Ова би го сакала и јас...барем да се најде начин да останат мислењата, но не и членката од десно (премногу фантазирам али ај)
За да ти го избришат профилот, мислам дека единствено решение ти е да почнеш да тролаш. Да пишуваш по теми, и по ЛП. Озбилно, не ме сфаќај озбилно. Според мене, темава како и неколку други, стои онака како за украс.
Мн. е глупо: Одам во една тема, ставам лајк на некое мислење, потоа одам назад и се враќа кај мислењето на кое сум ставила лајк Јас предлагам да не се рефршира целата страна кога се става лајк.
Не сакам да ги вознемирувам членовите. Инаку не се секирај, помислив и на оваа опција. Но, единствено нешто што може да го добијам е банирање од страна на модераторите. Нормално ако имаат ингеренција да го извршат тоа. Или од администраторот, а мислењата повторно ќе си останат. И на крај како и да е, нема да добијам ништо. Башка ова е 2 порака до билката, а планирам уште 100 ако треба да и напишам, ваљда ќе обрне внимание.
Замисли се отвори дискусија за нешто,и сега на тој што ја поттикнал дискусијата му текне да го избрише конкретно тоа мислење.И што ќе излезе тогаш?Тотална мешаница. Се согласувам со тебе за интимните прашања,но бришењето на мислење не е решение. Единствено во таа категорија да има опција анонимно да поставиш прашање.
Предлагам да не давате привилегии на одредени членки... Зашто има ептен многу г*золижачи и им бутат лајкови. Не е работата до лајковите, туку до тоа што сакале или не, полека-полека тие добиваат привилегии за се и сешто. А на форумов треба да бидеме рамноправни колку што знам. Треба оние со бело цветче да се ценат исто колку тие со црвено цветче - (или какво и да е друго) а тука за жал, тоа не се прави.
А кој се тие членки , на секој 9 месеци на форумов испаѓа критика , треба да се забранат одредени привилегии .... а никој не спомнува на кого ? А како еве модераторите ќе знаат кој се тие што бутат лајкови и лижат газо ? , како ? плус гледаш имаат веќе мн работа справувајќи се со тролови и контра пропаганди(мене) и немаат време сега да мислат дали овој лајк е важечки или лижачки И пак ќе кажам по 100 ти пат , и посочи со 2-3 примери и акции и реакции каде имало неправда кој бил непочитуван а кој каде и како добил 10 лајкови а другата 25 лајкови . Исто така ИМИЊА МИ треба , Имиња и посочување со прст , иначе вака до утре ќе викаме , имало неправда.....
Предлагам категоријата "Љубов и секс" да ја скриете како што е скриеното катче зошто повозрасниве се бунатдека биле изманијачувани од страна на несакани гостини. Па ако се до толку нас ни е редот да ги мачиме и да ги натераме да почнат да бидат присутни во други теми, ако не нема колаче за нив!
Пред да отвори некој тема, да биде прегледана од модератор ! Форумов е сторен за никаде, се само има теми „Помагајтееее, Помошшш, Мора да отворитееее, Итно еее“, а кога ќе отвориш-некоја 13 годишна незнаела како да се измува, била договорена со другар да излезе Така ако темата си е во ред, нека биде отворена, а ако не е, нека оди во канта или воопшто нека не биде на форумов
^јас сметам дека тоа не е добар предлог, што ако се работи за нешто навистина потребно, некој болест....зошто да се нарушува друга тема. Таквите мислења ние ќе ги пријавуваме. А и,... што ќе правеа модераторите тогаш ако нема такви случаеви
^^^ Можеби мислеше за Критики и забелешки. Се дигна малку прашина во темата. Нешто поврзано со модерирањето. И од тогаш, изгледа администраторите заборавиле дека постоиме.
Ова е премногу. Во Религија и поставив прашање на Гордана 10 кое беше во контекст на дискусијата, немаше ништо навредливо, ниту спорно, си го избришала. Дали не знае да одговори или причината е трета, ама јас не трошам време и тастатура на дискусии за мислењето да ми го снема во рок од секунда. Никој не ја тера да одговори ако не знае или не сака, ама не гледам причина мислењето да не остане.
Само мене или и на другите им е потешко да коментираат на статиите ? Се најавив како Силвер.Е за да коментирам, и кога и да сакам, ми вели дека тоа име е зафатено. На статијата: ФОТО: Фит мајка на 3 деца разбесни и инспирира илјадници на Facebook, се најавив како: Јас сум, ставив шкљ маил и треснав некоја лозинка и така се испрати мојот коментар. Сега пак пробав и не оди... Зошто?