Па некои всушност прават профили за да напишат за проблем некој. И тоа е едно/две мислења и повеќе ги нема. Јас мислам дека добро е вака. Но може да биде прво да прашаат дали можат да отворат тема на модератор или нека разгледаат дали веќе има такви теми не знам.
Мислам дека е добра идеа да се прашуваат модераторите за да се отвори некоја тема , ова го мислам за сите не само за новите членови - многу често се случува и јас (иако не сум баш толку стар член) да незнам дека некоја тема ја има или нема, а да ме мрзи да ја барам, обично губам трпение после 5тата страна, а знаеме дека барањето по некој клучен збор баш и не дава добри резултати(секој може за една иста тема да стави различен наслов) а модераторите се најдобро упатени ... Во врска со тестирањето сум против затоа што е малку глупаво да се тестираме за да бидеме членови на некој форум односно за да дадеш свое мислење или отвориш некое прашање за кое ти треба информација, да треба да полагаш, па тоа е апсурдно -како да полагаш тест на интелигенција за да влезиш во некое ''елитно'' друштво...така на тој начин 1.се потценуваат лугето, 2. се затвараме за нови членови , а со самото тоа како да се затвараме за нови мислења и идеи ....Сепак ова е страна накоја сите треба да се дружиме и каде ти е потребна само желба за нови виртуелни пријателства и за споделување на искуства, каде имаш слобода да се изразиш, претставиш себеси како сакаш, да прашаш она што никогаш во реалноста не би го пршал некој лично, и да добиеш инфо за се ......
@МисКапкејк: Проблемот секој може да го пише во некоја од темите кои служат за проблеми. Факт е дека нема потреба од нова тема за проблем.
Па затоа напишав да разгледат дали има таква или слична тема или да прашаат модератор. Инаку ФајрКвин тоа со тестот веќе беше предложено.
Член сум на неколку форуми но не македонски и можам да кажам дека го разледав цел пред да се зачленам и ми се допаѓа активноста на членовите, богат форум со фини луѓе . Мој предлог е можеби може да се отвори категорија уметност под која не би се подразбирала само музиката нели. Политика и нешто слично. Но како и да е супер е и продолжете така !
Јас ова го имам видено на други форуми па мислам дека би било корисно и тука да се примени. Нели се случува новите членови да пишуваат мислења едно по друго, наместо да ги редактираат. Јас мислам доколку некој така напише едно под друго мислење - тоа самото автоматски да си се додаде во горното мислење. Доколку истече рокот за редактирање тогаш да си се напише под него. Што мислите?
Спојлер Незнам дали е соодветно мислењево за тука. Дека е заклучена темата Критики и забелешки и морав тука да пишам: Би сакала да се подобри страната со лајкнуваните мислења. (затоа што некое едно исто мислење може да се најде на неколку страници)
Еве пример.. идам на лајкнуваните коментари.. И последните коментари што ќе се појават на првата страница, ги има на почетокот на втората и третата страна.. Неможам да се снајдам..Незнам како да обајснам..
Elenna колку што те разбрав зборуваш за лајкуваните постови кога сакаш да видиш кој ги лајкнал. Е па вака не оди долу на бројката на мислењата туку оди на самото име твое (еленна). Тогаш ке ти излезе твојот профил и најдолу ке видиш добиени ѕвездички, па отвори го тоа и ке ти излезат феминките што те лајкнувале ако сакаш да видиш за кое мислење одбери ја опцијата -оди на мислење. За форумот немам зборови колку е среден и колку е саалам. А за сајтот искрено да ви кажам нешто во последно време со сите што правам маубет малку е монотон. Једино категоријата забава ми се допаѓа најмногу а порано не ја ни отварав. Нормално е мене може да ми е станат таков кога веќе година време читам и сите статии ги знам ама имам пријателки што не се толку редовни на фемина па истото го кажуваат. Башка ме нервираат тие ракламите на сред текст кога ке ми излезат
Мислам дека мислењето се повторува толку пати колку што е лајкнато. На пр. ако мислењето е 5 пати лајкнато, 5 пати се повторува низ страниците.
Идеја - овозможување на коментари на профилите. Иако е украдена од другите форуми, сепак тоа му недостасува на форумов.