Алал да ти е за постов. Посебно за болдираниов дел. Јас сериозно размислував да посетам психијатар. Мислев дека забегувам. Често ми се случува да заборавам работи кои се случиле пред саат - два. На сред реченица ми бега мислата и не знам што сакам да кажам (ова ми е секојдневна појава ) Добро е штом е минлива работа. Ух.... Ми олесна
Мајки а пиете ли нешто за енергија,концентрација..билошто?Незнам дали е од уморот или недоволен внес на храна имам чувство како да се губам полека.Ми се тресат рацете,бледа сум,немам енергија и мн ослабнав.Толку сум расеана што си ги фрлив кредитните картици во губре а ми текна на тоа тек после три дена
^ Јас барав нешто за концентрација. Ми рекоа дека сите препарати кои се за концентрација содржат гинко, кое не се препорачува со доење. Така што ќе си почекам додека ја одбијам малава, уште 10-тина месеци. А до тогаш ќе издржиме некако
Искрено не се поднесувам себеси некогаш што дојдов до овој степен.И јас како и повекето се тешам дека е период кој ке помине и дека кај сите е исто.
Не мора да се пие нешто токму за концентрација. Мултивитамините што се пијат во бременост ќе се од голема помош за зголемување на енергија. Патем сите тие се препорачливи и после бременост, за време на доење. Јас пијам бедоксин. Една дневно сигурно. Дека имав болки во желудникот, тешко варење на храна, претпоставив дека е од стрес и умор, па си земав да пијам бедоксин. Не знам дали е поради тоа ама штом почнав да ги пијам подобро ми е. Имам прегназон дома цела кутија ама не ги пијам, се плашам ќе ми отворат апетит :/
joy mor na seta tvoja maka me nasmea so karticite . jade ne se igraj,do kaj mislis taka da slabees??!!? i jas koga jadam slabo se custvuvav taka,celo twlo mi se trese i nemam energija. zeno ne se igraj,moras da jades i zemi b kompleks za apetit, 50 kila se malku plus non stop obvrski so decata do koga mislis da teras taka?
Не сум ни 50 .Еве сега идам од кај свекрва ми и се мерев.Имам 'дури' 45 кг Шокирана сум сама од себе.Посветувајки се на децата,домот и работата во целост заборавив на себе. Денес малата за играње ме разбуди во 5 сабајле.Жими викендот А вечер нема да легнам пред 1 по полнок.Првото утринско кафе го пиев во три напладне.
Леле, леле.......ти стварно си за карање Кога јаде малата јади и ти паралелно со неа, или после тоа, јади почесто, немој да си направиш проблеми со здравјето. Во смени да не работиш?
^ Работам само прва сега за сега.Ослободена сум од дежурства ради бебето.Не е толку проблем јадењето колку уморот.И психички и физички.Денот ми почнува околу 5:30 или 6 наутро а завршува во еден или два по полнок.Цел ден е турбо на сите страни. Пред да останам бремена одев на фитнес,возев точак често и одржував и фигура и кондиција.Имав време за цедење сок,шумечи,шејкови и слично.Сега го занемарив сето тоа.Слабо спиење,нервози колку сакаш,нонстоп на нога и ете до кај дојдов. А се си велам од утре нема така,ке кажам стоп на се.И се лажам себе си
Сите за нешто се лажеме “од утре“ И јас „од утре“ (веќе 2 месеци наназад) редовно ќе одам на фитнес, а не еднаш на 10 дена. Не за друго, грбот и кичмата ме кинат, креветот кај што спиеме со сопругот е ужасен, двајцата сме искривени укочени како старци од 90 години Многу ми помага вежбањето, ама пустото ич не успеваме да се организираме да можам да отидам.
