    Пол:
    Женски
    Sto ubava tema :)
    Mene sega za sega ne mi e mnogu tesko... iako od sam pocetok od 7 sabajle do 4ipol, 5 sum potpolno sama, posle si doagjaat site od rabota umorni, pa jas so bebus pak gore dole cel den. Ne se zalam i od niv, pomagaat koga mozat, kje go zemat gore na 2 saati jas kje si raskrenam dole ili pak kje se banjam kje se sredam :) Mlada si se omaziv, namerno napraveno bebce... koga kje me prasaat breee sto si se brzala tolku, sto ne uzivase uste malku? E da uzivav i predhodno nemase da brzam :D si rekov bolje jas dete kje iscuvam, a i od sekogas sakav da sum mlada majka... :) od 16god ziveev so sestra mi i tatko mi i gi cuvav kako decinja, perev, peglav, cistev cela kukja, na 17g vekje i rabotev i pomagav za doma, pa duri uspeav i fakultet da zapisam (zdravje ovaa godina valjda kje diplomiram)... imam 23god inaku... Sega iskreno so bebe mi e polesno od porano, baska miren bajce e, spie od 10,11 do 7,8 sabajle od koga e roden, preku den spie dva pati po dva, tri saati.. krkac golem e pa nemame i borbi za jadenje, a go stavam vo stolce mora da se jade haha :) Jas uzivam da sum majka, pa za brzo bi otisla i na vtoro bebce, sakam da si imam priblizna vozrast decinja da si bidat kako drugarcinja... E togas kje bide moze potesko, osven ako se padne uste edno mirno bebence :D Vremeto mi e maksimalno iskoristeno, doma mi e sekogas sredeno, ispeglano, zdipleno, a zaspie mojov spanko nemozam da sedam, odma nesto cepkam cistam ili gotvam (obozavam da gotvam, eksperimentiram) :D edinstven problem mi e zdravjevo moe, nemam bas vreme da odam i da se sredam malku, so bakterija vo urina sum nekolku meseci, bezuspesno ja lecam i red drugi problemi... Mladi babi, dedovci site vraboteni ne ni imam na koj da go ostavam bebusov :D i edvaj cekam da se sredi vremevo malku i da setam peski, sakam da pesacam mnogu.. bi otisla od Gazi Baba do K.Voda do kaj sestra mi peski :D
     
    На gjoker4e, kikikikirika, mirandaa и 27 други им се допаѓа ова.
  3. Menasss

    Menasss Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    39
    Хеј темава е актуелна моментално за мене.имам бебенце 4 мес,и уште едно 5 год кое е поголемо бебенце :)маж ми до 16час на раб,истото и со бабите а јас со 34год полудуваам:))Имаат максимално внимание од мама ритуали од сабајле појадок,доење,какање пресоблекување..ручек за фамилијата ..е големо благодарност за пералните и сушарите:)па повторно иста песна за заспивање пеење ,гугање..итн:)и тогаш кога моите маженца ке ме гушнат силно и ке ја пофалат мама за најсупер мама е тогаш верувајте дека сум најсрекна мајка и сопруга .:).си ги сакам моите најмили и СЕ би направила за нив♡♡♡♡
     
    На gjoker4e, Girl-Rabbit, Mhhm и 2 други им се допаѓа ова.
  4. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Искрено, одвај ги чекам таквите предизвици еден ден :l:
     
