Никаде не грешиш, правиш се што можеш да направиш. Си го штитела и си го штитиш детето. Многу силна личност си, не знам колку си свесна. Најискрено посакувам што побрзо да се опорави малата и да биде се како што било.
@joy1 јас не сум во тек, можеби си кажала, извини. Ме вознемири твојот пост, па сакав да прашам што се случува со поголемата ќерка? И мене секој ден предизвик, како да се остане нормален. Но, толку се гледам себеси кај нејзе како расте, што не можам за ништо да и се лутам. Деновите долги, хаотични, напорни .. вака навечер кога ќе заспие, преморена сум, а намерно не заспивам за да се наситам на тишината. Секое утро ми почнува со магнезиум за да можам на нози да застанам и со најубавата насмевка на светот. Секое утро без исклучок се буди насмеана, тоа ми е како поклон за да ме залаже што следува после тоа. И јас имам чувство дека овие скоро 20 месеци сум само мајка, имам чувство дека и идентитетот си го изгубив ама се пронаоѓам во нејзините очи, па се смирувам дека е период кој ќе помине . Низ се би пак поминала ама барем малку помош да имав.
@Nova откако примивме ммр пред околу 8-9 месеци се изремети начисто. Епилептични напади,пореметување на говор,губење во просторот и што уште не.Физички е присутна но психички мн пати не е.Скоро 20 дена беше ок се до денес кога беше страшно.Очајна бев незнаев како да ја смирам.Агресивна беше и сакаше да се самоповреди.По 20 мин како ништо да не било. Тоа е накратко..пишував во друга тема поопширно.
Многу ми е жал! Многу! Ќе се молам да е само моментална реакција и дека ќе помине ... Уште ја нема ќерка ми примено, веќе не знам што со себе. Па се додека овие месеци читам, на неколку пати сретнав постоеле хомеопатски "лекови" кои прочистувале од вакцините. На фб има група Здравје во игла не влегува; ако не сакаш јавно, пиши им анонимно, мислам дека таму коментираа неколку пати за тие "прочистувачи". И уште еднаш ќе кажам дека ми е многу жал, со надеж дека хоророт ќе ви заврши.
Леле колку е напорен деновиве И дење и ноќе. Нон стоп се буди навечер, одма се расонува, тешко заспива.....исто и дење. Се утепавме од нишкање, ми се чини цел ден и цела ноќ клацкам, пред очи ми е ко морска болест да имам, и кога не го успивам ми се ниша све пред мене. Не сака ништо, ни во дубак да седи, ни на кревет со играчки, буквално ништо, само во раце Не ме остави ни јадење да му спремам, одма ме влече за ногавица од тренерките и плаче. Не дај боже јас да седнам да јадам, ау, аларм мислиш се уклучил. Само надвор кога е ќути и ужива Излегуваат двојки доле, ама мислам дека 3 недели минимум го мачат, многу долго некако Се надевам само што е можно побрзо ќе излезат, мртва уморна сум, а и малиот се мачи.
Деновиве жива не сум. Не живеам туку преживувам. Ма убедена сум дека сум во депресија. На малава и се засилија грчевите, мислам и ден и ноќ ги има, од што се мачи не може ни да цица. Па и недојадена е, па кенкава. Јас очајна, не можам веќе да се контролирам. Па и со мм се скараме од нервоза, па и пред син ни, па после кукам и очајувам дека за ништо не ме бива, каква мајка сум итн. Ви велам, тотално сум даун. Оф многу е тешко да си мајка! Јас велам дека сум остарена десет години за овие два месеци, мм вели дека баш сум разубавена, ослабната сум била. Па нормално дека сум ослабната - од нервози. И за тоа се скаравме оти ништо не ме зема за сериозно. Па барем нека си ќути да покукам, не мора да ме "теши".
Лелееее ама буквално исто се однесува и моето. Како јас да сум го напишала постот. Ја гледам возраста на твоето, рачунам возраст на моето и до ден се исти. Хахаха. Може заедно сме ги раѓале. Моето кога ќе ме грабне со тоа рачињата, ако пробам да го спуштам од раце, мислам маица ќе ми искине. И како сирена да има во уста. Нон стоп тревога, кога не е во раце. Крени го прекинува.
