Син ми на две години и пет месеци почна да кажува за какање и мочкање.Напната ситуација од страна на свекрва ми.Абе кој ја "мати"
А мајка ми што му даде да проба кафе на детето Да пробал со прстето и брцна во нескафе, па фино го излижа. Уште ми вика, да му ставам во неговата чашка? Не бе, остави, ќе му смучкам едно фрапе, да пивне детето. И после зошто не сум им го оставала да го чуваат Дај отворете тема за бабите и нивните бисери, да не се жалам овде.
Пред да останам бремена со првото очајно сакав бебе.И,се случи.Бев пресреќна.Имав хорор пораѓај,паднав во депресии после тоа ама среќа брзо помина.И имав прекрасни 9 месеци дома со малата.Да,ненаспана,преморена ама најсреќна.Ама кога почна во градинка почна и хоророт,цело време болна,вадеше заби,не спиеше ич убаво и се така во круг.Кога почна да проодува научна фантастика ми беше да испијам едно кафе на раат или да се истуширам без да ме пресечат на пола пат Еве веќе полни три години растеме,се чуваме и веќе е во тој период кога има страшни тантруми и хистерични напади и секогаш си викам дека сум најлоша мајка и дека незнам да си го воспитам детето.Пред некој ден ми направи сцена во маркет зошто немало Бони топ и зошто не сум сакала да и ги купам сите 10 чоколатца животински царство што ги собра на каса туку само едно,две Цело лето на месец дена размак она е со гнојна ангина или црвено грло и нон стоп е со антибиотик и уште коментари од типот: Е,аман бе шо напраивте,се сте болни Сега пак бремена,ненаспана,изморена од ништо ама уживам во времето поминато со неа,освен во моментите кога се треска за ништо од земја Дефинитивно најтешката улога во животот е мајчинството ама сепак е најпрекрасната и покрај се уживаме во таа улога
Ова не е некој предизвик што доаѓа со мајчинството, ама како мајка и трудница мислам дека е голем предизвик за мене. Планирам пак да се запишам на факултет годинава (вонредно) и држете ми среќа да ме примат.
Ооооо zuto ова е предизвик на годината Деновиве наслов неможам да прочитам од син ми, а не страна. А пази го мм, вика ај и така си дома по цел ден помогни ми околу работава, ај викам важи што треба. Епа од околу 1000 слики да направиш селекција на стотина по одредени критериуми и тие да влегле во некоја брошура таму. Оооо недела помина јас неможам да ги прелистам уште сите слики а не да ги селектирам И имаш коментар де бре што направи со сликите, па кога спие помини ги . Аха а куќата, а јадењето,а алиштата на жица
Знам ирена, најголемиот предизвик е тоа што и јас сама го чувам, а за некои 7-8 месеци ќе стигне и второто. Помош јок! Ќе видиме како ќе биде, можеби навечер пред спиење ќе подчитнувам по некоја страна. Ама многу се радувам и сум возбудена, како да сум го завршила Само уште да ме примат (само 3 слободни места има за вонредни) А за сликите...телефонов ми е блокиран од слики и видеа, уште не дошло ред да ги префрлам. Исто како што ја опишуваш ситуацијата е и кај мене.
Кажете ми дали и вие преживувате трауми првиот ден кога одите некаде? Кај мајка ми 7-8 пати одкако е родена, во јули месец во Грција и ете сега на продолжен викенд. Секогаш и секаде првиот ден/ноќ ми е хорор! И утре ќе биде ама не толку изразено. Како збесната е и не знае што со себе! Сака да трча, па до водата, па назад у собите, па по улиците... Не сака да спие, ниту да седне да јаде .. Како од планината симнати сме. Знам дека е до промена на климата ама некогаш ќе треба да идеме на два дена, јас не се осмелувам.
