Здраво женски! Сакам да ве прашам каков подарок сте му поклониле на вашиот сакан за роденден, годишнина, со повод или без..
Vikend za dvajca.Kako opcija mozes tuka vo Makedonija ima dosta opcii ili van drzavata. Jas napolniv rezervoar bukirav za vikend spremni kuferi od vecer vo gepek i samo nagovestiv vecerta pred legnuvanje deka utre trgame da znae. Lokacija nepoznata da bide epten iznenaduvanje
Зависи и каков тип на изненадувања сака , ти најдобро би требало да знаеш искрено бидејќи најдобро го познаваш. Дали има некакво хоби, дали сака патувања, дали е скромна личност и не мора да е некој скап подарок или луксузно патување доволно е само да му посветиш мало внимание на тој ден. Јас така мислам може некој друг од момците поинаку размислува па ќе ти даде совет.
Полесно е кога машко дава совет го доловува точното како би се осеќал, и на што поточно да обрнеме внимание, ти благодарам
Нема потреба да ми се заблагодаруваш. Почекај може некој од момците поинаку размислува од мене и може ќе има некој конкретен предлог.
@maryska мојов мислам за секое славење,роденден годишнина или што и да е ќе посака патики... значи ако му подарам патики најсреќен ќе биде хаха...и кога и да прашам секоја година,што сакаш за роденден? -патики вика хаха значи во зависност од него како што ти кажаа си го знаеш најубаво а вака како предлог сум купувала парфеми,облека,виски,детали за во кола,(тренерки патики безброј),привезоци за клуч,привезок за ланче сребрено рачна изработка (можам да ти ја пратам страната ако сакаш) исто ако нешто сакаш со натписи љубовно такво има страна на фб отвори си Персонализирани подароци се вика....и така... др не ми текнува ако ми текне ќе пишам
Од алишта се му имам купувано за поклон.... вратоврска, сако, пантолони, кошули, џемпери, трегери, тренерки, спортски маици, дресови и сл. и секако, неговото омилено - чевли. Од аксесориз што би рекле странците имам земено табакера, кожен ремен, новчаник, кожна ташничка, ранец, сребрен прстен. Исто парфеми, поскапи пијалоци што си ги чува во шанкот, машинка за бричење... ќе дополнам кога ќе ми текне друго
Ми се допадна ова ептен ја позајнувам/крадам идеава и 100%сум сигурна дека и на маж ми ќе му се допадне. Мистично,возбудливо екстра Благодарам за споделеното.
На темава "сакан" е потенцирано во првиот пост, а може и да се скролне по темите на форумот пред да се отвори иста тема. Не знам како темата не е во канта веќе
Како може, некој што не го знае мојот сопруг, да знае повеќе од мене, што овој би сакал? Секој си е различен и различни желби и интереси има. Вие најдобро си го знаете партнерот.
Зависи што сака. Убави предлози ти дале погоре. Можеш да му купиш дрес од омилениот клуб доколку е љубител на спортот Да му ја купиш омилената книга, доколку можеш секако да купиш карти за утакмица тоа мислам на секое машко ќе му дојде убаво Да испринташ маица ,,World’s best husband” и слика од вас двајца или такво нешто. Чашка со слика од вас двајца Доколку е деловен човек можеш актовка илии од оние на кошулите што се ставаат кај ракавот (да ме убие некој не ми текнува како се викаат(жоржетни ваљда беа или мажетни)
Рачен часовник, во B Watch имаше акција првиот со 10% попуст, вториот со 50% попуст. Можеш да земеш и за двајцата. Спојлер: Или Има на фејсбук профил Suzana sovrsen podarok, женава рачно црта чаши, шишиња, чинии, па може ќе ти се бендиса нешто. Јас порачував за роденден на мали девојчиња и сум задоволна.
Ја не познавам маж што ќе се израдува на испринтана чаша или рачно цртана чинија. Мажите се попрактични и едноставни, сакаат работи кои им се потребни или нешто поврзано со секс
Епа има мажи што се радуваат и на тоа проверено. Исто како што има мажи што не се радуваат на патување на пример. Многу генерализирате