Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвиците кои ги носи мајчинството

Дискусија во 'Брак' започната од Cuci81, 12 август 2015.

  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Еве еден моментален предизвик:
    Мм има некој семинар во Софија, секако и јас можам да одам со деца, што веднаш исклучувам бидејќи не ја гледам поента да се мачам со две мали деца толкав пат за три дена да седам сама со нив во хотелска соба.

    И за мм не е обврзателно да оди ама секако ќе е од полза за него.
    Меѓутоа, јас толку се изнервирав бидејќи не можам да замислам да останам сама три и повеќе денови со двајцата. Да е еден ден ок, да имам барем некој со мене ок, ама овака ме фаќа страв како ќе преживееме.

    Малиот ми е настинат и има ноќни терори периодов, се буди со плач, сонува, трчам кај него, смирувам го, таман си легне па малата почнува.
    Синоќе и двајцата во исто време ми плачеа. Ми идеше и јас до нив на сиот глас да закукам.
    Не смеам да се осмелам да останам сама со нив.

    Па од друга страна имам грижа на совест да не оди поради нас.
    Па пак се јавува внатрешна борба зошто тој може да оди, а не јас?
    Имавме свадба кај пријатели, јас со ептен мало бебе кај ќе се малтретирам, не одев, отиде тој.
    Пак свадба на страна кај други пријатели, пак отиде тој. А толку ми се одеше. И се така тој искача а јас, не дека некој ми брани, ама едноставно не е изводливо со мало бебе, не сакам да го мачам и себе и неа.

    Ете, ми иде да пукнам за овакви работи, не ми е тој крив, туку јас сум незадоволна и себична малку знам, ама сум презаситена од секојдневието. Затоа едвај чекам да порасне малку бебе.

    Од друга страна само си повторувам дека брзо ќе пројде, да уживам во секој миг со бебе, да не ми биде жал после дека летнало времето, ама пак сум стално во некој конфликт со самата себе, со моите потреби, реалноста, мајчинство итн.

    Па и кога на крај ми каже мм: па ти си мајка :@ навистина ми доаѓа да пукнам, не ми е фер некако.
    Голема жртва е да си родител, посебно мајка.
     
    На bittersweet, tincemajmunce, DVAANGELA и 15 други им се допаѓа ова.
  2. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ne si sebicna @Sky-butterfly dokolku pobaras od nego da ne odi.
    Roditelstvoto e za dvajcata.
    Za da se ima deca odlucuvamedvajca.Ako edna majka se odrece od mnogu raboti zaradi decinja,zosto po nesto da ne se odrece i tatkoto.
    Navistina ne e izvodlivo sosema sam so se vika so edno a kamoli so dve,pogotovokoga ednoto e bolnicko.
    Prosti sto te citirav,no me "isprovocira"ona deka se cuvstvuvas sebicno.
     
    На DVAANGELA, makedonkamak и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    И мене не би ми билo сееднo тoј пoстoјaнo дa oди нa рaзни прoслaви a јaс кo "кaзнетa" дoмa. Акo е извoдливo дa oдиме двaјцaтa сoсе дете-ќе oдиме, aкo не или и двaјцaтa дoмa или ќе се менувaме. Нa слaвје oд мoјa рoднинa пример ќе oдaм јaс aкo е невoзмoжнo двaјцaтa. Јaс гo oстaвaв мaлиoт нa сoпругoт кoгa беше мaл, и сеуште кoгa имa пoтребa, нoрмaлнo, зoштo дa не?
     
    На DVAANGELA, Luna91 и galapce им се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    @galapce
    Прееска тој пишуваше да откаже, нема да оди. Ама се изнервирав бидејќи да речев оди, тој би го направил тоа.
    Пак од друга страна ме јаде совест зошто е за неговиот напредок да оди и се прашувам како другите мајки се однесуваат во овакви моменти. Се обвинувам дека можеби претерувам. Можеби требаше да се жртвувам за оваа цел, ама па од друга страна ми е хорор да останам сама. Претешко е. Мислам ќе се шекнам.

    @Bridget
    Ово беа баш случаеви со блиски пријатели, заеднички ама повеќе од неговата страна. Некој мораше да се појави, а најизводливо беше тој. Ама сепак ми е криво, баш ко казнета.
     