Мајчинството носи поголеми предизвици од немање сон и мала слобода.Како растат така и проблемите нивни растат
Majcinstvoto e eden najubav dar od gospod Eve kako pocna kaj nas-ostanuvajne so mm na ulica bez nisto i nikade nemavme da odeme pa mal period od 1/2nedeli spievme vo kola. Najdovme mini stan i toa edvaj se najde toj,mini kako mini za nikade ni balkon nisto pa ajde dodeka se vklucuja struja izgleda bidna bebuskava(neli ne se gledase pa ) Dodeka se sreduvavme mackajne stan kupi dens edna lazica utre druga i taka. Pomina celi 7meseci veke pocnuvase 8 koga dojde na svet malata dusa i koga pocna ostanatiot del od prikaznava. Od toj miment so predvreme poroduvajne jas sama vo bolnica so malo dete se plasev od polosoto,malata problemi so nekoi reakci koga piese mleko(prekapana bev neznav ni kosa da isceslam od trcaj edno trcaj drugo dtoruku rodena i sijena). Koga dojdovme doma imav mn strav so cicajneto pa potoa koga pocna i kasickite uuuuhhh strav odova strav od ona(e toa da se bide majka) da ne ima reakcija da ne bide neznam sto umot sekade odese. Koga pocna da lazi taa levo jas levo taa desno jas desno(sama doma so malo bebe,iskustvo skoro nemav) Sega koga pocna da odi znae da rasfrla a jas sum edna sto nemoze da gleda lom niz doma,nerva mi ide golema sama se da e cisto i na mesto. So cistejnevo sekoj den cistam nesakam da iga na pod necist malata,e sega rasfrleno moze da bide bidejki si igra malata ama za cisto si cistam. Umorna sum i toa dosta i cesto pa ednas koga imav i menstruacija i gosti na rucek i se pa mu ja ostaviv na mm kako placese(on ne ebrav za smiruvajne i zaspivajne) pa samo 3minutki legnav soba i pak ja zemav nemozev da slusam kako place,iskreno ne ni mozam da oatavam nesto da ne i bide dobro samo da odmoram ili nesto dr da pravam. Cesto znam koga spie vo pladne i jas da odmoram ako veke do tolku nemozam,iako nemam ni vreme za mene da se sredam malce e toa e mnogu retko. Obvrski kako obvrski si ima i dosta ama poubavo od ova cerkicka moja nemam
Ох не сум единствена се тешам. Јас имам само 42 кг. Не сум мн висока но сепак се малку овие кг. А стварно немам апетит. Поручекот обично ми е во 15ч. Пред тоа пијам само кафе и вода. Немам ни енергија ни концентација. Како загубена во свемирот сум. Ке почнам со бедоксин и б комплекс да видам дали ке има подобрување, ако не ќе морам на лекар.
Hahaha ne sum bila samo jas so kg imam samo 50kg a visoka 1i 70 nekogas pojadokot mi e vo 13/14casot i doajga i pojadok i rucek toa a za vecera veke i apetitot mi gine a cesto i zaspivam bez jadejne oti neli umorna pa koga ja zaspivam malata i jas cofinam
Малово живот ми скрати. Сабота саабјле спиеме јас и мм кога слушам ВАММ падна од креветче на паркет. Уште не ми искача сликата од пред очи како лежеше доле душа мала. Едвај ја смирив па фала му на господ беше без последици. Уште не ми е сватливо како падна со крената оградица
^ Уште колку пати ке ни се крати животот ради нив.. Битно добро сте,заборави на останатото.Било поминало,се дешава често кај сите.
Добра тема. Се што изнапишавте кај сите е така или барем кај повеќето. И тоа дека одвреме навреме дека помислувам дека оглувувам, зошто постојано мислам што следно да направам додека можам, да не заборавам нешто, дека лоша мајка сум ако посакам сама на балкон не на друго место 5-10 мин да испијам кафе, дека не личам на себе зошто немам време да се средам и да бидам таква каква што сум била, а највеќе ме нервира истото што го пишавте за сожалувањето, посебно погледот и реченицата е како издржуваш, те жалам. Зошто да ме жали некој, што сум мајка и сама чувам две деца, имам среден живот, кариера одлична? Неее, не ми треба тоа. Среќна сум што успешно балансирам на сите полиња ама греота ако се пожалам и од мм. Двајцата подеднакво сме ангажирани. Мислам дека додека некој не осети не знае која е среќата кога и покрај се, душата ми ја полнат тие 4 среќни очиња. П.С ќе пораснат децата, ќе поспиеме на раат, ќе шетаме, се поминува.