Добро, ќе објават во животни стории како биле уапсени терористи и нивните слики, па сликите со теории на заговор, па ќе продолжат со секакви глупости надолу. Па може и да додадат некој слика од погребот и целиот расплакан народ. Не знам како можеле да напишат статија за слепа мајка која за првпат има можност некако да го види ликот на бебето, или за мајка со рак која родила дете и можела да почувствува како е да го дои. Патем, инспиративни приказни се сите, барем од нешто да се врати вербата во човештвото.
Се согласувам, Реин. Дури и сметам дека одреден период политичките теми треба да бидат заклучени, поради опасност од ширење тензии и омраза на различни нивоа. Сепак, дури и за покојните, почит се оддава со едноминутен молк.
Немора да се затвараат , само мал дел членови се тие што шират тензии и омраза и секој пост им е навредливи зборови и сарказам Едноставно Реин треба да ги банира од политика нив и толку .... едно е да дебатираш и се "караш" со членовите а друго е да секој втор збор е навреда и обид за провокација.
@Yipman2 се во ред ова што го кажуваш, но само ќе дополнам и со - practice what you preach, затоа што приметив и од твоја страна некои тензични постови, а не е време за такви работи, свесни сме сите...добро скоро сите.
Види Реин, многу те почитувам, ама ми го прочита мислењето? Во СДК пишав НА толкав пост за тоа како ми е смачено од се‘ и како сум особена згрозена од преносите во живо од погребите на загинатите. Ама скроз поразлично е симболично да им се оддаде почит на истите со тоа што ќе се каже дека 8 храбри луѓе загинале за да го одбранат македонскиот народ и дека знамињата во цела земја беа спуштени на пола копје. Какви слики, какви имиња на терористи. Што е до мене, ни имињата на загинатите не требаа јавно да се објавуваат, само за да нема стотици објави по социјалните мрежи. Настанов не треба да се занемари. Мислам... correct me if I'm wrong, ама немаше ли на форумов платена реклама од владејачкава партија за време на изборите? Кога тогаш не се оградија од политика (сега ќе речете: па платена реклама е тоа, нема врска), нека не се оградуваат и сега. Макар што знам дека џабе си дробиме сите тука празна слама. Билчето ја нема отворено темава од осамостојувањето на Македонија.
Бидејќи, мила @Hipica, за да се објави таков текст прво ќе треба да седне некој новинар и да го напише а ти си видела на Фемина авторски текст, потпишан со име и презиме? Вака е најлесно-преведи/прераскажи англиски или српски текст за Бритни или Кејт Миделтон, стави убави слики и стисни паблиш.
А јас не сум за тоа да се банираат постовите. Секој си има право на свое мислење и став. Јас сакам да видам кој,како и што мисли, па да знам да си проценам која и каква е некоја форумџика и што памет тоа има Мене повеќе ми пречат тие кога се повторуваат постојано со исти постови неброено пати, самите си се повторуваат и го трпаат форумот без врска. Додуша,немање на основна култура е секогоаш голем фактор овде, ама тоа е. На @RainBow секако и е tешка задачата, зошто да смируваш потпалени и жестоки жени/девојки е mission impossible !
Ме интересира, http://www.ereklama.mk/, што се подразбира друга услуга на фемина сајтот? Дали политички маркетинг е покриен со категоријата „друга услуга“? И дали има објавено јавен ценовник за маркетинг, како на пример, офф нет и слично каде има јавен ценовник? Не знаев кај да прашам, тука ми беше најлогично, ако сум ја утнала темата, се извинувам.