    На DVAANGELA, MacenceEna и galapce им се допаѓа ова.
  5. Mandarinka

    Mandarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да си се олеснам. Синоќа заспав дури во 3 сабајле, неможев никако,многу ме болеа нозете.Малиот стана во 7 саат.Станав јас со него,маж ми си продолжи до 9 ипол со спиење.После од 12 бевме на роденден,си дојдовме,ручавме и еве пак он си легна. Уморен бил |(
    Од една страна жал ми е, ај викенд е нека поспие,на работа оди од 7 ама од друга страна ме фаќа лутина. Јас сум цело време со малиот, од спремање за на роденден,пресоблекување,ранење,заспивање а он е тој уморниот.
    Ама ајде мајчинско срце се ќе издржи (да се надеваме) :)
     
    Последна измена: 26 септември 2015
    На DVAANGELA, Sky-butterfly и galapce им се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    @Sky-butterfly јас сум сеуште со едно дете дома и сама со недели, па и месеци. Дење и ноќе. Мм мора да е отсутен заради работа. Кога има шанса одиме и ние каде што има услови, иако и кога одиме со него пак сме сами затоа што тој е зафатен.
    Кога е дома исто не му забранувам да оди некаде. Тој не оди по прослави или кафичи, оди да спортува и тренира (се занимава со повеќе спортови). Дури и кога сака со пријатели да се види не му викам не.
    Понекогаш не ми е сеедно и ме фаќа депресија оти животот ми стана монотон и по цели денови сум сама со син ми. Сами дома, сами на шетање, сами на лекар... Дури и ми иде да избегам од дома барем на еден ден. Ама и кога би бегала пак би си ги зела со мене и двајцата. :)
    Ме фаќа паника како ќе биде кога ќе се роди второто. Маж ми пак ќе биде отсутен, а јас сама со две мали деца...
    Се тешам дека тие ми се целта во животот и дека ќе пораснат. Се обидувам да ја гледам глобалната слика, особено кога сум "нападната" од моменталната ситуација.
     
    На DVAANGELA, galapce и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    39.528
    Пол:
    Женски
    @Sky-butterfly i mm neretko odi na seminari nadvor od gradot . Ostanuvav sama so decava po nekolku dena . I toa dodema malovo bese malo bebe . Jas nemav polozeno , malata morase da ja nosi nekoj vo gradinka pa dogovaraj koj kako .
    Mm neretko znae da se dogovori so drugar nekgov da izlezat dali vo kino dali na pijacka .ama prvo da gi legneme decava pa iskaca . Da nemam dupla rabota jas . I prvo prasuva dali e vo red , dali mi preci i sl.
    Za hobi i slicno sme dogovoreni . Nemoze da odi na fitnes ili sl. Dodeka jas doma sama se raspravam so decava . Kako sto jas sum se otkazala od nekoi raboti poradi semejstvoto taka kje moze i on .

    Vikendi sum jas taa sto ostanuva da pospie uste nekoj saat . Mm iako sekoj den stanuva rano , ovaa nedela od 04h pak stanuva da gi cuva decava . Kje gi sredi , oblece , kje napravi jadenje ...dodeka jas spijam :)
    denes sirot nastinat cel , nenaspan ostana da gi cuva decava dodeka jas spiev . Posle decava legnaa jas gotvoev spremav on odmori malce .:angel:
    si pomagame megjusebno
     
    На galapce, Bozica1980, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Имам останувано порано само со син ми, бевме сами и по неколку дена, и не ми беше проблем воопшто, ама веќе бевме у шема, и сега тоа ми е "piece of cake", АМА со две, едно бебе кое не сака да спие преку ден и кое обожува да е во рацете, и едно 4 години дете со своите потреби, ми се чини невозможна мисија за да преживееме - сите :rofl:

    И јас и тој сме договорени, тимски сме околу децата, ,ама ете се случуваат овакви работи и јас се му завидувам:| Да, да, баш завидувам. Му завидувам на можност да излезе и да си ја излади главата колку и да му било тешко со децата, да прави други работи, да мисли на други работи. И јас можам да излезам и во секое време тој ќе остане со нив, ама мене ми е сепак се околу нив, и што и да правам и каде и да одам се се организирам по нив.

