@joy1 во право си, и јас тоа си викам само да е со помин. Иначе мајки ај да не биде темата само за жалење. Еве јас да се пофалам денес спиев до 11.00 часот. Мм се сожали па сабајле кога се разбуди она стана и тој да ја почува. Дури ја прошетал до пазар, вредни биле испазариле ама затоа ми наплати малата со нервоза, цел ден ништо не јадеше. Цел ден готвев и фрлав а богами не ни спиеше
Пред да забееменам за третово и јас бев таква, порано страни си, покасно легни си, наутро кафе до пладне тегни го со саати, имало денови прво јадење да ми е после 22 кога заспале децата. И јас бев преслаба, еден период така нагло доослабев што домашниве ме тераа на лекар да одам да не сум имала некој паразит!? А со месеци секој ден татко ми се јавуваше и ме прашуваше 'јадеше нешто'? Аман јади! Се чувствував изнемоштена, без енергија, без здив, дури од толкава премореност навечер ми се тресела цела цела снага и да не можам да заспијам. Па на своја рака си зедов б-комплекс, ц витамин и една лента железо и ми дојде подобро, но за скоро време забременав и пак почетнички маки како лошење, повраќање, поспаност, изнемоштеност... па поради тоа и го одбив синко и одтогаш барем ноќе спие до 6 без да се буди. Таман фативме некоја шема, денски преспиваат двајцата истовремено по два саати и јас со нив, но од нова година со уште едно и знам што ме чека наредните две години! Но слатки маки се тие, не би го менувала ова доживување за ништо!
еве да не се жалиме јас имам нешто да се пофалам а и воедно да советувам ( ако постои уште некоја како мене ) После долго доење и бидење мнг често дење ноќе, после давање кравјо исто така мнг често само за да презаспива поминаа скоро 3 години и јас не знаев што е спиење континуитжрано повеќе од 2-3 саати ( а беше и мн полошо). пред 10 дена стиснав заби и рекон не давам веќе млеко. Плачеше, молеше и за 5 дена се навикна, Последни 3 дена спијам цела ноќ и не знаете колку сум среќна од сабајле.
Како ли ќе преживеам денес? Цела вечер повраќам, а цел ден ќе сум сама со децата. Малаксана сум. Не можам од кревет да станам.
Да си ми поблизу да земам едно дете (помалото)па ке ги играм денес цел ден, вечер ќе ти го вратам. Ако се снајдеш некако најсериозно ти се нудам
Одма земи смекта, јаглен....и спиј додека спијат и они, дене по лајт и храната нека биде, за еден ден нема ништо да им биде.
Абе тоа ти е свекрва кога ќе ти даде јадење. Мислев душа ќе пуштам. Не знам само колку јаглен смеам со доење и дали смеам да дојам воопшто дури пијам јаглен. Некои од вас знаат дека од месецов немам ни здравствено, абе беља работа. @referentka фала ти за понудата. Господ да не те стави во ваква ситуација. На големото му дадов кроасани, а на малото со кршење банана дур лежам а тоа до мене на кревет застанато. Ќе се снајдеме до попладне, ако не на мм со такси ќе му ги пратам.
Ако нема кој да ти донесе раствор од аптека, земи пола лажичка сол, и пола шеќер, раствори во голема чаша со вода и сипнувај по малку со зор колку можеш. За малаксаноста помага.
Denes dobra sum. Kako nisto da ne bilo. Eden sovet do site od ova moe iskustvo. Posle 12-13 casa povrakanje (od koi prvite se samo vistinsko povrakanje, ostanatite e samo nagon), nitu med. jaglen ne e tolku efikasen kako koka kola. Posle pola casa ispiena mi prekina makata. Mnogu mi znaci sto me mislite.
Сети се што си јадела Мене ми се има случено од храна Мило ми е што си добра, одма се ставив на твое место , со бебе мора да си на нога а еве идат моменти и кога навистина неможеш.
Eve eden predizvik denot mi pocna vo 4 sabajle a koga ke zsvrsi..... ete vtora smena na rabota uste ne sum pocnala a jas zevam. Moeto lavovdko srce izdrzuva
Ама признајте дека колку и да сме уморни и љути и на себе и на бебето и на цел свет, сепак кога ќе не погледнат со очињата се топиме !!! незнам колку пати ми е ,,скиснато,, од СЕ, и има навистина напорни денови. Ние не сме само мајки, туку и домаќинка, готвачка, перачка, чистачка, ЖЕНА ...се во исто време Се смачува играње на толку улоги и пука филм.
