Имам познаничка (29г), не сака да слушне за дете а во брак е веќе 2 години. Нејзините другарки изнародија која по 2 која по 3 деца на мажот. Инаку еве кажете ми која е логиката да му родиш 3 деца на мажот а да немаш работа, ни некое добро школо и да знаеш дека ако се спукате со мажот твоите нема да те примат дома... Или која е логиката што некој живее во беда а родила 10 деца со мажот изнапраиле... ако ја утнав темата дајте линк од некоја ваква тема, едноставно не можам да се изначудам на овие појави каде жените не размислуваат како што треба
Мислам дека имаше тема за финансии и деца. Таму спаѓа ова шо викаш, дали било семејство во целост или ситуираност на двата родители. Ќе се едитирам ако најдам. Како и да е пробвам да не цепиделчам ама не раѓа на мажот. И за неа е. Ок се повлеквам инаку ќе ме јадеше.
Ма има такви сами што викаат "МУ родив 2 деца, а тој по кафани скита". Погрешно е на толку многу нивоа, што не знам од каде да почнам.
@childfree Во денешно време предрасуди има буквално кон се. Предрасуди има ако не се венчаш, предрасуди има ( дури и во твојот муабет го увидов тоа ) ако се венчаш или останиш бремена пред венчавка. Предрасуди има и кон самците, предрасуди има и кон геј луѓето, предрасуди има за облекување, начин на живот и уште што не. Секој треба да си го живее животот како што сака без притоа да му нанесува штета на нечие друго лице. Јас не гледам биг дил во муабетот. Сите во одредено поле сме се соочиле со предрасуда. Што е битно кој што ќе каже ,живеј си го животот и чао. Денес е барем 21 век не треба да се објаснуваш на никого. Јас лично од секогаш сум сакала повеќе кучиња мачиња животни ,патување ,дружби со другарите и т.н не ни размислував на деца. Да слатки ми беа ама не и мили. Кога се осетив спремна дека сакам да одам чекор понапред во мојот живот (а верувај ми тоа е огромен чекор ) се решивме со сопругот да имаме дете. Тоа дете сега ми е цел мој свет . Неможев ни да замислам што значи дете. Неможев да бидам свесна каква и колкава е таа љубов. Фала му на господ што ми даде ваков благослов . Му посакувам на сите да добијат таква љубов, макар и да не е тоа дете.
Шшш не денес пробвам на мајтап да сфаќам ама да, грешно е многу и ептен rubs me the wrong way. Зато и само спомнав оти инаку ќе ми тежеше.
Значи тоа што имам пишано дека му родила 3 деца на мажот како нагласок дека после 2 женски биднало машкото, дека ако и 3-то не било машко не мора 4-тот, а мажот имотен, изнашетан а оваа без работа, без некое јако образование ќе седи дома и ке си чува деца додека овој си шета...еххх затоа велам му родила Зошто толку се превозбудивте на пишувањето па сигурно не сте вие со 3 деца дома невработени а мажот да ви шета и да ви праи деца додека не биде машко...
Да, ама многу погрешна реченица е "му родив ....." Не МУ раѓаш. Прво за себе раѓаш, дури и без маж во сликата
Не е за то Ана. Делот шо го спомнав, на кој @CameliaMiller се надоврза ( и прочитав шо врати и ти) често се спомнува. Не за конкретна ситуација туку генерално. "МУ роди дете" како чунки та неќи, а него дете му борчи. Така звучи од страна. Зато и го фрлив како забелешка али неќев да ја длабам оти не мислам дека темата е за то.
Уште во 21 век има мажи што настојуваат на машко ? Битно е да е живо и здраво. Или имаат ниви за копање ? Боже сачувај
Не му раѓаш ни на маж ти, ни на родителите, на никој од твојата околина. Дете раѓаш за себе. Јас стварно не знам од кај ги најдувате овие примери. Како примерот дека раѓале по 10 деца додека на бидне машко. Можи јас сум закочена, не знам, ама мислев дека одамна е истребен овој вид.
Абе никому не раѓаш. Ни нему му раѓаш, ни за себе раѓаш. Не е сопственост, иако неретко се доживува како такво. Ееее, wrong!
Ох, и тоа како од себични побуди раѓаме Раѓаме оти сакаме, желба ни' е. Сопствена желба си исполнуваме. Нема врска со сопственост чинот на прокреација. Мое дете не значи моја сопственост
Не раѓаш ни нему ни себе. Раѓаш заедничко дете, заедно треба да се грижите за него, да го раснете.. Ваму пишувате раѓаш дете за себе, а кога некоја пише дека мажот не го гледа детето одма го линчувате
Па така де, ти раѓаш за себе оти ти сакаш да си родител, тој прави дете оти сака да биде родител. Важно е да сте на иста бранова должина, дека двајцата сакате дете, а не едниот да стане родител под притисок на другиот. Така звучи "му родив", како нешто за него да е направено, независно од сопствена волја.
Арно ко така. Јас од побуди имав спремност, не би го нарекла исполнување желба. Не мора да биде раѓање, и посвојување нека е. Децата не се commodity, не се статусен симбол, не се Митра има сакам и јас. Не би требало да биде.
Па би требало прво да има желба, па после желбата спремноста Може да си спремна за чување дете, но да немаш желба. Не е статусен симбол, ама бидејќи детето нели, уште не постои, не можеме да го прашаме дали му чини да биде наше дете. Затоа е пред се', исполнување на желба. Секако, може да е и присила, може и да не размислуваш на темата, може и зошто сите други така прават. Зборуваме за свесно впуштање.
Тоа со 10-те деца е друг пример, не е за машко дете. Има на тв многу семејства каде бараат помош да го поминат месецот а имаат над од 8 -10 деца и живеат во крајни тешки услови.