И јас се согласувам со Мимс. Жално е и нефер што згасна толку млад живот, ама предлозиве ви се многу морбидни. Искрено сочувство, од дното на душата, и една запалена свеќа за нејзин спокој прават повеќе од црни цветчиња и принтање книга.
баш пред некој ден ќе пишев ивана ни ја нема,каде е....леле сега се враќам од пат и неможам да си верувам на очите Нека почива во мир п.с. само ќе речам апсолутно го поддржувам мислењето на Glossy-girl
господи се наежив за оваа девојка ивана млад живот згаснат... душа моја иако не ја познавам мошам само да кажам нека почива во мир... господ сила нека им даде на нејзините... не би било фер да се избрише нејзиниот профил.... ех што ти е животот затоа постојано велам некајте се не лутете се сакајте се сите сме гости на овој свет но бар да има ред а не вака ... ве молам не бришете го нејзиниот профил така сите ке се секаваме на неа а тоа значи дека таа ќе живее во нашите спомени.....незнам што да кажам повеќе...солзи ми течат.... почивај во мир ивана...
Добро, знаете што? Преку глава ми е од ова што се случува со мислењата, еднаш и заради тоа се повлеков на одреден период од форумот. Пред малку не една тема во Религија не знам кој се поигра пиши-бриши со мои постови, а не ги гледа другите коментари и не знае што треба да остави, а што да избрише. Мислам стварно нема смисла. Поради такви некои самоволни постапки, некогаш ми доаѓа да избришам се што сум напишала некогаш на овој форум, штета што нели не постои ни таа опција -.-
Не ја полнете и оваа тема со мислења за Ивана, ве молам. Си има тема каде што ја оддаваме последната почит. Па и не е убаво насекаде низ форумот да се споменува и да се шири само тага. Темава не е наменета за тоа. Да не се споменува повеќе Ивана, ниту било што поврзано со неа во темава. Кој има предлог слободно нека го искаже, во спротивно нека се воздржи од коментирање. Фала за разбирањето.
Јас имам еден предлог Би сакала да се направи да можат барем 15 смајлиња да се внесат во еден пост, вака со 10 понекогаш неможам да се докажам , посебно кога има и цитати во постот Ви благодарам на разбирање
Бидејќи веќе две години администраторите не ни ја прифатија оваа молба, најдовме друг начин за ставање повеќе смајлиња. Најди ги да кажеме од овде http://www.skype-emoticons.com/ и копирај колку ти душа сака и стави ги во постот како кога постираш слика. Еве ќе ставам над 10 како доказ дека е можно
уууу , одлично иако би одзимало повеќе време , сепак добро е да се има некое решение. Но, мене многу повеќе ми смета што треба да се внимава и при цитирање, пример ако цитираш два поста во двата по 5 треба на некој да му го бришеш смајлито.... лоши администратори
Па уште ја чекаме “големата промена“ што ја најавија уште зимоска, промена која ќе донела многу подобрувања, ама изгледа откако го прогласија сајтот за сајт на годината администраторите си земаа еден продолжен одмор, па никаде ги нема да одговорат на сите овие постови со предлози, критики, молби и жалби...
Имам и јас неколку предлози во врска со новиот редизајниран форум. • Кога на некој ќе му се допадне нашето мислење,да добиваме еден вид известување како на Кајгана форум на пр. На _______ му/и се допадна вашето мислење во темата Општи прашања (и секако тука да има директен линк до нашето мислење). • Категорија СПОРТ која ќе си има свои „гранки“ како фудбал,кошарка,тенис и останати спортови. • Поткатегорија НОКТИ во категоријата Тело. • И секако убаво би било и некои нови смајлиња,од типот на смајлиштосекрсти(порано имав јас форум па доколку ви требаат квалитетни вакви смајлиња обратете се преку ЛП и ќе ви испратам линк од страната)
Категорија спорт со свои гранки тешко да функционира, цела категорија има едвај 4ри страни со теми со по едно или две мислења. Подкатегорија се отвора кога има потреба, кога има многу теми кои се мешаат. Мене малку чудно ќе ми биде тоа со известувањата, вака сега имам некој ред на отворање на темите. И сакав да кажам, гледам сум заборавила да одговорам на неколку лп, уклучена сум и од моб, па само ќе ја прочитам пораката, кога ќе стигнам дома ќе ми се наредат ред други работи и ќе заборавам да одговорам. Ве молам доколку не сум ви одговорила да ме потсетите, не ми пречите воопшто, не сте ми досадни, а ми пречи ако нешто остане неодговорено а видам по некое време дека е така. И уште нешто, кога пријавувате мислења кои се на латиница, видете барем дали е членот нов, нема смисла да се пријавуваат мислења од 2010, па наназад, од членови кои веќе одамна пишуваат на кирилица. Фала, пријатно.
Сега се замислив нешто...фемина е нели форум за девојките, но како времето минува фемина си расне со годините но така и нејзините феминки заедно со неа. па се мажат остануваат бремени и имаат семејство. А гледам има и доста идни мамички. Зошто во форумот семејство не се направат категории: (и во нив да има под форуми) *Бременост и планирање семејство -планирање -неплодност -бременост -породување *Деца (всушност бебе и дете да се спојат) -бебе -деца од 1-3 години -педагошка возраст -децата во образованието -деца со посебни потреби *Брак (останува исто) *Свдба(останува исто) А Здравствени проблеми да биде поделено во -Здравјето на возрасните -Здравјето на децата Едноставно,како ќе одминува врмето така се повеќе ќе не интересираат и требаат тие категории. А сепак мислам дека тоа е изводливо моментално зошто сеуште не е пуштена новата платформа
*Ми текна една идеја па сакав да ја споделам со вас бидејки темава е за предлози за сајтов. Интересно би билоо да се има т.н личен чет.За што ќе служи тој? Еве вака:Да си одбереш неколку феминки ( не ограничено) и да се допишуваш само со тие што си ги одбрал,значи во разговорот да се само тие што си ги одбрал. Ако се може,зошто па да нема ваква опција? *Би било добро ако се продолжи секоја година да се бира Нај Феминка на годината.Па тоа би можело да се организира и почесто,а не само еднаш во годината. Се надевам некои од предлозите ќе бидат приватени~ Поздрав.
Прво, прифатени е со ф, не со в. Второ, првиот предлог е остварен, а и веќе е спомнат пред некое време, паметам бидејќи дадов одговор за него. Ќе цитирам: Трето, вториот предлог е веќе остварен. Форумџика на годината (2010): Trendafilka и Форумџика на годината 2011: Phyramide
ludoto19 ја читнав во една тема, па си велам ај и овде да пишам јас.....доколку сте во можност да ни ставите уште некоја игра
Кога пишав за Нај Феминка ,знам дека постои такво нешто и ги знам наградените нај феминки.Зборот ми беше да се организирааат почесто вакви нешта за т.н Нај Феминки. А зошто па да немаме таков чет? Кога веќе повеќето барааат? И да ,се согласувам со Snow-Queen ,ставете ии некоја друга игричка