Тоа е проблемот. Имам пријавено неколку мислења (апла оф-топик) па никакви мерки не се преземени. Немаше да пишувам ако не знаев.
Нема врска тоа со бришењето дали некоја и е драга на модераторката или не и е. Знаеш колку оф-топици на драги особи имам избришано? Правила си се правила, колку и да ти е драга личноста, бришеш, нема љутки тука. И некогаш е дозволено да има по некој пост, два оф-топик зошто не може се да се контролира, ама не може цела страна да биде исполнета со оф-топик. Значи контролирање, не може од корен сите оф-топик мислења да се избришат, ама повеќето се одстрануваат. И следно, ако мислиш дека некое мислење е оф-топик или ги прекршува правилата слободно стисни на извичникот и пријави го. Ќе ни направиш услуга.
lux не се однесува ова конкретно на тебе секако дека тука сте ти ким виножитка и други но има некои кои претеруваат со тоа што се ставени како модератори се однесуваат да не речам како администратори и има некои кои воопшто не се активни како модератори
А да се постави некој услов за членот да може да отвори нова тема? ... на пример едно 200 мислења напишани ( помалку нема да има ефект, пишуваат по 100 на ден) п.с. предлогов по 2-3 пат го давам
Да, треба веќе да се постават нови модератори, јас искрено се надевам дека тоа набрзо ќе се реши. Многу од старите не се активни, па помошта ќе биде добредојдена. Има многу оф-топици за жал, бришеме, бришеме, ама не е можно секоја една тема да се отвори. Сањаева предлогот не е баш добар бидејќи има многу теми кои се отворени од нови членови, а се сосема на место. На нас старите членови ни се чени дека скоро за се има тема, па ќе видиме некоја нова и мислиме дека е дупла, а таква тема не ни имало. Затоа е добро вака, тоа што е дупло се става во канта. Друга работа е што еден трол ќе отвори тема, ќе пише две мислења, а десет страни се наполнети од други членови што нели, не ги сметаме за тролови, ама во таква ситуација и не е јасно баш кој е тролот. Да се активираат администраторите па и на тоа ќе поработиме. Се согласуваме дека му треба работа на форумот, освежување, нови категории, ама и ние се надеваме дека наскоро се ќе се среди.
Во контекст на предлогот на Strumfeta93 имам предлог да се направи статија пр: изборот на Фемина форумџиките, и да се пишува за она кое веќе го спомна Strumfeta93 предлози за книги,серии,филмови, патувања; места кои сме ги посетиле со приложени лични фотографии и нормано да се напише мислење за статијата во која ќе учествуваме сите (teamwork ).
јас имам предлог сите теми што се 'дали сум бремена' или слично да се префрлат во категоријата 'бременост' јас мислам дека не им е место во категоријата 'секс' . не би требало вакви теми да стојат во категоријата 'секс' кога има категорија 'бременост' е сега ако сум нешто грешка корегирајте ме
Bо бременост има тема `симптоми на бременост` во смисла гадење, дуење стомак и сл., а во категоријата секс оваа тема што ти ја спомна - во неа се пишува за такви несакани случки кои што (не)свесно доведуваат до бременост или се мисли дека доведуваат (и се поставуваат преглупи прашања), така што мислам дека треба да си остане темата во таа категорија каде што е сега.
