Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвиците кои ги носи мајчинството

Дискусија во 'Брак' започната од Cuci81, 12 август 2015.

  1. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    И јас наместо бољер за да ја избањам, сум пуштила рерна. Кога почна да не се диши дома, приметив дека сум се спремала за печење. :sweat::hai:


    Секојдневие.
     
    На Bozica1980, karak, anel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Mi se cini deka se mozam da izdrzam,za se ke se izorganiziram,no samo koga imame problem so zdraaavjjeto toa nemoze srcevo da go podnese.Radi toa ja imam i panikava mi se cini.
    Imav pomos na pocetokot od sto morav radi vtorava operacija sto ja imav na ne polni dva meseci po porogaj.
    Sega sme sami.I mm ponekogas se slucuva da ne si dojde po 36 saati ili vo rok od dva dena na saat dva.Ili samo za spienje.
    I togas ke izdrzam,no nemozeme da izlezeme od doma.Zdravje koga ke ppcne da sedi mi se cini ke bide poinaku,ke mozam da go vozam a do togas i potesko da krevam,taka da uste edna poolesnitelna okolnost.
    Osven zdravjeto kako najgolem predizvik mi se i vakcinite.
    @joy1 i jas ovde prv pat procitav i od um ne mi izleguvate.Se nadevam deka ke se sredi.Tolku si solidarna za site nas ovde,i kolku ni pomagas,gospod da ti vozvrati.
    Nie posle desetina dena konecno zaspavme porano.Zaspivavme vo 01 a vecerva vo 22.Ne se vinovni decata.Nie em sakame da izlezeme,ama stom ne se pribirame do kaj 20h normalno deka nema rano da zaspijat.
    Predizvik mi e i voveduvanjeto hrana kaj maloto.No po se izgleda ako prodolzam da pisuvam ke izlezat uste mnogu predizvici.
    Neka gi cuva gospod od ona sto nemozeme nie,se drugo mi se cini deka ke se izdrzi.
    Koga nema da se izdrzuva ke si poplaceme ovde po malku,po doma malku poveke i tieke porasnat a nie ke ostarime.
     
    На danichap, Cuci81, irenna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.726
    Допаѓања:
    322.821
    Верувате ли дека сум на одмор и дека незнам како се викам од бесно трчање од студио до плажа и обратно
    Црна сум како циган...ќутук !!!
    Ама тоа не е од што се сончам, туку од што киснам во вода...па до неа на песок додека си црпка со лопатката...а она шетка и црпка наоколу не седна на место
    Ослабена сум и оцрнета и делувам како чварка.;(
    Ама не се предавам
     
    На Cuci81, galapce, Neodlucna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    јас стварно не знам зш на одмор одиме?!! демек сме биле на одмор, малтретажа :( па тоа враќање на пладне по најголемото сонце, па собирај купоби играчки пешкири чадори итн. натоварени ко магариња па и него во рака. одмор??? не е ова одмор драги мои. му викам на маж ми и сериозна сум, да имам друго дете не одам на одмор 100%. нека оди он со едново јас со другото дома ќе одмарам.
     
    На danichap, joy1, Rabbit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    46.078
    Пол:
    Женски
    Од збор до збор се согласувам со постот на @Neodlucna. Оваа година бевме на одмор, а малата имаше 13,5 месеци и тоа на се личеше освен на одмор. И на мм му кажав дека наредните 2-3г. да не ми спомнал одмор. Се и беше интересно пола саат, сака да оди, а не е проодена, пореметено спиење, ние јадевме како на шилци, 5 дена издржавме и си се вративме. Кога ги видов свекор ми и свекрва ми никогаш повеќе им се немав израдувано :D
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Одиме за да се изнауживаат они и да дишат јод. Доволна причина да се издржи.

    Мојата по плажата и во плиткото беше како Алиса, а среќната фаца сите денови не се опишува. :) Беше 18 месеци на одморот.
     
    На Bozica1980, kjukli и galapce им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.726
    Допаѓања:
    322.821
    Sega se vo takov period decatai odmorot e vsusnost zamor,ama za nivna ljubov ke se smeskame i ke stisneme zabi.
    Zima doaga;virusi i nastinki..poubavo od jod i sol vo kombinacija so sonce za maleckite nasi NEMA
    Ednostavno rabotime na nivniot imunitet
    Pokraj niv i nie ke zakacime i kapenje i sonce..prisilno ama dobro i za nas
     
    На Mrs.Bass, Cuci81 и galapce им се допаѓа ова.
  8. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    ima mnogu predizvici otkako kje stanes majka, ama najtesko mi spaga sega koga ne jade nisto. i ovaa faza trae povekje od eden mesec, a do koga Pojma nemam isto taka i trpenie i sila. mu gotvam sekoj den specialno po dva obroka i sve zavrsuva vo djubre.
    oslabel mnogu i toj i imunitetot a mene dusa me boli koga go gledam taka. ako toj ne jade i mene ne mi se jade posle ednostavno ne mozam
     
