Па,за симптоми на вирусот се збори,муабет поврзан со вирусот(кога некоја пишала дека сака да знае повеќе за симптомите,била упатена во темата за симптомите од Ахој или друг член).Не можеш да очекуваш Реинбоу да брише поврзан муабет.Тоа ти што го збориш е офтопик и е за во политичкине теми.
И сега продолжи да коментираш овде https://forum.femina.mk/threads/Здравствениот-систем-за-време-на-пандемија.31986/
Заборајв да ви напоменам: Пошто не може во основната да се зборува за подобрување на здравството, тогаш и за тоа што не чини во здравството да не пишувате, пошто е 'политички муабет'. Не почнав јас за тоа да зборам, туку вие на 2500 страни кажувавте што се' откривте дека фали во здравството за време на пандемијава. Јас само ви реков дека: “Треба да смениме нешто, од кукање нема аир.“
Никогаш не вели никогаш. Не се знае денот утре што носи. Јас пред да се фатам со бившата, лом се направивме, се расправавме, па и до пред суд дојде работата. Така уствари и се запознавме првиот пар, со караница. А се разделивме со убаво и без караници.
@RainBow каунтерот за тоа колку прегледи има одредена тема.... дали од еден член се рачуна само еден преглед-без разлика колку пати ја отворил, или онолку пати колку што ќе ја отвори темата- толку прегледи се бројат?
А какви информации се добиваат од ИП адресите? Еднаш на форумов од модератор или админ не паметам прочитав коментар - ИП адресите се ваша приватна работа. Ама пошо може да блокирате корисници по ИП адреса, може ли некој да објасни на најпрост начин вака за луѓе што не разбираат стручно, како ги фаќате ИП адресите кога адресите се менуваат нели при секое рестартирање на рутерот, или грешка сум? Или пример, отвораш страна амазон и ти излегува нешто во стил It seems like you are from Skopje, North Macedonia. Да не барам точно како вика, ама во смисла ти покажува кај си по ИП адреса и без да имаш порачка направено и ставено адреса. И овде може така? Ако да, што значи тоа што го имате напишано - ИП адресите се ваша лична работа? И како ги ловите дуплите профили кога се рестартираат рутерите и се менува ИП? Тие 2 прашања. Фала.
Ип адресите веќе се динамични и се менуваат, точно е..ама најчесто само последните бројки се менуваат, барем на випот дома гледам дека само последните 3 се менуваат Од ип можеш да дознаеш само од кој град е.. Ма да на нашиве мобилни од вип не покажува точно секогаш.. За ловењето како бивш мод не смеам да зборам.. Форумот како платформа поддржува банирање според ип ама џабе е веќе. Тоа порано беше топ, кога 80% имаа статични ип Иначе ништо не можат да ти дознаат од ип адресата..
Имам предлог во врска со приватниот чет, само неколку дена сум на сајтов а веке добив пораки од 5 различни членови од типот како си да се запознаеме од каде си зошто не ми враќаш Со оглед на тоа дека приватниот чет е потребен за приватен совет некој разговор, но не и за вознемирувачки пораки. Мислам дека би можело пред да се прати пораката да пратиш дозвола дали може да ми пишеш или да ти пишам или пак тема зошто ни пишуваш Приватен чет е одлично но не се користи како што треба..