    Мислам, знам дека е период и дека ќе пројде нормално, јас ги сакам најмногу на свет и не би менувала ништо да можам нели (освен бебе да спие повеќе:D)ама ете тоа е она кроз што проаѓам сега, и знам да кажам дека го сакам мојот живот назад :devil:
     
    На DVAANGELA и muchacha_a им се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    @Sky-butterfly што одлучивте ќе одите ли со тато на пат. И ние сме како вас само што јас сум со едно дете. По цел ден сме сами, од работа си доаѓа во 6 и неможеш одма дете да му тупнеш факт. И едвај чекам викенд да дојде, да поминеме малку повеќе време заедно, ако ништо друго и јас бре да доручкувам ко човек,а не со една рака, и овој викен вика ќе одам да спортувам. А тоа спортување е до 12 а кога ќе дојде ќе биде капнат уморен. и ќе спие едно 3 саати и отисол денот. И јас се испонаљутив. Мислам супер е спортувањето, сакам и јас, пред да имаме дете за викенд двајцата не се прибиравме дома. Ама вака сабота јас пак врзана дома, а тој на рекреација, незнамдали е себично, ама мене не ми беше право.
    А инаку кога е работата во прашање, напредокот и заработувачката колку и да ми е тешко не се бунам. Тоа е. Некогаш и дома седнува да работи, па исто ко да не е дома. КОга беше син ми еден месец мораше да оди на пат од 15 дена. Не се побудив, нема зошто, мора така. Мене ми беше страв да седам сама дома со толку мало дете. Уште крварев, па се плашев да не се успијам. И со бебето отидов кај мајка ми тие 15 дена. Мислам буквално куќата ја преселив таму , ама тоа е кога мора мора.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Не мила, нема шанси. Такво малтретирање не ни треба. Ни тој нема да оди. Мислам во моментов побитно е да е тука, отколку да е за неговото надоградување. Ќе има прилики пак, овие месеци нека се стрпи и тој.
    Да мора ок, ама бидејќи не е морално, може да се жртвува мислам :)
    Да имам јас некој да одам, или да биде со мене тие денови и ќе биде возможно ама овака не.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.956
    Пол:
    Женски
    Кога би постоело магично стапче или временска машина би го вратила времето назад за да и го избришам сето патење низ кое минува.
    Патење кое јас несвесно и ненамерно и го нанесов.Незнам веке како да се справам со ситуацијава.Се осекјам како лош родител,недоволно посветен.
    Ја губам битката со самата себе си.
    Не успеав.Не успеав да бидам мајка за каква што сонував.Ме надмудри предизвикот ,ме голтна цела.

    Ептен негативен пост за една мајка знам.Но јас немам моментално никој до мене за разговор а нервите ми попуштиа денес скроз :(
     
    На ivi1987, DVAANGELA и makedonkamak им се допаѓа ова.
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Оф Џој, можеби не минувам низ иста ситуација како тебе, ама низ сличните верувај секој родител минува.
    И милион пати сум се почуствувала како неуспешен родител, и сум била свесна дека сум погрешно изреагирала, или погрешно постапив во ситуацијата, дека сум била лош пример... Ние не сме совршени, битно е да се трудиме колку што можеме. Луѓе сме од крв и месо, имаме чувства, се преморуваме, сме исцрпени, не дозволувај да те некоја грижа на совест јаде. За жал, некои работи се вон нашата контрола и тоа е она што најмногу боли.

    Утре е нов ден, утре ќе имаш нова, обновена сила.
    Нормални се овакви денови, за жал, за секој еден родител (мајка) која што се труди да даде најдобро од себеси, а верувам дека ти даваш се од себе, затоа и се чувствуваш истрошено.

    Децата те сакаат и ти си за нив најдобра мајка, верувај! :)

    Одмори се, не размислувај вечерта, или се исплачи, ќе ти биде полесно, со тек на време работите ќе легнат, ќе видиш. И со малата и со се.
     
    На DVAANGELA, galapce, danichap и 5 други им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.956
    Пол:
    Женски
    Благодарам
    Колку само се надевам на времето,колку само значи таа реченица дека со тек на времето се ке се среди.
    Се фаќам за неа како давеник за сламка.
    За нив живеам за нив умирам ...
     
    На karak, DVAANGELA, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Cuci81

    Cuci81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    3.830
    Така ми пукна филмот уште од рано од сабајле, ми се излегуваше од станот со трчање. Од 7 сум со правосмукалка, крпа, средства за чистење, постилај, дипли, мести, нарани, пресоблечи. За после 4-5 часа работа без да застанам ми речат, ти вака ли ги гледаш децата секој ден (алудирајки на тоа дека не сум ги ни погледнала). Се стаписав. Крвта ми зовре. По цел ден сум со нив. Сакав да исчистам дури има некој друг да ги занимава, ама и тоа му е тешко. И чистам за ним да им е чисто, а не од што јас толку многу сакам да чистам. Ќе пукнам.

    Џој издржи. Мора да биде подобро. Тука сме за тебе.
     
