1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предизвици на „модерното“ време

Дискусија во 'Психологија' започната од Strumka22, 10 октомври 2013.

  1. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Како се соочувате со предизвиците на времето во кое живееме? Предизвици и искушенија во денешно време има на претек особено за младиот човек, но она што посебно ме загрижува е тоа што се почесто гледаме, како младите луге потклекнуваат под предизвиците. Па така неретко ке наидеме на статии за самоуистасва на младите и тоа за банални причини раскин со девојка/дечко семејни проблеми, неможност да биде како останатите врсници(немање на финансии) ......
    Потоа барање на излез во дрога, алкохолизам и многу други работи кои само дополнително го вовлеклуваат младиот човек во проблеми. Како вие се справувате со предизвиците на денешното време и дали некогаш сте паднале во толку голем очај и сте си рекле: „Тука е крајот вака повеке неможам“
    Каде вие ја гледате причината што се повеќе млади посегнуваат по својот живот? Дали причината е немањето време на родителите да им посветат поголемо внимаие на своите деца, или пролемот е во медиумите пред се интернетот каде младиот човек може да доживее дополнително разочарување а и да биде жртва на психолошко насилство на социјалните мрежи како што се Фејс бук или Аск.
     
  2. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Предизвици на „модерното“ време.

    Проблемот е во песимизмот. „Мене никој не ме сака“, „Сите мислат лошо за мене“, „Јас не вредам“, „Сакам сите да ги убијам“ и постојано намуртени веѓи - слушам и гледам секој ден. Точно е многу посегнуваат по животот (со жилет, апчиња, нож). И тоа за причина „Ме остави дечкото“ наместо „Чекај јас сум силна, можам јас без него на крај тој нема да може без мене“ ќе се направи филм во кој се пишува емотивно писмо и се сечат вени. Не треба „Тука е крајот повеќе вака не можам“ треба „Можам, ќе успеам, ќе си докажам пред се на самата себе па на другите“. Ок и јас сум помислила дека не е време да ставам крај ама после си лепам шамар и чекај „Што зборувам? Јас можам“. Во дрогите, пушењата и алхохолот имаат улога и родителите, некој деца ако ги држат премногу строго и од еднаш ќе почнат да пијат и да се дрогираат, или пак воопшто не им посветуваат внимание, тука треба да се најде златна средина. Мислам дека треба да се зголеми оптимизмот кај младите (каде спаѓам и јас) :)
     
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Предизвици на „модерното“ време.

    Она што го имаш напишано како предизвици, мислиш на притисоци нели?

    Новите времиња донесоа многу стрес, многу различен начин на живот и од луѓето, а особено од помладите се бара да бидат многу поуспешни од она што нивните родители требало да бидат. Ако генерациите на 70-те имале лесно достапно образование без притисок, веќе генерациите на 90-те го имаат запишано како задолжително и тоа со притисок за што повисок просек и оценки.

    Згора на тоа треба да одржуваат репутација на илјада социјални мрежи, да излегуваат, да пијат, да учат, да се дружат во реалноста и да бидат фини и насмеани и на крајот да најдат мир и задоволство. Тоа е лудост. Сосема е нормално да се почувствува потешкотија од таквиот ритам и сосема е нормално некој да посака да си го одземе животот. Најслабите и ќе го сторат тоа, за жал.

    Прво што треба да се направи е да се прифати, дека ќе живееме 50 години, ама тие 50, турбо. Нема пензија, има само работење како коњ и забава во оние моменти за кои ќе имаме шанса. 8)
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Предизвици на „модерното“ време.

    Алкохолот, дрогата отсекогаш постоеле.
    Порано не знаеле што е ракија ?
    Порано немале забави ?
    Имале...
    Ама поинаку гледале на работите...

    Чичко ми многу ми има кажувано на оваа тема.
    Излегувале и се шмекале со некоја девојка. И само со неа. И ужувал кога ќе ја видел (сегашната ми тетка). Само поглед, ништо повеќе.
    За брзо биле заедно, се засакале и се зеле.

    Денес не е така. Какво гледање ! Одма во кревет се скока. Ако порано било срам некоја да појди со двајца, денес е модерно да бидиш со што повеќе.

    Се е до човекот. И порано имало неморални (ама малку), има и денес (и тоа премногу).
    Само што порано имало многу морални, а денес се преретки.
     
    На anna-tessa и hermosa им се допаѓа ова.
  5. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Предизвици на „модерното“ време.


    Со болдираново се согласувам потполно.