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    28.512
    Најубавата, најодговорната, најголемата но и најтешката улога која во животот сум ја имала е тоа да бидам мајка. Не дека очекував дека ќе биде мед и мелеко, но реално ми се случуваат работи за кои не бев свесна дека мајчинството само по себе ги носи.
    Пелени на сите страни, куп алишта кои чекаат да бидат испеглани, неизмиени садови, играчки и реквизити за бебето ја блокираат собата, прашина цела недела неизбришена... Општ хаос. Особено првите месеци дури се адптиравме едни на други... На сето тоа бев спремна и не изненадена. Но ни во најлошиот кошмар не можев да замислам дека цела година нема да сврзам сон подолг од 1 час. Спиењето на моето дете ми беше најголем проблем. Имаше период од 5 месеци кога од 22:00 до 06:00 ја нишкав во раце, штом ја оставав во креветче за 15 мин ми се будеше и пак нишкање следуваше. И се така во круг. Надвор веќе се разденува а јас уште пижами не сум облекла. И ете си признавам овде дека многу вечери сум нишкала и сум плачела. Имало и вечери кога хистерично сум го будела мм со муабет ,,не можам повеќе,станувај и нишкај ја ти,,
    Ако случајно споделам со некого дека досега немаме нормално помината вечер добивав ироничен одговор ,,еее што мислеше ти, лесно не се станува мајка,, И после научив да не ја споделувам маката со никој.
    Ете оваа тема е местото каде можам да си признаам дека сум помислила дека нема да родам второ дете, овде си признавам дека лице мијам во 12 саатот а не кога стануваме, признавам дека имам неколку ручеци изгорено бидејќи нормално нишкав во тоа време, алиштата ми се имаат исушено во перална додека да дојде моментот кога ќе ги пружам на жица, признавам дека ми се деси да лакирам лак врз лак на нозете, признавам дека допуштив мм да ме види неиздепилирана, признавам дека го одбив кога сакаше да имаме секс, признавам дека сум заспиела и без да облечам пижами...

    Но... како поминуваат месеците сфаќам дека некои работи си доаѓаат на свое место. Конечно можам да кажам дека моето дете има ред на спиење, навечер не се нишкаме но даваме млеко, домот заличува на нормална средина, најдовме време и за уживања со мм, научив да функционирам со памлку саати сон. Се надевам дека листата на подобрени работи ќе расте.
    Успат да си кажам дека во моентот пијам ладно кафе сварено од пред 2 саати и споделувам маки овде со вас. А она малото кое ми спие во другата соба е најубавото и највредното кое го имам.
    Убаво денче!
     
    На SV1911, bittersweet, tincemajmunce и 29 други им се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Денес имав закажано на гинеколог и не успеав да појдам оти немаше кој да го чува син ми. Секако планирав да го носам со мене, ама доцна ми заспа и не можев да одам ни со него ни без него.
    И кога ќе ми рече некој, ти си крива ти си го научила само со тебе. Епа се јавив кај тетки, стрини, братучеди...сите се зафатени. А најгласни се за мани наоѓање.
    Се извинувам, морав да пишам, мака ми е многу.
     
    На Kaffe, stefanija70, guguence и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Најголем предизвик со малата ми е нејзиното (не)спиење преку ден.
    Воопшто не спие долго. Ја успијам додека не ја фати сон подлабок ( барем јас така мислам), ја спуштам, ете ја веднаш очите ги отвора. Ме излудува :envy:
    Да сака да поспие сама барем два пати во денот па да можам нешто да фатим по дома на раат, со син ми да бидам, ама неее (facepalm)
    Ќе ја трпам додека ја трпам...ама веќе ми здосадува. Ќе треба друга тактика да применувам изгледа cry it out! Инаку не бива :shake:
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Имaше еднo видеo пo нетoв зa тoa кaкo дa успиеш бебе. Гo пoкривaш сo крпa преку глaвa, му мaвaш шaмaри и тресеш кoлку мoжеш пoсилнo.:tmi: Сaмo пaзи дa не те снимa некoј:!:
    Just kidding
     
  13. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    @snegulkata како и јас после се ова напишано што се случува и кај мене да најдам позитивна мисла?? :( не можам, никако не можам... се трудам, на моменти викам подобро е, но ете пак ја правам таа грешка и почнува да ми фали се. Сега почна да се јавува и планирање на второ дете а за мене тоа е непоимливо...
     
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Додека го пишував постот ми текна на видеото :D

    Не, не, јас културно ќе ја спуштам, ќе и речам време за спиење, ќе ја бакнам и ќе затворам врата зад себе. Ќе плаче, ќе ја дигнам, ќе ја гушнам и пак ќе ја спуштам. И се така додека не попушти и не се навикне. Толку ме излуде |(]:)
    Па нек ми каже некој каква мајка сум јас :devil:

    Ааа па ќе пишам кој победил.
     
    На Mekuska и Kitten им се допаѓа ова.
  15. Mandarinka

    Mandarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Голем (y) за ова.
     
