Би сакала да предложам да се отвори подфорум за спорт, затоа што гледам дека има доста љубителки на фудбал, на тенис па и на кошарка. Таму би можеле да ги коментираме натпреварите и да си отвориме теми за фан клубови. Мислам дека има доста феминки кои активно следат спорт.
Предлагам кога се регистрира некој нов член, да му биде напоменато дека корисничкото име не може да се смени. Многу се имаат регистрирано со име и презиме, па тоа ги спречува да бидат активни. Други името го внесуваат на брзина па не им се допаѓа после. Јас кога се регистрирав нема намера да бидам активна, а ова е прв форум каде што сум регистрирана, појма немав дека не може да се смени корисничкото име. Затоа ако може кога се внесува името некој болдиран текст или слично да се појавува за да знаат дека не може да се промени.
Се согласувам во потполност со мислењето на Ким. Убаво би било освежување со нови игри, да има повеќе .
Предлагам повторно да се отстрани "лајнувањето" во Кафе Муабети..мислам дека не е потребно, а посебно во темата Специјален поздрав бидејки се кладам дека многумина коментираат таму и поздравуваат по 1000 души само за лајк. во ред е да поздравиш една-две-три-четири-пет, ама 10 души? па и повеке има...
Јас би дала предлог на сите оние кои немаат барем 100 мислења да немаат дозвола да отвараат нова тема, бидејќи некој ќе се зачлени, ќе отвори тема, ќе му ја стават в канта и 1+форумџика. Што мислите вие, дали е изводливо?
Ама има и многу членки што се зачленуваат заради проблем, па продолжуваат да го користат форумот Дадов предлоф уште многу одамна,поубаво е темата да може да се одобрува од модератор
Да, тоа е оправдано, но во соодветна тема да бараат помош пр.Ве молам за совет и мислење, а не оп нова тема (на латиница) pomogneteeeeeee.... Не знам дали би можело да се стори нешто, па да не зборувам јас напразно...
Веќе подолго време сум тука (од ноември) и супер е сајтот мн ми се допаѓа...само имам еден предлог...сите теми во кои се вклучуваат лични фотографии (освен уметничките) да се префрлат во скриеното катче. Сигурна сум дека има многу кои се плашат да стават слики баш поради ова а сакаат... Поздравче, најдобри сте
Па сите такви теми се веќе таму. Aко имаш предлог за некоја тема конкретно, која што би требало да се префрли во Скриеното катче, кажи слободно, дај предлог, па ако треба ќе се префрли.
Јас мислам темите "Вашето козметичко катче" и "Омилен накит-слики од ваша лична колекција" би можеле да се префрлат.Не дека е кој знае што тоа,ама мислам дека би било подобро
Е неможе да отвараш тема па да те искритикуваат, после да си ја избришеш. Добро е вака модераторите да ги заклучуваат Бај д веј мислам дека тука пишував па ми го нема мислењето, зошто ми е избришано?
Незнам дали го има ова некаден или мозеби е дадено предлог но доколку има да речеме некој Феминки што се од здравството да отворат нешто како ПРВА ПОМОШ овдека и нормално ние да знаеме кои се тие феминки што во одредено време би ни помогнале во било кој случај. Да знаеш каде да се обратиш ....... само мислам дека малку е тешко тоа да се реализира. Инаку би било многу убаво Поздрав до сите
Strumfeta ! Nikoj ne reche za toa tuku mozhe nekoj napravil greshka ili slichno ! ako nekoj ne saka da go kritikuvaat ne mora da otvora novi temi jas mislam deka sekoj otvora tema za pomos i kritikuvanje !
Ако некој направи грешка модераторите ќе поправат . Ако им се дозволи на форумџиките да си прават што си сакат, кога ќе им текне овде ќе биде хаос.