просто не ми се верува што се човек нема да прочита али ај еве ја оваа дебата ја завршувам со овој пост а вие пишувајте колку сакате. Annath, не треба дипломиран по струка да си за да пишуваш во одредена тема. tea4e, немам намера да се расправам, до прееска збориме како се повторуваат исти мисења,а ти си таа што сега тоа го прави. Се додека не прекршувам правила на форум и не сум вулгарна јас сум рамноправна како вас сите. COollLady, тебе не те цитирав во негатива, туку те цитирам, за да видат како после твојот предлог после само неколку поста има повторно ист таков предлог. А штанцање слики значи нон стоп по 5 пати на ден во иста тема да поставуваш слики, а не еднаш дневно. И точно активна сум во категоријата свадба...имам доста слики и ги поставувам. Зошто пример не сум активна во темата секс-не сакам,сметам дека на форум не ми се дебатира за тоа. Зошто не сум активна во литература....не ми оди едноставно.А и да фатам книга,ретко кој ме фасцинира за да седнам и да ја прочитам. Секој си се пронаоѓа некаде....ај имајте убав ден. И знајте дека Сноу, никогаш на никого ништо не прави за инает, секој има свој став и начин на пристап. Ако не се замараме со туѓите ставови,нема да има никакви проблеми.Зошто и јас имам барем по 10 забелешки за активните членки (не толку активните неможеш да ги оцениш), но зборот ми беше пак си ќутам. Ништо нема да добијам од тоа ако отворам уста и ви кажам што се ми смета.Вие сте си такви какви сте,и не се замарам.Тоа е вашиот избран пристап кон форумот.
^^Леле еве ја таа пак. Добро штом така сакаш еве се тргаме и ти остапуваме место за да се изнапишуваш и се разбира за мислењето да ти е последно -бидејки ти си таа која мора последна да заврши со говорот нели?
Ај избришете ми го мислењето за Кемал, само моето остана, сте го заборавиле. На ништо не личе, другите се избришани, ова избацено стое. kafe-muabeti/sakam-da-kazam-t9061/28830.html
Го претеравте со заклучувањето на темите за секоја ситница и за бришење на секој вотр пост. Па големо чудо ако било офтопик, ај ако не цел форум избришете го. Кога се уклучувам имам чувство дека џандар стои до мене и гледа што пишувам, па мора да пазам на секое зборче случајно да не му текне на некој да ми избрише мислење затоа што имам пар реченици што се офтопик. Ај малце полабаво, мислам таман добив инспирација и сакав така убаво да се искажам во СДК па глеам заклучена и тоа до утре, не е ова судница или незнам шо да пазите толку на тие работи. Го уништивте форумов со овие глупости
Ние не го уништуваме форумот со заклучување туку се уништува со препукување. Штом сега си ја видела темата дека е заклучена, сигурно не знаеш што се случуваше и дека цел ден се бришат офф-топици. Неизбежно беше заклучувањето зашто и покрај мојата молба за комуницирање на ниво се продолжи со навреди и вулгарности, и немаше друг начин да се прекине тоа, па штом беше неуспешно со збор, мораше да се реагира со клуч.
Па тоа сакам да кажам, шо ако на некој му се припукава и сака да си се празни цел ден, што ако некој сака да си кажува што му лежи иако е офтопик. Може ја сакам да читам препукавања, може сакам да ги скролам, мое право. Комуницирање на ниво неможе да барате на јавен форум, може да барате во други институции, мене а верувам и многу други баш ги заболе за комуницирањето на ниво, пцовки и вулгарности. Па не се полага испит на форумов да мора да се пази на се. Олабавете се малку луѓе, дај укинете ги тие глупи правила на бришење мислења на кој како ќе му текне, нека се укине таа опција, кој што сака си прави тука, се брише тоа што не му е по ќеиф на модераторот. И сеа ја што не сум у тек со препукавањата и вулгарностите како ќе заспијам ноќеска? А? Пак ќе кажам и ќе побарам да се олабавите малку, не е ова тука сидница или полициска станица да мора да се притресувам јас а и било кој што и како да пишува. Се има избор, ако сакам да читам офтопици и препукавања ќе ги читам, ако не ќе ги склорам, немора да се заклучува секоја втора тема и да се брише секое второ мислење под изговор дека било хаос или незнам што, и онака е хаос пошо е форум. И онака не се постигнува да се избрише се што „не треба„ тогаш барем нека не се брише ништо. Мислењево не е пишано поради мое лично избришано мислење, не ми се случило нешто такво до сеа туку општо бидејќи се губи секаква смисла на форумов. Ако не модераторите сами нека си пишуваат и нека си ги модифицираат мислењата како на нив што им е одговара нека го сторат форумов утопија. Јеееј! Досадни сте.
Мимс, постојат правила на форумот смислени од креаторите на форумов кои мора да се почитуваат за да личи на нешто pravila-i-novosti/pravila-na-forumot-t44/ а ние модераторите само ја вршиме својата работа по нив.
Ај пак да кажам ама глупи се правилата, тоа го зборам од прееска, не е против вас модераторите ами до правилата што ви дозволуваат да си играте судии и адвокати низ форумов. Мислам дека нема потреба да ми реплицирате сега, затоа што ако сакав некого лично да посочам ќе посочев, ова го пишав како предлог за сајтот за да не се упропастува форумот и чекам фид бек од некој админ со одговор да или не, а не како и зошто ама очигледно е дека нема да добијам пошо никој не се замара.
Е баш заради ова предложив да има спам-теми! Наместо да се заклучуваат беспотребно теми, фино лепо ќе си се префрлеа во таа тема, ќе си се изнапишеа оф-топици и после ден-два темата ќе беше заклучена. Ем модераторите задоволни, ем членовите задоволни. Спојлер И ако може некој во ЛП да ми пише што се случило, многу ме копка.
Знам дека не е за тука мислењево,но темата за банирани корисници е затворена.Видете му го профилот на оној Стефан86 сите мислења му се хахах,дададада.Нема ни едно мислење како што треба
Да и јас мсилам дека треба да се провери... и ке може ли да се отклучи темата Величествениот султан затоа што во турција се снимени нови епизоди а и кај нас не е сигурно дали ке ја продолжат...
Јас имав едно мислење во СДК, немаше ништо навредливо во него, и ако другите мислења поврзани со постот кој и јас го цитирав, биле навредливи, не значи дека и мојот морало да го снема (а башка тоа и оној кој го цитирав ме испофали дека сум била фер ). Не е толку важно но не е ферски. Ах, среќа што не се бројат мислењата во сдк, да се броеја немаше вака лесно да поминете
За форумот. Убаво е, има многу корисни работи посебно во темите за мода и стил, тело и други. Ама Мислам дека треба малку работите да се поправат. За некој важат правилата а за некој не, пристрастно е понекогаш. И постарите членови имам забележано дека бараат некој и го земаат на око па што и да каже не чини дури и да е во право. Не зборувам само за мене туку други случаји имам забележано. Тоа не е во ред, треба да се среди. Јас не сум најпримерна членка и заслужувам да ме опоменувате ако згрешам ама треба и постарите малку да се опоменат и за нив да се води сметка. А има и меѓу нив многу добри членки секогаш спремни да помогнат или да дадат поткрепа по лична порака и не влегуваат во кавги