Леле сте ја исполниле темава, искрено до некаде очекував плукање и канта, но еве сега ќе си го кажам моето мислење. Уште од мала немам желба за бебиња и деца, искрено не сакав да родам затоа што знам дека нема да му дадам љубов и едвај ќе чекам да го утрапам некаде детето, никогаш не ме влечело и исполнувало да бидам мајка, и секогаш си наоѓав нови замени за тоа.Ме исполнува вака како што сум сега, но бидејќи живеам заедно со партнерот многу блиски го тупеа за свадба и деца, едноставно не ме влече, не сум тип за таа работа. Не е до тоа дека детето би ми пречело за нешто, со партнерот кога и да се спомне дете замислуваме како ако би го имале тоа би живеело од бебе без нас, како би го оставиле други да се грижат за него,како не би имале желба и време за него, во еден случај дм ми кажа доколку би имал дома дете болно од температура или нешто, а во истиот момент ми излезе работа или патување, би го оставил детето или само да се справува или некој да го гледа, дури имавме соседи студенти со дете (мајката после се откажа) дм за тоа викаше-е така им е ќе паѓаат кога наместо да го дадат некаде они се грижат за него. Луѓето мислат дека тие што имаат деца се среќни, а ако немаш дете си несреќен, јас воопшто не сум таква, туку не сакам да се замарам со деца, напорни ми се, трошат многу пари, досадни се, е ова е дел од тоа зошто не сакаме деца.
Е арно, немајте. На своја кожа знам колку народот знае да биде напорен, меѓутоа и ти во темава (а и во претходната) осудуваш други луѓе за нивните избори. Како што ти имаш право што сакаш да правиш со твојот живот, така имаат право и другите. Може некоја баш сака да има 5 деца и да биде домаќинка, и тоа ја исполнува, не можеш да си земеш право да судиш. Секој нека си тера со своите желби и својот избор, нема подобро од тоа.
Можам само да ти кажам да користите заштита. За твое добро, за добро на не дај боже идното дете, за добро за сите. Не е ништо спорно да немаш деца, немој. Можеби сега не сакам, можеби никогаш, но сигурно нема болно да го оставам да се справува. Кажи му на дечко ти, дека доколку, хипотетички, го остави детето болно само да се справува, кривично ќе одговара. Треба да се замислиш со каков човек имаш работа. Искрено би се запрашала каква иднина сакам со човекот кој има такво размислување. Да потенцирам, не за мислата дека не сакате деца, туку за идејата доколку би имале, за вашето индолентно однесување. Всушност, се надевам дека тролаш. Фуј, бљак.
Е добро де немате желба и не сакате деца, тоа што ве осудуваат не е битно ти кажав веќе, ама и ти си некако опседната со животите на тие што имаат деца па и каков живот имаат истите. Најдобро гледај си го животот, живејте како сакате со дечко ти, и не вреѓај деца, ако ти не си способна да гледаш и чуваш дете има луѓе кои сакаат деца и уживаат со нив. Според ова какво објаснување даде дај боже и да немате дете. Ама се плашам бидејќи баш таму кај што не треба Господ дава, а тој што очајно сака не му дава. Чувајте се и користи заштита.
Немам причина зошто да тролам, ни се заарни сами, се пазиме и не би родила доколку би се згрешило,туку би абортирала одма. Бев гневна бидејќи мислат дека ни е празен животот,ни се чудеа зошто сме сами, а дм често им се чуди на тие што се ставаат во втор план себеси заради децата,според него е банално да се отпишеш заради дете од факултет, да му стоиш над глава, дури беше и против породилното отсуство, сметаше дека детето најдобро од прв ден да се даде во градинка,но тоа е друг муабет
Дечко ти колку годинки има, 8? Бидејќи толку му се познавањата. Ама види, во право е. И подобро да нема деца, барем тој.
