А што велите да има категорија, или подкатегорија ( како и да се вика) за спорт? Пример: Уметничко лизгање на мраз. Колку е тоа остварливо кај нас, дали се исплати, дали сакате да пробате, и слично, но ете посебно за секој спорт. Хмм, што мислите?
Јас видов на еден друг форум под секое мислење имаше копче на кое пишуваше Фала. Можеш да му се заблагодариш на тој што ти помогнал, наместо да пишуваш оф топици со фала. И симпатично ми изгледаше...
Барби, токму затоа е ставено копчето „Ми се допаѓа“. Само што и покрај тоа, има некои членови што пишуваат „Фала“ и ни ствараат постови за бришење. Штета што копчето најмногу се користи во „Специјален поздрав до...“
Не ми е од работа, ама ај да си кажам Во темата Другата Наука мислам дека треба да има под тема Хороскоп и Хороскопски знаци каде што ќе стојат сите такви теми. Заради тоа што се зголеми бројот на темите поврзани со Хороскопот, а и за поголема прегледност
имаме, а имаме и правила за користење кирилица како и да е, еве ги темите: http://forum.femina.mk/opsti-diskusii/nekoi-frazi-ili-mislenja-od-poznatite-t267/ http://forum.femina.mk/kafe-muabeti/potpisi-t3922/?hilit=потписи http://forum.femina.mk/nasmevka/interesni-misli-t3637/
јас мислам дека би било добро, доколку постои посебна статија во која главните организатори на овој саат всушност би пробале да организираат неколку журки на сите членки на фемина, по повод Нова Година, 8ми март, роденден на фемина и сл...
^^ Па тоа би било добра идеа, сепак сајтот се вика Фемина и би било убаво ако го обележиме денот на жената 8ми март. Не мора да правиме некакви журки или прослави, бидејќи (скоро) сите сме анонимни на форумов, ама можеме да го одбележиме денот на некој друг начин.
Мислам дека би требало да има опција каде што секоја форумџика пред да отвори тема ќе треба да добие одобрение од модераторка одговорна за определена категорија. Прво да каже каква тема ќе отвори а модераторите да одлучат дали темата ќе се отвори или не. Каква е оваа слобода, си прават мајтап, отвараат една иста тема по 100пати, безмислени теми, си прашуваат девојките глупости... Нели се согласувате?
имам една идеја, можеби за некои ке биде глупава, смешна, идотска али нема веза јас ке си ја кажам.. не знам колку е остварлива, али ако би можело да се направи мислам дека би било супер идејата е поврзана со копчето МИ СЕ ДОПАЃА.. вака мислам дека би било многу убаво ако се избрише тоа, и на негово место се стават три или повеке ѕвездички.. и да речеме првата да биде ѕвездичка за благодарност, втората бидејки има корисни информации и третата да биде интересен пост. и со тоа би се видело да речеме кој пишува највеке интересни мислења, кој дава корисни информации и кој одговара на прашањата, на кој најмногу му се заблогадаруваме, кој дава совети итн итн.. не мора да бидат овие три категории, може да се стави и категорија лоши и досадни мислења.. и со тоа ке биде кој највеке замара на форумов.. или пак да се направат над мислењето 5 ѕвездички и да го оценуваме со тоа што колку ѕвездички ке кликнеме таа оцена да биде за мислењето..ако би се направило ова би било добро наместо колку ѕвездички имаме добиено, да се напише просечната оцена на нашите мислења.
Мислам би било добро некаде да ставите објаснување како се прикачува слика директно од Гугл. Зашто гледам многу незнаат. Или знаат, а сакаат да билдаат мислења. п.с. И јас незнаев тоа дека е можно се додека, негде не прочитав. А се мачев, симнував слики, па ги прикачував.
Еве овде си пишува http://forum.femina.mk/za-forumot/kako-mozam-da-stavam-slika-na-forumov-t1895/ , објасни Билката само треба да се побара.