    На lans, Mhhm, Menasss и 4 други им се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ve citam i uzivam vo vasiot tek na zivot.
    Moeto dete bese bebe mnogu god unazad i bas mnogu, mnogu ne se ni sekavam.
    Sekoja e majka na svoj nacin.
    Se sekavam deka koga go donesovme bebeto doma bese edno mirno, si spiese, tuk tek ke gi poglednese gostite (zboram za prviot den, polna kuka gosti bea pokaneti na rucek, oti neli prvo devojce generacii unazad).
    Koga site si otidoa koga vikna da place, pa ne samo da place nego se trese, vriska, menja boi ili toa mene samo taka mi se gledase i vo taa frka trka dobivme idea so mm da odi da kupi formula.Mu dadovme hrana i zatvori usta.
    Taka i si trgna rabotata so formulata.Prvite 40den. ja ranese mm preku nok, a posle spiese cela nok.
    Ne se sekavam da sum imala nekakov problem. Nemalo bolesti, nemalo antibiotici pa i do den denes nema primeno antibiotik.
    Imalo kaslica, razmursulaveno dete ama za toa ne sum nosela na doktor i po nekoe vreme ke pomine.
    Sami sme ja cuvale bez nikakva pomos. Ponekogas odese na edna nok kaj babi ama toa bilo nivna zelba.
    Se sekavam koga bese 3 meseca nas ni bese nekoe slavje pa ja nosevme so nas. Muzika tresti, ja parkiravme kolickata do muzika, a taa spie li spie.
    Mi se cini deka detevo samo se iscuva. Nikogas nikakvi problemi ne mi pravelo.
    Sega da stane od spienje, a mene gosti mi doagaat, samo da ja gusnam legnata na mojot krevet prodolzuvase da spie.
    Sto ke mu dadev da jade toa jadese (si e meraklika po hrana, taka so slast od mala si mjackase), troska po zemja po nea ne sum sobirala.
    Taka si porasna.
    Greota e da kazam deka kojznae kakvi zrtvi pagale. Ednostavo bese razbrana, umna, dete so red postaven, nasmeana, mnogu, mnogu blagodarna i do den denes e mnogu zahvalna na se sto ke se napravi za nea.....
    Nema nikogas da zaboravam kako koga ke ne vikne vo WC za pomos sekogas ke recese blagodaram mamo, blagodaram tato.
    Nikogas nisto ne zema za nasa obvrska, se si prifati deka e nasa golema zelba i zatoa sekogas za se se zablagodaruva. Se zablagodaruva za raboti koj drugite deca smatraat deka mora roditelite da gi napravat za niv, deka toa im e roditelska obvrska.
     
    На gjoker4e, Alianna, Espadrila и 14 други им се допаѓа ова.
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ја барав темава во бебе,дете,а тука ич не ми текна да побарам.

    Колку мбогу Предизвици сакам да изнапишам и во прв момент нешто ме удира по рака.

    Што се од значење сите исфлекани алишта врз мене,надраснетите влакна по телото кои често знаат да бидат запосравени,косата која одамна наместо да биде украс она само пречи.
    Зарем имаат некакво значење желбите и амбициите,деновите поминати исти еден по друг зарем смеам да им пркосам кога ке се испречи пред вас нешто против кое неможете?

    Не,мајчинството треба да биде уживање,така ми велеа и за бременоста ама што кога рацете ти се фатени?

    Кога разгледуваш наоколу непознати,со дете,ти изгледа како тие да знаат да се организираат,знаат да уживаат едноставно. Прашај оное што ги знаеш,сите на истите слатки маки само разликата е што тук таму,каде повеке каде помалку имаат на располагање и други раце.
    Има и од оние на кои им се само нивните а се што ке улета на час или два секундарно им доаѓа нагон како да ги Злоупотребат. :D
    Ама тоа трае десетина минути,ете половина час оти нели десната нога неможе веке да оди без левата и обратно.

    Како што напомнав,сакав многу да изнапишам ама шлаканиците што ми ги зададе животот толку дозволуваат.

    И да,само нека се живи и здрави. Се друго се надминува.
     
    На TeddyGrey, gjoker4e, mal.ecka и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Jenny22

    Jenny22 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Mene mi e zadovolstvo i uzivam vo predizvicite na majcinstvoto priznavam ponekogas mi e preku glava ama koga ke go zeme sin mi nekoj makar do dukan po 5 min cudno mi bez deteto a po 10 min veke go baram mi fali sum se naviknala da trcam po nego da mu vikam sekoja minuta haha znam majkata pred se e umorna trcaj vamu tamu sekoj den i cel den edvaj imame vreme za nas samite da si se sredime, no sepak majki sme bez tie predizvice ne mozeme.
     