Нова средина и е и интересно и е. Нормално е тоа. Мислам дека тоа го прават од среќа и дека нема место за грижа. Мојот дури се случува и да не преспие преку ден...да не пропушти нешто
Последниве недела дена успивањето ни е хорор, и дење и ноќе Од кога има 5 месеци па наваму кенка кога почнуваме да го успиваме, пошто нели сака да си игра, некогаш малку ќе поплаче ама се смирува и после некое време заспива. Леле деновие како плаче Со солзи, со мрдање ноџиња, не можам во раце да го додржам, за малку ќе помодреше од плачење и врескање Почнаа и мене солзи да ми течат. А му се спие, очињата затворени му беа за спиење. Ама не и не, не дава да се успие никако Нормално е ова, има некој вакво искуство? Совет некој што да се прави?
Јас син ми не ни пробувам да го успијам без да скенка за спиење. Го оставам во креветче и си игра. Сега се врати на старо, се врти во кревет и кога ќе се измори сам се успива (едно време сакаше во раце да заспива). Ама и да му се игра и до 11-12 не го дирам (иако не се случило толку касно да седи). Дури кога ќе скенка успивам Пробај да го чекаш асално да му се приспие па да го кутне, ако му се игра нека игра.
I sun mi kjenka I priplacuva ponekogas pri zaspivanje - taman mislam e gotov, koga sam ke si se rasoni so placenjeto. Togas na kratko mu go trgam vnimanieto so igracka, pesnicka na mobilen ili slicno, mu davam da cica pa pak od novo... Nema drug lek.
Го чекам да му се приспие убаво, пред да почнам да го успивам се прозева, трие очиња, легнува на кревет.....Го земам ли да го успивам, се расплакува. Не се расонува, ама плаче и вришти. Се надевам период му е, му излегуваат запчиња, обично е покенкав тогаш, ама ме загрижи последниве денови, многу плаче кога го успивам.
Обиди се смени му начин на успивање. Мојава смени едно 4-5 пати до сега, баш тој период почна да менува, околу шестиот месец. На пример легни и ти до него на спална и тапкај по газето. Ќерка ми имаше фаза кога така легната до мене на страна ми се пикаше во лице, па дури и ме фаќаше со рачињата од двете страни на лицето за да не и избегам ...Ти најдобро си го знаеш детето, менувај финти што мислиш дека ќе упалат.
Денес прави 11 месеци Обично си играме на спална, кога лежиме ние до него со сопругот он си игра, и на тоа го асоцира лежењето на спална, од секогаш спие само во неговото креветче. Никогаш не сме имале проблеми за успивање, и денско и ноќно спиење, само кога вади запчиња потешко заспивал, ама без вакви драми, не знам сега што му е Сепак ќе пробам, не се губи ништо Инаку, треба да му сменам начин на успивање, да се успива сам, зашто треба да тргне во градинка од Октомври, ама некако во моментов ми изгледа невозможно дека ќе научи до тогаш. Се преморува со играње, трчање, го оставам долго време буден, не бре све му е поинтересно, многу е трагично кога треба да се спие. Фала ви на сите на советите
Искрено, цела сум испаничена, не знам кај ми е глава, дали од хормоните, не знам, се уште не можам да си дојдам при себе, постојано се прашувам дали сум спремна, ме фаќа паника, се молам побргу да ми помине ова чувство, а хормоните вака ќе ме докрајчат, не можам сама да се поднесувам.
Аааааааа ќе полудам. Бевме на одмор и се убаво и време и вода, ама јас едвај чекав да си дојдеме да одморам малку. Малото непроодено цело време или во раце или во количка. Големото нит јаде само ни пие само. Ако ме верувате се туширав со малото во раце т.е. двете заедно. Коса се немам една недела измиено, оти треба во 12 навечер да ја мијам (предлог на мм, да сум се бањала кога ќе си легнеле децата) и со мокра да си легнам. Е кога ќе спијам беее. И тие неколку часа за спиење што ми се малото станува за цицање на пола/еден час. Дури од премор ми се случува лебот во фрижидер да го ставам, да исфрлам нешто што не е за фрлање, еве влегов да се бањам ама косата со шампон не сум ја поминала, се суши и пак е мрсна. Дури се плашам да не направам некоја голема глупост од вака механички што работам. И капак на се мм го исфрлил кесе со документи од по лекари, извештаи, крвни слики, картони за вакцинација...