Тоа е се што треба да биде кажано. Сега може темава да биде конечно споена со таа за мразење деца и да се крсти прописно- педофобија.
Ова е типично убедување, девојче. Имав ист ваков случај во фамилија. Вака он тебе те убедува да не сакаш деца. Па ти тука пуна себе се убедуваш сама во неговите зборови. Ќе се чуеме пак со тебе по некое време. П. С. Никој не ви љубомори. Јас би размислила дали воопшто таков самозаљубен тип, некогаш воопшто, би направил некаква жртва за мене, и дали вреди да трошам време од мојот живот на такво нарцисоидно човече.
Те разбирам ама самата околина ме направи да мразам, грдо ми е да следам стандарди дека мора да се има деца, и за ништо бев осудена од таквите предрасуди
Да бидам искрена, во право се што ви велат дека сте ненормални. Не поради тоа што не сакате да имате деца, туку поради тоа што истите ги колнете. Тој ви згрешил, ама што ви згрешиле неговите деца? Во право е што ве тужел. Секој нормален родител си ги штити своите деца. Па, јас ни мојот најголем непријател не го колнам. Не сакате деца? Немајте, тоа си е исклучиво ваше право. Прва сум кога се работи за слобода на избор, пред се' како жена, а потоа како феминистка. Треба да си го живеете животот како што сакате. Но среќен и исполнет човек не осудува, а уште помалку колне. Колнењето е знак на примитивизам. Попусто сте нашетани и образувани кога не само што осудувате, туку и посакувате смрт, особено на деца.
За дм или другарот мислиш поточно? Искрено било кој да му спомне за дете, он одма наоѓа причини зошто е поубаво да се нема, а за другарот искрено ете беше со нас на фестивал, 7 дена не се ни јави да праша како е жена му и децата,ми викаше ако сакате деца слободно родете, сјебете се како жена ми, гледајте ги а јас ќе уживам. Јас ти кажувам, знам дека се обврска, и дека ако имав деца немаше ни да ги погледне, ќе требаше да бирам или него или дете.Ама па и мене ми е мила слободата, не знам што да кажам.. Инаку он мисли дека сите ни љубоморат затоа што еден негов другар заради што стана татко не е на факултет исто и жена му, мислат дека на сите што се родители очајно им фали да се среќни и слободни, независни, и дека животот им е кошмар
Не може околината да те натера да мразиш. И ако навистина имаш такви чувства, најсериозно посети стручно лице. За тебе лично не е нормално да мразиш ни куче ни маче, а дете (сопствен вид) најмалку. Не треба да сакаш да бидеш мајка за да чувствуваш милост, грижа за сопствен вид. Буквално природата ги тера сите видови да се грижат за своите младенчиња, дури и оние кои не се биолошки нивни. Една лавица ќе ги чува и туѓите лавчиња. Бидејќи сме свесни суштества, можеме да планираме семејство и потомство, и дали да имаме или не. Ама не е нормално и не е здраво да си го мразиме сопствениот вид. Тие конфликти со себе мораш да ги решиш, оти ќе те изедат тебе. Сфативме дека дечко ти нема две чисти. Остај тој што мисли. Ти што мислиш?
А зошто се замараш за другите луѓе? Шо ти е гајле дека некој не сакал деца, ама се зеле ради деца, па жената дома сама оставена со децата? Ако не сакате деца не имајте и готово. А не Петкана вака Стојна така.
Те разбирам,ама еве и да бидам мајка не би издржала, имам другарка со планирано дете, маж и 9 месеци а и од кога се роди детето цигара не даваше дома да се запали, а не па да им идат другари дома со треви и алкохол, мојов ни на сон нема да пази на тоа, според него бебето може само да спие дома додека родителите пијат некаде, не било проблем пијан да му дадеш млеко и да го легнеш пак, тоа било 2 минути работа.. Знам дека би се измачувале и двајцата заради тоа не сакам деца
Нејќете да имате деца,ок.Ваше право си е. Ама,колнењето и мразењето не се во ред. А за деца и факултет во исто време не е невозможна мисија,бар не е за секого.Има многу што родиле и гледаат деца,а студираат/завршиле факултет во исто време.
Ама немај деца, никој не те тера да имаш Јас друго нешто ти зборувам, за туѓите деца. Не е нормално да мразиш деца било какви, било чии. Твојата иднина зависи од нив. Не само твојата, и на дечко ти. Кога дечко ти ќе има 65, некое денешно дете ќе му биде доктор пример. Човештвото зависи од идните генерации, тоа не значи дека ТИ како индивидуа мораш да прокреираш, ама значи дека не можеш да ги мразиш затоа што ти се потребни. Затоа живееме во општества, а не во дивина, затоа што како луѓе сме потребни едни на други за да опстанеме. Едит: и мајка ми заврши 1 факултет со мене трудна, втор на 40 години. Изговори се тоа. Нема потреба. Не сакам е сосема доволно
Те разбирам, ама со факултетот иде и друштво, идат пријателства во кој што не знам како би вклопиле дете, освен тоа јас не би гледала дете под дејство на алкохол и треви, јас кога сум пијана одвај стојам, не да хранам дете
ме чуди тоа што дм постојано ја убедуваше другаркава кога доаѓаа кај нас слободно да се напие, ја нудеше и со трева, она беше бремена, до кога ќе се пазела и сл. Сакаше да каже дека бебе не те спречува да пиеш, дуваш и излегуваш додека тоа спие само дома