    На gjoker4e, galapce, Girl-Rabbit и 2 други им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.804
    Допаѓања:
    270.746
    Пол:
    Женски
    Убаво би било да се активира пак темава.
    Мајчинстото е долг процес кој не завршува.Мајките не се пред предизвик само додека се мали децата туку постојано и постојано се пред се поголеми предизвици.Предизвик е првото запче,првиот чекор,одењето во градинка,тргнувањето во улилиште,училишните оценки,првата симпатија,првите љубовни солзи,запалената цигара,пробаниот алкохол....
    Убаво би било да се вклучат мајки и со помали деца ,но и со поголени деца,тинејџери,адолесценти...
     
    На gjoker4e, mal.ecka, Kaetana и 12 други им се допаѓа ова.
  9. LilNann

    LilNann Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    На 18 години ми се роди мојот син, тогаш ми почна животот. Се трудевме да го гледаме колку повеќе можеме и јас мм, а двајцата бевме сеуште деца и самите. Огромна помош и финансиска и физичка имавме од свекор ми и свекрва ми, тие ми ги изгледаа и двете деца. До толку многу ми помагаа што и електро успеав да завршам на време, за 4год. Малиот 80% од времето беше кај нив. Се вработив па ја родив ќерка ми, и за неа исто како со син ми, внуците како да ги подмладија трчат по нив, сега сум бремена во трето дете, здравје во март уште едно синче ќе дојде на свет. Децата ми се мене мојата среќа.. Не може мама без нив, мн проблематични се, научени кај баба и дедо се што сакат да имаат и кога јас или мм ќе речеме не одма има плачки . Син ми е многу мирен и осетлив, а принцезата на мама е оѓин и пламен, неуморна е. Се лутам понекогаш за растурените играчки, за нашкртаниот ѕид ама бргу ми поминува . Знам дека еден ден ќе ми недостасува се тоа и ќе дојдат други проблеми па уживам во моментите додека се сеуште мали и палави.
     
    На gjoker4e, SamovilkaH, galapce и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.966
    Sin mi e mojata sreka!
    Go sakam najmnogu na svet, neka e ziv i zdav ama mnogu e los :lol:

    Eve veke 3god.(smetajki so bremenost) kako sum zapostavena 100%.
    Uste vo stomakot bese zverce, non stop bev vo krevet i bolnica, predvreme se rodi tolku bese mal da ti e strav da go podignes, pomos od nikoj sreka so mm se organiziravme nekako.
    Potporasna malku stana nejadac golem, se so sila i nervozi a jas sum panicarka golema sakam da bide se kako sto sum zamislila, mrazam da mi e rasfrleno i odma me faka panika.
    Za izleguvanje i doteruvanje podobro da ne zboram, odamna zaboraviv kako izgleda i ednoto i drugoto!
    I da izlezem nekade prvo se prepotuvam od doma pa potoa i tamu koga ke se razee se kaam sto sum otisla i zatoa takvi kako nas doma!
    Ama pak, ako ne osetime nisto od toa kako ke znaeme deka sme majki.
    Neka dava gospod na site da go osetat toa prekrasno cuvstvo, decata ke si porasnat a nie ke odmarae na stari godini :D
     
