Многу ќе беше поарен светот, ако секој си ја гледаше својата манџа. Ама не. Секој за секој води евиденција.
Ако не сакате да имате деца, нема зошто да ве погодуваат вакви мислења. Вие знаете дека вашиот живот има смисла и без деца и нема потреба од некој друг да добиете потврда. Нема ни зошто да ве навредуваат лично вас вакви постови. Може да се укаже на лош речник, ама тој секогаш повеќе зборува за тој што го користи. Од друга страна, ако сте мајка и знаете дека тоа вас ве прави среќни и ви дава смисла, исто нема зошто да се навредувате и да барате потврда од тие што сметаат дека децата не се смислата на животот. Јас како некој што сеуште нема деца не можам да го сфатам вашето чувство се додека не ги добијам. Можам само да претпоставам, но не и да го знам какво е точно. Според тоа може да имам други работи кои ме исполнуваат. Најзасегнати тука веројатно би се нашле луѓето коишто од некоја причина не можат да имаат деца или мора да изодат долг, често и мн тежок пат за да ги добијат. И да медицината е напредна, ама ништо не може да ја замени природата. Некои тука пишуваат како тоа да е мн ретко, а исто така и како да е мн лесно решливо. Ретко не е воопшто, а мн често е далеку од едно одење на ин витро и ете ги децата веднаш се направија. Јас цврсто верувам дека секој што сака деца, ќе најде начин да ги добие, но исто така сметам дека човек не треба да живее во агонија многу долго само за да ја оствари таа цел. Колку и да сака да се реализира некој како биолошки родител мора да најде начин да гледа смисла во животот додека не го добие тоа. Се разбира, ако накрај не е можно, постои опција и да си посвои детенце. Од друга страна, мора да нагласам дека треба да имаме во предвид дека приоритетите се менуваат. Како помлади имаме повеќе амбиции, сметаме дека никој не треба да ни кажува што е добро за нас, никој не треба да ни соли памет. Сепак мислам дека родителите треба да разговараат со своите деца на оваа тема и да им стават до знање дека желбите и идеалот за среќен живот често се менуваат со годините. Секако дека нема да се смени кај сите, но добар дел ќе сфатат дека мн често се само една алка во капитализмот, која мн лесно може да биде заменета, и дека кариерата може да не ни е воопшто толку значајна кога ќе подостариме. Затоа треба да сме свесни и за биолошкиот момент. Ако сепак знаеме дека не сакаме деца, тогаш тоа е сосема ок. Важно е само да нема regrets отпосле. И ако сакате да сте родители, некогаш тоа е поважно од некое унапредување. Ако не сакате има милиони начини да најдете смисла. Грижата за др живо суштество е она што не прави среќни. Тоа може да е дете, партнер, милениче.. дури и за едно цвеќе, кога вложуваш време и љубов во него, се радуваш кога ќе расцути и ти е жал кога ќе овене.
Како не се поврзани тие теми со медицински зафат? Еве прашајте ја членката што ја судевте до пред некое време. Ама не, вие сакате да дискутирате, но само и само во контекст што вас ви одговара. Не сакаш деца? Мразиш деца? Повели трајно решение.
Кога се одлучив да го родам трето дете имав пониски примања отколку сега. Тоа е право на избор. Секој еден од нас има право да одлучува како ќе си го тера животот. Со моиве 44 год. научив дека треба да си го гледам мојот живот, а останатите нека живеат како сакаат.
@eliesaab никого ни сум судела ниту сум коментирала, не знам за која тема станува збор. @buba4e89 очигледно е дека не ја следиш темава од почеток, мислењето можело да биде подобро изнесено, пример " За мене децта носат само радост, не би ме исполнувало ништо друго во животот" a не "А за што ќе се живее утре-друг ден? Децата носат само радост", никој не знае вие што мислите ако не се изјасните убаво. Темава излезе од колосек со мислењава, се се измеша и се пишува се само тоа што треба не.
Каква е поврзаноста меѓу овие две теми? Членката инсистираше на вазектомија, на нејзини 20тина години, а нејзиниот партнер не сакаше. Па што треба да и се пише, земи терај го, супер си, продолжи!?! Значи сакање, не сакање деца е индивидуално. Нормално ако сака мојот партнер деца, јас не сакам, ќе најдеме решение, или ќе почекам, или ќе се разведам, или нешто трето, ама со сила убавина не бива. Навистина не ти ја разбирам корелацијата помеѓу ИЗБОР да не сакаш деца и постапка за оперативен зафат.