    На DVAANGELA, galapce и joy1 им се допаѓа ова.
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Срце ми се стега кога ќе помислам на ситуацијата. Но, читајќи те, имам чувство дека си жена херој!
    Исплачи се. Викај. И после, собери нови сили. Нема да е така цело време. Ќе се средат работите. Мора да се средат. Само стисни заби и продолжи да си херојот што си! Тука сум за поддршка, или што и да треба.
     
    На DVAANGELA, galapce, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Ве читам за дома, за затвореноста, и највише за тоа дека маживе работат па спортови па кафани и ние им ќутиме бе. Па уште и гои жалиме, работел, уморни. дај јас да одам по семинари и на пат „малку да се уморам“. Значи колку сум фрустрирана немате поим. Исто е и кај мене и мнг сум љута а уште пољута на себе дека по малку по малку легнав на брашното. Уф се мразам себе си!!! Па нејмизерно е дека требале да одмараат после работа и тренинг. А јас што????? Јас живеам во трка, работа, продавница, дома, ручек, чистење па не се бањам да му е..м мајката. Спиење на боцки. И после ко ќе се пожалам одговорот е „се имаш, се ти е дозволено, кога не си излегла, кога не си отишла ваму таму„ да сум отишла и ќе одам дека не се предавам и морам да си задржам дел од животот за себе. А тоа што одам сегде е пак по моја заслуга дека ако одам прво детето ми е нарането, сместено како што треба, дома ми е ок па после одам а и никој не ме прашува дали сум се спремила како што сакам и како ќе одморам после тоа туку обврските течат за мене не застануваат. Жени, ќе речам,глупави сме!!!
     
    На Glasna, MacenceEna, Bridget и 13 други им се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.956
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам најмногу на свет
     
    На DVAANGELA и Kaetana им се допаѓа ова.
  18. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    @Neodlucna kolku samo se soglasuvam so tebe.
    Ne deka nekoj mi e kriv,jas sakam da sum po cel den so deteto,seuste dusa ne mi dava da go ostavam i odam nekade,ama dusa davam barrrrrrem koga ke se pribere doma vo tie tri saati vo edno denonokie,prvo da go fati deteto i da rece,odi zapali cigara,odi do wc istusiraj se.
    Obicno veli,ne gotvi ke poracame,ili toj da zgotvi,i ke izmete,i wc ke iscisti,ama a dadam dete vo race,odma ili ke go nalegne,dete kenka do nego a jas nemozam da slusam.
    Neka fati i zanimava dete,jas da zgotvam natenane,jas da iscistam natenane.Ne za drugo,malku da mi se pribe mozokot,za da imam uste tolku poveke trpenie koga ostanuvame sami.
    Ke odmorime koga ke mozeme dvajcata,zaedno.Koga bebe spie.

    Inace vlegov cisto da se prijavam vo krugot na majkite.Ovde neli mozeme slobodno da si kazeme deka ponekogas edvaj cekame da dojde nok,da zaspie bebe,ama sega koga spie veke nekolku casa,edvaj go cekam utroto.
    I edvaj i isplaseno.
    Dali ke pomineme mirno vecerva,dali ke sme i utre cel den pa i nokta sami.Dali ke uspeam da izdrzam so maksimalno trpenie kon malite radoznali ocinja i race?
    Ke imam li sila da odgovoram na sekoja negova potreba.
    Da se prijavam deka vo wc odam koga mozam,a ne koga imam potreba.
    Da se prijavam deka maloto potporasna i pocnuva da predupreduva ako nekogas malku poburno reagiram dur zboruvam so tatko mu.
    Najmnogu od se sto sakam odkako se rodi e da e ziv i zdrav i nikogas vo negovo prisustvo da ne se raspravam.A ne uspevam.:D
     
    На makedonkamak, Eli23, Rabbit и 6 други им се допаѓа ова.
  19. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    моара да се издржи мајката е нешто нај свето за децата, и јас сум мајка на две синчиња, и јас се осекам понекогаш како да сум и татко не само мајка, се нервирам ке се исплачам ама мора да издржам да бидам борец да ги иснесам на прав пат, утре тие ке бидат мојот столб во животот тоа ми го кажува срцето од внатре
     
    На victoria, galapce, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Auuu kako bas sega naletav na temava...dva tri dena veke bas sum sto se vika raspukana po site savovi.Citajki ve,malku od malku kako da si najdov uteha,daj boze da mi e faza,da mine sto pobrzo.P.S.Imam mnogu raboti sto sakam da gi spodelam so vas,poveketo veke se kazani i napisani od vas,ama aj vo druga prilika...