    На Neodlucna, snegulkata, Cuci81 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.956
    Пол:
    Женски
    Има моменти кога посакувам да се веќе големи деца.Хм колку ли големи?Па можеби 10 тина год барем.За да поспијам навечер или наутро,за да зготвам ручек без брзање,за да појдам бар до вц без нив,да ми одморат раце нозе и грб.
    А всушност времето лета но секојдневно не го забележуваме тоа.
    Ние сега се соочуваме со друг проблем.Рецитирање песни,читање и раскажување :(
    Нема мн ефект од логопедот ни од психологот.Таман ке мрднеме чекор напред се враќаме три назад.Трема ја фаќа наутро пред школо мн бидејки знае што ја очекува во школо.
    Утре требаше Ск да бидам на семинар во Институт.Мн се радував но нема да одам нема кој да ги чува.Нмв се навикнав на овие ситуации.
    И така ден за ден времето минува,они растат ние старееме.И секој нов ден е нов родителски предизвик :)
     
    На stefanija70, Neodlucna, mama31 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Откако се роди син ми можам да кажам животот начисто ми се промени.На почетокот се будеше и многу плачеше нишкај по цел саат и дур го оставам одма се буди и ајт пак од почеток.Повеќе од два часа немав спиено.По цел ден сме сами дома.Нема кој ни 5 мин да го земе да идам до вц,а камоли други работи да завршам.Кога спие да направам ручек,да измијам садови,а за кога да чистам нема време.Колку ноќи си имам легнато гладна до него само за да спие,да многу осеќа.Има креветче но само преку ден спие во него,преку ноќ е со мене на спалнаме фаќа за рака за лице и спие.Целата се искривив ама тоа е.За мене време нема,ете понекогаш ќе се нашминкам ќе го прошетам малце,но во град да излезам сама со него не можам,во количка сака но не долго време,и викам на мајка ми на золва ми на другарки но никој не може,сите си имаат работа обврски,ааххх.... Се помирувам тоа е.Со мм кога нема мн работа ќе отидеме до град ќе купеме што треба инаку тој снабдува со се.Ете иде зима ноќите подолги а деновите мали,ме фаќа паника.Синко е се по двор.Кога е внатре плаче за надвор,почнува да разбира.На јадење се ми е во раце,почнува да ми гледа во рацете и во устата,да и тој сака да пробува,да става во уста.Проблем и со запчињата,го нервираат непца има белко тврдо но не пробива.И тоа е секој ден нов предизвик,Ајде сестричка,почнуваат да коментираат.Не не нема шанци,овака сама по цел ден се на мене да се чека охооо,мора до мене да има уште некоја друга жена што ќе ми помага барем неколку часа.А да не зборувам за факултето,да имам еден испит проф.се инати веќе 5 ти пат ќе полагам и не ме пушта.Ама кога да седнам да прочитам да научам нешто,кога нема време бе.ООООФФФФФ СТВАРНО МНОГУ МИ Е ТЕШКОО!
     
    На guguence и galapce им се допаѓа ова.
  18. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Денес првпат после година и нешто влегов да се бањам во полна када. Обично насабајле се туширам а попладне наоѓам време да ја измијам косата и сонував за топла купка. Мм е во странство, детето заспа, ручек нема ама јас сум избањата како човек. Срам ми е да кажам, три слоја кожа извадив од мене :wasntme: :)
     
    На danichap, muchacha_a и joy1 им се допаѓа ова.
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Што е тоа целосно туширање глава и тело заедно? Одамна беше сум заборавила како изгледа.
     
    На Kaffe, danichap, tincemajmunce и 2 други им се допаѓа ова.
  20. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    28.218
    Пол:
    Женски
    Да пишувам мислам можам роман да напишам.А мојот мајчински стаж изнесува скромни скоро 10 месеци.Очекував и бев спремна бидејќи сум ги гледала двете дечиња од сестра ми.Ама не сум била спремна ни 10 %.

    10 месеци како немем врзано повеќе од 1 саат сон,син ми навечер се буди по 100 пати,само што ме фатила дремка станал.Преку ден спие максимум 45 мин откако е роден.Имаше период кога спиев седната со него во раце само за да поспие,научив разни нинџа потези за да станам од кревет а да не го разбудам.На почетокот мн се нервирав и плачев бев во блага депресија.Ама како поминува времето се привикнувам на све.Количка не сака да смисли па нон стоп ми е во раце.Плус,до 15 часот сум сама со него,а после 15 имам свекор,свекрва,девер што чекаат ручек,а мм иде во 17 часот.Незз колку ноќи непреспиени за температура,кашлица,после вакцина.Не сум излезена сама без него ич,сила 3 пати по 30 мин,и тоа како на игли што прави,како е и ред др разни мисли....
    Почнав на раб одам само по 4 саати и тоа од 16 до 20.Кога ке дојдам местам кревети,го бањам малиот,додека го средам наместам,цица и заспива.Сум заборавила мм како изгледа.

    Ама можам ќе издржам јас сум МАЈКА,нема предизвик што нема да го поминам.И покрај сите маки и тортури верувале или не се прашувам кога е идеално време да родам второ дете.Некако саакам....
     
    На artemidis, Mekuska, zuto и 3 други им се допаѓа ова.