Те разбирам, он ги гледа децата како пречка во се, ние имаме и пријател кој што станал татко на 22-23, не сакал деца, неговата девојка тогаш не абортирала и ајде се земале, но намерно најде работа надвор од земјата,на жена му и направи и второ дете, детето му е на 11-12 години сега,лани му се роди и другото, никогаш не бил со нив на семеен одмор,пред короната со нас беше на еден фестивал 7 дена сам, жена му и детето беа дома заедно со бебето, цел пат ни збореше колку троши детето и дека не би се оженил сега со овој памет,ниеднаш во тие 7 дена не и се јави,уште викаше ако и е она сакаше 2 деца, нека и биде тешко сега, е затоа нејќеме деца, дм тогаш спомна дека доколку би требало да бира да седи со бебе дома или да оди на фестивал повеќе би го усреќило фестивалот и шетањето од колку да чува дете и да лаже на фб со 325 слики од бебе дека е среќен.
Претеруваш веќе...Ако не тролаш, а тролаш, оди барем занимавај се со твојот исполнет живот. Дечко ти е психопат, а обично енергиите се привлекуваат, популарно кажано ским си, таков си, значи џабе се објаснувам. Сериозно ако ти треба разговор со стручно лице, можам контакти да ти посочам. Пошо во случајот да тролаш, не е нормално да пишуваш такви работи, а уште поненормално е навистина да размислувате на иста бранова должина.
Муабетот му беше дека не би си ги скратил задоволствата заради дете, и дека според него тие што ни викале кога дете ни љубомореле дека сме слободни.Инаку нема да имаме дете
Значи ако си болна, нема да замине на патување, туку ќе бдее покрај тебе? И ако има можност да оди на фестивал 1 недела, нема да оди, ќе остани покрај тебе ако ти не си во можност да одиш?
@childfree ти пишав супер терајте си го животот како сакате. Ама многу бре гадни ти се примери на ие што имаат деца. Сите околу вас со деца особено во Македонија добиле деца на грешка, сите се откажале од се заради децата и сите многу патат што имаат деца (или барем жените пошто мажите ете шетаат). Немап ли во околина некој пример нормален. Од типот: завршиле тоа што сакале да завршат нашел работа, направиел дете/деца, одат на одмор заедно, уживаат во заеднички моменти, тераат кариера се поддржуваат едни со други и се задоволни од животот таков каков што е. Стварно ли не познавап барем еден пар кој има и дете и кариера и убав умерен живот. Све нешто на екстреми налетуваш. Јасно ми е дека некој не сака да има деца, ама не ми е јасно како црно/бело ти се поставени работите. Или немаш дете и си среќен или имаш дете и си мизерен (особено ако живееш во Македонија).
Wtf? Ова некој за животинче да го кажува ќе ме натера да избегам подалеку, не па за дете.Крајно себично звучите, во множина. Без предрасуди, само врз основа на тоа што го читам.
Искрено он барем ме прифати каква што сум.Многу случаеви познавам каде што ако девојката не забремени раскинува со партнерот, или каде што машките како другарот во случајот не се замараат за децата.Дм сите од генерација како станаа родители така ги изгуби, јас знам дека не сме за со деца, и незамисливо ми е да се замислам така, исто и дм, по ниту една цена.Имавме познаник (соработуваше со дм) но бидејќи не сме биле патриоти се скара со нас,не вреѓаше, проба да не скара,по што кога доби деца дм му ги колнеше што побрзо да ги снема,стигнавме до тужби, мислеа дека сакаме да им наштетиме на децата, но ни во оваа ситуација не ни беше жал за нив, но кога ќе му го кажеш ова на било кој одма не прават ненормални, и од таму идат сите предрасуди. Него му беше муабетот дека дете е поголема обврска, ќе остане до мене ама јас не сум се будела за пелени и млеко, децата биле напорни, пред дете не можеш да се напиеш и напушиш со трева на фестивал,јас знам дека ако му оставам бебе во соба ќе го пцуе, ќе си игра на компјутерот и ќе бара некој да го земе детето.
Па не сте баш нормални за колнење и наштетување на деца Тоа и ти го кажав во другата тема.. Ок е да не сакаш да родиш. Не е ок да мразиш, никого и ништо.