Пука филм и те како.Вчера во 11 навечер почнав да бришам прашина.Место да одморам тогаш јас бришав дур сите спијат. Денес мм ги чуваше 3 часа.Толку мн се изморил што спие веке час и пол ко заклан
Мајки чудно ми е малку кога се враќам од работа малава не ме ферма. Ќе се насмее 2 секунди, ја зимам и ме бутка да ја спуштам доле за да прави бељи. Денес и мм кога си дојде беше уклучен тв и она се занела не го ферма. Седеше на хранилка мм сакаше да ја земе, она го бутна као не ми сметај и се наведна да си гледа ТВ.
Срцка мила Мислам дека тоа и е некој начин на искажување револт заради твоето одење на работа. До пред некое време била само со тебе, сега веќе не е, веројатно и треба период да го прифати тоа како нормално и вообичаено. Се случува често кај мали деца
Вака утрински ама ме насмеа, спие ко заклан бре. Мажи. Синко синоќа стануваше на секој час, јас станувам за на работа, станува и тој и му велам на маж ми земи го да се облечам, па ќе го носам на чување и он ми вели ту бре сонот ми го нарушивте. Кој сон бре, јас неам спиено, а на работа сум . Имам пишувано дека син ми од кога е роден јас неам спиено повеќе од 3 часа сврзано, дека како некоја будала дежурам по улиците и во шеталише, мерам улици, барем во Катасер да ме вработеа. Сама си го гледав од мало, мм помагаше, ама се е на мој грб. Сеа одам и на работа, па малце ми е тешко. Ама, многу големо ама, кога синко ќе ми каже МАМА за миг заборавам на целиот умор. Си велам колку сум среќна што го имам ова чудо до мене. Најбитен ми е, го сакам и среќна сум што сум мајка, иако на моменти ми се плаче. Немам време ни да се избајнам, мали велгува во бањата се мокри целиот, уклучува машина. Абе на раат неможе човек да се иде во тоалет, одма машината почнува да пере. Бисери еден куп, синко е во фаза на зборување, ама на негов јазик, оди разбери го. Се осеќам како да сум во Кина. И така, секој ден сум уморна, еве дремам на работа. Битно на мм му се сруши сонот, мислиш Белучи ја сонувал.
Има логика, но зарем волку мала да знае да покаже револт А може и затоа не ми спие за викенди, нели дома сме со мм. Се чудам кога дадилката ќе ми рече дека спиела 3 часа преку ден и плус уште 1 час вториот пат
Не е мала, мислам дека изразуваат такви чувства, само може не ги препознаваме Малиот додека е со мене не е многу напорен, седи и сам некое кратко време по потреба. Штом дојде сопругот се менува во друго дете, бара да биде само во раце, се мази кај него, ако го оставиме сам, плаче одма, и тоа со фаца „зашто ме оставивте сам“. Внук ми некој месец подоцна од оваа возраст (13 или 14 месеци, веќе зборуваше) кога ќе се вратеа од работа сестра ми и зет ми им викаше „бегај не те сакам, викни ја баба“ (бабите го чуваа до 2 години). И му требаше неколку саати да се опушти и да оди кај нив, ги бркаше со раце и нозе, со плачење. Се осеќаат и знаат, само не можат се да искажат како што треба. И нас исто ни се случува преку викенд, не спие, послабо јаде, сака во раце....се мази
А таман помислив дека денес ке биде нормален ден... Порано од раб дојдов,средив и дојдоа гости.И ете ти пак напад силен,агресивен ,страшен.Ечеше цела зграда од неа. Гостите станаа да си одат,мм слезе со малата за да не се тревожи.А јас останав немоќна пред самата глетка. Она вришти,се тресе ја плачам.Од очај,од бес,од што незнам веке како да и помогнам.Каде згрешив,каде ли грешам и понатаму?? На раб пациент ме отера во Пм.Не бев виновна но болката негова и тој ја истури врз мене. Колешка ме моли да и нарачам торта.Нарачав ,платив со мои пари и после 3 часа ми се јавува да ја откажам .Да ти се плукнам во хаотичниот ден