Апсолутно. Се додека не е деградирана од сопругот и сето е договор меѓу двајцата, нема никаков проблем.
Точно,се согласувам. Не сфаќам зошто во 21 век воопшто жена би прифатила да биде со човек што би ја деградирал и за да му удоволи би носела одлуки кои ќе ја прават несреќна .
Точно, ти ја сфаќам поентата, не значи дека се мрзливи луѓето кои одбрале да се посветат на децата, ниту за потценување. Тоа е пред се одлука и нема што ние од страна да судиме за одлуката. Само, не значи дека некому му е полесно или потешко. Всушност, и родителите кои работат ја имаат истата задача да израснат правилно деца, исто како и оние кои не работат. Исто, не значи дека секој би имал можности да биде дома со децата. Не само заради своите лични кариерни желби, туку и заради финансиите. Ако парот нема доволно финансии со една плата или ако се работи за самохран родител, многу веројатно е дека нема ни да имаат избор дали да останат дома со децата.
Додека го пишував постот помислив и на тоа , само на друго се надоврзував. Секако дека е така. Ете ние можеме да го дозволиме тоа а капа симнувам за сите што се трудат. Само тажно ми е да помислам во оваа ера дека има жена што против своја воља би останала во таков брак,деградирана и без сопствена воља.
Ок,ама некој го смета тоа за навредливо.Различни луѓе имаат различни мислења. Не се само децата причина за живот.
Баш дека различни луѓе имаат различни мислења, не треба било кој да се осеќа навреден. Џабе вака зборуваме, пракса одма е друго.
Се чудам значи колку назадувачки мислења има. Како баба ми да ја слушам што ме стиска за да се мажам, или другата што ме стиска топла канцеларија да обезбедам. (Два огна) Абе живејте си како сакате и никого не слушајте. Некои работи што мене ме исполнуваат можеби на друг не го исполнуваат...Која сум јас да судам ако немаме исти интереси? Разликите и самите конфликти што се јавуваат ради нив го движат светот напред. Добро е да се прифати дека не сме сите истомисленици.
Многу забегавме надвор од темата а мислам и самата тема дека е безпотребна и онака е повторена со малку поразличен наслов. Јас имав добра работа и сега неколку блиски пријатели,роднини па дури и свекрвата ми рекоја што не си се вратиш на работа,зошто брзаш со второ дете ? Па не направив тема - предрасуди кон оние што сакаат второ дете од едно уво ми влегува од друго илегува . Затоа и кажав и на @childfree како и мн други погоре , да не се замара нејзин живот нејзина работа. Луѓето ќе зборат секако и без тоа.
^ а луѓето знаат да бидат отровни. Јас ако ми преку*чат ги служам со нивниот отров, ако не сфаќаат од одма дека не е нивна работа дали и кога ќе раѓам и што планирам со животов.
Имам сеуште аргументи, престана да реплицираш. Јас не пишав за тебе дека вреѓаш, затоа што ја имаш доблеста да се објасниш, колку и да не ми се допаѓа твоето мислење. Барем не се ставај во ист кош. И како што прочитав на темава, освен креаторот со двојни стандарди, никој не ги суди родителите. Не знам како да ти објаснам, дека во ред е да немаш деца, во ред е да имаш, од мене дозвола и мислење не треба никој да бара. Се е нормално, додека е плод на човекова желба, дали е морално, етички, правилно, зависи во какво општество живееме. И за крај, не знам како не сфаќаш или се правиш дека не сфаќаш, не реков дека мразам бебешки плач, туку ми смета едноставно, како што ми сметаат и други силни звуци. Просто ко грав. И не не треба некој да прашаш такво прашање, секако дека не ти треба дозвола, ко мене што не ми треба дозвола да станам и да си заминам ако ми пречи. Кога ќе родиш, ти си центар пажња на свој свет, не и во мојот, а ниту пак мојот е за тебе.
Омг. Ко само на мажот да му раѓаш деца, тие деца што ќе ти бидат тебе? Абе свесни сте шо зборувате? Шо лудило ве фаќа? Сигурно се обидувате да го воскресните Чарлс Фуриер бидеќи не залудно се мачел да испери милони мозоци.. феминисти ххахахах.
Не ми се верува што читам од млади девојки, како да живеете 500 години назад. Јас сум високообразована жена, мајка на три деца (женско, машко, женско), ги набројав бидејќи прочитав негде дека сме оделе на трето само да биде машко, вработена со целосно работно време. Ништо не ми фали, заработувам одлично, со сопругот подеднакво си ги делиме обврските. Ако некој не сака да има деца, не мора да има. Изборот е на секој еден од нас
Nemam nikakvi predrasudi. Ima parovi sto nekjat nivni a bi posvoile i toa e sosema vo red. Jas licno od mala sakam da stanam majka i da imam nesto moe sto ke nosi moi geni.
Впрочем на жените многу повеќе им "сметаат" high pitched звуци како плачење на бебе, поосетливи се на нив отколку мажите и за тоа има баш биолошка причина Ништо страшно во тоа да ти смета плачење на бебе, биолошки сме направени да ни смета за да преземеме нешто. Е сега реакцијата на таа горе цимерката малце премногу, ама од друга страна сфаќам колку иритабилни стануваат луѓето при недостаток на сон.
Прочитај си го мислењето уште еднаш,велиш а,за што ќе се живее утре-друг ден. Како да не се осети некој навреден? Не ти била намерата да навредиш,ама навредлив ти е постот. Како да се осеќаат луѓе што нејќат да имаат деца или оние што не можат да имаат деца? Има и други причини за живот,а ти со постот велиш дека нема. Некој нејќе или не може да има деца,ама го исполнуваат други членови на семејството,милениците или работата.Живее за себе и за нив.
@nextredstyle тогаш речете му на партнерот да си прави операција или пак вие реагирајте си на вашето тело. Немам ништо против. Ако сте толку сигурни, еве повелете - има во медицината и за тоа решение. Апсолутно од никаков аспект не ми е навредлив постот, пошто немам искажано револт. И не ми ставајте зборови во мислењето кои не сум ги кажала.
Ама и илјада пати да објасниш џабе е, ти едно кажуваш таа сосема друго, батали не си троши зборови кој сака да разбере ќе разбере. Ти и кажуваш со аргменти и конструктивна критика за нејзинот мислење, таа нема контра аргументи и забегува на сосема друг колосек, операции не знам што, не знам како се поврзани тие две теми ама тоа е простор за дискусија тука нема.
Не разбирам како она те навреди тебе со “Децата носат радост” и што ќе ти промени тебе во животот нејзиното мислење. Еве јас не се осетив навредено воопшто ако таа смета дека мене ми носи радост во ред,а мене не ми носи. Може се изразила двосмислено и го сфаќаш како навреда и тоа е океј,различно сфаќаме. Јас за навреда го сметам ова “Не си мајка не си достојна да зборуваш” отколку нејзиното. Ако си решена да не раѓаш, да раѓаш, да посвоиш ватевер, нејзиното мислење нема што да те допира.