ајде јас пак ќе досаѓам во категоријата дом да има под категорија животни бидејќи има многу теми сролајте ако сакате да видите колку се но еве ќе ви кажам точно..... 46 теми за миленичиња и би можело барем во категоријата дом да има под категорија домашни миленичиња или животни се едно многу се е собрано во една тема усесивач...папагали...завеси...кучиња Спојлер Домашни миленичиња Помош при породување на куче ?! Грижа за домашните миленици Која ви е омилена раса на куче? Како да си го вратам односот со мачката? Мали огласи за домашни миленичиња Луѓето што не чуваат домашни миленичиња Дали употребувате сила како воспитна мерка за животните? Домашните миленици..обврска или уживанција Имиња за папагалчиња Вашите миленици додека вие сте отсутни Слики од слатки животни Со што ги xраните вашите миленици?? Омилено животно 10 кучешки молби до сопственикот Труење на кучиња/мачки Комарци Слики од вашите миленичиња Parroto world (Светот на папагалите) Аквариум Пуштено или врзано куче Облека за домашни миленичиња И после речете не може да се припитоми лав... Име за домашни миленичиња Вакцинација на домашни миленици Карактеристики на Лабрадорот Сакам куче Морско Прасе - Домашно милениче Зајакот како домашен миленик Релаксација на кучиња со музика Заштита на животните Забранети миленичиња Померанско (Boo) куче Загуба на домашното милениче Колку ви е важно да имате расно милениче? Како да го научам кучето на синџирче Желче Домашно милениче-мачка Изложби на кучиња. За или против? Егзотични животни како миленичиња Дресирање на куче Хотел за домашни миленици Суди го делото, а не расата! Мебел за вашите домашни миленици Бесплатни вакцини против беснило Изгубено домашно милениче
Фала за залагањето, ама јас ќе морам да ти кажам дека ова истово е предложено преку пет пати и толку пати е одговорено. Нема да ти кажам како, треба да се вратиш неколку страни наназад и да прочиташ што всушност е одговорено. За подкатегориите е кажано многу пати. Треба само да се стрпиме, не треба едно исто по десет пати да се предлага, зошто станува досадно.
Ако нешто се предлага десет пати, значи дека сме и премногу стрпливи. Одговорните нека не се досадуваат, нека се фатат за работа.
мислам дека треба да се затвори категоријата Прашај гинеколог ... а и мислам дека има многу теми за бременост во другите категории и треба да се префрлат во Категоријата Бременост..
Сепак администраторите знаат најдобро кога ке се реализираат тие работи, како и се во врска со форумот, конкретно мислам на оние прашања или предлози кои биле или се споменати во темава.
Кога сме веќе кај подкатегориите.. Поточно за ноктите.. Јас предлагам, да има подкатегорија хороскоп во другата наука. Еве ги сите теми, што се поврзани со хороскопот. Премногу се. Мислам дека би имале поголема прегледност, кога ќе се стават хороскопите во посебно. За да се дојде побрзо до сонови, магии, и сите таму други што се.. А не, секоја втора тема.. Комбинација овој со оној.. Спојлер Што сте во хороскоп? Карактеристики за хороскопскиот знак - ЈАРЕЦ Како знаците сакаат и мразат Лагите и неискреноста на хороскопските знаци Astroloski profil za rodenite vo znakot vaga Како со маж во знак Шкорпија? Победници и губитници во хороскопските знаци Астрологијата и справувањето со разочарувањата Како со машкиот знак водолија?! Карактерот според хороскоп Астрологијата и обликот на вашите очи Најлоши особини на хороскопските знаци астрологијата ви открива за што сте антиталент Египетски хороскоп Кој е вашиот алкохолен хороскоп? Хороскопски знак со најлоши каректеристики астролошки профил за подените во знакот скорпјија Астролошки профил за родените во знакот рак Како со маж во знак близнаци? Кариера според хороскопскиот знак 5 работи кои што не му одговараат на вашиот хороскопски знак Хороскопот на Маите Кој знак најдобро се бакнува? Дали сте типичен претставник на вашиот знак? Љубовна комбинација помеѓу Близнаци и Шкорпија Xороскопскиот знак и хобито Моден хороскоп Хороскопските знаци и начинот на додворување Хороскопски знак со најубави карактеристики Астрологијата и вашиот одмор од соништата Кој хороскопски знак најдолго останува во врска? Хоби според хороскопскиот знак Mесечината во хороскопот Кои хороскопски знаци се вистински пријатели? Вашиот хороскопски знак и раскинувањето на љубовните врски Правилна исхрана според хороскопскиот знак Кучешки хороскоп