Прво имам едно прашање, рекламирањето е забрането на форумов така? Зошто рекламирањето на сопствени блогови од страна на членките е дозволено тогаш? Ајде да речеме ок, има посебна тема за тоа каде што си ги споделуваат блоговите, супер, но почнува да се прави тоа во секоја можна тема за козметика. На пример кога се коментира за некој производ и најлесно е да се напише „еве ја имам на мојот блог напишано влези и прочитај„ - мој предлог е тоа да се забрани. Ок е што се споделуваат блоговите во соодветната тема, ама сега на секое прашање да се одговара со тоа дека мора да влезеш на блогот и да прочиташ нема смисла, што е работата незнам, дали така се брои некаква гледаност или...? Кога веќе можеш да го ископираш линкот од блогот тогаш подобро ископирај го текстот и одговори соодветно. Јас кога ќе видам таков одговор воопшто не ни отварам блог.
@mims-89 Здраво Ако се однесува ова на мене, бидејќи токму вчера во една таква тема го споделив и линкот, покрај фотографијата со производите, а веднаш потоа е и твоето мислење тука - си бев уредно исконтактирана од администраторката и неа ѝ објаснив зошто тој линк се најде таму. Дозволи да остане, иако не ми беше проблем одново да го напишам мислењето, но само со текст. Прв пат ми е да го споделам блогот во тема надвор од соодветната, па твојот коментар во овој случај не може да се однесува на мене, а ако се однесува на мене - тогаш е преувеличување. Впрочем сум забележала други феминки кои навистина тоа го прават, но гледам дека им остануваат мислењата. Повторно ќе кажам - не ми е проблем да го ископирам текстот и понатаму така ќе објавувам, ако објавувам во други теми. Би ти била благодарна ако во иднина забележиш некоја грешка, да ме тагнеш или исконтактираш, навремено да ја сменам
Iskreno ne se odnesuvase na tebe, tvoeto mislenje go vidov odkako iskomentirav tuka po sto dobiv poraka da gi prijavuvam takvite mislenja pa koga naletav na tvoeto go prijaviv. Nema sto da tagnuvam ili kontaktiram jas, postojat pravila sto treba da se pocituvaat na forumov, jas ne gi izmisliv... Na kraj pa ajde site samo linkovi da postirame da ne se macime da pisuvame.
Iskreno ne gi procitav site mislenja pa ne znam dali nekoj spomnal okolu privatnosta na forumot. Dali razmisluvate za ogranicuvanje na privatnosta na postovite, odnosno ponekogas mi e malku neprijatno koga ke razmislam deka sekoj od nadvor moze da gi cita postovite vo koi pisuvame za nasi licni iskustva I najdlaboki cuvstva. Mozebi bi trebalo da ima nekoja opcija pa sekoj individualno da odluci dali ke spodeli post samo so clenovite, ili ke bide otvoren za site? Samo predlog. Pozdrav
Да предложам и јас нешто... Ами да се направеше нешто ако може новите да неможат одма тема да отворат, т.е бар да имаат по 50 мислења па тогаш да може членот нова тема да отвори, некако одма штом се зачленат нова тема оtвараат, згора на тоа или е непотребна или дупла. Исто така и на чет да неможе да влезат тие што се бар под 50 мислења. Доколку и другите ова го мислат и ме поддржат, модераторите нека видат нешто нека сторат.
Точно...новите денес се зачленил отвара тема (најчесњто дупла) поставува прашање или еветуално трола и го снемува. Јас те поддржувам
Пред малку видов отворена тема од нов член и тоа прв пост - тема!!! Добро би било да се направи некое ограничување по колку напишани мислења ке може да се отвори тема за дискусија!!! Спојлер Постара жена во интимен однос со помладо момче? Дискусија во 'Секс' започната од Decko24, Денес во 20:25. Уф еве уште еден нов член со прв пост тема!!! Сингл, како да се промени непријатниот статус? Дискусија во 'Сингл' започната од Strajder, Вторник во 14:03.
Ја поддржувам @Kukla994 за отварање на нова тема и за влез на чет,членот да има бар 50 мислења... Да може да се редатктира комемтар на порака на ѕид. И апликација за смартфон. Сега за сега толку ако ми текне уште нешто ќе допишам...