27-ми Септември е роден Ова моево е ептен сафра, после 5 минути и во раце го фаќа нервоза. Ама ако го спуштам плаче, кенка во раце и само се тегне за надоле. Ќе го ставам доле да оди, сака да седне и да ги брка сенките од лисјата на дрвјата, има карши зградата и многу му се интересни кога му мрдаат доле на под. И така борби си водиме деновиве. Нит се води нит се тера последниве неколку дена Не дека е нерасположен, он си се смее, си игра, само да не го оставаш сам и бара да го анимираш нон стоп, нема седење и дремење, мора да се учествува во играта . А јас сама сум скоро цел ден со него, сопругот дури после 17:30 се враќа од работа Не можам од него ни ручек да направам, ни садови да измијам, ништо. Налет се, ни за него не можам да правам, треба да се лупи сецка, да се вари, да се пасира...... Ни под разно не можам нешто да правам додека е буден. И мислам дека ќе се хипнотизирам веќе од "Twinkle twinkle little star" и "Little snowflake" Кога кенка му пеам се смирува некое кратко време, и плус за успивање (долг процес последниве денови)
Верувај се е исто и кај нас. Со една "мала" разлика. Јас имам уште едно, скоро тригодишно, што си е дома по цел ден.
@green.eyes isti sme bukvalno,samo so razlicni pesnicki ahahha se mrdnav eiiiii epten e kenkav i on neznae sto saka i se mora da ucestvuvam vo igranjeto inaku mi gi nosi igrackite i prai nekoi faci kao demek epa ajde mamo igraj se so mene sto si sednala i dremes. @joy1 ti si mi sekogas majka za primer, prekrasna, xrabra i silna licnost si,ke pomine i ova mila ne se sekiraj daj boze period da e, neznaev za malata sega procitav i bas mi e zal sto na site trcanja moras i niv ova da minuvas. i se sobra i na nea nekako naednas,doaganjeto na bebeto,vakcini i se na kup a deca ko deca. ke pomine periodov mila,ke ostane samo loso sekavanje,veruvaj,samo bidi xrabra.
lele majki zivotot mi se skrati utrovo,sedime so sveki pieme kafe i na sin mi mu se prispa i go zemav da go odnesam da spie,go staviv vo krevetceto,duri spustam kolickata,samo sto se zavrtev toj se potturna so nozete i se prevrte od krevetceto dolu na plocki a vicoko e 80cm,padna direkno na glava pa se ispruzi celiot. se preplasiv epten,go zemav i vednas mu go izmiv liceto i go iznesovme nadvor za da ne place,da se smiri ama ima dzumka na glavata. i normalno posle sekoe paganje kako i site deca,zaspa,spiese pola sat i eve sega dobar e se igra.
Од сабајле како два дена да поминале. Малава стана 01.30 па 05.30 и потоа се лесна дремка. Да сум до неа(јас на спална она на креветчето) ќе ме види и одма продолжува, знае и до пладне така да си спие со паузи за цицање, ама доколку сети дека е сама уклучува сирената. Знам после ќе одиме до едно езерце на ручек, па викам со ред да си ја фанам работата. Првен удрив брз туш па назад да ја нишкам во креветчето, па се вратив коса миев па назад да брмчам со фемот (си ужива во звукот за среќа), па пеглање коса и пак назад. Потоа ај да направам нешто за јадење и слушам детево плаче а мојов и зборува. Си реков ај ќе се справи нека го. Детево почна засилено да плаче си викам сигурно ја зел во раце или ниша креветче. Едно време слушам од она хистерично плачење, она што иде у тандем со помодрување и оставив тоа пишиите и трчаница во спална. Она помодрена веќе рика плаче а вој застнал над неа и зборува уште: Тишина, сега нема плачење. Ама онака смирено сталожено а детево завива . Па и појадокот со трчање спална-кујна, па доење, пресоблекување, масирање, вадење мрсулчиња. Како терапија за успивање ни беше машинчето за депилација. Тоа брмчи, јас се средувам а она пресреќна. Еве ја заспа па и на мојов едно предавање му удрив како се постапува во случај детето да вришти.
@N.Kety добро ли е бебуш ?Мн од височко паднал,срценце @danichap сите мажи се вакви флегми.Ај да не се навреди некој би рекла повекетто мажи.Вчера ја оставив помалата мм да ја чува и нахрани.Му спремив една чаша со каша.Се јавувам и прашувам колку јадела он ми вели пола часа,јас пресрекна.Идам дома гледам чашата со каша полна,дали три лажици изела .Ете што било за него пола изедено..
@joy1 fala mu a gospod dobar e,si jadese normalno i eve se brkame niz dnevna,jas lazam a toj lazi po mene i demek me brka i vika av av av ahaha zima smea e dusa mamina. haha i mazot mi za jadenje e ist,kolku jades pa pola i poveke a toj nekolku lazici mu dal i na prvoto vrtenje glava deka nejke da jade on prestanuva.
Ви завидувам на сите мамички чии бебиња лазат Јас по цел ден ја паткам.Нит оди нит лази нит дубак сака да види.