Како со хороскопскиот знак рак Кои хороскопски знаци си одговараат? Нов хороскопски знак и промена на личниот Лошите страни на хороскопските знаци (клуче) Годишен хороскоп Знаците според вас Градови според хороскопскиот знак На што се нервираат и смеат хороскопските знаци? Ѕвездите ви покажуваат каде да ја најдете љубовта Koja работа е најдобра за вас ? Африкански хороскоп Хороскопските знаци и летниот одмор Каков е вашиот хороскопски знак? Еврејски хороскоп и хороскопските знаци во слободно време Влијанието на хороскопските знаци во врската Опис на хороскопските знаци (подзнак,кинески,индијански) Какви се знаците кога се лутат Астрологијата и прифаќањето предизвици Одговараат ли две скорпии? Знаците и изборот на литература Како со машко Вага? Секси хороскоп Мирис според хороскопот Хороскоп-како да ја сочувате вашата љубов Како знаците простуваат и се одмаздуваат Астро музика: Што сакаш да слушаш? Хороскопски знак Љубовен хороскоп! Анти Хороскоп Како со маж Бик? Хороскопските знаци и заведувањето по СМС Цветен хороскоп Заведување според знакот и карактерот според дата на раѓање Астрологијата на вашите таленти според хороскопските знаци Хороскопски несовршености Љубовна комбинација Овен и Вага Како со маж во знак овен? Како со знакот девица? Како со машко Јарец? Какви се жените во сексот Сексуална позиција на хороскопските знаци Хороскопскиот знак и сексот Што открива хороскопскиот знак за вас ? Астро водич за свекрви Жените и хороскопот Верувате ли во хороскоп? Заведете го според хороскопот Каков е бракот помеѓу жена јарец и маж девица? Хороскопот и смислата за хумор Астрологијата и вашите најдобри пријатели Кафето и хороскопските знаци Како се молат знаците Астрологијата и есента Стар хороскоп?! Вашите психолошки бариери во хороскопот Калкулатор на подзнак Професијата на знаците во кинескиот хороскоп Луј Витон ташни според хороскопскиот знак Љубовен хороскоп Физичка активност според хороскопот Хороскоп на љубомората Цветниот хороскоп на старите словени Венера во вашата натална карта Како со машко-стрелец? Кaко хороскопските знаци се справуваат со учењето и испитите Како со машко во знак риби? Вашиот подзнак во хороскопот Астрологијата и сексуалната предигра Говорот на телото според хороскопскиот знак Љубовна комбинација рак и вага? Како со маж во знак вага? Хороскопските знаци и нивното смирување после кавга Причини поради кои хороскопските знаци најчесто раскинуваат Знаците како родители Љубовна комбинација-вага и вага? Емоционалната отвореност на хороскопските знаци Сексуална енергија и компатибилност Како со машко во знакот на лав? Одберете секси долна облека според хороскопскиот знак Карактеристики за хороскопскиот знак - РАК Љубовна комбинација вага и стрелец Како да освоите машко СТРЕЛЕЦ? Љубовна комбинација бик и близнаци? Компатибилност на хороскопските знаци Љубовна комбинација Овен и Јарец Машки хороскоп Други имиња на хороскопските знаци? Љубовна комбинација бик и бик
А каде да го поднесам мојот, т.е предлогов кој знам ќе го подржат многумина од форумов за конечно оделување на Правни совети од Општи дискусии , зашто луѓе срамота и греота е, таа под-категорија е најгревна и најзпуштена.Гледам по други форуми, се развиваат прекрасни дискусии од секаков вид, не само правни пролеми, општо и дискусиија за закони, адвокати, работа, пракса,се што е поврзано со правото. Местото и е тотално несоодветно, па и името, само Право би било сосема коректно и да биде посебна самостојна категорија надвор од Општи дискусии. Петиција до БИЛКАТА И МИХАЈЛО да ми го усвојат предлогов, зашто не пишувам прв пат, и искрено срамота ќе биде ако не го вклопат во новиот форум, кога и да биде тој. Благодарам.
И онака акцијата ПРАШАЈ ГИНЕКОЛОГ заврши... сега барем спојте ги темиве: Тестови за бременост и Тест за бременост
Jас имам еден предлог, а веројатно и некои пред мене го побарале. Член кој што има над 200 мислења да може да отвара нова тема. Некои доаѓаат одма и отвараат милион теми,без да разгледаат низ форумов, и така се полни кантата.
се сложувам со предлогов и јас првпат кога се зачленив одма отворив нова тема,бидејки незнаев како оди или барем да им се појавува правило да прочитат
и јас се сложувам со ова една дошла има 5 мислења и 4 теми за во канта отворија тема фармерки и мода иста тема со два наслова...или да е со двеста туку со над 50 ии 100 мислења...