    На gjoker4e, Girl-Rabbit, Cuci81 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842
    Не се лутам за шкртаниците по ѕидот. Не ми сметат нити растурените играчки. Знам дека еден ден ќе ми фалат.
    Ми смета тоа што денот ми е краток. Особено зима. Си доаѓаме касно од работа дома. Разносуваме по секции, па да се јаде, па лаф муабет да се видиме и денот минал, а богами и ноќта. АКо си посветиш убаво време со децата, да си помуабетиш, некоја друштвена игра да поиграш со нив, да се гушкаш или пак прошеташ, домот може да остане недотеран, недочистен, растурен. Ако пак се впуштиш во авантурите наречени беспрекорен дом- ќе трпи квалитетно поминатото време со децата. А да не зборам за време со пријатели, дружба со други луѓе- тоа е друга категорија.
    А мајчинството носи многу. Реално секој има или не различна помош од баби/тетки/ сопрузи, но куќата и децата сепак се на жената. Таа е та што го врти семејството. Да се присобере, испере (добро машината пери- ама...), да се здипли, испегла, нареди, да се зготви, да се пазари...хигиена лична (не се смејте ама јас си знам колку пати немиена коса сум шетала во опавче), хигиена на деца, и хигиена на домот.
    Понекогаш мислам дека и да имам 8 раце, моторче во телото не би постигнал пак се онака како што јас сакам да биде.
    Ама пак ќе кажам деца намирени, кога повеќе- кога помалку играени, домот среден кога повеќе кога помалку среден, со луѓе видено- кога по 100 години кога почесто
    И најбитно од се- здравјето. Ма се ова погоре паѓа во вода кога се болни. Ова ме отепува психички, а богами и ко 100 стапа на грб да сум примила. Ништо не е битно.. само здравјето.
    Имам уште многу да пишувам на темава, ама ќе завршам со тоа дека и покрај сите брканици, и сите предизвици, и покрај тоа што се изморувам и сум без сила, контрадикторно е ама ТОА МИ ДАВА СИЛА.
    :l::l::l:
     
    На gjoker4e, dunika, Girl-Rabbit и 15 други им се допаѓа ова.
  12. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Si gi citam 'predizvicite'i vo prv moment si velam,ne sum znaela sto ustvari e predizvik.
    Kamo da ne naucev deka postojat i poinakvi predizvici osven voobicaenite so nemiena kosa i postporodilna depresija.
    Kamo niedna majka da ne gi doziveela i da ne gi dozivee nikogas.
    Nekoi znaat da kazat,gospod im dava pogolemi tezini na odredeni luge oti znae deka ke mozat da se izborat so niv.
    Gospod ni prostuval i namerno ne staval vo iskusenija..
    Vo red se i tegobite i iskusenijata,a sto so onie koi se apsolutno negresni i bezpomosni,zosto tokmu preku niv ni go tovari grbot?
    Grbot ke izdrzi ama e nepraveden za malite dusicki.
    N E P R A V E D E N.
     
    На gjoker4e, Glasna, Girl-Rabbit и 8 други им се допаѓа ова.
  13. LilNann

    LilNann Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Електроенергетика
     
    На Nade-sunrise му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.830
    Пред да станам мајка не знаев колку е силна една жена.

    Се сеќавам... минус 20 степени надвор. Јас одам пешки на работа 40 минути во снег. Подмрзнат. На пола работно време трчам дома. Дојам. Тежат градите. Назад пак на работа. Мислите дома. Во 4 и пол пак назад дома. Дојам. Правам ужинка паа вечера па молам да касне нешто. Бањаме дете заедно со маж ми. Гладни двајцата. Немам кога да зготвам. Јас влегувам дома он надвор. Втора смена. Го гледав само кога бањавме дете. Па успивање. Се бањам и дете веќе будно плаче. Заби излегуваат. Цица цела ноќ. Заспивам на рати у паника дека сум ја згмечила. Спиена вкупно 2 саати станувам и пак на минус 20 у снегот тргам на работа. Работам нон стоп. На никој не му е гајле дали си спиел. Ниту дали боли грб од нишкање ниту дека ти течат градите.
    Радост ми било кога сум јадела. Уште поголема кога дете јадело.

    Сега е подобро. Издржавме машки сите тројца. Пост родилна депресија преживеана со маж ми со мене за рака фатени. Селење 2 пати. Заедно. Јас немаше да застанам пак на нозе без него.