Стварно не мислам дека некој спомна во темава дека бара трајно решение, оние што не сакаат деца веројатно знаат како да не дојде до несакана бременост. Желбата за дете не значи дека треба да се бараат некакви трајни инвазивни решенија, има сто други методи за спречување бременост. Од кај дојде сега за зафати да збориме не знам. Ни па членката што пишуваше тогаш е некако инволвирана во темава или има врска со темава нејзиниот случај што повеќе беше манипулација на партнер отколку нешто друго.
Ја следам темата од почеток и ви се чудам на паметот. Членката убаво праша,може да се даде убав одговор ама ви одговара повеќе да се “навредувате”. Сега не одговарало мислењето како е напишано,не туку на тебе не ти одговара такво мислење и мора пет дена да се вергла едно те исто. Ништо нема да ти смени тебе тоа,а и ако одговореше на прашањето достоинствено верувам дека темата ќе отидеше во подобар правец.
Бубаче не си во право. Членката постави прашање, на кое даде дополнителна констатација, да бидеме реални многу добро знае самата што прашала и накај каде води нејзината мисла. Ако толку ја интересира за што живеам, ако не за децата, еве ќе одговорам: -живеам пред се за мене, -живеам за моето семејство, -живеам за да патувам, -живеам за да правам пари за да имам комфорен живот, -живеам за среќните моменти, -живеам за тажните моменти, -живеам затоа што морам да живеам, јебига ме родиле, -живеам за љубовта од и кон партнерот, -живеам за нови предизвици, -живеам за надвладување на пречките, -живеам затоа што имам улога во општеството, -живеам за нови искуства, -живеам за авантури, -живеам за секс -живеам за дегустирање на нови јадења, -живеам за да си го негувам телото и лицето, -живеам за да уживам, -живеам за да возам точак, што ме исполнува, Со една реченица, живеам затоа што живеам и ќе живеам, затоа што така ми чини да живеам, бидејќи ако не ,,живеам", нема поента да живеам
А каде кажав дека сум во право? Што е ова борба за тоа кој е во право или не е во право? Кажи за што ќе живееш кога ќе го надживееш сето ова? Кога дојдеш во 60тите години за што ќе живееш и што ќе ти носи радост? Тоа праша членката Што би можело друго да праша членката не знам,на тоа ми асоцира мене.
Да сум жива и здрава на 60 години, ќе и кажам за што живеам. Ко демек ако имаш деца, махинално на 60 години си здрав, прав, среќен. Се е релативно. Мојата дефиниција за радост и среќа не е компатибилна со туѓата. Мене едни нешта ме исполнуваат, друг други. As simple as that.
1. Нигде НЕ реков дека како личност нема да живееш за себе, 2. Реков, имате ТРАЈНО РЕШЕНИЕ, што значи дека имате и друго решение, во вашиот случај ПРИВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ (кондоми, таблети итн.) 3. Вадете зборови што нигде не сум ги кажала. Трајното решение ви го посочив, бидејќи очигледно НЕКОИ во крајности не сакаат деца. 4. Ако користете кондоми или што и да е, си стоите на ставот, зошто да ви било проблем ТРАЈНОТО решение? Нигде НЕ ви го наметнав, ама толку ви забоде очи што сега и тоа не чини.
Многу драматизирате на темава, точки, потточки, зошто сакам или не сакам деца, зошто и како живеам, дали ќе патувам наместо деца да гледам дрн дрн. Што има да бранам или напаѓам некоја што сакала или не сакала да има деца? Гајле ми е. Да е казниво со закон да не сакаш да имаш дете да излезам на протести, ама вака? Тетка некоја и рекла дека утре животот бесмислен ќе и е без дете и сега ќе припаѓам оти навредена била. Нека се снаоѓа секој сам со луѓето што ги има околу себе. Може па стварно во иднина ќе и се види животот бесмислен без дете, може таа стара тетка во право ќе е, а јас што сум ја поддржувала да си го живее животот како што мисли во моментот, ќе придонесам за нејзина жалост во иднина. Не може никој да знае во иднина како ќе е, затоа со поддржување на сечиј избор, велиш уствари -прави како сакаш, к.. ме боли, ти ќе живееш со своите избори.
А кој побара совет за решение? Друго, зошто да се изложувам на оперативен зафат? Кога бог го дал коитус интераптус
Ете го ценам ова. Супер и тоа е твој избор. Не било тешко да се одговори. Јас пак не сакам деца сега,можеби за неколку години би се остварила. Кажав и во претходните мислења. Сега ме исполнуваат други нешта, а на 60 години би сакала да чувам внучиња. Топол дом и хармонија.
Па пишуваш нешто, сите те прашуваме, одговоров - не скокај. Еве објасни ни' зошто би требало да се оперираме, наместо да користиме контрацепција?