Де ве молам, кога веќе ги нема администраторите, вие модераторите направете нешто. Cvetetto стварно веќе претера. Па ништо не е прегледно од нејзините мислења насекаде само: Ахахахах ова е точно, еиииии точно, хахахахаххахахахахаххахахаха...
Сандра333 да се банира! Веќе две исти нејзини теми има за одговорностите да и ги завршиме!!! Напнува паразитов!
^^ Имаш некој проблем? Што ви е бе луѓе, вие како да дежурате на фемина и гледате кој што како, сандра не е ниту прва ниту пак ќе биде последна. Не може некој да банираат ако вам не ви одговара. Можеби и вие нервирате некого со вашите мислења, дали сте помислиле на тоа? Форумов е за сите, не е прва што бара состав на фемина а вас ако ве нервира ставете ја на игнор, во непријатели, проучете го малку контролниот панел, да видите кои функции и можности ви ги нуди. Како невработени приватни детективи сте. Се тужакате како во прво одделение.
Не ја тужакам, мислам, можеби да, но веќе колку пати ми има пратено ЛП за една проста тема! За тоа што не сме и ги извршувале нејзините одговорности, сега ме замара по лични пораки!
Заврши тоа, конечно. Ка пријавив пораката. А, како да направам само.одредени личности да не ми праќаат ЛП? Зошто ако ги исклучам ЛП-те нема да можат феминките со кои се дружам да ми пишуваат.А, не сакам тоа да се случи...
Знаев бе дека има начин! Ќе морам да те разочарам господине, ама можно е. Papilion.Papi : - Одиш Контролен панел - Лични пораки - Додај правило - Избираш „испраќач“ - Одиш „Продолжи“ - Избираш „е“ - Одиш „Продолжи“ - Го пишуваш никот на членката - Одиш „Продолжи“ - Избираш „Избриши ја пораката“ - Одиш „Додај правило“ И испаѓа: Ако испраќаш е (никот) избриши ја пораката. Вака можеш да направиш за сите што ти пречат. Сега Јипмен?
Kафиќ за славење Нова Година Стан/кафич/простор за Нова Година!! Дочек на нова година (понуди и патувања) Каде за дочекот на Новата Година? Понуди за дочек на Нова година низ Македонија Некои од овие, се стари теми и имаат развиено дискусија, и во ред е. Ама другите што се свежо отворени...
На шала, на смеа, во другата тема калиопе даде мошне интересен предлог па си зедов за право да го поддржам и ставам тука. Оваа година нема да е лошо да се направи некој избор исклучиво за мамичките затоа што трудници и породени на форумов имаше навистина најмногу оваа година. Сега годината е при крај, но би можело нешто интересно да се направи на пример за осми март/валентин или пак еве за време на новогодишни/божикни празници. Не мора подароци.
Предлагам кога ќе отвориме некој линк да не се појавува лентата горе.Мене лично ме вади од такт и ми пречи.
Ќе може некој да ми каже како да лајкнам одредена статија на сајтот? Не можам никако да најдам. Еве на пример, на новоста во врска со Даниел и Фифи. Пишува само: 2 коментари • Среда, 08 Јануари 2014 00:41 Најдолу: Follow @femina_mk Ќе кликнам на 2 коментари и ќе ме одведе на крајот од страната. Не знам како можам да ги видам коментарите и да лајкнам. Помош?
Сакаш статијата да ја лајкнеш или коментарите? За статијата имаш под насловот копче од фејсбук за Ми се допаѓа, а имаш и доле под статијата. За коментарите има под нив копче нагоре за лајк и надолу за дислајк, кликни само на нив.