    Не знаев што е љубов кон таткото на детето. Сета љубов порано била лајт верзија на љубов. Сега сме семејство и се сакаме тројцата како дел од себе. Толку голема љубов како оваа не сум знаела дека постои. Двајцата сме заљубени во бебето, она не сака нас, ние двајца со поглед се сакаме... беше тешко. Може пак ќе е... ама ќе издржиме оти сите тројца имаме огромна љубов еден кон друг. Уште знам да испаничам за маалата. Знам да седам цела ноќ да ја слушам како диши. Уште цица ноќе. Повеќе од година не сум спиела а не сум знаела дека можам. Чудо е телото на жената. Живее само за да му даде се на детето. И покрај сите стравови кога треба стојам цврсто. Кога ќе помине страшното пропаѓам ама маж ми ме држи.

    Не знаев порано што е умор, што е страв, што е грижа, ниту пак љубов. Се било бледа копија се до моментот кога добивме дете.

    Секоја мајка е херој.
     
    На gjoker4e, mal.ecka, tarantula и 26 други им се допаѓа ова.
  15. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    2.828
    Пол:
    Женски
    Сега ја видов темава па и јас да се пријавам како новопечена мајка. Бебе е мирно нормално станува на два часа за да јаде , а навечер некогаш знае да врзе и 3 и 4 часа. Мм е до 16 на работа иако поради обемот на работа ретко кога си доаѓа тогаш. Сега за сега помош од него имам само за бањање иако сме скоро 40 дена. Пред некоја вечер го доев бебе , мм спие , бебе си ждригна и заспа и си викам ај да го оставам да одам да ги измијам градите , само што тргнав го гледам цела уста му се наполни со млеко воздух неможе да земе се вцрве целиот. Мислам таа вечер животот ми се скрати за пет години и сега сакам цело време да ми е пред очи. Ама денеска една ситуација ме извади од кожа. Дојде свеки он спиеше и вика ќе поседам јас со него заврши си некоја работа и нормално почнав да чистам да бришам да усисам , викам да искористам кога се понуди. По некое време одам во дневна нејзе ја нема бебе цело исповратено , она во ходникот си се гледа во огледало , да се средела малку. Викам абе нели ти реков до него да седиш , ми се гуши кога повраќа некогаш и коментарот на тоа беше де де ништо нема да му биде. Ми се идеше на клоци да ја избркам. И веќе си реков на никој освен на мм не го оставам . Он додека не е дома секаде си го носам со мене и така и ќе продолжам. Му викам на мм и за излагање со нас ќе си го носиме мирен е. Извинете на долгиот пост ама морав некаде да се искажам.
     
    На gjoker4e, BabyStyle, victoria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Неспиењето, еден од најголемите предизвици. Веќе наближуваат две години како немам спиено цела ноќ. Најкризните ноќи се кога се буди на 15 мин, кога само што сум задремала треба пак да станам. Му викам на маж ми ова треба да се користи како метода на измачување. Може и се користи. Кога толку многу ти се спие, се насобрале толку ноќи без сон и мислиш ќе се онесвестиш, а мораш дете да нишаш. Кога ти доаѓа да врискаш со цела сила, а ја гризаш усната да не пуштиш глас.

    Или кога си болна, ти се врти, колениците ти потклекнуваат, сакаш само да легнеш и некој да се грижи за тебе, а наместо тоа ти мора да се грижиш за некој.
    Кога беше болна првиот пат цело време ми беше во раце, не сакаше да се оддели од мене, ми попушти некој мускул, па кога станував осеќав некоја ужасна болка, како да ми се откинува нешто во стомакот и слободно да плови. И пак ја земав и ја нишав, со стисната вилица. Зашто нема друго. Зашто нема да ја оставам да плаче, а е болна и се плаши. Мајка.

    Предизвици има, среќа имаме сила да ги поминеме, доаѓа од нив.
     
    На gjoker4e, Kaetana, mal.ecka и 17 други им се допаѓа ова.